дијазепам Archives - Република https://republika.mk/tema/dijazepam/ За подобро да се разбереме Wed, 29 Nov 2023 07:18:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дијазепам Archives - Република https://republika.mk/tema/dijazepam/ 32 32 Денеска пред да излезете од дома напијте се дијазепам: Еве кои улици ќе бидат затворени https://republika.mk/zivot/servisi/deneska-pred-da-izlezete-od-doma-napijte-se-dijazepam-eve-koi-ulitsi-ke-bidat-zatvoreni/ Wed, 29 Nov 2023 07:18:00 +0000 https://republika.mk/?p=717356

Посебен сообраќаен режим ќе биде воведен во Скопје поради одржувањето на Министерскиот совет на ОБСЕ на кој се очекуваат околу 70 делегации. Почнувајќи од денеска од 13 часот до завршување на Министерскиот совет повремено ќе бидат затворени за сообраќај одредени улици како што се булеварот „Илинден“ од крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“ до крстосницата со ул.„Љубљанска“ и бул.„8 Септември“, од крстосницата со ул.„Скупи“ до крстосница со бул.„Партизански одреди“.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека во зависност од потребите, може да бидат  затворени и други улици и апелираат до граѓаните на трпение и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

Во пресрет на Министерскиот совет на ОБСЕ вчера беше спроведена генерална проба со затворање на дел од сообраќајниците во главниот град.

Во делот на безбедноста, од Министерството за внатрешни работи велат дека се комплетно подготвени за Министерскиот совет што за првпат се одржува во Македонија, која е земја претседавач со ОБСЕ.

Поради одржувањето на Самитот, согласно одлуката на Владата, денеска вработените во државната и јавната администрација во Скопје ќе работат до 12 часот, а утре е неработен ден за државната и јавната администрација, а нема да работат ниту основните и средните училишта на подрачјето на град Скопје. Се препорачува и приватниот сектор, особено во Општина Карпош и општините кои гравитираат околу спортскиот центар „Борис Трајковски“ и хотелот „Александар Палас“ да ги спроведат заклучоците од Владата. Неработниот ден не се однесува на градинките и здравствените установи.

The post Денеска пред да излезете од дома напијте се дијазепам: Еве кои улици ќе бидат затворени appeared first on Република.

]]>

Посебен сообраќаен режим ќе биде воведен во Скопје поради одржувањето на Министерскиот совет на ОБСЕ на кој се очекуваат околу 70 делегации. Почнувајќи од денеска од 13 часот до завршување на Министерскиот совет повремено ќе бидат затворени за сообраќај одредени улици како што се булеварот „Илинден“ од крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“ до крстосницата со ул.„Љубљанска“ и бул.„8 Септември“, од крстосницата со ул.„Скупи“ до крстосница со бул.„Партизански одреди“. Од Министерството за внатрешни работи велат дека во зависност од потребите, може да бидат  затворени и други улици и апелираат до граѓаните на трпение и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници. Во пресрет на Министерскиот совет на ОБСЕ вчера беше спроведена генерална проба со затворање на дел од сообраќајниците во главниот град. Во делот на безбедноста, од Министерството за внатрешни работи велат дека се комплетно подготвени за Министерскиот совет што за првпат се одржува во Македонија, која е земја претседавач со ОБСЕ. Поради одржувањето на Самитот, согласно одлуката на Владата, денеска вработените во државната и јавната администрација во Скопје ќе работат до 12 часот, а утре е неработен ден за државната и јавната администрација, а нема да работат ниту основните и средните училишта на подрачјето на град Скопје. Се препорачува и приватниот сектор, особено во Општина Карпош и општините кои гравитираат околу спортскиот центар „Борис Трајковски“ и хотелот „Александар Палас“ да ги спроведат заклучоците од Владата. Неработниот ден не се однесува на градинките и здравствените установи.

The post Денеска пред да излезете од дома напијте се дијазепам: Еве кои улици ќе бидат затворени appeared first on Република.

]]>
Ќе има посилна контрола на пропишувањето дијазепами https://republika.mk/zivot/zdravje/kje-ima-posilna-kontrola-na-propishuvanjeto-dijazepami/ Fri, 03 Jun 2022 19:34:35 +0000 https://republika.mk/?p=510822

Не по желба на пациентот, туку рецепт за диазепам ќе има само за оние кои навистина имаат потреба од тој лек. Здравствените власти велат со построги закони можат евентуално да ја контролираат епидемиската употреба и злоупотреба на апчињата за смирување што според податоците од ФЗОМ ги пие секој полнолетен во државата.

Се издаваат во преголема бројка, треба да се направи систем но и самите матични нормално да пропишуваат рецепти. Ние она што можеме е да направиме построга регулатива на издавање. Секо, има реално лица на кој им треба овој лек, но не по желба на пациентот - вели заменик министерот за здравство, д-р Владимир Рендевски.

Според ФЗОМ, само лани официјално биле издадени над 1.380 000 рецепти а во оваа бројка не се и диазепамите купени на приватно. Најголем пораст има во пандемиските 2020 и 2021 година. Од Мој Термин, пак, велат дека во мај биле реализирани над 107.000 а во април 111.548 рецепти од овој лек или од аптеките се изнесуваат околу 4.000 кутии диазепам дневно.

Освен седативи и антидепресиви, најголема побарувачка и потрошувачка има за лекот за регулирање на крвниот притисок. А, нередовното пиење на терапијата и занемарување на состојбата е една од најчестите причини за мозочен удар.

Дури 80 проценти од пациентите со мозочен удар третирани кај нас имале нерегулиран крвен притисок - вели Рендевски.

Д-р Рендевски кој е неврохирург присуствуваше на тематскиот состанок одржан од здружението на неврохирурзи за новините во нивната област кои се во интерес и на пациентите и на лекарите.

The post Ќе има посилна контрола на пропишувањето дијазепами appeared first on Република.

]]>

Не по желба на пациентот, туку рецепт за диазепам ќе има само за оние кои навистина имаат потреба од тој лек. Здравствените власти велат со построги закони можат евентуално да ја контролираат епидемиската употреба и злоупотреба на апчињата за смирување што според податоците од ФЗОМ ги пие секој полнолетен во државата.
Се издаваат во преголема бројка, треба да се направи систем но и самите матични нормално да пропишуваат рецепти. Ние она што можеме е да направиме построга регулатива на издавање. Секо, има реално лица на кој им треба овој лек, но не по желба на пациентот - вели заменик министерот за здравство, д-р Владимир Рендевски.
Според ФЗОМ, само лани официјално биле издадени над 1.380 000 рецепти а во оваа бројка не се и диазепамите купени на приватно. Најголем пораст има во пандемиските 2020 и 2021 година. Од Мој Термин, пак, велат дека во мај биле реализирани над 107.000 а во април 111.548 рецепти од овој лек или од аптеките се изнесуваат околу 4.000 кутии диазепам дневно. Освен седативи и антидепресиви, најголема побарувачка и потрошувачка има за лекот за регулирање на крвниот притисок. А, нередовното пиење на терапијата и занемарување на состојбата е една од најчестите причини за мозочен удар.
Дури 80 проценти од пациентите со мозочен удар третирани кај нас имале нерегулиран крвен притисок - вели Рендевски.
Д-р Рендевски кој е неврохирург присуствуваше на тематскиот состанок одржан од здружението на неврохирурзи за новините во нивната област кои се во интерес и на пациентите и на лекарите.

The post Ќе има посилна контрола на пропишувањето дијазепами appeared first on Република.

]]>
Д-р Лазаров: До 11 часот се издадени 6.200 кутии „дијазепам“ https://republika.mk/vesti/makedonija/d-r-lazarov-do-11-chasot-se-izdadeni-6-200-kutii-dijazepam/ Wed, 01 Jun 2022 11:07:47 +0000 https://republika.mk/?p=509724

Д-р Ненад Лазаров од примарната медицина, сопственик на приватната ординација „Медика Вера“ на својот „Фејсбук“ сподели дека утрово до 8.30 часот биле издадени 1.150 кутии од лекот за смирување „дијазепам“, а оваа бројка до 11 часот е зголемена на 6.200 кутии.

Пред неколку месеци тој на својот Фејсбук профил сподели податок дека во 2020 година биле препишани 1.310.000 рецепти „диазепам“, 300.000 повеќе од 2015.

The post Д-р Лазаров: До 11 часот се издадени 6.200 кутии „дијазепам“ appeared first on Република.

]]>

Д-р Ненад Лазаров од примарната медицина, сопственик на приватната ординација „Медика Вера“ на својот „Фејсбук“ сподели дека утрово до 8.30 часот биле издадени 1.150 кутии од лекот за смирување „дијазепам“, а оваа бројка до 11 часот е зголемена на 6.200 кутии. Пред неколку месеци тој на својот Фејсбук профил сподели податок дека во 2020 година биле препишани 1.310.000 рецепти „диазепам“, 300.000 повеќе од 2015.

The post Д-р Лазаров: До 11 часот се издадени 6.200 кутии „дијазепам“ appeared first on Република.

]]>