дијабетичари Archives - Република https://republika.mk/tema/dijabetichari/ За подобро да се разбереме Tue, 14 Nov 2023 15:14:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дијабетичари Archives - Република https://republika.mk/tema/dijabetichari/ 32 32 Оваа година беше најтешка за нас, велат дијабетичарите: Нè не засега тендерот, нам животот ни зависи од лентичката, гликомерот и инсулинот https://republika.mk/zivot/zdravje/ovaa-godina-beshe-najteshka-za-nas-velat-dijabeticharite-ne-ne-zasega-tenderot-nam-zhivotot-ni-zavisi-od-lentichkata-glikomerot-i-insulinot/ Tue, 14 Nov 2023 15:14:13 +0000 https://republika.mk/?p=701494

Министерот за здравство Фатмир Меџити најави системско решение за дијабетичарите за околу две години, во рамките на одбележувањето на Светскиот ден за борба против дијабетесот. Ќе треба, рече, да се сменат правилници и да се договорат сите засегнати страни.

Одговарајќи на новинарски прашања, министерот потврди дека изминува тешка година за дијабетичарите, но нагласи дека и проблемот со тендер и буџетот ги наследиле. Тој повтори дека навистина се работи на превенцијата, макотрпно рече се работи и нагласи дека на крај има добри резултати.

Нема да дозволам отсега натаму да доцни тендер, со претседателот на дијабетичарите се договоривме да има системско решение – нагласи Меџити, укажувајќи дека има и недијагностицирани дијабетичари, па апелираше пациентите редовно да се проверуваат.

Министерот рече дека терапијата е света работа за пациентот. Тој информираше дека од вчера има десет илјади гликомери и ленти, распределени по сите аптеки. Деновиве, уште девет илјади. Со ова, нагласи, се амортизираат сите барања од пациентите и полека, проблемот се надминувал.

Претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари, Диме Велев рече дека се согласуваат со системско решение во кое пациент ќе може да си доплати за подобар квалитет. Тие тоа го барале веќе четири години.

Со таквото решение не се губи правото на бесплатност, туку не мора да се оди до болничка аптека. Водиме институционален дијалог и не сакаме радикални мерки. Улицата не ја исклучуваме, но доколку немаме дијалог со властите и доколку нема промени – нагласи тој, укажувајќи и дека многу е важна дистрибуцијата и достапноста.

Претседателот на Националната комисија за дијабетес, Ирфан Ахмети, на прашањето, околу компликации кај дијабетичари, ако не можат редовно да го мерат шеќерот, ако не знаат колку инсулин треба да примат, одговори дека навистина бил загрижувачки недостатокот што се појавил од технички причини. Сепак додаде дека не е забележан раст на компликации, за да се подигне алармот на повисоко ниво.

[caption id="attachment_701052" align="alignnone" width="1600"] фото: Министерство за здравство[/caption]

Националната комисија е тело на Министерството и заедно со министерот инсистираме на формирање на национален регистар, затоа што така ќе добиеме најпрецизно бројки за лицата со дијабет – подвлече Ахмети.

Оваа година за разлика од претходниве е најтешка за нас дијабетичарите, вели Драган Станковски од Демир Хисар, кој е дијабетичар со тип еден, близу половина век.

Најтешки години беа во детската возраст, кога немаше вакви инсулини, ваква терапија, кога бевме приморани да користиме свински, говедски инсулини. Лентички такви работи, немаше ништо. Шприцеви, пенкала, ништо. Варевме во гази да се стерилизираат и така. Тој тежок период беше седумдесетите, осумдесетите години, открива тој на денот на одбележувањето на Светскиот ден за борба против дијабетесот.

Станковски е претседател на Здружението „Сончева светлина“ од Демир Хисар, ги претставува лицата со дијабет од неговата општина.

Оваа година, за разлика од претходниве, е најтешка за нас дијабетичарите, бидејќи недостатокот што се јави на гликомери и лентички. Не знам што се случува. Никогаш не било вака. Ние, сега, така речено, на „ќоро“ ставаме инсулин. Бидејќи не знаеме колку ни е гликемијата во моментот, ако немаш лентичка да измериш. Не знаеш колку единици да ставиш, за денот да го поминеш како што треба, да биде шеќерот во нормала – споделува тој.

https://republika.mk/zivot/zdravje/nabaveni-se-650-besplatni-senzori-za-merene-glikemija-vo-krvta-za-detsa-i-mladi-do-18-godini-bremeni-zheni-so-dijabet-tip-1-i-slepi-litsa/

Еве министрите, националната комисија се вадат со тоа дека тендери, процедури. А дијабетичарот во една рурална средина како што е Демир Хисар, или во Скопје, не го интересира тоа. Од тоа му зависи животот, од лентичката, гликомерот и инсулинот, тие се неопходни – нагласува тој.

Сега еве недела две, почнуваат дистрибуција на нешто, додава, но, според него, не во количини колку што треба.

На пример во Демир Хисар треба 116 гликомери, а пуштија само десет – открива тој, па одлучиле додека не стигнат сите, да не се дава на никој.

На денешниот настан беше кажано дека оваа година е посебна за пациентите, затоа што слават и 100 години откако го добиле правото на живот, благодарение на откривањето на инсулинот.

На почетокот на наредните 100 години, како пациенти, сакаме да нема тендери за набавки на нашата потребна терапија, не сакаме да слушнеме за најниска понудена цена, не сакаме да не може да ја подигнеме потребната терапија поради доцнење на тендерот, не сакаме да немаме ленти, ланцети и игли, не сакаме да бидеме сконцентирани и само на нашите гликемии. На почетокот на наредните 100 години, сакаме да имаме современа инсулинска и таблетарна терапија која ќе биде достапна за секој пациент, кај кој ќе има потреба од истата. Терапија која нема да ни го регулира само крвниот шеќер, туку терапија која ќе не заштити и од други компликации, терапија која ќе го подобри квалитетот на нашиот живот од секој аспект на нашето живеење. Сакаме да имаме и право на избор за тоа која лента или кој апарат ќе го користиме – сакаме референтни цени за нив, сакаме тимски пристап во менаџирањето на нашата болест – состојба од сите овде присутни профили на здравствени работници – појасни Велев.

Мотото оваа година е „Познавај го твојот ризик, познавај го твојот одговор“.

За таа цел и денес го одбележуваме овој 14. ноември со наше национално мото: соочени со предизвиците на дијабетесот во Македонија, дејствуваме пред да стане непоправливо – додаде претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари.

На денешниот настан беше потпишан и документ за соработка, за што Велев нагласи оти надежта е дека нема да остане само на хартија, туку чекор по чекор, ќе се почне со негова имплементација.

 

The post Оваа година беше најтешка за нас, велат дијабетичарите: Нè не засега тендерот, нам животот ни зависи од лентичката, гликомерот и инсулинот appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Фатмир Меџити најави системско решение за дијабетичарите за околу две години, во рамките на одбележувањето на Светскиот ден за борба против дијабетесот. Ќе треба, рече, да се сменат правилници и да се договорат сите засегнати страни. Одговарајќи на новинарски прашања, министерот потврди дека изминува тешка година за дијабетичарите, но нагласи дека и проблемот со тендер и буџетот ги наследиле. Тој повтори дека навистина се работи на превенцијата, макотрпно рече се работи и нагласи дека на крај има добри резултати.
Нема да дозволам отсега натаму да доцни тендер, со претседателот на дијабетичарите се договоривме да има системско решение – нагласи Меџити, укажувајќи дека има и недијагностицирани дијабетичари, па апелираше пациентите редовно да се проверуваат.
Министерот рече дека терапијата е света работа за пациентот. Тој информираше дека од вчера има десет илјади гликомери и ленти, распределени по сите аптеки. Деновиве, уште девет илјади. Со ова, нагласи, се амортизираат сите барања од пациентите и полека, проблемот се надминувал. Претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари, Диме Велев рече дека се согласуваат со системско решение во кое пациент ќе може да си доплати за подобар квалитет. Тие тоа го барале веќе четири години.
Со таквото решение не се губи правото на бесплатност, туку не мора да се оди до болничка аптека. Водиме институционален дијалог и не сакаме радикални мерки. Улицата не ја исклучуваме, но доколку немаме дијалог со властите и доколку нема промени – нагласи тој, укажувајќи и дека многу е важна дистрибуцијата и достапноста.
Претседателот на Националната комисија за дијабетес, Ирфан Ахмети, на прашањето, околу компликации кај дијабетичари, ако не можат редовно да го мерат шеќерот, ако не знаат колку инсулин треба да примат, одговори дека навистина бил загрижувачки недостатокот што се појавил од технички причини. Сепак додаде дека не е забележан раст на компликации, за да се подигне алармот на повисоко ниво. [caption id="attachment_701052" align="alignnone" width="1600"] фото: Министерство за здравство[/caption]
Националната комисија е тело на Министерството и заедно со министерот инсистираме на формирање на национален регистар, затоа што така ќе добиеме најпрецизно бројки за лицата со дијабет – подвлече Ахмети.
Оваа година за разлика од претходниве е најтешка за нас дијабетичарите, вели Драган Станковски од Демир Хисар, кој е дијабетичар со тип еден, близу половина век.
Најтешки години беа во детската возраст, кога немаше вакви инсулини, ваква терапија, кога бевме приморани да користиме свински, говедски инсулини. Лентички такви работи, немаше ништо. Шприцеви, пенкала, ништо. Варевме во гази да се стерилизираат и така. Тој тежок период беше седумдесетите, осумдесетите години, открива тој на денот на одбележувањето на Светскиот ден за борба против дијабетесот.
Станковски е претседател на Здружението „Сончева светлина“ од Демир Хисар, ги претставува лицата со дијабет од неговата општина.
Оваа година, за разлика од претходниве, е најтешка за нас дијабетичарите, бидејќи недостатокот што се јави на гликомери и лентички. Не знам што се случува. Никогаш не било вака. Ние, сега, така речено, на „ќоро“ ставаме инсулин. Бидејќи не знаеме колку ни е гликемијата во моментот, ако немаш лентичка да измериш. Не знаеш колку единици да ставиш, за денот да го поминеш како што треба, да биде шеќерот во нормала – споделува тој.
https://republika.mk/zivot/zdravje/nabaveni-se-650-besplatni-senzori-za-merene-glikemija-vo-krvta-za-detsa-i-mladi-do-18-godini-bremeni-zheni-so-dijabet-tip-1-i-slepi-litsa/
Еве министрите, националната комисија се вадат со тоа дека тендери, процедури. А дијабетичарот во една рурална средина како што е Демир Хисар, или во Скопје, не го интересира тоа. Од тоа му зависи животот, од лентичката, гликомерот и инсулинот, тие се неопходни – нагласува тој.
Сега еве недела две, почнуваат дистрибуција на нешто, додава, но, според него, не во количини колку што треба.
На пример во Демир Хисар треба 116 гликомери, а пуштија само десет – открива тој, па одлучиле додека не стигнат сите, да не се дава на никој.
На денешниот настан беше кажано дека оваа година е посебна за пациентите, затоа што слават и 100 години откако го добиле правото на живот, благодарение на откривањето на инсулинот.
На почетокот на наредните 100 години, како пациенти, сакаме да нема тендери за набавки на нашата потребна терапија, не сакаме да слушнеме за најниска понудена цена, не сакаме да не може да ја подигнеме потребната терапија поради доцнење на тендерот, не сакаме да немаме ленти, ланцети и игли, не сакаме да бидеме сконцентирани и само на нашите гликемии. На почетокот на наредните 100 години, сакаме да имаме современа инсулинска и таблетарна терапија која ќе биде достапна за секој пациент, кај кој ќе има потреба од истата. Терапија која нема да ни го регулира само крвниот шеќер, туку терапија која ќе не заштити и од други компликации, терапија која ќе го подобри квалитетот на нашиот живот од секој аспект на нашето живеење. Сакаме да имаме и право на избор за тоа која лента или кој апарат ќе го користиме – сакаме референтни цени за нив, сакаме тимски пристап во менаџирањето на нашата болест – состојба од сите овде присутни профили на здравствени работници – појасни Велев.
Мотото оваа година е „Познавај го твојот ризик, познавај го твојот одговор“.
За таа цел и денес го одбележуваме овој 14. ноември со наше национално мото: соочени со предизвиците на дијабетесот во Македонија, дејствуваме пред да стане непоправливо – додаде претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари.
На денешниот настан беше потпишан и документ за соработка, за што Велев нагласи оти надежта е дека нема да остане само на хартија, туку чекор по чекор, ќе се почне со негова имплементација.  

The post Оваа година беше најтешка за нас, велат дијабетичарите: Нè не засега тендерот, нам животот ни зависи од лентичката, гликомерот и инсулинот appeared first on Република.

]]>
Апаратчињата за дијабетичарите стигнаа во инсулинските аптеки – во платсични ќесиња https://republika.mk/vesti/makedonija/aparatchinata-za-dijabeticharite-stignaa-vo-insulinskite-apteki-vo-platsichni-kesina/ Fri, 22 Sep 2023 14:12:11 +0000 https://republika.mk/?p=684155

По неколкуте протести и средби со министерот за здравство, во инсулинските аптеки се дистрибуирани апаратчиња за мерење шеќер и ленти, но не во доволен број и без несесер, кутија, без „пенкала“ и со задоцнување од девет месеци.

Иако министерот Фатмир Меџити најави дека уште во август дијабетичарите ќе ги добијат апаратчињата и лентите кои има се потребни, а кои последниот период ги немаше, сепак бесплатните додатоци можат од вчера да ги подигнат од инсулинските аптеки.

Дијабетичарите имаат право еднаш на шест месеци или до две години, во зависност од типот на болеста, да добијат бесплатни апаратчиња за мереше шеќер во крвта, ленти и ланцети.

Она што ги изненади дијабетичарите е пакувањето, па така место во кутија, апаратчињата ги добија во пластично ќесенце, а лентите се спакувани во кутија. Но, недостигаат „пенкалата“ за една употреба.

„Ма јас ќе излезам на ТВ да си ја барам кутијата, ланцетата и несесерот… украдени ми се “, коментира еден дијабетичар.

Друг му одговара:

„Не се буни, батерии имаш“.

Дополнително, споделуваат информации дека во инсулинската аптека во поликлиниката „Јане Сандански“, веќе ги нема вчера доставените апаратчиња и ленти за дијабетес тип 1, додека во „Букурешт“ ленти има, а апаратче само едно.

Дијабетичарите забележаа дека производител на овие апаратчиња и ленти, за жал, е истиот, од кој претходно им се делеле, па на шега коментираат „ист бренд по стар модел“.

Иако министерот за здравство Фатмир Меџити пред повеќе од еден месец вети дека во најскоро време ќе биде исполнети барањата на дијабетичарите, тие се уште се соочуваат со сериозен недостиг на ленти, игли и сензори за деца и апарати за мерење шеќер во крвта.

И по девет месеци лицата со дијабетес, чиј вкупен број на евидентирани случаи, според последниот извештај на Институтот за јавно здравје во државата е 135.690, а само минатата година во Македонија биле новодијагностицирани 7.460 пациенти, не ја добија ветената антидијабетска терапија, игли, ленти, глукомери.

Минатиот месец, преку нивниот Сојуз испратија протесно писмо до Министерството за здравство и рекоа дека нема повеќе да протестираат, туку борбата ќе ја водат правно, по што конечно, во понеделникот поднесоа претставка за работа на Министерството за здравство, откако во законскиот рок не добиле одговор зошто девет месеци немаат глукомери, ленти за мерење на шеќерот во крвта. Сојузот на здруженија на дијабетичари (СЗД) претставката ја доставил до Народниот правобранител Насер Зибери.

The post Апаратчињата за дијабетичарите стигнаа во инсулинските аптеки – во платсични ќесиња appeared first on Република.

]]>

По неколкуте протести и средби со министерот за здравство, во инсулинските аптеки се дистрибуирани апаратчиња за мерење шеќер и ленти, но не во доволен број и без несесер, кутија, без „пенкала“ и со задоцнување од девет месеци. Иако министерот Фатмир Меџити најави дека уште во август дијабетичарите ќе ги добијат апаратчињата и лентите кои има се потребни, а кои последниот период ги немаше, сепак бесплатните додатоци можат од вчера да ги подигнат од инсулинските аптеки. Дијабетичарите имаат право еднаш на шест месеци или до две години, во зависност од типот на болеста, да добијат бесплатни апаратчиња за мереше шеќер во крвта, ленти и ланцети. Она што ги изненади дијабетичарите е пакувањето, па така место во кутија, апаратчињата ги добија во пластично ќесенце, а лентите се спакувани во кутија. Но, недостигаат „пенкалата“ за една употреба.
„Ма јас ќе излезам на ТВ да си ја барам кутијата, ланцетата и несесерот… украдени ми се “, коментира еден дијабетичар.
Друг му одговара:
„Не се буни, батерии имаш“.
Дополнително, споделуваат информации дека во инсулинската аптека во поликлиниката „Јане Сандански“, веќе ги нема вчера доставените апаратчиња и ленти за дијабетес тип 1, додека во „Букурешт“ ленти има, а апаратче само едно. Дијабетичарите забележаа дека производител на овие апаратчиња и ленти, за жал, е истиот, од кој претходно им се делеле, па на шега коментираат „ист бренд по стар модел“. Иако министерот за здравство Фатмир Меџити пред повеќе од еден месец вети дека во најскоро време ќе биде исполнети барањата на дијабетичарите, тие се уште се соочуваат со сериозен недостиг на ленти, игли и сензори за деца и апарати за мерење шеќер во крвта. И по девет месеци лицата со дијабетес, чиј вкупен број на евидентирани случаи, според последниот извештај на Институтот за јавно здравје во државата е 135.690, а само минатата година во Македонија биле новодијагностицирани 7.460 пациенти, не ја добија ветената антидијабетска терапија, игли, ленти, глукомери. Минатиот месец, преку нивниот Сојуз испратија протесно писмо до Министерството за здравство и рекоа дека нема повеќе да протестираат, туку борбата ќе ја водат правно, по што конечно, во понеделникот поднесоа претставка за работа на Министерството за здравство, откако во законскиот рок не добиле одговор зошто девет месеци немаат глукомери, ленти за мерење на шеќерот во крвта. Сојузот на здруженија на дијабетичари (СЗД) претставката ја доставил до Народниот правобранител Насер Зибери.

The post Апаратчињата за дијабетичарите стигнаа во инсулинските аптеки – во платсични ќесиња appeared first on Република.

]]>
„Се утепав давајќи пари за ленти“, му порача револтирана жена на Меџити, тој ѝ врати дека добро му изгледа https://republika.mk/vesti/makedonija/se-utepav-davajki-pari-za-lenti-mu-poracha-revoltirana-zhena-na-medhiti-toj-vrati-deka-dobro-mu-izgleda/ Fri, 25 Aug 2023 12:55:23 +0000 https://republika.mk/?p=675751

„Зошто нема ленти за дијабетичари? Ти си министер, ти треба да знаеш“, го праша револтирана пензионерка која рече дека боледува од десетина болести, министерот Фатмир Меџити, кој пред Поликлиниката Јане Сандански и денеска ја промовираше реформата во примарното здравство со која матичните лекари можат да припишуваат лекови за притисок, шеќер, белодробни болести, тироида и астма кои досега ги припишува специјалистите.

Откако заврши со давањето изјава министерот, пензионерката гласно го праша зошто нема ленти за дијабетичари.

А лентите кога ќе ги добиеме ние што сме со еден бубрег? Кога? Ти си министер за здравство, така? 12.500 денари пензија земам, две ребра имам извадено од рак, четири пати бешиката ми е оперирана од рак, имам извадено бубрег двапати сум оперирана, имам болна тироидна. Живеам тука во пензионерскиот дом. Не сум мажена, од болести не можев да се омажам, се разболев многу млада. И сега ленти купувам. Една нега земам мочана од 4.200 денари. Немам фамилија, ми изумреа сите, сестра една има стара. Се отепав пари давајќи за лекови. За срце примам декортин, шеќер имам се боцкам трипати на ден, рече пациентката.

Министерот Меџити ѝ пријде на пациентката и се обиде да ја смири, а притоа ѝ се извини за доцнењето на лентите.

Можам да ви кажам дека добро изгледате, добро се држите. Ќе има ленти. Навистина како министер се извинувам за тоа што доцнеа. Едно ве уверувам, јас како Фатмир Меџити, додека сум министер, нема да има доцнење со лековите, рече министерот Меџити.

Пензионерката му кажа дека има и ретка системска болест од која и отекува телото па побара помош за лекот кој ѝ помага, а министерот ги задолжи своите вработени да земат податоци за да може да ѝ помогне.

Меџити ја советуваше да не излегува во периодот од 10 до 18 часот додека траат горештините и ја испрати во инсулинската аптека да си подигне ленти за кои уверува дека се веќе достапни за пациентите.

The post „Се утепав давајќи пари за ленти“, му порача револтирана жена на Меџити, тој ѝ врати дека добро му изгледа appeared first on Република.

]]>

„Зошто нема ленти за дијабетичари? Ти си министер, ти треба да знаеш“, го праша револтирана пензионерка која рече дека боледува од десетина болести, министерот Фатмир Меџити, кој пред Поликлиниката Јане Сандански и денеска ја промовираше реформата во примарното здравство со која матичните лекари можат да припишуваат лекови за притисок, шеќер, белодробни болести, тироида и астма кои досега ги припишува специјалистите. Откако заврши со давањето изјава министерот, пензионерката гласно го праша зошто нема ленти за дијабетичари.
А лентите кога ќе ги добиеме ние што сме со еден бубрег? Кога? Ти си министер за здравство, така? 12.500 денари пензија земам, две ребра имам извадено од рак, четири пати бешиката ми е оперирана од рак, имам извадено бубрег двапати сум оперирана, имам болна тироидна. Живеам тука во пензионерскиот дом. Не сум мажена, од болести не можев да се омажам, се разболев многу млада. И сега ленти купувам. Една нега земам мочана од 4.200 денари. Немам фамилија, ми изумреа сите, сестра една има стара. Се отепав пари давајќи за лекови. За срце примам декортин, шеќер имам се боцкам трипати на ден, рече пациентката.
Министерот Меџити ѝ пријде на пациентката и се обиде да ја смири, а притоа ѝ се извини за доцнењето на лентите.
Можам да ви кажам дека добро изгледате, добро се држите. Ќе има ленти. Навистина како министер се извинувам за тоа што доцнеа. Едно ве уверувам, јас како Фатмир Меџити, додека сум министер, нема да има доцнење со лековите, рече министерот Меџити.
Пензионерката му кажа дека има и ретка системска болест од која и отекува телото па побара помош за лекот кој ѝ помага, а министерот ги задолжи своите вработени да земат податоци за да може да ѝ помогне. Меџити ја советуваше да не излегува во периодот од 10 до 18 часот додека траат горештините и ја испрати во инсулинската аптека да си подигне ленти за кои уверува дека се веќе достапни за пациентите.

The post „Се утепав давајќи пари за ленти“, му порача револтирана жена на Меџити, тој ѝ врати дека добро му изгледа appeared first on Република.

]]>
Од следната недела ленти за мерење на шеќер низ аптеките https://republika.mk/vesti/od-slednata-nedela-lenti-za-merene-na-sheker-niz-aptekite/ Sun, 20 Aug 2023 14:50:12 +0000 https://republika.mk/?p=673918 Министерот за здравство Фатмир Меџити сподели на својот Фејсбук профил информација дека конечно е надминат „наследениот проблем со набавката на...

The post Од следната недела ленти за мерење на шеќер низ аптеките appeared first on Република.

]]>
Министерот за здравство Фатмир Меџити сподели на својот Фејсбук профил информација дека конечно е надминат „наследениот проблем со набавката на ленти за мерење шеќер“ и дијабетичарите веќе во текот на следната недела ќе може да ги набават во аптеките.

Тој истакна дека се прават максимални напори што побрзо да пристигнат и сензорите за дијабет. Со нив, вели министерот, децата по прв пат ќе може безболно да го мерат шеќерот во крвта и вети дека во неговиот мандат доцнење на набавка на лекови нема да има.

Наследените проблеми ги решаваме затоа што пациентите секогаш ми биле и ќе ми бидат на прво место. Го решивме наследениот проблем со недостаток на ленти за мерење на шеќер во крвта. Доволна количина ленти која ќе ги задоволи потребите на дијабетичарите е веќе на пат кон државта, а во текот на следната недела ќе бидат достапни во аптеките. Правиме и максимални напори наскоро да пристигнат и сензорите за дијабет кои по прв пат ќе може да ги користат децата за безболно мерење на шеќер, напиша тој.

Со ова, додава, ќе исполниме едно од најзначајните барања на дијабетичарите.

Им се заблагодарувам на трпението на пациентите и жалам за настанатата ситуација која е резултат на непостапувањето и негрижата на Беким Сали. Како што ветив, додека сум јас министер доцнење на лекови кои ги обезбедува Министерството за здравство нема да има, напиша министерот Меџити на Фејсбук.

The post Од следната недела ленти за мерење на шеќер низ аптеките appeared first on Република.

]]>
Дијабетичарите утре пред МЗ: Завршија сите рокови, логички, правни, измислени и смислени игри и манипулации на „нашата“ Влада https://republika.mk/vesti/makedonija/dijabeticharite-utre-pred-mz-zavrshija-site-rokovi-logichki-pravni-izmisleni-i-smisleni-igri-i-manipulatsii-na-nashata-vlada/ Thu, 20 Jul 2023 10:14:51 +0000 https://republika.mk/?p=663448

Утре во 19 часот дијабетичарите ќе излезат на предупредувачки протест пред Министерството за здравство оти немаат терапија и со месеци се оставени без ленти и глукомери.

Како што соопштуваат од Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија, се одлучиле за протест по долго трпение, конструктивност и соработка.

Завршија сите рокови, логички, правни, измислени и смислени игри и манипулации… Заврши времето на лаги и обезличување на 150.000 граѓани, на 45.000 лица со дијабетес на инсулин! Заврши сето што можеше ‘нашето’ Министерство за здравство и „нашата“ Влада, ги манипулираа 700 дечиња и млади со пумпи, сетови за пумпи, сензори, глукомери и со терапија! Имаме најиновативна инсулинска и анти – дијабетна терaпија, благодариме, но не ја добиваме! Зошто? Затоа што им поминаа и на администрацијата и на одгворните сите рокови … затоа што дојде време да си го земеме она што по Устав, закон и буџет ни следи, велат од Сојузот на дијабетичарите.

The post Дијабетичарите утре пред МЗ: Завршија сите рокови, логички, правни, измислени и смислени игри и манипулации на „нашата“ Влада appeared first on Република.

]]>

Утре во 19 часот дијабетичарите ќе излезат на предупредувачки протест пред Министерството за здравство оти немаат терапија и со месеци се оставени без ленти и глукомери. Како што соопштуваат од Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија, се одлучиле за протест по долго трпение, конструктивност и соработка.
Завршија сите рокови, логички, правни, измислени и смислени игри и манипулации… Заврши времето на лаги и обезличување на 150.000 граѓани, на 45.000 лица со дијабетес на инсулин! Заврши сето што можеше ‘нашето’ Министерство за здравство и „нашата“ Влада, ги манипулираа 700 дечиња и млади со пумпи, сетови за пумпи, сензори, глукомери и со терапија! Имаме најиновативна инсулинска и анти – дијабетна терaпија, благодариме, но не ја добиваме! Зошто? Затоа што им поминаа и на администрацијата и на одгворните сите рокови … затоа што дојде време да си го земеме она што по Устав, закон и буџет ни следи, велат од Сојузот на дијабетичарите.

The post Дијабетичарите утре пред МЗ: Завршија сите рокови, логички, правни, измислени и смислени игри и манипулации на „нашата“ Влада appeared first on Република.

]]>
Дијабетичарите во Македонија бараат промена на моделот за набавка на глукомери и ленти за лицата со инсулинска терапија https://republika.mk/zivot/zdravje/dijabeticharite-vo-makedonija-baraat-promena-na-modelot-za-nabavka-na-glukomeri-i-lenti-za-licata-so-insulinska-terapija/ Tue, 28 Jun 2022 11:19:20 +0000 https://republika.mk/?p=520728

Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДСМ) бара промена на моделот за набавка на глукомери и ленти за секое лице со дијабетес со инсулинска терапија, со цел нивна навремена дистрибуција и достапност во аптеките, но засега немаат одговор од Министерството за здравсто, ниту од ресорниот министер Беким Сали и покрај обидите во последните шест месеци за воспоставување редовна комункација со него.

Како што изјави на прес-конференција претседателот на СЗДСМ, Диме Велев, како здружение заедно со своите членки пред три месеци поднеле и официјално писмено барање за промена на моделот за набавка на глукомери и ленти, а за истото барање од канцеларијата на премиерот добиле писмено исвестување дека постапката ја започнале и дека го чекаат министерот за здравство.

Упатуваме барање до претседателот на Владата, Ковачевски како по закон најнадлежен за состојбите во извршната власт да ја заокружат постапката за промена на моделот за набавка на глукомери и ленти. Бараме лентите и апаратите да се тргнат од тендерската постапка за набавка на инсулин и истите да бидат со дефинирана референтна цена и достапни во сите аптеки. Ако и овој наш предлог не сте во можност да го прифатите и спроведете, тогаш барем одвојте ги двете тендерски постапки-посебен тендер за инсулинска и друга антидијабетична терапија и посебен тендер за апарати, ленти, пумпи, сензори и други медицински помагала. Се работи за 45.000 кои имаат право на квалитетна терапија и на квалитетни медицински помагала - изјави Велев.

Тој при изрази благодарност што во последните неколку години се во можност да користат најсовремена инсулинска и друга терапија набавена преку официјални ланци на снабдување и дека тоа ќе продолжи и во иднина без никакви можности за набавка со паралелен увоз.

Претседателката на „БАЛАНС МК“ Наташа Деспотовска Димитриева изјави дека во земјава има 600 деца до 18 години, односно деца и адолесценти со тип 1 дијабетес, а вкупно 5 илјади лица со тип 1 дијабетес кои се комплетно зависни со инсулин, при што е забележан драстичен пораст на дијабетот тип 1 особено кај детската популација во земјава, но и на глобално ниво.

Ако се зборува за детската популација, значи не само во детската популација туку и воопшто Ковидот влијаеше многу не само кај нас во Македонија туку и во светски рамки, порастот на лица особено со тип 1 дијабетес е во драматичен пораст. Тоа се одрази кај нас. Ако ние на годишно ниво до пред две години имавме во просек од 30 до 40 деца, лани на пример на Детската клиника се дијагностицираа 70 деца. Оваа година која не е ни до пола измината, веќе имаме 30 нови дечиња со дијабетес тип 1 - изјави Деспотовска Димитриева.

Велев, прашан во однос на дистрибуцијата на лентите и глукомерите за лицата со инсулинската терапија, посочи дека во Скопје останува проблемот со ненавремена дистрибуција и редистрибуција.

Другите градови се релативно снабдени и има недостатоци но не драматични, не беа многу високи. Се работи за ден-два. Додека во Скопје имаме појава оваа година каде што во аптеките во здравствените домови овде во Скопје не се врши навреме редистрибуција или дистрибуција. Поточно, Министерството за здравство дава информација, што е точно, дека е доставено до централно депо на инсулинска аптека. За понатаму како се врши никој не може да влеземе во трка затоа што нашите членови во Скопје секој месец по два-три пати мора да интервенираат за да се достават од една до друга аптека лентите и апаратите па пациентите да ги добијат навремено. За жал, тука имаме лица и со тип 1 кои по два-три месеци не можат да си подигнат ни ленти, ни апарат - нагласува Велев.

Тој воедно посочува и дека, покрај кај тип 1 порапидно зголемување на случаи има и кај тип 2 дијабетес особено кај поризичните пациенти кои биле и клинички третирани со КОВИД, па покрај гестациски дијабет веќе имаме и постковид дијабетес и во светски рамки и во земјава, но, вели, се надеваме дека тој ќе биде времен слично како и гестацискиот и дека нема да биде траен.

The post Дијабетичарите во Македонија бараат промена на моделот за набавка на глукомери и ленти за лицата со инсулинска терапија appeared first on Република.

]]>

Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДСМ) бара промена на моделот за набавка на глукомери и ленти за секое лице со дијабетес со инсулинска терапија, со цел нивна навремена дистрибуција и достапност во аптеките, но засега немаат одговор од Министерството за здравсто, ниту од ресорниот министер Беким Сали и покрај обидите во последните шест месеци за воспоставување редовна комункација со него. Како што изјави на прес-конференција претседателот на СЗДСМ, Диме Велев, како здружение заедно со своите членки пред три месеци поднеле и официјално писмено барање за промена на моделот за набавка на глукомери и ленти, а за истото барање од канцеларијата на премиерот добиле писмено исвестување дека постапката ја започнале и дека го чекаат министерот за здравство.
Упатуваме барање до претседателот на Владата, Ковачевски како по закон најнадлежен за состојбите во извршната власт да ја заокружат постапката за промена на моделот за набавка на глукомери и ленти. Бараме лентите и апаратите да се тргнат од тендерската постапка за набавка на инсулин и истите да бидат со дефинирана референтна цена и достапни во сите аптеки. Ако и овој наш предлог не сте во можност да го прифатите и спроведете, тогаш барем одвојте ги двете тендерски постапки-посебен тендер за инсулинска и друга антидијабетична терапија и посебен тендер за апарати, ленти, пумпи, сензори и други медицински помагала. Се работи за 45.000 кои имаат право на квалитетна терапија и на квалитетни медицински помагала - изјави Велев.
Тој при изрази благодарност што во последните неколку години се во можност да користат најсовремена инсулинска и друга терапија набавена преку официјални ланци на снабдување и дека тоа ќе продолжи и во иднина без никакви можности за набавка со паралелен увоз. Претседателката на „БАЛАНС МК“ Наташа Деспотовска Димитриева изјави дека во земјава има 600 деца до 18 години, односно деца и адолесценти со тип 1 дијабетес, а вкупно 5 илјади лица со тип 1 дијабетес кои се комплетно зависни со инсулин, при што е забележан драстичен пораст на дијабетот тип 1 особено кај детската популација во земјава, но и на глобално ниво.
Ако се зборува за детската популација, значи не само во детската популација туку и воопшто Ковидот влијаеше многу не само кај нас во Македонија туку и во светски рамки, порастот на лица особено со тип 1 дијабетес е во драматичен пораст. Тоа се одрази кај нас. Ако ние на годишно ниво до пред две години имавме во просек од 30 до 40 деца, лани на пример на Детската клиника се дијагностицираа 70 деца. Оваа година која не е ни до пола измината, веќе имаме 30 нови дечиња со дијабетес тип 1 - изјави Деспотовска Димитриева.
Велев, прашан во однос на дистрибуцијата на лентите и глукомерите за лицата со инсулинската терапија, посочи дека во Скопје останува проблемот со ненавремена дистрибуција и редистрибуција.
Другите градови се релативно снабдени и има недостатоци но не драматични, не беа многу високи. Се работи за ден-два. Додека во Скопје имаме појава оваа година каде што во аптеките во здравствените домови овде во Скопје не се врши навреме редистрибуција или дистрибуција. Поточно, Министерството за здравство дава информација, што е точно, дека е доставено до централно депо на инсулинска аптека. За понатаму како се врши никој не може да влеземе во трка затоа што нашите членови во Скопје секој месец по два-три пати мора да интервенираат за да се достават од една до друга аптека лентите и апаратите па пациентите да ги добијат навремено. За жал, тука имаме лица и со тип 1 кои по два-три месеци не можат да си подигнат ни ленти, ни апарат - нагласува Велев.
Тој воедно посочува и дека, покрај кај тип 1 порапидно зголемување на случаи има и кај тип 2 дијабетес особено кај поризичните пациенти кои биле и клинички третирани со КОВИД, па покрај гестациски дијабет веќе имаме и постковид дијабетес и во светски рамки и во земјава, но, вели, се надеваме дека тој ќе биде времен слично како и гестацискиот и дека нема да биде траен.

The post Дијабетичарите во Македонија бараат промена на моделот за набавка на глукомери и ленти за лицата со инсулинска терапија appeared first on Република.

]]>
“Шверцувале“ здрави играчи: Босна и Херцеговина е еврпски шампион во фудбал за дијабетичари, но со измама https://republika.mk/sport/fudbal/shvercuvale-zdravi-igrachi-bosna-i-hercegovina-e-evrpski-shampion-vo-fudbal-za-dijabetichari-no-so-izmama/ Fri, 10 Jun 2022 12:55:46 +0000 https://republika.mk/?p=513535

Дали сте знаеле дека постои репрезентаија во дудбал на дијабетичари. Европски шампиони се Босна и Херцеговина. Но тие со години им фалсификуваат лажни дијагнози на играчите.

Според „Независне“, тимот кој е наречен „најслатката репрезентација“ направил измама од светски размери. Со шверц на фудбалери кои немаат дијабетес тие станаа европски шампиони (Диа евро).

Поранешниот селектор Саша Витковиќ и играчот Зијад Карчиќ тврдат дека влезот на лажни дијабетичари во репрезентацијата го овозможил нејзиниот основач и клупски лекар Мидхат Мујиќ. Тој им напишал потврди на здрави играчи дека ја имаат оваа болест, а во исто време давал инструкции како да се однесуваат и да ги измамат сите околу нив. Докторот на организаторите им испрати ЕУРО потврда за болеста на играчот и гаранција дека за вистинитоста на наводите ќе одговара Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево.

The post “Шверцувале“ здрави играчи: Босна и Херцеговина е еврпски шампион во фудбал за дијабетичари, но со измама appeared first on Република.

]]>

Дали сте знаеле дека постои репрезентаија во дудбал на дијабетичари. Европски шампиони се Босна и Херцеговина. Но тие со години им фалсификуваат лажни дијагнози на играчите. Според „Независне“, тимот кој е наречен „најслатката репрезентација“ направил измама од светски размери. Со шверц на фудбалери кои немаат дијабетес тие станаа европски шампиони (Диа евро). Поранешниот селектор Саша Витковиќ и играчот Зијад Карчиќ тврдат дека влезот на лажни дијабетичари во репрезентацијата го овозможил нејзиниот основач и клупски лекар Мидхат Мујиќ. Тој им напишал потврди на здрави играчи дека ја имаат оваа болест, а во исто време давал инструкции како да се однесуваат и да ги измамат сите околу нив. Докторот на организаторите им испрати ЕУРО потврда за болеста на играчот и гаранција дека за вистинитоста на наводите ќе одговара Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево.

The post “Шверцувале“ здрави играчи: Босна и Херцеговина е еврпски шампион во фудбал за дијабетичари, но со измама appeared first on Република.

]]>