дијаманти Archives - Република https://republika.mk/tema/dijamanti/ За подобро да се разбереме Fri, 13 Sep 2024 12:16:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дијаманти Archives - Република https://republika.mk/tema/dijamanti/ 32 32 Бизнис партнерот на Заев падна во рацете на полицијата, повеќе лица се во бегство, пронајдени се и дијаманти https://republika.mk/vesti/crna-hronika/biznis-partnerot-na-zaev-padna-vo-ratsete-na-politsijata-poveke-litsa-se-vo-begstvo-pronajdeni-se-i-dijamanti/ Fri, 13 Sep 2024 12:10:46 +0000 https://republika.mk/?p=815865

БЈБ на МВР, Министерство за финансии, УЈП и Јавното обвинителство влегоа во фирмите на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов.

Тој се сомничи за перење пари, дупли плаќања, незаконско постапување и даночни затајувања. При претресот кој се одвивал на повеќе локации низ државата, повеќе лица се во бегство, а Крмзов е обезбеден на органите кои ја водат акцијата.

Откриени се косовски државјани кои формирале фирми кои имале деловна активност со струмичкиот бизнисмен кој важи близок до струмичкото семејство на поранешниот премиер Зоран Заев.

КУРИР дознава дека кај него биле пронајдени дијаманти, а кај негов магационер во Скопје поголема количина на кеш.

Инаку пред четири години се пишуваше дека постои шверц на роба од фирмата на Крмзов.

Сѐ уште јавноста не доби одговори за шверцот на брендирана роба од страна на блиски луѓе до семејството Заеви, и за тоа кој интервенирал и ургирал да се пушти запленетиот камионот во населбата Шуто Оризари кој бил преполн со шверцувана и нецаринета роба. Според нашите информации, камионот кога бил сопрен кој превезувал роба за блискиот соработник на Вице Заев, Крмзов, инаку „Винекс текстил“ немал документи за царина на дел од робата која што ја превезувал. Возачот немал исправни документи за брендираната роба и авто деловите, а лажел дека имал комплетна документација кога бил сопрен од надлежните лица од полицијата, тогаш соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

 

The post Бизнис партнерот на Заев падна во рацете на полицијата, повеќе лица се во бегство, пронајдени се и дијаманти appeared first on Република.

]]>

БЈБ на МВР, Министерство за финансии, УЈП и Јавното обвинителство влегоа во фирмите на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов. Тој се сомничи за перење пари, дупли плаќања, незаконско постапување и даночни затајувања. При претресот кој се одвивал на повеќе локации низ државата, повеќе лица се во бегство, а Крмзов е обезбеден на органите кои ја водат акцијата. Откриени се косовски државјани кои формирале фирми кои имале деловна активност со струмичкиот бизнисмен кој важи близок до струмичкото семејство на поранешниот премиер Зоран Заев. КУРИР дознава дека кај него биле пронајдени дијаманти, а кај негов магационер во Скопје поголема количина на кеш. Инаку пред четири години се пишуваше дека постои шверц на роба од фирмата на Крмзов.
Сѐ уште јавноста не доби одговори за шверцот на брендирана роба од страна на блиски луѓе до семејството Заеви, и за тоа кој интервенирал и ургирал да се пушти запленетиот камионот во населбата Шуто Оризари кој бил преполн со шверцувана и нецаринета роба. Според нашите информации, камионот кога бил сопрен кој превезувал роба за блискиот соработник на Вице Заев, Крмзов, инаку „Винекс текстил“ немал документи за царина на дел од робата која што ја превезувал. Возачот немал исправни документи за брендираната роба и авто деловите, а лажел дека имал комплетна документација кога бил сопрен од надлежните лица од полицијата, тогаш соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
 

The post Бизнис партнерот на Заев падна во рацете на полицијата, повеќе лица се во бегство, пронајдени се и дијаманти appeared first on Република.

]]>
Уште една „дијамантска“ измама во Центар, овојпат тешка 300 евра https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ushte-edna-dijamantska-izmama-vo-tsentar-ovojpat-teshka-300-evra/ Sat, 27 Apr 2024 14:12:24 +0000 https://republika.mk/?p=771690

На 26 април во 13.40 часот во СВР Скопје, С.А.(63) од Р.Србија, пријавил дека бил измамен од две лица од кои бил пресретнат околу 10.30 часот на подрачјето на Центар.

Според пријавеното, едното се претставило дека е од Обединети Арапски Емирати кое разбира малку српски јазик и побарало од С.А. да им преведе од албански на српски јазик околу наводна сообраќајна незгода претходно случена помеѓу нив. Како што е пријавено, истото лице му побарало на С.А. на заем 300 евра за да се раздолжи со другото лице за наводната сообраќајна незгода, кои ќе му ги врати откако ќе извади пари од банкомат, а како гаранција му оставило три копчиња во форма на дијаманти.

Според пријавата, откако С.А. ги дал парите, двете лица избегале, по што сфатил дека е измамен.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слична измама беше пријавена пред еден месец, кога кумановец беше измамен за 800 евра на плоштад Македонија.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/povozrasen-kumanovets-izmamen-za-800-evra-na-ploshtad-makedonija-mesto-dijamanti-ostanal-so-bizhuterija/

 

The post Уште една „дијамантска“ измама во Центар, овојпат тешка 300 евра appeared first on Република.

]]>

На 26 април во 13.40 часот во СВР Скопје, С.А.(63) од Р.Србија, пријавил дека бил измамен од две лица од кои бил пресретнат околу 10.30 часот на подрачјето на Центар. Според пријавеното, едното се претставило дека е од Обединети Арапски Емирати кое разбира малку српски јазик и побарало од С.А. да им преведе од албански на српски јазик околу наводна сообраќајна незгода претходно случена помеѓу нив. Како што е пријавено, истото лице му побарало на С.А. на заем 300 евра за да се раздолжи со другото лице за наводната сообраќајна незгода, кои ќе му ги врати откако ќе извади пари од банкомат, а како гаранција му оставило три копчиња во форма на дијаманти. Според пријавата, откако С.А. ги дал парите, двете лица избегале, по што сфатил дека е измамен. Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Слична измама беше пријавена пред еден месец, кога кумановец беше измамен за 800 евра на плоштад Македонија. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/povozrasen-kumanovets-izmamen-za-800-evra-na-ploshtad-makedonija-mesto-dijamanti-ostanal-so-bizhuterija/  

The post Уште една „дијамантска“ измама во Центар, овојпат тешка 300 евра appeared first on Република.

]]>
Западните санкции за руските дијаманти би можеле „сериозно да и наштетат на индустријата и трговијата“ https://republika.mk/vesti/svet/zapadnite-sanktsii-za-ruskite-dijamanti-bi-mozhele-seriozno-da-i-nashtetat-na-industrijata-i-trgovijata/ Tue, 27 Feb 2024 06:58:21 +0000 https://republika.mk/?p=748678

Водечките светски производители на дијаманти предупредија дека санкциите на Г7 против рускиот извоз на дијаманти може да имаат катастрофални последици за индустријата.

Мартин Рапапорт, претседател на „Rapaport Group и RapNet“, онлајн мрежа за тргување со дијаманти, верува дека ограничувањата може „сериозно да и наштетат на американската трговија со дијаманти и накит“.

Длабоко сме загрижени дека напорите на Г7 ќе и наштетат на нашата трговија. Доколку несоодветно се спроведуваат, регулативите за усогласеност ќе ги принудат малите компании да го напуштат бизнисот, ќе ја намалат фер конкуренцијата на пазарот, ќе го ограничат пристапот на САД до дијаманти што не се под санкции и ќе ја ограничат трговијата со САД“, изјави Рапапорт.

Дијамантскиот гигант „Де Берс“ (De Beers), сега подружница на „Англо Американ“ и боцванската државна компанија „Окаванго дајмондс“ (Okavango Diamond), исто така алармираат за новата ситуација.

Ефективно, африканските производители би биле принудени да ги испратат сите свои дијаманти во една насока наместо да изберат... На тој начин,етичките африкански дијаманти би станале многу поскапи“, предупреди извршниот директор на „Де Берс“, Ал Кук.

Во декември 2023 година, Групата седум (Г7) големи индустриски земји објави целосна забрана за дијаманти од Русија, најголемиот светски производител на необработени дијаманти, која стапува на сила од 1 јануари, додека за руски дијаманти обработени во трети земји од 1 март 2024 година.

Земјите од Г7 кои увезуваат груби дијаманти се обврзани да воспостават „силен механизам за верификација и сертификација за необработени дијаманти заснован на следливост“ до 1 септември 2024 година.

The post Западните санкции за руските дијаманти би можеле „сериозно да и наштетат на индустријата и трговијата“ appeared first on Република.

]]>

Водечките светски производители на дијаманти предупредија дека санкциите на Г7 против рускиот извоз на дијаманти може да имаат катастрофални последици за индустријата. Мартин Рапапорт, претседател на „Rapaport Group и RapNet“, онлајн мрежа за тргување со дијаманти, верува дека ограничувањата може „сериозно да и наштетат на американската трговија со дијаманти и накит“.
Длабоко сме загрижени дека напорите на Г7 ќе и наштетат на нашата трговија. Доколку несоодветно се спроведуваат, регулативите за усогласеност ќе ги принудат малите компании да го напуштат бизнисот, ќе ја намалат фер конкуренцијата на пазарот, ќе го ограничат пристапот на САД до дијаманти што не се под санкции и ќе ја ограничат трговијата со САД“, изјави Рапапорт.
Дијамантскиот гигант „Де Берс“ (De Beers), сега подружница на „Англо Американ“ и боцванската државна компанија „Окаванго дајмондс“ (Okavango Diamond), исто така алармираат за новата ситуација.
Ефективно, африканските производители би биле принудени да ги испратат сите свои дијаманти во една насока наместо да изберат... На тој начин,етичките африкански дијаманти би станале многу поскапи“, предупреди извршниот директор на „Де Берс“, Ал Кук.
Во декември 2023 година, Групата седум (Г7) големи индустриски земји објави целосна забрана за дијаманти од Русија, најголемиот светски производител на необработени дијаманти, која стапува на сила од 1 јануари, додека за руски дијаманти обработени во трети земји од 1 март 2024 година. Земјите од Г7 кои увезуваат груби дијаманти се обврзани да воспостават „силен механизам за верификација и сертификација за необработени дијаманти заснован на следливост“ до 1 септември 2024 година.

The post Западните санкции за руските дијаманти би можеле „сериозно да и наштетат на индустријата и трговијата“ appeared first on Република.

]]>
Г7 со нови санкции за руските дијаманти https://republika.mk/vesti/svet/g7-so-novi-sanktsii-za-ruskite-dijamanti/ Fri, 19 May 2023 11:49:47 +0000 https://republika.mk/?p=642647

Г7 објави планови за ограничување на трговијата со дијаманти со Русија во обид да ги намали приходите што ја финансираат тековната војна на Москва против Украина.

Лидерите на земјите-членки на Г7 денеска на првиот ден од Самитот во Хирошима ги објавија новите санкции кон Русија, во обид да се намалат приходите на Москва со кои се финансира војната во Украина.

Новите санкции се насочени кон руските дијаманти, но во заедничката изјава не се наведе детали за функционирање на мерките.

Според извори од ЕУ, ќе се користи технологија за трагање по дијаманти со која ќе се спречи руските дијаманти да се препродаваат преку други земји како Индија или Обединетите Арапски Емирати.

Трговијата со руски дијаманти во ЕУ веќе е намалена за околу 80 проценти, како резултат на доброволни обврски. Но, сè уште нема формални ограничувања на ЕУ за руските дијаманти, делумно поради отпорот на Белгија, главниот глобален центар за трговија со дијаманти.

Русија е најголемиот светски производител на небрусени дијаманти. Трговијата со скапоцени камења е важна индустрија за земјата и значаен извор на приход. Руската државната групација за ископување дијаманти „Алроса“ во 2021 година имаше приходи од 332 милијарди рубљи (околу четири милијарди долари).

The post Г7 со нови санкции за руските дијаманти appeared first on Република.

]]>

Г7 објави планови за ограничување на трговијата со дијаманти со Русија во обид да ги намали приходите што ја финансираат тековната војна на Москва против Украина. Лидерите на земјите-членки на Г7 денеска на првиот ден од Самитот во Хирошима ги објавија новите санкции кон Русија, во обид да се намалат приходите на Москва со кои се финансира војната во Украина. Новите санкции се насочени кон руските дијаманти, но во заедничката изјава не се наведе детали за функционирање на мерките. Според извори од ЕУ, ќе се користи технологија за трагање по дијаманти со која ќе се спречи руските дијаманти да се препродаваат преку други земји како Индија или Обединетите Арапски Емирати. Трговијата со руски дијаманти во ЕУ веќе е намалена за околу 80 проценти, како резултат на доброволни обврски. Но, сè уште нема формални ограничувања на ЕУ за руските дијаманти, делумно поради отпорот на Белгија, главниот глобален центар за трговија со дијаманти. Русија е најголемиот светски производител на небрусени дијаманти. Трговијата со скапоцени камења е важна индустрија за земјата и значаен извор на приход. Руската државната групација за ископување дијаманти „Алроса“ во 2021 година имаше приходи од 332 милијарди рубљи (околу четири милијарди долари).

The post Г7 со нови санкции за руските дијаманти appeared first on Република.

]]>
Не ги сакаат „крвавите дијаманти на Путин“: САД и ЕУ ќе забранат увоз на руски дијаманти https://republika.mk/vesti/svet/ne-gi-sakaat-krvavite-dijamanti-na-putin-sad-i-eu-ke-zabranat-uvoz-na-ruski-dijamanti/ Fri, 10 Mar 2023 15:51:44 +0000 https://republika.mk/?p=618231

Западните земји подготвуваат план чија цел ќе биде да го оневозможи извозот на руски дијаманти преку санкции и се надеваат дека ќе постигнат договор уште во мај, пишува „Политико“ во напис насловен „Крвавите дијаманти на Путин“.

Европската Унија уште од лани ја заговара оваа тема, но го одложи официјалното воведување санкции поради загриженоста дека тоа само ќе ја пренасочи трговијата подалеку од белгискиот град Антверпен – светскиот центар за дијаманти, без конкретно да им наштети на воените финансии на Русија.

Сепак, увозот на руски дијаманти е намален од почетокот на војната, освен привремениот скок што се чини дека е поврзан со Денот на вљубените.

Минатиот месец Белгија увезла руски дијаманти во вредност од 61 милион евра.

Пред војната, руските дијаманти сочинуваа околу 25 отсто од дијамантите што доаѓаа во Антверпен.

The post Не ги сакаат „крвавите дијаманти на Путин“: САД и ЕУ ќе забранат увоз на руски дијаманти appeared first on Република.

]]>

Западните земји подготвуваат план чија цел ќе биде да го оневозможи извозот на руски дијаманти преку санкции и се надеваат дека ќе постигнат договор уште во мај, пишува „Политико“ во напис насловен „Крвавите дијаманти на Путин“. Европската Унија уште од лани ја заговара оваа тема, но го одложи официјалното воведување санкции поради загриженоста дека тоа само ќе ја пренасочи трговијата подалеку од белгискиот град Антверпен – светскиот центар за дијаманти, без конкретно да им наштети на воените финансии на Русија. Сепак, увозот на руски дијаманти е намален од почетокот на војната, освен привремениот скок што се чини дека е поврзан со Денот на вљубените. Минатиот месец Белгија увезла руски дијаманти во вредност од 61 милион евра. Пред војната, руските дијаманти сочинуваа околу 25 отсто од дијамантите што доаѓаа во Антверпен.

The post Не ги сакаат „крвавите дијаманти на Путин“: САД и ЕУ ќе забранат увоз на руски дијаманти appeared first on Република.

]]>
Србин во Австрија украл часовници и дијаманти вредни 350.000 евра https://republika.mk/vesti/balkan/srbin-vo-avstrija-ukral-chasovnitsi-i-dijamanti-vredni-350-000-evra/ Tue, 24 Jan 2023 12:14:32 +0000 https://republika.mk/?p=600480

Државјанин на Србија (47) кој живее во Германија е уапсен во Берлин под сомнение дека на 20 март минатата година украл накит и часовници вредни повеќе од 350.000 евра пред колекционерскиот саем во градот Клостернејбург, во австриската област Тулн. По апсењето по меѓународна потерница на 12 јануари, тој беше предаден на австриските власти.

Според зборовите на жртвите, уапсениот украл торба во која имало неколку вредни часовници и висококвалитетен накит, од кои највреден бил дијамантски брош.

The post Србин во Австрија украл часовници и дијаманти вредни 350.000 евра appeared first on Република.

]]>

Државјанин на Србија (47) кој живее во Германија е уапсен во Берлин под сомнение дека на 20 март минатата година украл накит и часовници вредни повеќе од 350.000 евра пред колекционерскиот саем во градот Клостернејбург, во австриската област Тулн. По апсењето по меѓународна потерница на 12 јануари, тој беше предаден на австриските власти. Според зборовите на жртвите, уапсениот украл торба во која имало неколку вредни часовници и висококвалитетен накит, од кои највреден бил дијамантски брош.

The post Србин во Австрија украл часовници и дијаманти вредни 350.000 евра appeared first on Република.

]]>
Хрват и Романка во Монте Карло украле дијаманти вредни 1,3 милиони евра, Србин им обезбедувал лажни документи https://republika.mk/vesti/balkan/hrvat-i-romanka-vo-monte-karlo-ukrale-dijamanti-vredni-1-3-milioni-evra-srbin-im-obezbeduval-lazni-dokumenti/ Mon, 10 Oct 2022 07:45:22 +0000 https://republika.mk/?p=559276

Хрватски државјанин (27) и државјанка на Романија (28) се уапсени во Рим под сомнение дека од трговец со дијаманти во Монте Карло украле накит во вредност од 1,3 милиони евра.

Во истата акција, уапсени се и по еден Србин (41) и Италијанец (72), кои се осомничени дека имале улога во грабежот.

Според италијанските медиуми, планот бил развиен во јуни оваа година, кога продавачот на накит бил повикан од човек кој изразил желба да дејствува како посредник при купувањето дијаманти во име на странски купувачи.

По телефонскиот разговор меѓу нив, следеле бројни средби и вечери во Милано, на кои посредниците и купувачите - Хрват и Романка - разговарале за купување на накитот. Првиот обид за кражба се случил во хотел во Рим, но не бил успешен. Осомничените ја искористиле таа средба со продавачот за да ја добијат неговата доверба - според извор на локални медиуми.

Меѓутоа, еден месец подоцна, групата договорила уште една средба со продавачот на накит во луксузен хотел во Рим.

Хрватскиот државјанин на златарот му се претставил како муштерија од Русија, додека Романката тврдела дека е експерт за скапоцени камења и нејзината задача била да ја избере робата. Двајцата се договориле со продавачот да купат пет дијаманти за 1.346.000 евра. Додека „рускиот купувач“ стоел во барот, побарал од продавачот да ја придружува Романката до хотелската соба за да може да ја потврди автентичноста на дијамантите. Кога влегол во собата, продавачот го ставил накитот на креветот и жената избрала пет од шесте парчиња. Оние што ги избрала, ги ставила во кадифена кеса во боја на карамела и ја запечатила со селотејп лента, барајќи од продавачот да и донесе пенкало за да го запечати пакувањето - објаснува соговорникот на италијанските медиуми.

Романката тогаш го искористила невниманието на продавачот.

Вистинските дијаманти ги заменила со лажни и го повикала златарот да ги врати во сефот во собата. Потоа заедно се симнале во салата и му се придружиле на „рускиот муштерија“, кој во меѓувреме го напуштил хотелот за да донесе торба во која имало евра во апоени од по 200 евра. Тие му ги предале парите на продавачот и си заминале. Меѓутоа, златарот набрзо сфатил дека парите се лажни и веднаш влетал во собата за да провери што се случило со дијамантите. Тогаш сфатил дека се заменети со лажни - подвлекува изворот на италијанските медиуми.

Полицијата веднаш почнала потрага по осомничените и успеала да ги идентификува. Полицајци упаднале во нивниот стан, каде што нашле Србин и возрасен Италијанец.

Во станот се пронајдени скапи часовници, накит, како и материјал користен при измамата. Исто така, Србинот и Италијанецот имале лажни документи и фалсификувани печати. Се сомнева дека и тие имале одредена улога во грабежот, бидејќи биле во станот на уапсените. Се смета дека Србинот бил задолжен за создавање лажни документи - вели изворот на италијанскиот медиум.

The post Хрват и Романка во Монте Карло украле дијаманти вредни 1,3 милиони евра, Србин им обезбедувал лажни документи appeared first on Република.

]]>

Хрватски државјанин (27) и државјанка на Романија (28) се уапсени во Рим под сомнение дека од трговец со дијаманти во Монте Карло украле накит во вредност од 1,3 милиони евра. Во истата акција, уапсени се и по еден Србин (41) и Италијанец (72), кои се осомничени дека имале улога во грабежот. Според италијанските медиуми, планот бил развиен во јуни оваа година, кога продавачот на накит бил повикан од човек кој изразил желба да дејствува како посредник при купувањето дијаманти во име на странски купувачи.
По телефонскиот разговор меѓу нив, следеле бројни средби и вечери во Милано, на кои посредниците и купувачите - Хрват и Романка - разговарале за купување на накитот. Првиот обид за кражба се случил во хотел во Рим, но не бил успешен. Осомничените ја искористиле таа средба со продавачот за да ја добијат неговата доверба - според извор на локални медиуми.
Меѓутоа, еден месец подоцна, групата договорила уште една средба со продавачот на накит во луксузен хотел во Рим.
Хрватскиот државјанин на златарот му се претставил како муштерија од Русија, додека Романката тврдела дека е експерт за скапоцени камења и нејзината задача била да ја избере робата. Двајцата се договориле со продавачот да купат пет дијаманти за 1.346.000 евра. Додека „рускиот купувач“ стоел во барот, побарал од продавачот да ја придружува Романката до хотелската соба за да може да ја потврди автентичноста на дијамантите. Кога влегол во собата, продавачот го ставил накитот на креветот и жената избрала пет од шесте парчиња. Оние што ги избрала, ги ставила во кадифена кеса во боја на карамела и ја запечатила со селотејп лента, барајќи од продавачот да и донесе пенкало за да го запечати пакувањето - објаснува соговорникот на италијанските медиуми.
Романката тогаш го искористила невниманието на продавачот.
Вистинските дијаманти ги заменила со лажни и го повикала златарот да ги врати во сефот во собата. Потоа заедно се симнале во салата и му се придружиле на „рускиот муштерија“, кој во меѓувреме го напуштил хотелот за да донесе торба во која имало евра во апоени од по 200 евра. Тие му ги предале парите на продавачот и си заминале. Меѓутоа, златарот набрзо сфатил дека парите се лажни и веднаш влетал во собата за да провери што се случило со дијамантите. Тогаш сфатил дека се заменети со лажни - подвлекува изворот на италијанските медиуми.
Полицијата веднаш почнала потрага по осомничените и успеала да ги идентификува. Полицајци упаднале во нивниот стан, каде што нашле Србин и возрасен Италијанец.
Во станот се пронајдени скапи часовници, накит, како и материјал користен при измамата. Исто така, Србинот и Италијанецот имале лажни документи и фалсификувани печати. Се сомнева дека и тие имале одредена улога во грабежот, бидејќи биле во станот на уапсените. Се смета дека Србинот бил задолжен за создавање лажни документи - вели изворот на италијанскиот медиум.

The post Хрват и Романка во Монте Карло украле дијаманти вредни 1,3 милиони евра, Србин им обезбедувал лажни документи appeared first on Република.

]]>
Откако САД забранија извоз на вотка и дијаманти во Русија, сега воведоа санкции против жената и децата на Песков https://republika.mk/vesti/svet/otkako-sad-zabranija-izvoz-na-votka-i-dijamanti-vo-rusija-sega-vovedoa-sankcii-protiv-zenata-i-decata-na-peskov/ Fri, 11 Mar 2022 22:46:18 +0000 https://republika.mk/?p=471573

Американското Министерство за финансии најави нови санкции против руските олигарси. Се наведува дека целта е да се зголеми притисокот врз луѓето блиски до рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Би-Би-Си.

Меѓу погодените од новите санкции се десет лица кои се дел од банката ВТБ, 12 членови на Долниот дом на рускиот парламент и семејството на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Претходно американскиот претседател Џо Бајден најави забрана за увоз од Русија, кој вклучува морска храна, вотка и дијаманти. Тој рече дека дополнителните санкции ќе нанесат уште еден тежок удар на руската економија.

The post Откако САД забранија извоз на вотка и дијаманти во Русија, сега воведоа санкции против жената и децата на Песков appeared first on Република.

]]>

Американското Министерство за финансии најави нови санкции против руските олигарси. Се наведува дека целта е да се зголеми притисокот врз луѓето блиски до рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Би-Би-Си. Меѓу погодените од новите санкции се десет лица кои се дел од банката ВТБ, 12 членови на Долниот дом на рускиот парламент и семејството на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Претходно американскиот претседател Џо Бајден најави забрана за увоз од Русија, кој вклучува морска храна, вотка и дијаманти. Тој рече дека дополнителните санкции ќе нанесат уште еден тежок удар на руската економија.

The post Откако САД забранија извоз на вотка и дијаманти во Русија, сега воведоа санкции против жената и децата на Песков appeared first on Република.

]]>