Дина Болуарте Archives - Република https://republika.mk/tema/dina-boluarte/ За подобро да се разбереме Sat, 14 Jan 2023 18:53:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дина Болуарте Archives - Република https://republika.mk/tema/dina-boluarte/ 32 32 Претседателката на Перу и се извини на нацијата поради загинатите во протестите, се соочува со обвинение за геноцид https://republika.mk/vesti/svet/pretsedatelkata-na-peru-i-se-izvini-na-natsijata-poradi-zaginatite-vo-protestite-se-soochuva-so-obvinenie-za-genotsid/ Sat, 14 Jan 2023 19:47:30 +0000 https://republika.mk/?p=596900

Претседателката на Перу, Дина Болуарте, во обраќањето до нацијата се извини за десетиците смртни случаи во протестите низ целата земја во последните недели и повика на мир.

Ја разбирам и ја споделувам вашата огорченост, порача Болуарте.

Таа одби да преземе одговорност за жртвите за време на протестите, велејќи дека лошите актери ги турнале граѓаните во „конфронтација“. Болуарте додава и дека побарала од властите да истражат.

Досега најмалку 42 лица загинаа во насилните судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Државниот обвинител, Патриша Бенавидес, почна 11 истраги за да ги идентификува одговорните за смртта на цивилите за време на еден од најжестоките протести во земјата во последниве години.

Канцеларијата на јавниот обвинител во вторникот ја објави својата одлука да спроведе истрага против Болуарте, како и премиерот Алберто Отарола и министрите за одбрана и за внатрешни работи.

Перуанските власти наводно се под истрага по обвиненијата за „геноцид, квалификувано убиство и тешки телесни повреди“.

Протестите во Перу почнаа во декември 2022 година по соборувањето и апсењето на поранешниот претседател Педро Кастиљо, кој беше обвинет за бунт и заговор.

Дина Болуарте, дотогаш потпретседателка на Перу, беше именувана за претседател на државата.

The post Претседателката на Перу и се извини на нацијата поради загинатите во протестите, се соочува со обвинение за геноцид appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Перу, Дина Болуарте, во обраќањето до нацијата се извини за десетиците смртни случаи во протестите низ целата земја во последните недели и повика на мир.
Ја разбирам и ја споделувам вашата огорченост, порача Болуарте.
Таа одби да преземе одговорност за жртвите за време на протестите, велејќи дека лошите актери ги турнале граѓаните во „конфронтација“. Болуарте додава и дека побарала од властите да истражат. Досега најмалку 42 лица загинаа во насилните судири меѓу демонстрантите и полицијата. Државниот обвинител, Патриша Бенавидес, почна 11 истраги за да ги идентификува одговорните за смртта на цивилите за време на еден од најжестоките протести во земјата во последниве години. Канцеларијата на јавниот обвинител во вторникот ја објави својата одлука да спроведе истрага против Болуарте, како и премиерот Алберто Отарола и министрите за одбрана и за внатрешни работи. Перуанските власти наводно се под истрага по обвиненијата за „геноцид, квалификувано убиство и тешки телесни повреди“. Протестите во Перу почнаа во декември 2022 година по соборувањето и апсењето на поранешниот претседател Педро Кастиљо, кој беше обвинет за бунт и заговор. Дина Болуарте, дотогаш потпретседателка на Перу, беше именувана за претседател на државата.

The post Претседателката на Перу и се извини на нацијата поради загинатите во протестите, се соочува со обвинение за геноцид appeared first on Република.

]]>