Димитар Главчев Archives - Република https://republika.mk/tema/dimitar-glavchev/ За подобро да се разбереме Thu, 22 Aug 2024 09:42:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Димитар Главчев Archives - Република https://republika.mk/tema/dimitar-glavchev/ 32 32 Радев му даде рок до понеделник на Главчев за составување нова привремена влада на Бугарија https://republika.mk/vesti/balkan/radev-mu-dade-rok-do-ponedelnik-na-glavchev-za-sostavuvane-nova-privremena-vlada-na-bugarija/ Thu, 22 Aug 2024 09:42:36 +0000 https://republika.mk/?p=809003

Претседателот на Бугарија Румен Радев повторно го номинираше Димитар Главчев за кандидат за привремен премиер, соопшти прес-службата на шефот на бугарската држава.

Во 12 часот, претседателот го прими кандидатот за привремен премиер во претседателската институција. Радев му наложи на Димитар Главчев пред сè да предложи „внимателно разгледани промени во составот на владата“.

Инсистирам вашата влада да го стави како основен приоритет спречувањето на купувањето на гласови... Ова е неопходен услов за успехот на овој мандат. Се надевам дека бев сосема јасен, истакна бугарскиот претседател.

Румен Радев му даде рок на Димитар Главчев до понеделник да му го претстави составот на новата привремена влада.

Ако бидеме успешни, изборите ќе се одржат на 27 октомври, додаде Радев.

Димитар Главчев не прецизираше дали ќе го смени министерот за внатрешни работи Калин Стојанов, како што бараат сите политички сили, освен Делјан Пеевски. Тој само изјави дека ќе ги исполни „очекувањата на јавноста“ за да се намали политичката напнатост.

Вчера, Димитар Главчев разреши петмина заменик-министри од актуелната влада, без да посочи мотиви за тоа.

The post Радев му даде рок до понеделник на Главчев за составување нова привремена влада на Бугарија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Бугарија Румен Радев повторно го номинираше Димитар Главчев за кандидат за привремен премиер, соопшти прес-службата на шефот на бугарската држава. Во 12 часот, претседателот го прими кандидатот за привремен премиер во претседателската институција. Радев му наложи на Димитар Главчев пред сè да предложи „внимателно разгледани промени во составот на владата“. Инсистирам вашата влада да го стави како основен приоритет спречувањето на купувањето на гласови... Ова е неопходен услов за успехот на овој мандат. Се надевам дека бев сосема јасен, истакна бугарскиот претседател. Румен Радев му даде рок на Димитар Главчев до понеделник да му го претстави составот на новата привремена влада. Ако бидеме успешни, изборите ќе се одржат на 27 октомври, додаде Радев. Димитар Главчев не прецизираше дали ќе го смени министерот за внатрешни работи Калин Стојанов, како што бараат сите политички сили, освен Делјан Пеевски. Тој само изјави дека ќе ги исполни „очекувањата на јавноста“ за да се намали политичката напнатост. Вчера, Димитар Главчев разреши петмина заменик-министри од актуелната влада, без да посочи мотиви за тоа.

The post Радев му даде рок до понеделник на Главчев за составување нова привремена влада на Бугарија appeared first on Република.

]]>
Главчев ја повлекува искажаната подготвеност по вторпат да ја прифати функцијата в.д. премиер https://republika.mk/vesti/balkan/glavchev-ja-povlekuva-iskazhanata-podgotvenost-po-vtorpat-da-ja-prifati-funktsijata-v-d-premier/ Fri, 09 Aug 2024 06:44:31 +0000 https://republika.mk/?p=804776

Бугарскиот технички премиер Димитар Главчев ја повлекува искажаната подготвеност да ја прифати функцијата вршител на должноста премиер по вторпат со цел намалување на политичката тензија, објави Министерскиот совет на својата веб-страница, јави БТА.

Главчев му се заблагодари на својот тим за сработеното. Тој ќе продолжи да ја врши функцијата до именувањето на нов вршител на должноста премиер.

На брифингот одржан на 5 август во Советот на министри, Димитар Главчев изјавил дека ќе ја прифати функцијата привремен премиер доколку претседателот на Бугарија, Румен Радев, повторно му ја понуди.

Шефот на државата на вчерашните консултации со политичките партии застапени во Парламентот посочи дека не е само Димитар Главчев опција за официјален премиер.

The post Главчев ја повлекува искажаната подготвеност по вторпат да ја прифати функцијата в.д. премиер appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот технички премиер Димитар Главчев ја повлекува искажаната подготвеност да ја прифати функцијата вршител на должноста премиер по вторпат со цел намалување на политичката тензија, објави Министерскиот совет на својата веб-страница, јави БТА. Главчев му се заблагодари на својот тим за сработеното. Тој ќе продолжи да ја врши функцијата до именувањето на нов вршител на должноста премиер. На брифингот одржан на 5 август во Советот на министри, Димитар Главчев изјавил дека ќе ја прифати функцијата привремен премиер доколку претседателот на Бугарија, Румен Радев, повторно му ја понуди. Шефот на државата на вчерашните консултации со политичките партии застапени во Парламентот посочи дека не е само Димитар Главчев опција за официјален премиер.

The post Главчев ја повлекува искажаната подготвеност по вторпат да ја прифати функцијата в.д. премиер appeared first on Република.

]]>
Mицкоски за средбата со Главчев: Да се релаксираат односите, да се гледа на иднината и да се користат можностите за соработка https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-sredbata-so-glavchev-da-se-relaksiraat-odnosite-da-se-gleda-na-idninata-i-da-se-koristat-mozhnostite-za-sorabotka/ Thu, 11 Jul 2024 09:21:39 +0000 https://republika.mk/?p=795719

Премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук објабви дека на маргините на официјалната фотосесија на лидерите на влади и шефови на држави на НАТО самитот во Вашингтон остварил кус разговор со премиерот на Бугарија, Димитар Главчев.

- Беше констатирано дека треба да се релаксираат односите, при што посочив дека треба да се гледа на иднината и да се користат можностите за соработка. Темите од минатото и отворањето на нови препреки нема да ги зближат двата народи и дека треба да се направат напори и чекори кои ќе влеат доверба меѓу државите како во периодот пред ветото и отпочнувањето на политиката на опструкции, наведува Мицкоски.

За разговорот со Мицкоски се огласи и бугарскиот премиер Димитар Главчев, кој кажа дека станало збор за потребата од нормализација на меѓусебните односи и за нивно враќање на нивото од 2017 година кога беше потпишан Договорот за добрососедство.

- Двајцата бевме на тоа мислење, па ќе видиме што ќе се случи. Нема ништо подобро од убави и добри односи меѓу соседи. Може дури и да се каже дека ние сме и повеќе од соседи со Република Македонија, изјави Главчев.

Бугарскиот премиер истакна дека треба да се намалат тензиите во меѓусебните односи, пред се во изјавите, бидејќи меѓу граѓаните и народите на двете соседни земји нема тензии, а политичарите ако не помагаат да се развиваат тие односи, не треба ни да ги попречуваат.

Според него, кога соработката ќе биде на задоволително ниво треба да почне да се развива и поврзувањето во сите аспекти, како во транспортот, економијата...

- Но, треба да се исполнат и обврските кои што се преземени. Тука не говорам само за Македонија, туку и за сите земји од Западниот Балкан. Гледате дека не ги делиме. Нашата позиција е и европската позиција дека сите држави кандидати за членство во ЕУ треба да ги исполнат барањата што им се поставени, додаде Главчев

The post Mицкоски за средбата со Главчев: Да се релаксираат односите, да се гледа на иднината и да се користат можностите за соработка appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук објабви дека на маргините на официјалната фотосесија на лидерите на влади и шефови на држави на НАТО самитот во Вашингтон остварил кус разговор со премиерот на Бугарија, Димитар Главчев. - Беше констатирано дека треба да се релаксираат односите, при што посочив дека треба да се гледа на иднината и да се користат можностите за соработка. Темите од минатото и отворањето на нови препреки нема да ги зближат двата народи и дека треба да се направат напори и чекори кои ќе влеат доверба меѓу државите како во периодот пред ветото и отпочнувањето на политиката на опструкции, наведува Мицкоски. За разговорот со Мицкоски се огласи и бугарскиот премиер Димитар Главчев, кој кажа дека станало збор за потребата од нормализација на меѓусебните односи и за нивно враќање на нивото од 2017 година кога беше потпишан Договорот за добрососедство.
- Двајцата бевме на тоа мислење, па ќе видиме што ќе се случи. Нема ништо подобро од убави и добри односи меѓу соседи. Може дури и да се каже дека ние сме и повеќе од соседи со Република Македонија, изјави Главчев.
Бугарскиот премиер истакна дека треба да се намалат тензиите во меѓусебните односи, пред се во изјавите, бидејќи меѓу граѓаните и народите на двете соседни земји нема тензии, а политичарите ако не помагаат да се развиваат тие односи, не треба ни да ги попречуваат. Според него, кога соработката ќе биде на задоволително ниво треба да почне да се развива и поврзувањето во сите аспекти, како во транспортот, економијата...
- Но, треба да се исполнат и обврските кои што се преземени. Тука не говорам само за Македонија, туку и за сите земји од Западниот Балкан. Гледате дека не ги делиме. Нашата позиција е и европската позиција дека сите држави кандидати за членство во ЕУ треба да ги исполнат барањата што им се поставени, додаде Главчев

The post Mицкоски за средбата со Главчев: Да се релаксираат односите, да се гледа на иднината и да се користат можностите за соработка appeared first on Република.

]]>
Бугарскиот премиер: Со Христијан Мицкоски разговаравме за намалување на тензиите и нормализирање на односите https://republika.mk/vesti/makedonija/bugarskiot-premier-so-hristijan-mitskoski-razgovaravme-za-namaluvane-na-tenziite-i-normalizirane-na-odnosite/ Wed, 10 Jul 2024 18:22:29 +0000 https://republika.mk/?p=795523

Бугарскиот премиер, Димитар Главчев, пред почетокот на денешното продолжение на Самитот на НАТО во Вашингтон, изјави дека на средба со македонскиот премиер Христијан Мицкоски разговарале за потребата од нормализација на меѓусебните односи и за нивно враќање на нивото од 2017 година кога беше потпишан Договорот за добрососедство.

Двајцата бевме на тоа мислење, па ќе видиме што ќе се случи. Нема ништо подобро од убави и добри односи меѓу соседи. Може дури и да се каже дека ние сме и повеќе од соседи со Cеверна Македонија, изјави Главчев.

Бугарскиот премиер истакна дека треба да се намалат тензиите во меѓусебните односи, пред се во изјавите, бидејќи меѓу граѓаните и народите на двете соседни земји нема тензии, а политичарите ако не помагаат да се развиваат тие односи, не треба ни да ги попречуваат.

Според него, кога соработката ќе биде на задоволително ниво треба да почне да се развива и поврзувањето во сите аспекти, како во транспортот, економијата...

Но, треба да се исполнат и обврските кои што се преземени. Тука не говорам само за Cеверна Македонија, туку и за сите земји од Западниот Балкан. Гледате дека не ги делиме. Нашата позиција е и европската позиција дека сите држави кандидати за членство во ЕУ треба да ги исполнат барањата што им се поставени, додаде Главчев.

The post Бугарскиот премиер: Со Христијан Мицкоски разговаравме за намалување на тензиите и нормализирање на односите appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот премиер, Димитар Главчев, пред почетокот на денешното продолжение на Самитот на НАТО во Вашингтон, изјави дека на средба со македонскиот премиер Христијан Мицкоски разговарале за потребата од нормализација на меѓусебните односи и за нивно враќање на нивото од 2017 година кога беше потпишан Договорот за добрососедство.
Двајцата бевме на тоа мислење, па ќе видиме што ќе се случи. Нема ништо подобро од убави и добри односи меѓу соседи. Може дури и да се каже дека ние сме и повеќе од соседи со Cеверна Македонија, изјави Главчев.
Бугарскиот премиер истакна дека треба да се намалат тензиите во меѓусебните односи, пред се во изјавите, бидејќи меѓу граѓаните и народите на двете соседни земји нема тензии, а политичарите ако не помагаат да се развиваат тие односи, не треба ни да ги попречуваат. Според него, кога соработката ќе биде на задоволително ниво треба да почне да се развива и поврзувањето во сите аспекти, како во транспортот, економијата...
Но, треба да се исполнат и обврските кои што се преземени. Тука не говорам само за Cеверна Македонија, туку и за сите земји од Западниот Балкан. Гледате дека не ги делиме. Нашата позиција е и европската позиција дека сите држави кандидати за членство во ЕУ треба да ги исполнат барањата што им се поставени, додаде Главчев.

The post Бугарскиот премиер: Со Христијан Мицкоски разговаравме за намалување на тензиите и нормализирање на односите appeared first on Република.

]]>
Бугарскиот премиер ќе бара во заклучоците од Самитот на ЕУ да има и текст за Македонија https://republika.mk/vesti/balkan/bugarskiot-premier-ke-bara-vo-zakluchotsite-od-samitot-na-eu-da-ima-i-tekst-za-makedonija/ Thu, 27 Jun 2024 19:41:57 +0000 https://republika.mk/?p=791402

Бугарија, според соопштението од бугарската влада, ќе инсистира Европскиот совет при усвојувањето на заклучоците од состанокот да вклучи и текст за Република Македонија.

Бугарскиот премиер Димитар Главчев денеска и утре ќе престојува во Брисел, каде за време на дискусијата на темата ќе побара од Европскиот совет да ги потврди заклучоците од 14 декември 2023 година, како и заклучоците на Советот за Македонија и Албанија од 18 јули 2022 година и да ја повикаат Македонија да ги преземе чекорите наведени таму за да постигне напредок на нејзиниот пат кон европската интеграција.

Според бугарскиот премиер, важно е да се напомене дека имплементацијата на сите договори и заложби, како и напредокот на сите реформи поврзани со ЕУ, остануваат клучни за понатамошен напредок.

Најавата за позицијата на Софија што премиерот Главчев планира да ја презентира на самитот во Брисел денеска и утре, доаѓа по размената на ставови меѓу новата македонска влада на чело со премиерот Христијан Мицкоски и дел од раковoдството и главните политички актери во Бугарија околу Преговарачката рамка и како понатаму на патот на земјава кон ЕУ

 

The post Бугарскиот премиер ќе бара во заклучоците од Самитот на ЕУ да има и текст за Македонија appeared first on Република.

]]>

Бугарија, според соопштението од бугарската влада, ќе инсистира Европскиот совет при усвојувањето на заклучоците од состанокот да вклучи и текст за Република Македонија. Бугарскиот премиер Димитар Главчев денеска и утре ќе престојува во Брисел, каде за време на дискусијата на темата ќе побара од Европскиот совет да ги потврди заклучоците од 14 декември 2023 година, како и заклучоците на Советот за Македонија и Албанија од 18 јули 2022 година и да ја повикаат Македонија да ги преземе чекорите наведени таму за да постигне напредок на нејзиниот пат кон европската интеграција. Според бугарскиот премиер, важно е да се напомене дека имплементацијата на сите договори и заложби, како и напредокот на сите реформи поврзани со ЕУ, остануваат клучни за понатамошен напредок. Најавата за позицијата на Софија што премиерот Главчев планира да ја презентира на самитот во Брисел денеска и утре, доаѓа по размената на ставови меѓу новата македонска влада на чело со премиерот Христијан Мицкоски и дел од раковoдството и главните политички актери во Бугарија околу Преговарачката рамка и како понатаму на патот на земјава кон ЕУ  

The post Бугарскиот премиер ќе бара во заклучоците од Самитот на ЕУ да има и текст за Македонија appeared first on Република.

]]>