Димитар Башевски Archives - Република https://republika.mk/tema/dimitar-bashevski/ За подобро да се разбереме Mon, 20 May 2024 08:52:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Димитар Башевски Archives - Република https://republika.mk/tema/dimitar-bashevski/ 32 32 Промоција на „Дни, години“ од Димитар Башевски во Градската библиотека https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-dni-godini-od-dimitar-bashevski-vo-gradskata-biblioteka/ Mon, 20 May 2024 08:52:41 +0000 https://republika.mk/?p=780022

Утре, вторник (21 мај) во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје ќе биде промовирано делото „Дни, години“ од Димитар Башевски, добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга за 2023 година според Струшките вечери на поезијата. Градската библиотека во Скопје со децении традиционално го претставува добитникот на престижната награда за најдобро домашна поетска книга меѓу две изданија на СВП.

На промоцијата закажана во 12 часот во спомен-собата „Т’га за југ“ за „Дни, години“ ќе говори Иван Додовски, а стихови ќе интерпретира актерот Андреј Серафимовски.

Според жирито за минатогодишната награда „Браќа Миладиновци“ на СВП: „Дни, годии“ претставува значаен прилог во новите текови на современата македонска поезија. Станува збор за книга со длабоки животни промислувања кажани преку наизглед едноставен поетски јазик. Димитар Башевски сведочи дека неговите поетски вертикали, чии корени се во минатиот век, и натаму се одликуваат со творечка виталност, со жив и сочен поетски говор и со сугестивен и актуелен тематско поетски простор. Притоа тој мајсторски се потпира на досега стекнатото творечко искуство – подвлече комисијата.

„Дни, години“ од Димитар Башевски е во издание на Слово.

The post Промоција на „Дни, години“ од Димитар Башевски во Градската библиотека appeared first on Република.

]]>

Утре, вторник (21 мај) во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје ќе биде промовирано делото „Дни, години“ од Димитар Башевски, добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга за 2023 година според Струшките вечери на поезијата. Градската библиотека во Скопје со децении традиционално го претставува добитникот на престижната награда за најдобро домашна поетска книга меѓу две изданија на СВП. На промоцијата закажана во 12 часот во спомен-собата „Т’га за југ“ за „Дни, години“ ќе говори Иван Додовски, а стихови ќе интерпретира актерот Андреј Серафимовски.
Според жирито за минатогодишната награда „Браќа Миладиновци“ на СВП: „Дни, годии“ претставува значаен прилог во новите текови на современата македонска поезија. Станува збор за книга со длабоки животни промислувања кажани преку наизглед едноставен поетски јазик. Димитар Башевски сведочи дека неговите поетски вертикали, чии корени се во минатиот век, и натаму се одликуваат со творечка виталност, со жив и сочен поетски говор и со сугестивен и актуелен тематско поетски простор. Притоа тој мајсторски се потпира на досега стекнатото творечко искуство – подвлече комисијата.
„Дни, години“ од Димитар Башевски е во издание на Слово.

The post Промоција на „Дни, години“ од Димитар Башевски во Градската библиотека appeared first on Република.

]]>
Димитар Башевски е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП https://republika.mk/vesti/kultura/dimitar-bashevski-e-dobitnik-na-nagradata-braka-miladinovtsi-na-svp/ Mon, 31 Jul 2023 12:32:40 +0000 https://republika.mk/?p=667280

Познатиот македонски поет, романсиер, книжевен преведувач и издавач Димитар Башевски е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ што се доделува од страна на Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска збирка помеѓу две фестивалски изданија.

Башевски е добитник на наградата за неговата поетска збирка„Дни, години“ во издание на СЛОВО.
Добитникот на наградата беше соопштен на прес-конференцијата, одржана на 31.07.2023 година, во 11:30 ч. во Конгресната Сала во Хотел Дрим во Струга. Жири комисијата во состав: Веле Смилевски (претседател), Милован Стефановски, Славица Гаџова Свидерска, Трајче Стамески, Марина Мијаковска (секретар) после прочитот на сите 35 пристигнати книги направи заедничка селекција и во потесен круг од пет книги влегоа збирките (редоследот е според почетните букви од презимињата на авторите)
1. Башевски Димитар - „Дни, години“, Слово
2. Коцев Јосип - „Две мориња“, Антолог
3. Михаилова Бошнакоска Гордана - „Мед и младост“, Макавеј
4. Трајкоски Дејан - „Филмски песни“, Бата прес милениум
5. Ќулавкова Катица - „На врв на јазикoт“, Арс Либрис
По опстојна дискусија, Жири-комисијата едногласно одлучи наградата да се додели за стихозбирката „Дни, години“ од Димитар Башевски.

Комисијата оценува дека наградената стихозбирка „Дни, години“ од Димитар
Башевски, објавена во издание на „Слово“ од Скопје, претставува значаен прилог во
новите текови на современата македонска поезија. Станува збор за книга со длабоки
животни промислувања кажани преку наизглед едноставен поетски јазик. Димитар
Башевски сведочи дека неговите поетски вертикали, чии корени се во минатиот век, и
натаму се одликуваат со творечка виталност, со жив и сочен поетски говор и со
сугестивен и актуелен тематско поетски простор. Притоа тој мајсторски се потпира на
досега стекнатото творечко искуство.
„Песните на Башевски носат наталожени животни и творечки искуства вклопени
меѓу кориците на една стамена книга на автор од формат чии резимирачки поетски
изблици претставуваат густ и во исто време прочистен и прозрачен сублимат со
слоевити значења и пораки. Тие и такви песни се своевидни „зборовни гнезда“,
според една негова синтагма, кои имаат специфична улога: тие колку што одгатнуваат,
толку загатнуваат, внесувајќи не во неизречивото, до таа едноставна, „таа суштина
чиста“. На тој начин стихозбирката „Дни, години“ се издига на степен на исклучително
поетско дело со богата и модерна изразност на „проста и строга песна“, се вели во образложението на одлуката.

Димитар Башевски, романсиер, раскажувач, поет, преведувач, издавач. Роден во 1943 година во с. Ѓавато, Битолско. Завршил Филозофски факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методија“ во Скопје. Повеќе години работел како новинар, постојан дописник од Атина и уредник, а потоа како издавач. Бил директор и главен уредник на издавачката куќа „Култура“ и потоа главен уредник на издавачката куќа „Слово“. Од 2000 до 2006 година беше претседател, а потоа почесен претседател на Македонскиот ПЕН центар.
Башевски е автор на следните дела: Туѓинец, роман, 1969; Враќање, роман, 1974; Нема смрт додека ѕвони, роман, 1980; Една година од животот на Иван Плевнеш, роман, 1985; Куќата на животот, поезија, 1987; Сарајановскиот каранфил, роман, 1990; Дневникот на Ања, роман за
деца, 1994; Привремен престој, поезија, 1995; Братот, роман, 2007; Совладано време, поезија, 1998; Бунар, роман, 2001; Аголен камен, поезија, 2005; Братот, роман, 2007; Во дланката своја си гледам, поезија, 2010; Прозорци, роман, 2010; Белег, сон, избор поезија, 2010; Прозорци, роман, нова верзија, 2013; Мајсторот, раскази, 2013; Скршнувања, поезија, 2016; Круг, роман, 2017; Избрани дела во шест тома, 2018; Писма од карантин, есеи, 2021; Дни, години, поезија, 2023.
Негови книги се преведувани и објавувани на англиски, чешки, грчки, романски, српски, турски, бугарски, црногорски и албански јазик. Избори од неговата поезија се објавени на англиски јазик во Лондон, на грчки јазик во Атина, на романски јазик во Букурешт и на српскијазик во Белград.

Застапуван во поголем број антологии на македонската литературa во земјата и во странство и во македонските енциклопедии.
За своите книги, тој ги има добиено наградите „11 Октомври“, „Рациново признание“, „13 Ноември“, „Ванчо Николески“, наградата Роман на годината ("Утрински весник") за романот “Бунар", како и државната награда за долгогодишни остварувања „Св. Климент Охридски“. Романот „Бунар“ во 2002 година беше номиниран за меѓународната награда „Балканика”, додека книгата раскази „Мајсторот“, беше во најтесниот избор за меѓународната „Његошева награда“ за 2015 година.
Преостанатите четворица кандидати во потесен избор исто така, според вообичаената пракса, ќе бидат дел од програмата на фестивалот.
Струшките вечери на поезијата оваа година ќе се одржат од 24 до 28 август во своето редовно издание на препознатливите локации.

The post Димитар Башевски е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП appeared first on Република.

]]>

Познатиот македонски поет, романсиер, книжевен преведувач и издавач Димитар Башевски е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ што се доделува од страна на Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска збирка помеѓу две фестивалски изданија. Башевски е добитник на наградата за неговата поетска збирка„Дни, години“ во издание на СЛОВО. Добитникот на наградата беше соопштен на прес-конференцијата, одржана на 31.07.2023 година, во 11:30 ч. во Конгресната Сала во Хотел Дрим во Струга. Жири комисијата во состав: Веле Смилевски (претседател), Милован Стефановски, Славица Гаџова Свидерска, Трајче Стамески, Марина Мијаковска (секретар) после прочитот на сите 35 пристигнати книги направи заедничка селекција и во потесен круг од пет книги влегоа збирките (редоследот е според почетните букви од презимињата на авторите) 1. Башевски Димитар - „Дни, години“, Слово 2. Коцев Јосип - „Две мориња“, Антолог 3. Михаилова Бошнакоска Гордана - „Мед и младост“, Макавеј 4. Трајкоски Дејан - „Филмски песни“, Бата прес милениум 5. Ќулавкова Катица - „На врв на јазикoт“, Арс Либрис По опстојна дискусија, Жири-комисијата едногласно одлучи наградата да се додели за стихозбирката „Дни, години“ од Димитар Башевски.
Комисијата оценува дека наградената стихозбирка „Дни, години“ од Димитар Башевски, објавена во издание на „Слово“ од Скопје, претставува значаен прилог во новите текови на современата македонска поезија. Станува збор за книга со длабоки животни промислувања кажани преку наизглед едноставен поетски јазик. Димитар Башевски сведочи дека неговите поетски вертикали, чии корени се во минатиот век, и натаму се одликуваат со творечка виталност, со жив и сочен поетски говор и со сугестивен и актуелен тематско поетски простор. Притоа тој мајсторски се потпира на досега стекнатото творечко искуство. „Песните на Башевски носат наталожени животни и творечки искуства вклопени меѓу кориците на една стамена книга на автор од формат чии резимирачки поетски изблици претставуваат густ и во исто време прочистен и прозрачен сублимат со слоевити значења и пораки. Тие и такви песни се своевидни „зборовни гнезда“, според една негова синтагма, кои имаат специфична улога: тие колку што одгатнуваат, толку загатнуваат, внесувајќи не во неизречивото, до таа едноставна, „таа суштина чиста“. На тој начин стихозбирката „Дни, години“ се издига на степен на исклучително поетско дело со богата и модерна изразност на „проста и строга песна“, се вели во образложението на одлуката.
Димитар Башевски, романсиер, раскажувач, поет, преведувач, издавач. Роден во 1943 година во с. Ѓавато, Битолско. Завршил Филозофски факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методија“ во Скопје. Повеќе години работел како новинар, постојан дописник од Атина и уредник, а потоа како издавач. Бил директор и главен уредник на издавачката куќа „Култура“ и потоа главен уредник на издавачката куќа „Слово“. Од 2000 до 2006 година беше претседател, а потоа почесен претседател на Македонскиот ПЕН центар. Башевски е автор на следните дела: Туѓинец, роман, 1969; Враќање, роман, 1974; Нема смрт додека ѕвони, роман, 1980; Една година од животот на Иван Плевнеш, роман, 1985; Куќата на животот, поезија, 1987; Сарајановскиот каранфил, роман, 1990; Дневникот на Ања, роман за деца, 1994; Привремен престој, поезија, 1995; Братот, роман, 2007; Совладано време, поезија, 1998; Бунар, роман, 2001; Аголен камен, поезија, 2005; Братот, роман, 2007; Во дланката своја си гледам, поезија, 2010; Прозорци, роман, 2010; Белег, сон, избор поезија, 2010; Прозорци, роман, нова верзија, 2013; Мајсторот, раскази, 2013; Скршнувања, поезија, 2016; Круг, роман, 2017; Избрани дела во шест тома, 2018; Писма од карантин, есеи, 2021; Дни, години, поезија, 2023. Негови книги се преведувани и објавувани на англиски, чешки, грчки, романски, српски, турски, бугарски, црногорски и албански јазик. Избори од неговата поезија се објавени на англиски јазик во Лондон, на грчки јазик во Атина, на романски јазик во Букурешт и на српскијазик во Белград. Застапуван во поголем број антологии на македонската литературa во земјата и во странство и во македонските енциклопедии. За своите книги, тој ги има добиено наградите „11 Октомври“, „Рациново признание“, „13 Ноември“, „Ванчо Николески“, наградата Роман на годината ("Утрински весник") за романот “Бунар", како и државната награда за долгогодишни остварувања „Св. Климент Охридски“. Романот „Бунар“ во 2002 година беше номиниран за меѓународната награда „Балканика”, додека книгата раскази „Мајсторот“, беше во најтесниот избор за меѓународната „Његошева награда“ за 2015 година. Преостанатите четворица кандидати во потесен избор исто така, според вообичаената пракса, ќе бидат дел од програмата на фестивалот. Струшките вечери на поезијата оваа година ќе се одржат од 24 до 28 август во своето редовно издание на препознатливите локации.

The post Димитар Башевски е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП appeared first on Република.

]]>
„Дни, години“ – нова книга од Димитар Башевски https://republika.mk/vesti/kultura/dni-godini-nova-kniga-od-dimitar-bashevski/ Mon, 03 Apr 2023 10:02:36 +0000 https://republika.mk/?p=626590

Издавачката куќа „Слово“ од Скопје, деновиве ја објави книгата „Дни, години“ од Димитар Башевски. Книгата е објавена со поддршка на Министерството за култура на РСМ. Тоа е најнова книга од овој романсиер, раскажувач и поет, чии книги досега се преведувани на повеќе европски јазици – англиски, чешки, грчки, романски, српски, бугарски, албански, турски, црногорскии и др. и ги добиле важните книжевни награди и признанија во земјата.

„Дни, години“ е поетска книга која доаѓа во зрелата творечка фаза на Башевски и ги изразува главно оние поетски својства за кои еден број критичари пишуваа и за досегашните негови поетски книти. Во таа смисла, англискиот критичар Алан Браунџон, по повод објавата на избор поезија на Башевски во Лондон, напиша дека „како повозрасен писател, тој (Башевски) сосема природно се движи во митовите на зрелоста, отколку во смелите фантазии на младоста“.

Како генерална оценка за неговата поезија, која во голема мера може да важи и за „Дни, години“, може добро да послужи и искажувањето на Петар Т. Бошковски, кога тој во еден свој текст во книгата „Премрежето на критиката“, за поезијата на Башевски вели:

„…Стиховите на Димитар Башевски се убедлив уметнички факт за важењето на геслото за поезијата како говор ‘за крупни нешта со моќен глас’ постулирано од Блаже Конески. Автор со широк духовен хоризонт во кој се среќаваат, се одгледуваат и плодно се вкрстуваат личното и колективното, историското и митското паметење… Неговиот култивиран поетски однос и рафиниран сензибилитет се подеднакво изострени и промислени и во пробивот во светот на идеите во кој се движи, и во поглед на одредувањето на аглите од кои нив ги актуелизира…“

The post „Дни, години“ – нова книга од Димитар Башевски appeared first on Република.