дијагноза Archives - Република https://republika.mk/tema/dijagnoza/ За подобро да се разбереме Sat, 21 Sep 2024 15:38:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дијагноза Archives - Република https://republika.mk/tema/dijagnoza/ 32 32 Три видови на рак кои најтешко се дијагностицираат според лекарите https://republika.mk/zivot/zdravje/tri-vidovi-na-rak-koi-najteshko-se-dijagnostitsiraat-spored-lekarite/ Sat, 21 Sep 2024 15:38:23 +0000 https://republika.mk/?p=818544

Канцерот е една од најопасните болести, делумно поради неговата способност да остане скриен во телото долго време без очигледни симптоми. Доцнењето во дијагнозата често може да биде фатално, поради што раното препознавање на симптомите е од клучно значење. Д-р Дебора Ли за „Метро“ наведува кои видови на рак најтешко се дијагностицираат и на што треба да обрнете посебно внимание.

Најчести видови на рак кои исклучително тешко се дијагностицираат се ракот на панкреасот, јајниците и цревата. Се верува дека овие тумори се присутни со години пред да бидат забележани, но предизвикуваат многу малку симптоми или симптомите често се припишуваат на други, помалку сериозни состојби – истакнува таа.

Рак на панкреас

Ракот на панкреасот е еден од најсмртоносните и често се дијагностицира само кога болеста е многу напредната. Статистиката е поразителна: само еден процент од пациентите на кои им е дијагностициран рак на панкреас преживуваат 10 години, додека стапката на преживување од пет години е најниска, меѓу 22-вата најчести видови на рак.

Потребни се 10 до 20 години за ракот да се развие пред да биде откриен. Кај повеќето пациенти симптомите се појавуваат доцна и често се мешаат со други проблеми како рефлукс на желудочна киселина или проблеми со жолчката, објаснува д-р Ли.

Симптомите на рак на панкреас вклучуваат: жолтица (пожолтување на кожата и очите), необјаснето губење на тежината, болки во стомакот, гадење и повраќање, промени во движењето на дебелото црево (дијареа или запек).

Ризик-фактори: Возраста (главно ги погодува луѓето над 65 години), пушењето и генетската предиспозиција.

Рак на јајниците

Ракот на јајниците често се нарекува „тивок убиец“, бидејќи симптомите стануваат очигледни само во доцните фази на болеста. Околу 4.000 жени годишно умираат од оваа форма на рак, додека само 20 отсто од нив се дијагностицираат во рана фаза.

Најчестите симптоми на рак на јајниците се:

Надуеност и чувство на притисок во стомакот, често мокрење, карлична и абдоминална болка, вагинално крварење.

Фактори на ризик: генетски мутации, возраст (најчеста кај жени над 60 години), прекумерна тежина.

Рак на дебелото црево

Ракот на дебелото црево често започнува како бениген полип кој со текот на времето може да се развие во малигнен тумор. Процесот на трансформација трае помеѓу 10 и 20 години, што овозможува доволно време за откривање и отстранување на полипите пред да станат малигни.

Симптомите на рак на дебелото црево вклучуваат: крв во столицата, постојани промени во ритамот на движењето на дебелото црево, необјаснето губење на тежината, замор и летаргија.

Фактори на ризик: присуство на полипи во цревата, воспалителни болести на цревата како што е Кроновата болест, семејна историја на рак на дебелото црево.

Д-р Ли потсетува дека во случаите на сите овие форми на рак, раната дијагноза е клучна, бидејќи тоа може значително да ги подобри шансите за преживување.

 

The post Три видови на рак кои најтешко се дијагностицираат според лекарите appeared first on Република.

]]>

Канцерот е една од најопасните болести, делумно поради неговата способност да остане скриен во телото долго време без очигледни симптоми. Доцнењето во дијагнозата често може да биде фатално, поради што раното препознавање на симптомите е од клучно значење. Д-р Дебора Ли за „Метро“ наведува кои видови на рак најтешко се дијагностицираат и на што треба да обрнете посебно внимание.
Најчести видови на рак кои исклучително тешко се дијагностицираат се ракот на панкреасот, јајниците и цревата. Се верува дека овие тумори се присутни со години пред да бидат забележани, но предизвикуваат многу малку симптоми или симптомите често се припишуваат на други, помалку сериозни состојби – истакнува таа.
Рак на панкреас Ракот на панкреасот е еден од најсмртоносните и често се дијагностицира само кога болеста е многу напредната. Статистиката е поразителна: само еден процент од пациентите на кои им е дијагностициран рак на панкреас преживуваат 10 години, додека стапката на преживување од пет години е најниска, меѓу 22-вата најчести видови на рак.
Потребни се 10 до 20 години за ракот да се развие пред да биде откриен. Кај повеќето пациенти симптомите се појавуваат доцна и често се мешаат со други проблеми како рефлукс на желудочна киселина или проблеми со жолчката, објаснува д-р Ли.
Симптомите на рак на панкреас вклучуваат: жолтица (пожолтување на кожата и очите), необјаснето губење на тежината, болки во стомакот, гадење и повраќање, промени во движењето на дебелото црево (дијареа или запек). Ризик-фактори: Возраста (главно ги погодува луѓето над 65 години), пушењето и генетската предиспозиција. Рак на јајниците Ракот на јајниците често се нарекува „тивок убиец“, бидејќи симптомите стануваат очигледни само во доцните фази на болеста. Околу 4.000 жени годишно умираат од оваа форма на рак, додека само 20 отсто од нив се дијагностицираат во рана фаза. Најчестите симптоми на рак на јајниците се: Надуеност и чувство на притисок во стомакот, често мокрење, карлична и абдоминална болка, вагинално крварење. Фактори на ризик: генетски мутации, возраст (најчеста кај жени над 60 години), прекумерна тежина. Рак на дебелото црево Ракот на дебелото црево често започнува како бениген полип кој со текот на времето може да се развие во малигнен тумор. Процесот на трансформација трае помеѓу 10 и 20 години, што овозможува доволно време за откривање и отстранување на полипите пред да станат малигни. Симптомите на рак на дебелото црево вклучуваат: крв во столицата, постојани промени во ритамот на движењето на дебелото црево, необјаснето губење на тежината, замор и летаргија. Фактори на ризик: присуство на полипи во цревата, воспалителни болести на цревата како што е Кроновата болест, семејна историја на рак на дебелото црево. Д-р Ли потсетува дека во случаите на сите овие форми на рак, раната дијагноза е клучна, бидејќи тоа може значително да ги подобри шансите за преживување.  

The post Три видови на рак кои најтешко се дијагностицираат според лекарите appeared first on Република.

]]>
За здравството има дијагноза, ама засега нема терапија https://republika.mk/kolumni/za-zdravstvoto-ima-dijagnoza-ama-zasega-nema-terapija/ Thu, 21 Dec 2023 20:56:26 +0000 https://republika.mk/?p=725473

Кирил Лазов

Изминува уште една неуспешна година за здравството во Македонија. Целиот здравствен систем е на стаклени нозе од примарно до терцијално ниво, инфраструктурно, кадровски, финансиски. Тотален хаос!

Ако подлабоко размислиме при резимирање на заклучоците и што друго би очекувале од седумгодишното погубно владеење на најнеспособните влади. И наместо се да тече и да се менува во подобра насока, кај нас освен што се сменија четворица министри, кој од кој полош во менаџирањето, не се промени ништо на подобро. Но затоа пак, секојдневно сме се поблизу до пробивање на дуплото дно кое веќе одамна го допревме.
Можеби и немаше да биде се толку трагично, како што впрочем е, ако и самиот Фатмир Меџити не признаеше јавно дека здравството е во тешка состојба. Како едно замотано клопче, како лавиринт без излез. Очајно. Среќа во цела несреќа е што оваа власт е во заминувње, а парламантерните избори се шанса за да тргнат работите кон подобро. Но дотогаш ќе бидеме заложници на крајната неспособност на лошите здравствени политики кои ги води министерот.

Во недостиг на медицински персонал, здравствените установи ширум Македонија се оставени на милост и немилост. Голем дел од недоволниот број лекари и медицински сестри со години се оставени со нерешен статус. Со години работат со договор на дело, а државата се однесува како да нема потреба од овие здравствени работници. Современа апаратура во установите во внатрешноста, но и на клиниките речиси и не се набавува. Не се реализираат никакви инфраструктурни проекти, нема санации ниту реконструкции.

Новиот клинички центар во Скопје остана само медиумска приказна. Клиничкиот центар во Штип, чија изградба е запрена, уште едно нереализирано ветување кое се користеше како маркетинг за политички поени.

Остануваат нејасни многу неодговорени прашања, многу нерасчистени дилеми во нашиот несоодветен здравствен систем во кој најмногу губат граѓаните.
И на крајот на оваа 2023 година останува нерешен случајот со модуларната болница во Тетово. Случајот Онкологија кој ја разбранува и вознемири јавноста, но и дополнително ја сруши и онака малата доверба во здравствениот систем е уште една енигма за која оваа неспособна влада нема решение, исто како и за многу други скандали за кои низ годиниве сведочевме како резултат на лошото менаџирање во здравството.

Доцнат лекови за пациентите со ретки болести, од еден до шест месеци. Поради ова пациентите се ставаат во животозагрозувачка состојба, но и за тоа на никој око не му трепнува.

На крајот на оваа 2023 година, ревидирањето и проширувањето на позитивната листа  за обезбедување неопходни лекови останува да биде новогодишна желба на граѓаните, но и надеж дека конечно не чека светло на крајот од тунелот.

Потребно ни е лидерство на највисоко ниво и стратегија, во најкраток рок!

Седум години се изнагледавме политички игри, лични промоции на министрите за здравство, се изнаслушавме аплаузи кои сами ги режираа.
Време е за реанимација на колабираното здравство! Време е за ресет! Време е за промени!

Среќна Нова 2024 година!

The post За здравството има дијагноза, ама засега нема терапија appeared first on Република.

]]>

Кирил Лазов

Изминува уште една неуспешна година за здравството во Македонија. Целиот здравствен систем е на стаклени нозе од примарно до терцијално ниво, инфраструктурно, кадровски, финансиски. Тотален хаос! Ако подлабоко размислиме при резимирање на заклучоците и што друго би очекувале од седумгодишното погубно владеење на најнеспособните влади. И наместо се да тече и да се менува во подобра насока, кај нас освен што се сменија четворица министри, кој од кој полош во менаџирањето, не се промени ништо на подобро. Но затоа пак, секојдневно сме се поблизу до пробивање на дуплото дно кое веќе одамна го допревме. Можеби и немаше да биде се толку трагично, како што впрочем е, ако и самиот Фатмир Меџити не признаеше јавно дека здравството е во тешка состојба. Како едно замотано клопче, како лавиринт без излез. Очајно. Среќа во цела несреќа е што оваа власт е во заминувње, а парламантерните избори се шанса за да тргнат работите кон подобро. Но дотогаш ќе бидеме заложници на крајната неспособност на лошите здравствени политики кои ги води министерот. Во недостиг на медицински персонал, здравствените установи ширум Македонија се оставени на милост и немилост. Голем дел од недоволниот број лекари и медицински сестри со години се оставени со нерешен статус. Со години работат со договор на дело, а државата се однесува како да нема потреба од овие здравствени работници. Современа апаратура во установите во внатрешноста, но и на клиниките речиси и не се набавува. Не се реализираат никакви инфраструктурни проекти, нема санации ниту реконструкции. Новиот клинички центар во Скопје остана само медиумска приказна. Клиничкиот центар во Штип, чија изградба е запрена, уште едно нереализирано ветување кое се користеше како маркетинг за политички поени. Остануваат нејасни многу неодговорени прашања, многу нерасчистени дилеми во нашиот несоодветен здравствен систем во кој најмногу губат граѓаните. И на крајот на оваа 2023 година останува нерешен случајот со модуларната болница во Тетово. Случајот Онкологија кој ја разбранува и вознемири јавноста, но и дополнително ја сруши и онака малата доверба во здравствениот систем е уште една енигма за која оваа неспособна влада нема решение, исто како и за многу други скандали за кои низ годиниве сведочевме како резултат на лошото менаџирање во здравството. Доцнат лекови за пациентите со ретки болести, од еден до шест месеци. Поради ова пациентите се ставаат во животозагрозувачка состојба, но и за тоа на никој око не му трепнува. На крајот на оваа 2023 година, ревидирањето и проширувањето на позитивната листа  за обезбедување неопходни лекови останува да биде новогодишна желба на граѓаните, но и надеж дека конечно не чека светло на крајот од тунелот. Потребно ни е лидерство на највисоко ниво и стратегија, во најкраток рок! Седум години се изнагледавме политички игри, лични промоции на министрите за здравство, се изнаслушавме аплаузи кои сами ги режираа. Време е за реанимација на колабираното здравство! Време е за ресет! Време е за промени! Среќна Нова 2024 година!

The post За здравството има дијагноза, ама засега нема терапија appeared first on Република.

]]>
Абе, на Таче да не му ја згрешиле дијагнозата?! https://republika.mk/kolumni/abe-na-tache-da-ne-mu-ja-zgreshile-dijagnozata/ Fri, 30 Sep 2022 14:20:38 +0000 https://republika.mk/?p=556063

Предраг Димитровски

Старо непишано правило е дека за да видиш некој каков човек е треба или да одиш со него три дена на пат или да му дадеш пет дена власт. Е, ова правило како да не важеше ни за претходниот, а богами и за актуелниот премиер, зашто и Зоран Заев и Димитар Ковачевски наликуваат како јајце на јајце! Човек да се посомнева да не имаат дури ист генетски код!

Да не бидам погрешно разбран, ова пред сѐ важи за нивното однесување и подготвеноста да не прават разлика меѓу вистината и лагата, меѓу политички коректното однесување и провоцирањето, меѓу градските културни манири и голата „сељачаана“, меѓу настап во јавност и настап во Собранието, меѓу арогантноста и приземноста... А, дека излегуваат од иста, црна, ментална пропагандистичка матрица нема сомневање. Тоа се гледа и од авион.

Во рок од нецела недела, Димитар Ковачевски можевме да го проследиме од политичкиот врв до политичкото дно, можност што ретко му се пружа на еден премиер, па било тоа да станува збор за нашиот Таче. Од настап во ООН и на престижниот универзитет Колумбија до настап пред домашните новинари на беспотребно свикана вонредна прес-конференција во Владата и нескриен излив на хистерично однесување во нашиот Парламент. И притоа главната мантра, што се обиде да ни ја продаде, беше таа да не слушаме што говори, туку што прави. А, најмал заеднички содржател и за едното и за другото е нула! Дупла нула!

Еве, сериозните поблеми со вистината манифестирани во настапите во Њујорк ќе ги оставиме настрана, како домашна задача за платените факт-чекери. Они нека се позанимаваат со тоа, на пример, колку ни е функционална мултиетничката демократија и системот во целина или колку ни се добри реформите во образованието.

Таче наш „Монтенегро“ или „западна Бугарија“, прекарите, што му ги додели албанскиот премиер Еди Рама, а на кои, наместо веднаш да реагира, се смееше како „зелен“, прексиноќа пред новинарите или пред јавноста, како сакате, ни ја откри својата досега непозната страна за поседување необична смисла за хумор. Гледаш, ни новинарите, ни јавноста, што ќе рече ние обичните смртници, до сега не знаевме ни што е парно греење, ни како се доаѓа до него! Тоа, според „рецептот“ на Таче, да ти било греење на вода во топланите, што тие како власт ќе ја испорачуваат до домаќинствата!

Ајде мајкатааа, што би рекол неговиот петходник! А, како се доаѓа до тоа не знае ни самиот Таче, а богами и оние негови „мустри“ од министри, што насмеани од уво до уво стоеја зад него. Исто ако што сите на купче не знаат, на пример, во кој сооднос треба да биде топлата наспроти ладната вода за да се добие максимален ефект на греење на гаѓаните. На тоа топланите најмногу заработуваат, а цената ја плаќаат корисниците. Ама тоа ти е кога обични шупелки, кои ти се продаваат за некакви харвардци или министри, ќе облечат листер одела и лакувани чевли.

Нејсе. Полковникот Даган Ковачки од опозициската ВМРО-ДПМНЕ со денови го позиваше премиерот Ковачевски јавно да каже зошто бил прогласен за трајно неспособен за служење во АРМ. Патувањето во Њујорк малку го одолговлече последниот одговор на премиерот и нивното директно соочување на пратеничките прашања во Собранието. Велам последен, зашто индиректно Ковачевски претходно даде два други, што беа спротивни од тој даден во Собранието.

Според премиерот, излезе дека заради здравствен абдоменален проблем со кој се уште се соочува била регистрирана неговата неможност за служење на воена обврска. И можам да го разберам и само до некаде да го оправдам, зашто и јас сум имал абдоменални здравствени проблеми. Додуша, не пред да заминам во редовите на некогашната ЈНА, туку набргу по враќањето во цивилна облека. Ама тоа не беше причина здравствена комисија да ме прогласи за трајно неспособен за служење, скраја да е, армија или да ме избришат од резервистите. Напротив. Без некогашната воена книшка во пензискиот фонд на човека му прават сериозни проблеми.

И ќе беше добро Ковачевски да завршеше со тоа. Ама пуста суета, пуста „величина“, пусто манифестирање политичка моќ и сила. Индивидуалната прозивка на пратеничко прашање од Ковачки, Таче не можеше да се воздржи и да ја генерализира. Хистерично и се нафрли на целата опозиција, па парафразирано ќе рече сите вие од оваа страна сте лопови, криминалци, кодоши...

Абе, на Таче да не му ја згрешиле дијагнозата?!

Не знам, тој самиот треба да си знае. Исто како што треба и мора да знае како премиер дека неговото ниво на однесување во Собранието треба и мора да биде пример за сите останати! Ако премиерот не знае или не сака да знае дека обвинувајќи ја целата опозиција за лоповлук, киминал, кодошење...тој истовремено така етикетира најмалку 300.000 граѓани, кои на непосредни избори се изјасниле и ги избрале пратениците од опозицијата. Какви се, такви се, токму се.

А, ако на Ковачевски не му се бендисуваат поединци или сите пратеници од опозицијата или прашањата, што тие му ги поставуваат, тоа си е негов поблем. И се знае како единствено може да ги смени. На парламентарни избори. И нив не мора да ги чека во 2024 година, туку може веднаш да се заложи за предвремени избори и тие да се одржат, што се вели, уште утре.

И како човек со две лица, премиерот на истата собраниска седница, од истата собраниска говорница се обиде од „црн ѓавол“ да се претвори во „бел ангел“! Ги повика сите општествени чинители да се исправат пред предизвикот на пресудните моменти за заокружување на државноста, преку полноправното зачленување во Европската Унија. Тоа го очекувале граѓаните. Тоа и требало на нашата држава и тие, како власт и СДСМ, нели, да ти биле подготвени тоа да го направат. Зашто, било дојдено време за заедништво, време за храброст и за лидерство, за што исто така биле подготвени да подадат рака, надминувајќи се себе си и тесно партиските интереси.

Се е ова убаво. Дури и убаво звучи за сечие уво. Ама, како тоа ќе го бараш од некого, кого само неколку минути претходно си го направил „попара„!? Не оди заедно едното со другото. За жал.

Туку, како што му одговори на Ковачки, да се јавеше Таче и да и одговори на Екатерина Захариева дали навистина македонизмот е неспоив со европските вредности и дека не му е место во ЕУ!? Ама не, не очекувајте такво нешто од него. Зашто, за тоа треба да има нешто меѓу нозете, а очигледно нема.

The post Абе, на Таче да не му ја згрешиле дијагнозата?! appeared first on Република.

]]>

Предраг Димитровски

Старо непишано правило е дека за да видиш некој каков човек е треба или да одиш со него три дена на пат или да му дадеш пет дена власт. Е, ова правило како да не важеше ни за претходниот, а богами и за актуелниот премиер, зашто и Зоран Заев и Димитар Ковачевски наликуваат како јајце на јајце! Човек да се посомнева да не имаат дури ист генетски код! Да не бидам погрешно разбран, ова пред сѐ важи за нивното однесување и подготвеноста да не прават разлика меѓу вистината и лагата, меѓу политички коректното однесување и провоцирањето, меѓу градските културни манири и голата „сељачаана“, меѓу настап во јавност и настап во Собранието, меѓу арогантноста и приземноста... А, дека излегуваат од иста, црна, ментална пропагандистичка матрица нема сомневање. Тоа се гледа и од авион. Во рок од нецела недела, Димитар Ковачевски можевме да го проследиме од политичкиот врв до политичкото дно, можност што ретко му се пружа на еден премиер, па било тоа да станува збор за нашиот Таче. Од настап во ООН и на престижниот универзитет Колумбија до настап пред домашните новинари на беспотребно свикана вонредна прес-конференција во Владата и нескриен излив на хистерично однесување во нашиот Парламент. И притоа главната мантра, што се обиде да ни ја продаде, беше таа да не слушаме што говори, туку што прави. А, најмал заеднички содржател и за едното и за другото е нула! Дупла нула! Еве, сериозните поблеми со вистината манифестирани во настапите во Њујорк ќе ги оставиме настрана, како домашна задача за платените факт-чекери. Они нека се позанимаваат со тоа, на пример, колку ни е функционална мултиетничката демократија и системот во целина или колку ни се добри реформите во образованието. Таче наш „Монтенегро“ или „западна Бугарија“, прекарите, што му ги додели албанскиот премиер Еди Рама, а на кои, наместо веднаш да реагира, се смееше како „зелен“, прексиноќа пред новинарите или пред јавноста, како сакате, ни ја откри својата досега непозната страна за поседување необична смисла за хумор. Гледаш, ни новинарите, ни јавноста, што ќе рече ние обичните смртници, до сега не знаевме ни што е парно греење, ни како се доаѓа до него! Тоа, според „рецептот“ на Таче, да ти било греење на вода во топланите, што тие како власт ќе ја испорачуваат до домаќинствата! Ајде мајкатааа, што би рекол неговиот петходник! А, како се доаѓа до тоа не знае ни самиот Таче, а богами и оние негови „мустри“ од министри, што насмеани од уво до уво стоеја зад него. Исто ако што сите на купче не знаат, на пример, во кој сооднос треба да биде топлата наспроти ладната вода за да се добие максимален ефект на греење на гаѓаните. На тоа топланите најмногу заработуваат, а цената ја плаќаат корисниците. Ама тоа ти е кога обични шупелки, кои ти се продаваат за некакви харвардци или министри, ќе облечат листер одела и лакувани чевли. Нејсе. Полковникот Даган Ковачки од опозициската ВМРО-ДПМНЕ со денови го позиваше премиерот Ковачевски јавно да каже зошто бил прогласен за трајно неспособен за служење во АРМ. Патувањето во Њујорк малку го одолговлече последниот одговор на премиерот и нивното директно соочување на пратеничките прашања во Собранието. Велам последен, зашто индиректно Ковачевски претходно даде два други, што беа спротивни од тој даден во Собранието. Според премиерот, излезе дека заради здравствен абдоменален проблем со кој се уште се соочува била регистрирана неговата неможност за служење на воена обврска. И можам да го разберам и само до некаде да го оправдам, зашто и јас сум имал абдоменални здравствени проблеми. Додуша, не пред да заминам во редовите на некогашната ЈНА, туку набргу по враќањето во цивилна облека. Ама тоа не беше причина здравствена комисија да ме прогласи за трајно неспособен за служење, скраја да е, армија или да ме избришат од резервистите. Напротив. Без некогашната воена книшка во пензискиот фонд на човека му прават сериозни проблеми. И ќе беше добро Ковачевски да завршеше со тоа. Ама пуста суета, пуста „величина“, пусто манифестирање политичка моќ и сила. Индивидуалната прозивка на пратеничко прашање од Ковачки, Таче не можеше да се воздржи и да ја генерализира. Хистерично и се нафрли на целата опозиција, па парафразирано ќе рече сите вие од оваа страна сте лопови, криминалци, кодоши... Абе, на Таче да не му ја згрешиле дијагнозата?! Не знам, тој самиот треба да си знае. Исто како што треба и мора да знае како премиер дека неговото ниво на однесување во Собранието треба и мора да биде пример за сите останати! Ако премиерот не знае или не сака да знае дека обвинувајќи ја целата опозиција за лоповлук, киминал, кодошење...тој истовремено така етикетира најмалку 300.000 граѓани, кои на непосредни избори се изјасниле и ги избрале пратениците од опозицијата. Какви се, такви се, токму се. А, ако на Ковачевски не му се бендисуваат поединци или сите пратеници од опозицијата или прашањата, што тие му ги поставуваат, тоа си е негов поблем. И се знае како единствено може да ги смени. На парламентарни избори. И нив не мора да ги чека во 2024 година, туку може веднаш да се заложи за предвремени избори и тие да се одржат, што се вели, уште утре. И како човек со две лица, премиерот на истата собраниска седница, од истата собраниска говорница се обиде од „црн ѓавол“ да се претвори во „бел ангел“! Ги повика сите општествени чинители да се исправат пред предизвикот на пресудните моменти за заокружување на државноста, преку полноправното зачленување во Европската Унија. Тоа го очекувале граѓаните. Тоа и требало на нашата држава и тие, како власт и СДСМ, нели, да ти биле подготвени тоа да го направат. Зашто, било дојдено време за заедништво, време за храброст и за лидерство, за што исто така биле подготвени да подадат рака, надминувајќи се себе си и тесно партиските интереси. Се е ова убаво. Дури и убаво звучи за сечие уво. Ама, како тоа ќе го бараш од некого, кого само неколку минути претходно си го направил „попара„!? Не оди заедно едното со другото. За жал. Туку, како што му одговори на Ковачки, да се јавеше Таче и да и одговори на Екатерина Захариева дали навистина македонизмот е неспоив со европските вредности и дека не му е место во ЕУ!? Ама не, не очекувајте такво нешто од него. Зашто, за тоа треба да има нешто меѓу нозете, а очигледно нема.

The post Абе, на Таче да не му ја згрешиле дијагнозата?! appeared first on Република.

]]>