Дијана Имери Илкоска Archives - Република https://republika.mk/tema/dijana-imeri-ilkoska/ За подобро да се разбереме Thu, 03 Oct 2024 07:40:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дијана Имери Илкоска Archives - Република https://republika.mk/tema/dijana-imeri-ilkoska/ 32 32 Маестра Дијана Имери Илкоска ќе диригира со престижната Софиска филхармонија https://republika.mk/vesti/kultura/maestra-dijana-imeri-ilkoska-ke-dirigira-so-prestizhnata-sofiska-filharmonija/ Thu, 03 Oct 2024 07:40:02 +0000 https://republika.mk/?p=822031

Македонската диригентка, маестра Дијана Имери Илкоска, неодамна гостуваше во Грузија, каде што работеше како асистент диригент на славниот маестро од Италија, Клаудио Вандели. Нејзиниот ангажман овој пат, следуваше по минатогодишниот успешен концерт којшто го реализираше со Младинскиот оркестар „Гија Канчели“ во Грузија, од каде доби покана повторно да соработува со ансамблот којшто се смета за еден од водечките младински оркестри во Европа.

Поканата всушност, да гостува маестра Имери Илкоска во Грузија и оваа година, дојде од страна на реномираниот фестивал за класична музика „Цинандали“, а нејзината соработка со маестро Вандели на крајот беше оценета мошне позитивно од страна на оркестарот, на публиката, од музичкиот директор на престижниот „Вербие“ фестивал и на фестивалот „Цинандали“, Џанандреа Носеда, од славниот виолинист Џошуа Бел и секако, од самиот маестро Вандели којшто напиша и свое видување за соработката.

Меѓудругото, тој истакна: „Имери Илкоска успеа да го подигне оркестарот на многу високо ниво на изведба, остварувајќи успешна комуникација, притоа покажувајќи ги најдобрите индивидуални и колективни квалитети на изведувачите… Работеше со големо разбирање на оркестарската боја, стил, баланс и наративен концепт. Ми беше задоволство да соработувам со Дијана и да го видам нејзиниот талент, подготовка, професионализам, посветеност, страст и радост за создавање на музика. Токму оваа енергија е потребна на секој оркестар којшто сака да ги осветли делата на големите композитори…“

Маестра Дијана Имери Илкоска не го крие огромното задоволство од ова нејзино искуство, за кое вели дека е непроценливо. „Повеќе од почестена сум од мојата работа во Грузија како диригент, а особено да слушнам вакви пофални зборови од толку голем и светски реномиран диригент и уметник, како што е маестро Клаудио Вандели. Вистински ветер во грб, во момент кога ме очекуваат големи предизвици на меѓународната сцена“, вели Имери Илкоска.

Маестра Имери Илкоска, со голема радост го најавува нејзиното следно гостување во Софија, Бугарија, кога ќе застане зад диригентскиот пулт со престижната Софиска филхармонија, во сезона во којашто настапуваат врвни светски диригенти и солисти.

Исто така, во ноември ќе гостува во „Коларац“ во Белград, овој пат како аранжер, во рамките на познатиот „Чело фестивал“. Инаку, Имери Илкоска повеќе пати се јавува и како аранжер на дела за разновидни ансамбли и формации кои се изведуваат на нашата и на меѓународната сцена.

 

The post Маестра Дијана Имери Илкоска ќе диригира со престижната Софиска филхармонија appeared first on Република.

]]>

Македонската диригентка, маестра Дијана Имери Илкоска, неодамна гостуваше во Грузија, каде што работеше како асистент диригент на славниот маестро од Италија, Клаудио Вандели. Нејзиниот ангажман овој пат, следуваше по минатогодишниот успешен концерт којшто го реализираше со Младинскиот оркестар „Гија Канчели“ во Грузија, од каде доби покана повторно да соработува со ансамблот којшто се смета за еден од водечките младински оркестри во Европа. Поканата всушност, да гостува маестра Имери Илкоска во Грузија и оваа година, дојде од страна на реномираниот фестивал за класична музика „Цинандали“, а нејзината соработка со маестро Вандели на крајот беше оценета мошне позитивно од страна на оркестарот, на публиката, од музичкиот директор на престижниот „Вербие“ фестивал и на фестивалот „Цинандали“, Џанандреа Носеда, од славниот виолинист Џошуа Бел и секако, од самиот маестро Вандели којшто напиша и свое видување за соработката. Меѓудругото, тој истакна: „Имери Илкоска успеа да го подигне оркестарот на многу високо ниво на изведба, остварувајќи успешна комуникација, притоа покажувајќи ги најдобрите индивидуални и колективни квалитети на изведувачите… Работеше со големо разбирање на оркестарската боја, стил, баланс и наративен концепт. Ми беше задоволство да соработувам со Дијана и да го видам нејзиниот талент, подготовка, професионализам, посветеност, страст и радост за создавање на музика. Токму оваа енергија е потребна на секој оркестар којшто сака да ги осветли делата на големите композитори…“ Маестра Дијана Имери Илкоска не го крие огромното задоволство од ова нејзино искуство, за кое вели дека е непроценливо. „Повеќе од почестена сум од мојата работа во Грузија како диригент, а особено да слушнам вакви пофални зборови од толку голем и светски реномиран диригент и уметник, како што е маестро Клаудио Вандели. Вистински ветер во грб, во момент кога ме очекуваат големи предизвици на меѓународната сцена“, вели Имери Илкоска. Маестра Имери Илкоска, со голема радост го најавува нејзиното следно гостување во Софија, Бугарија, кога ќе застане зад диригентскиот пулт со престижната Софиска филхармонија, во сезона во којашто настапуваат врвни светски диригенти и солисти. Исто така, во ноември ќе гостува во „Коларац“ во Белград, овој пат како аранжер, во рамките на познатиот „Чело фестивал“. Инаку, Имери Илкоска повеќе пати се јавува и како аранжер на дела за разновидни ансамбли и формации кои се изведуваат на нашата и на меѓународната сцена.  

The post Маестра Дијана Имери Илкоска ќе диригира со престижната Софиска филхармонија appeared first on Република.

]]>
Концерт на пијанистот Дино Имери и диригентката Дијана Имери Илкоска по повод 30 години дипломатски односи меѓу Шпанија и Македонија https://republika.mk/vesti/kultura/kontsert-na-pijanistot-dino-imeri-i-dirigentkata-dijana-imeri-ilkoska-po-povod-30-godini-diplomatski-odnosi-megu-shpanija-i-makedonija/ Tue, 28 May 2024 09:18:58 +0000 https://republika.mk/?p=782304

По повод 30 години дипломатски односи помеѓу Шпанија и Македонија, на 4 јуни (вторник) во Камерната сала на Филхармонија со почеток во 20 часот, пијанистот Дино Имери и диригентката Дијана Имери Илкоска, ќе одржат концерт на кој ќе бидат изведени дела што ја отсликуваат македонската и шпанската музичка култура.

Заедно со македонските реномирани уметници, на концертот ќе настапи и Камерниот оркестар „ID Chamber Orchestra“, а ќе бидат изведени дела од: Томислав Зографски („Суита“ за пијано), Вања Ѓумар Николовски („Macedance“), Дијана Имери Илкоска („Корени“ за виолина и пијано), Дамир Имери („Пајдушко“), Мануел де Фаља („Ритуалниот танц крај огнот“), Фредерик Момпу („Песни и танци“ бр.3 и „Младите девојки во градината“ од „Сцени од детството“) и Исак Албенис („Шпанска рапсодија“ за пијано и оркестар). Некои од делата ќе доживеат скопска и светска премиера.

Всушност, познатата „Шпанска рапсодија“ од Албенис, ќе ја доживее светската премиера на целосно нов аранжман на Дијана Имери Илкоска, додека делото „Macedance“ на Вања Ѓумар Николовски, кое е посветено на нашиот „волшебник на пијаното“ Дино Имери, ќе ја доживее скопската премиера. Исто така, со делото на Томислав Зографски, ќе се одбележат 90 години од раѓањето на овој влијателен македонски композитор. Како гостин на концертот ќе се претстави македонскиот истакнат виолинист Бојан Илкоски, во изведба на делото „Корени“.

Овој концерт претставува импресивна фузија од дела во кои е вткаен македонскиот фолклор и она што се нарекува современа македонска композиторска школа, со звучната егзотика на Шпанија - фламенкото, познатата шпанска малагења, специфичната орнаментика и богатиот, живописен колорит присутен во делата на претставниците на шпанскиот музички национализам.

Организатор на концертот е Амбасада на Шпанија во Скопје.

The post Концерт на пијанистот Дино Имери и диригентката Дијана Имери Илкоска по повод 30 години дипломатски односи меѓу Шпанија и Македонија appeared first on Република.

]]>

По повод 30 години дипломатски односи помеѓу Шпанија и Македонија, на 4 јуни (вторник) во Камерната сала на Филхармонија со почеток во 20 часот, пијанистот Дино Имери и диригентката Дијана Имери Илкоска, ќе одржат концерт на кој ќе бидат изведени дела што ја отсликуваат македонската и шпанската музичка култура. Заедно со македонските реномирани уметници, на концертот ќе настапи и Камерниот оркестар „ID Chamber Orchestra“, а ќе бидат изведени дела од: Томислав Зографски („Суита“ за пијано), Вања Ѓумар Николовски („Macedance“), Дијана Имери Илкоска („Корени“ за виолина и пијано), Дамир Имери („Пајдушко“), Мануел де Фаља („Ритуалниот танц крај огнот“), Фредерик Момпу („Песни и танци“ бр.3 и „Младите девојки во градината“ од „Сцени од детството“) и Исак Албенис („Шпанска рапсодија“ за пијано и оркестар). Некои од делата ќе доживеат скопска и светска премиера. Всушност, познатата „Шпанска рапсодија“ од Албенис, ќе ја доживее светската премиера на целосно нов аранжман на Дијана Имери Илкоска, додека делото „Macedance“ на Вања Ѓумар Николовски, кое е посветено на нашиот „волшебник на пијаното“ Дино Имери, ќе ја доживее скопската премиера. Исто така, со делото на Томислав Зографски, ќе се одбележат 90 години од раѓањето на овој влијателен македонски композитор. Како гостин на концертот ќе се претстави македонскиот истакнат виолинист Бојан Илкоски, во изведба на делото „Корени“. Овој концерт претставува импресивна фузија од дела во кои е вткаен македонскиот фолклор и она што се нарекува современа македонска композиторска школа, со звучната егзотика на Шпанија - фламенкото, познатата шпанска малагења, специфичната орнаментика и богатиот, живописен колорит присутен во делата на претставниците на шпанскиот музички национализам. Организатор на концертот е Амбасада на Шпанија во Скопје.

The post Концерт на пијанистот Дино Имери и диригентката Дијана Имери Илкоска по повод 30 години дипломатски односи меѓу Шпанија и Македонија appeared first on Република.

]]>
„Музика и поезија – вечер со музиката на Шопен“ со Дино Имери и Дијана Имери Илкоска https://republika.mk/vesti/kultura/muzika-i-poezija-vecher-so-muzikata-na-shopen-so-dino-imeri-i-dijana-imeri-ilkoska/ Mon, 04 Dec 2023 08:09:26 +0000 https://republika.mk/?p=719162

„Музика и поезија – вечер со музиката на Шопен“ е насловен конецрот на нашите реномирани уметници, пијанистот Дино Имери и маестра Дијана Имери-Илкоска кој вечерва во 20 часпт ќе се одржи во камерната сала на Филхармонија.

Со кмерниот оркестар ID составен од реномирани музичари тие ќе изведат музика од големиот романтичар и миленик на публиката, Фредерик Шопен. На програмата се: Балада бр.1 оп.23 g-moll, Прелудиум оп.28 бр.4 и бр.8, Валцер оп.64 бр.2 cis-moll, Валцер оп.64 бр.1 „Минутен“, Херојска Полонеза оп.53 As-dur, Концерт за пијано и оркестар бр.2 во f-moll.

Концертот пригодно ќе го одбележи големиот 30-годишен јубилеј од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Македонија и Полска, а настанот е поддржан од Министерството за Култура и Амбасадата на Полска.

 

The post „Музика и поезија – вечер со музиката на Шопен“ со Дино Имери и Дијана Имери Илкоска appeared first on Република.

]]>

„Музика и поезија – вечер со музиката на Шопен“ е насловен конецрот на нашите реномирани уметници, пијанистот Дино Имери и маестра Дијана Имери-Илкоска кој вечерва во 20 часпт ќе се одржи во камерната сала на Филхармонија. Со кмерниот оркестар ID составен од реномирани музичари тие ќе изведат музика од големиот романтичар и миленик на публиката, Фредерик Шопен. На програмата се: Балада бр.1 оп.23 g-moll, Прелудиум оп.28 бр.4 и бр.8, Валцер оп.64 бр.2 cis-moll, Валцер оп.64 бр.1 „Минутен“, Херојска Полонеза оп.53 As-dur, Концерт за пијано и оркестар бр.2 во f-moll. Концертот пригодно ќе го одбележи големиот 30-годишен јубилеј од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Македонија и Полска, а настанот е поддржан од Министерството за Култура и Амбасадата на Полска.  

The post „Музика и поезија – вечер со музиката на Шопен“ со Дино Имери и Дијана Имери Илкоска appeared first on Република.

]]>
Маестра Дијана Имери Илкоска ќе диригира во Грузија https://republika.mk/vesti/kultura/maestra-dijana-imeri-ilkoska-ke-dirigira-vo-gruzija-2/ Sun, 05 Nov 2023 20:08:35 +0000 https://republika.mk/?p=698559

Македонската диригентка, маестра Дијана Имери Илкоска, утре, на 6 ноември ќе диригира во Грузија, каде што ќе настапи заедно со Младинскиот оркестар „Гија Канчели“ во Тбилиси. Извонредната Имери Илкоска, доби специјална покана од престижниот Камерен фестивал на Тбилиси, кој секоја година од 2 до 6 ноември се одржува во Државниот конзерваториум „Вано Сараишвили“.

Маестра Имери Илкоска всушност, настапува на финалниот концерт на фестивалот, кој во Тбилиси и воопшто во Грузија, се смета за еден од најзначајните настани за љубителите на класичната музика.

Заедно со Младинскиот оркестар „Гија Канчели“, како солисти ќе настапат тројцата фантастични пијанисти со зад себе завидна кариера: Давид Аладашвили (Грузија), Мариана Ахба (Грузија/Франција) и Луис Швицгебел Ванг (Швајцарија).

Програмата е навистина интересна и комплексна. Ќе бидат изведени уверирата од „Дон Џовани“ од Волфганг Амадеус Моцарт, Концертот за две пијана од Моцарт, како и Концертот за две пијана од Франсис Пуланк.

Со нетрпение го очекувам моето гостување во Тбилиси, пред се, поради тоа што ме очекува соработка со врвни солисти и престижниот оркестар кој ме покани со концерт свечено да го затворам Камерниот фестивал за класична музика. Ваквите покани за мене се потврда дека она што го работите со огромна љубов, посветеност и стремеж кон вистински квалитет, надалеку се слуша и не може да остане неприметено“, вели Имери Илкоска.

 

The post Маестра Дијана Имери Илкоска ќе диригира во Грузија appeared first on Република.

]]>

Македонската диригентка, маестра Дијана Имери Илкоска, утре, на 6 ноември ќе диригира во Грузија, каде што ќе настапи заедно со Младинскиот оркестар „Гија Канчели“ во Тбилиси. Извонредната Имери Илкоска, доби специјална покана од престижниот Камерен фестивал на Тбилиси, кој секоја година од 2 до 6 ноември се одржува во Државниот конзерваториум „Вано Сараишвили“. Маестра Имери Илкоска всушност, настапува на финалниот концерт на фестивалот, кој во Тбилиси и воопшто во Грузија, се смета за еден од најзначајните настани за љубителите на класичната музика. Заедно со Младинскиот оркестар „Гија Канчели“, како солисти ќе настапат тројцата фантастични пијанисти со зад себе завидна кариера: Давид Аладашвили (Грузија), Мариана Ахба (Грузија/Франција) и Луис Швицгебел Ванг (Швајцарија). Програмата е навистина интересна и комплексна. Ќе бидат изведени уверирата од „Дон Џовани“ од Волфганг Амадеус Моцарт, Концертот за две пијана од Моцарт, како и Концертот за две пијана од Франсис Пуланк.
Со нетрпение го очекувам моето гостување во Тбилиси, пред се, поради тоа што ме очекува соработка со врвни солисти и престижниот оркестар кој ме покани со концерт свечено да го затворам Камерниот фестивал за класична музика. Ваквите покани за мене се потврда дека она што го работите со огромна љубов, посветеност и стремеж кон вистински квалитет, надалеку се слуша и не може да остане неприметено“, вели Имери Илкоска.
 

The post Маестра Дијана Имери Илкоска ќе диригира во Грузија appeared first on Република.

]]>
Маестра Дијана Имери Илкоска ќе диригира во Грузија https://republika.mk/vesti/kultura/maestra-dijana-imeri-ilkoska-ke-dirigira-vo-gruzija/ Tue, 31 Oct 2023 12:33:16 +0000 https://republika.mk/?p=696677

Македонската диригентка, маестра Дијана Имери Илкоска, на 6 ноември ќе диригира во Грузија, каде што ќе настапи заедно со Младинскиот оркестар „Гија Канчели“ во Тбилиси. Извонредната Имери Илкоска, доби специјална покана од престижниот Камерен фестивал на Тбилиси, кој секоја година од 2 до 6 ноември се одржува во Државниот конзерваториум „Вано Сараишвили“.
Маестра Имери Илкоска всушност, настапува на финалниот концерт на фестивалот, кој во Тбилиси и воопшто во Грузија, се смета за еден од најзначајните настани за љубителите на класичната музика.

Со нетрпение го очекувам моето гостување во Тбилиси, пред се, поради тоа што ме очекува соработка со врвни солисти и престижниот оркестар кој ме покани со концерт свечено да го затворам Камерниот фестивал за класична музика. Ваквите покани за мене се потврда дека она што го работите со огромна љубов, посветеност и стремеж кон вистински квалитет, надалеку се слуша и не може да остане неприметено, вели маестра Имери Илкоска.

Заедно со Младинскиот оркестар „Гија Канчели“, како солисти ќе настапат тројцата фантастични пијанисти со зад себе завидна кариера: Давид Аладашвили (Грузија), Мариана Ахба (Грузија/Франција) и Луис Швицгебел Ванг (Швајцарија).

Програмата е навистина интересна и комплексна. Ќе бидат изведени уверирата од „Дон Џовани“ од Волфганг Амадеус Моцарт, Концертот за две пијана од Моцарт, како и Концертот за две пијана од Франсис Пуланк.

 

The post Маестра Дијана Имери Илкоска ќе диригира во Грузија appeared first on Република.

]]>

Македонската диригентка, маестра Дијана Имери Илкоска, на 6 ноември ќе диригира во Грузија, каде што ќе настапи заедно со Младинскиот оркестар „Гија Канчели“ во Тбилиси. Извонредната Имери Илкоска, доби специјална покана од престижниот Камерен фестивал на Тбилиси, кој секоја година од 2 до 6 ноември се одржува во Државниот конзерваториум „Вано Сараишвили“. Маестра Имери Илкоска всушност, настапува на финалниот концерт на фестивалот, кој во Тбилиси и воопшто во Грузија, се смета за еден од најзначајните настани за љубителите на класичната музика.
Со нетрпение го очекувам моето гостување во Тбилиси, пред се, поради тоа што ме очекува соработка со врвни солисти и престижниот оркестар кој ме покани со концерт свечено да го затворам Камерниот фестивал за класична музика. Ваквите покани за мене се потврда дека она што го работите со огромна љубов, посветеност и стремеж кон вистински квалитет, надалеку се слуша и не може да остане неприметено, вели маестра Имери Илкоска.
Заедно со Младинскиот оркестар „Гија Канчели“, како солисти ќе настапат тројцата фантастични пијанисти со зад себе завидна кариера: Давид Аладашвили (Грузија), Мариана Ахба (Грузија/Франција) и Луис Швицгебел Ванг (Швајцарија). Програмата е навистина интересна и комплексна. Ќе бидат изведени уверирата од „Дон Џовани“ од Волфганг Амадеус Моцарт, Концертот за две пијана од Моцарт, како и Концертот за две пијана од Франсис Пуланк.  

The post Маестра Дијана Имери Илкоска ќе диригира во Грузија appeared first on Република.

]]>
Концерт „Монолог на тагата” со Дијана Имери Илкоска и „ID Chamber Orchestra” https://republika.mk/vesti/kultura/koncert-monolog-na-tagata-so-dijana-imeri-ilkoska-i-id-chamber-orchestra/ Wed, 09 Nov 2022 07:55:02 +0000 https://republika.mk/?p=571696

Во Камерната сала на Филхармонија вечер со почеток во 20 часот ќе се одржи концерт насловен „Монолог на тагата”, во изведба на диригентката Дијана Имери Илкоска и камерниот оркестар „ID Chamber Orchestra” составен од врвни уметници.

На концертот ќе настапат реномираните гости кларинетистот Игор Бакревски, флејтистката Будимка Имери и актерката Симона Спировска која ќе интерпретира текст од авторката Тина Иванова напишан специјално за оваа пригода.

На програмата се дела од композиторите Јан Сибелиус и Густав Холст кои ќе отсликаат еден уникатен емотивен пејзаж, а публиката може да очекува впечатлива вечер исполнета со многу музика и интимна нарација . Сето тоа ќе претставува едно навистина несекојдневно доживување за публиката, стои во најавата за концертот.

Дијана Имери Илкоска бележи бројни успеси со нашата Филхармонија, бројни ансамбли и состави, Оркестарот на НОБ, Симфонискиот Оркестар и Хор на Бугарското Национално Радио, Дубровачкиот Симфониски оркестар и многу други. Неодамна излезе и нејзиниот нов албум наречен „Филхармонија во срцето” за дискографската куќа Контемпо каде со Камерниот Оркестар на Филхармонија изведува дела од Аренски, Зографски и Дворжак.

Концертот е поддржан од Министерството за култура, а влезот е слободен.

The post Концерт „Монолог на тагата” со Дијана Имери Илкоска и „ID Chamber Orchestra” appeared first on Република.

]]>

Во Камерната сала на Филхармонија вечер со почеток во 20 часот ќе се одржи концерт насловен „Монолог на тагата”, во изведба на диригентката Дијана Имери Илкоска и камерниот оркестар „ID Chamber Orchestra” составен од врвни уметници. На концертот ќе настапат реномираните гости кларинетистот Игор Бакревски, флејтистката Будимка Имери и актерката Симона Спировска која ќе интерпретира текст од авторката Тина Иванова напишан специјално за оваа пригода.
На програмата се дела од композиторите Јан Сибелиус и Густав Холст кои ќе отсликаат еден уникатен емотивен пејзаж, а публиката може да очекува впечатлива вечер исполнета со многу музика и интимна нарација . Сето тоа ќе претставува едно навистина несекојдневно доживување за публиката, стои во најавата за концертот.
Дијана Имери Илкоска бележи бројни успеси со нашата Филхармонија, бројни ансамбли и состави, Оркестарот на НОБ, Симфонискиот Оркестар и Хор на Бугарското Национално Радио, Дубровачкиот Симфониски оркестар и многу други. Неодамна излезе и нејзиниот нов албум наречен „Филхармонија во срцето” за дискографската куќа Контемпо каде со Камерниот Оркестар на Филхармонија изведува дела од Аренски, Зографски и Дворжак. Концертот е поддржан од Министерството за култура, а влезот е слободен.

The post Концерт „Монолог на тагата” со Дијана Имери Илкоска и „ID Chamber Orchestra” appeared first on Република.

]]>