дилма русеф Archives - Република https://republika.mk/tema/dilma-rusef/ За подобро да се разбереме Sat, 11 Feb 2023 13:30:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дилма русеф Archives - Република https://republika.mk/tema/dilma-rusef/ 32 32 Поранешната претседателка на Бразил ќе ја предводи банката на државите од БРИКС https://republika.mk/vesti/svet/poraneshnata-pretsedatelka-na-brazil-ke-ja-predvodi-bankata-na-drzhavite-od-briks/ Sat, 11 Feb 2023 13:38:52 +0000 https://republika.mk/?p=607745

Поранешната претседателка на Бразил, Дилма Русеф, која беше на функцијата во периодот 2011-2016 година, ќе ја предводи Новата банка за развој, формирана од земјите кои влегуваат во асоцијацијата БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република), соопшти „Естадо ди Сао Паоло“.

Според изданието, предлогот на новата влада на јужноамериканската земја за нејзино назначување на чело на финансиската институција на местото на Маркус Тројхо, штитеник на поранешниот претседател на Бразил Жаир Болсонаро, е позитивно примен од страна на партнерите на Бразил.

Русеф ќе служи до крајот на сегашниот мандат на Бразил на чело на банката во 2025 година. На Троихо му е понудено да поднесе оставка и да се пресели во администрацијата на државата Сао Паоло, каде што гувернер е поранешен министер од владата на Болсонаро.

Според Естадо де Сао Паоло, Русеф ќе го придружува новиот претседател на Бразил, Лула да Силва, за време на неговата посета на Кина во втората половина на март.

Новата банка за развој е основана од земјите на БРИКС врз основа на меѓувладин договор потпишан на четвртиот самит на асоцијацијата во јули 2014 година во бразилскиот град Форталеза.

Новата банка финансира инфраструктурни и проекти за одржлив развој во земјите на БРИКС и земјите во развој. Од 2021 година, Обединетите Арапски Емирати, Уругвај, Бангладеш и Египет се примени во Новата банка за развој.

The post Поранешната претседателка на Бразил ќе ја предводи банката на државите од БРИКС appeared first on Република.

]]>

Поранешната претседателка на Бразил, Дилма Русеф, која беше на функцијата во периодот 2011-2016 година, ќе ја предводи Новата банка за развој, формирана од земјите кои влегуваат во асоцијацијата БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република), соопшти „Естадо ди Сао Паоло“. Според изданието, предлогот на новата влада на јужноамериканската земја за нејзино назначување на чело на финансиската институција на местото на Маркус Тројхо, штитеник на поранешниот претседател на Бразил Жаир Болсонаро, е позитивно примен од страна на партнерите на Бразил. Русеф ќе служи до крајот на сегашниот мандат на Бразил на чело на банката во 2025 година. На Троихо му е понудено да поднесе оставка и да се пресели во администрацијата на државата Сао Паоло, каде што гувернер е поранешен министер од владата на Болсонаро. Според Естадо де Сао Паоло, Русеф ќе го придружува новиот претседател на Бразил, Лула да Силва, за време на неговата посета на Кина во втората половина на март. Новата банка за развој е основана од земјите на БРИКС врз основа на меѓувладин договор потпишан на четвртиот самит на асоцијацијата во јули 2014 година во бразилскиот град Форталеза. Новата банка финансира инфраструктурни и проекти за одржлив развој во земјите на БРИКС и земјите во развој. Од 2021 година, Обединетите Арапски Емирати, Уругвај, Бангладеш и Египет се примени во Новата банка за развој.

The post Поранешната претседателка на Бразил ќе ја предводи банката на државите од БРИКС appeared first on Република.

]]>