дијабетес тип 1 Archives - Република https://republika.mk/tema/dijabetes-tip-1/ За подобро да се разбереме Sun, 26 May 2024 18:41:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дијабетес тип 1 Archives - Република https://republika.mk/tema/dijabetes-tip-1/ 32 32 Сензорите за мерење шеќер кај децата со дијабетес тип 1, наместо 14 дена, траат по 3 дена и се неквалитетни https://republika.mk/zivot/zdravje/senzorite-za-merene-sheker-kaj-detsata-so-dijabetes-tip-1-namesto-14-dena-traat-po-3-dena-i-se-nekvalitetni/ Sun, 26 May 2024 18:41:20 +0000 https://republika.mk/?p=781874

Сензорите за мерење шеќер кај децата со дијабетес тип 1, наместо по 14 дена, траат по 3 до 4 дена и се неквалитетни, изјави денеска таткото на 11 годишната Јана Костадинова. Неа пред една година случајно и била откриена дијагнозата. Јана беше меѓу првите деца на кои им беше поставен сензор, за да се олесни мерењето на гликемија. Но, нејзиниот татко е дециден, сензорите не траат доволно долго и тој е изложен на дополнителни трошоци бидејќи купува нов секој месец и тоа го чини 100 евра од сопствен џеб. Сензорите инаку беа набавени додека министер за здравство беше Фатмир Меџити со ветување дека на ваков начин, наместо со класично боцкање, шеќерот кај децата ќе може да се следи со сензорот, пренесува Слободен печат.

Сензорите треба да траат 14 дена, а нам ни траат три до четири дена. Трансмитерот откажува и после тоа сме во прашалници и си купуваме на приватно. Тоа месечно не чини уште 100 дополнителни евра. Трансмитерите не траат повеќе од три до четири дена. Значи, ни даваат 12 сензори за 6 месеци, а еден сензор трае три четири дена, изјави Костадин Костадинов, татко на Јана.

Сојузот на здруженија на дијабетичари бара референтна цена за терапијата и за сите медицински помагала. Тоа со едноставни зборови значи, дека тие бараат државата наместо на тендер да обезбедува глукомери, игли и сензори, на секој дијабетичар да му дава одредена сума во вид на ваучер, па пациентите самите да си одлучат што ќе купат во износ од таа цена во комерцијалните аптеки.

Следната година очекуваме да нема тендери, туку да се промени моделот и да се вклучи моделот со отворен пазар и референтна цена. Граѓаните и младите треба да бидат здрави и да можат нормално да живеат. Бараме сите пациенти со тип 1 дијабетес да добијат сензори, а тие со тип 2 дијабетес да добијат нова терапија. Ние на позитивната листа добиваме само два лека, а другите седма година си ги купуваме на приватно. Ако се смени позитивната листа, би требало да добиеме нови 7 лекови, изјави претседателот на Сојузот Диме Велев.

Во Македонија има повеќе од 100 илјади пациенти со дијабетес од кои 650 се деца.

The post Сензорите за мерење шеќер кај децата со дијабетес тип 1, наместо 14 дена, траат по 3 дена и се неквалитетни appeared first on Република.

]]>

Лек што го обновува лачењето инсулин до 48 часа кај лица со дијабетес 1 https://republika.mk/zivot/zdravje/lek-shto-go-obnovuva-lacheneto-insulin-do-48-chasa-kaj-litsa-so-dijabetes-1/ Wed, 10 Jan 2024 11:32:02 +0000 https://republika.mk/?p=731538

Ново научно откритие нуди надеж за лекување дијабетес со регенерирани клетки коишто произведуваат инсулин, имитирајќи ги природните функции.

Луѓето кои страдаат од дијабетес имаат проблем со неправилно функционирање на панкреасот. Затоа, за да се регулира неговата работа, односно нивото на инсулин во крвта, најчесто мора да консумираат вештачки замени во облик на таблети или инјекции. Но, неодамнешните испитувања покажаа напредок во обновувањето на клетките што создаваат инсулин во панкреасот. Предводени од научниците од австралискиот Институт за срце и дијабетес „Бејкер“, во истражувањето се користени лекови одобрени од американската Федерална администрација за лекови (ФДА) коишто се насочуваат кон ензимот ЕЗХ-2 за да ги стимулира прогениторните дуктални клетки на панкреасот.

Поттикнувањето на ЕЗХ-2 е од суштинско значење за потенцијалот за регенерација на бета-клетките, според авторите. Научниот труд е објавен во списанието „Сигнал трансдакшн енд таргетед терапи“ (Signal Transduction and Targeted Therapy).

Дукталните клетки одговорни за обложување на каналите на панкреасот, при испитувањата биле поттикнати да ја имитираат функцијата на дефицитарните бета-клетки кај луѓе со дијабетес тип 1. А пак, ГСК-126 и Таземетостат - два инхибитори на мали молекули коишто веќе се одобрени за третман на рак, биле клучни за ублажување на ограничувањето што го наметнува ензимот ЕЗХ-2, дозволувајќи им на дукталните клетки да развијат функции слични на оние на бета-клетките.

Овој иновативен пристап се однесува на автоимуното уништување на бета-клетките кај дијабетес тип 1, каде што управувањето со инсулинот и гликозата се потпира на редовни инјекции. Важно - регенерираните клетки покажаа способност да чувствуваат гликоза, прилагодувајќи го лачењето инсулин.

Тестовите, кои користеа примероци од ткиво од 56-годишници без дијабетес и луѓе од најразлична возраст со дијабетес тип 1, открија конзистентни резултати. Охрабрувачки, нормалното лачење инсулин продолжи во рок од 48 часа по стимулацијата.

Се проценува дека околу 422 милиони луѓе во светот имаат дијабетес, па ваков и слични лекови би можеле многу да им го олеснат животот. Иако клиничките испитувања допрва треба да се спроведат, гореспоменатото истражување претставува потенцијален начин за обновување на телесните функции погодени од дијабетесот.

The post Лек што го обновува лачењето инсулин до 48 часа кај лица со дијабетес 1 appeared first on Република.

]]>

Ново научно откритие нуди надеж за лекување дијабетес со регенерирани клетки коишто произведуваат инсулин, имитирајќи ги природните функции. Луѓето кои страдаат од дијабетес имаат проблем со неправилно функционирање на панкреасот. Затоа, за да се регулира неговата работа, односно нивото на инсулин во крвта, најчесто мора да консумираат вештачки замени во облик на таблети или инјекции. Но, неодамнешните испитувања покажаа напредок во обновувањето на клетките што создаваат инсулин во панкреасот. Предводени од научниците од австралискиот Институт за срце и дијабетес „Бејкер“, во истражувањето се користени лекови одобрени од американската Федерална администрација за лекови (ФДА) коишто се насочуваат кон ензимот ЕЗХ-2 за да ги стимулира прогениторните дуктални клетки на панкреасот. Поттикнувањето на ЕЗХ-2 е од суштинско значење за потенцијалот за регенерација на бета-клетките, според авторите. Научниот труд е објавен во списанието „Сигнал трансдакшн енд таргетед терапи“ (Signal Transduction and Targeted Therapy). Дукталните клетки одговорни за обложување на каналите на панкреасот, при испитувањата биле поттикнати да ја имитираат функцијата на дефицитарните бета-клетки кај луѓе со дијабетес тип 1. А пак, ГСК-126 и Таземетостат - два инхибитори на мали молекули коишто веќе се одобрени за третман на рак, биле клучни за ублажување на ограничувањето што го наметнува ензимот ЕЗХ-2, дозволувајќи им на дукталните клетки да развијат функции слични на оние на бета-клетките. Овој иновативен пристап се однесува на автоимуното уништување на бета-клетките кај дијабетес тип 1, каде што управувањето со инсулинот и гликозата се потпира на редовни инјекции. Важно - регенерираните клетки покажаа способност да чувствуваат гликоза, прилагодувајќи го лачењето инсулин. Тестовите, кои користеа примероци од ткиво од 56-годишници без дијабетес и луѓе од најразлична возраст со дијабетес тип 1, открија конзистентни резултати. Охрабрувачки, нормалното лачење инсулин продолжи во рок од 48 часа по стимулацијата. Се проценува дека околу 422 милиони луѓе во светот имаат дијабетес, па ваков и слични лекови би можеле многу да им го олеснат животот. Иако клиничките испитувања допрва треба да се спроведат, гореспоменатото истражување претставува потенцијален начин за обновување на телесните функции погодени од дијабетесот.  

The post Лек што го обновува лачењето инсулин до 48 часа кај лица со дијабетес 1 appeared first on Република.

]]>
Mинистерот за здравство ги замолил компаниите да донесат ленти и апарати за дијабетичарите https://republika.mk/zivot/zdravje/ministerot-za-zdravstvo-gi-zamolil-kompaniite-da-donesat-lenti-i-aparati-za-dijabeticharite/ Wed, 08 Nov 2023 15:27:49 +0000 https://republika.mk/?p=699600

Mинистерот за здравство Фатмир Меџити денеска изјави дека се прават напори за побзра набавка на ленти и апарти за дијабетичарите.

- Проблемот со дијабетичарите го знаете, доцнел тендерот. Компанијата има рок од три до шест месеци што уште не е поминат, но нашите напори беа максимални, ја замоливме и компанијата за разбирање за да може побрзо да ги донесе тие ленти и апарати, рече Меџити, во одговор на новинарско прашање за проблемите на дијабетичарите.

Тој во неговата изјава при денешната посета на Клиниката за радиотерапија и онкологија потсети дека веќе се пристигнати 17 илјади ленти и апарати пред две недели и информираше дека тие веќе се распределени по инсулинските аптеки

The post Mинистерот за здравство ги замолил компаниите да донесат ленти и апарати за дијабетичарите appeared first on Република.

Александар Зверев, врвен тенисер и со дијабетес тип 1 https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/aleksandar-zverev-vrven-teniser-i-so-dijabetes-tip-1/ Tue, 16 May 2023 10:28:04 +0000 https://republika.mk/?p=641299

Александар Зверев е  херој на сите луѓе на планетата кои страдаат од дијабетес тип 1.Ова е тешка и смртоносна автоимуна болест која најмногу ги погодува децата и најмладите.

Најважна е дисциплината, и во исхраната и во начинот на живот. Луѓето со дијабетес тип 1 мора да инјектираат инсулин во телото преку пена или пумпа, бидејќи нивниот панкреас не произведува бета клетки.

Александар Зверев му вбризга инсулин во телото на паузата на мечот против Белгиецот Давид Гофан. Како што можеме да видиме на видеото, тој прво пиел сок, а потоа земал пенкало со инсулин и го вбризгнал во мускулот на бутот.

Со овој потег Александар Зверев ја освести целата планета дека има многу луѓе кои боледуваат од дијабетес тип 1 и дека луѓето ширум светот не треба да имаат предрасуди кон оние кои боледуваат од оваа болест и се пикаат по неколку пати на ден.

Сите оние кои немаат сензор треба да се боцкаат барем четири пати за да го измерат нивото на шеќер во крвта, а потоа повторно да инјектираат инсулин.

Германскиот тенисер со руско потекло добил дијабетес уште како осумгодишно момче. Тогаш прогнозите биле мрачни за него, бидејќи  му велеа дека никогаш нема да може да стане врвен тенисер. Александар Зверев ги увери сите и покажа дека секој дијабетичар може да биде успешен во која било гранка од животот како и секој друг човек.

The post Александар Зверев, врвен тенисер и со дијабетес тип 1 appeared first on Република.

]]>

Александар Зверев е  херој на сите луѓе на планетата кои страдаат од дијабетес тип 1.Ова е тешка и смртоносна автоимуна болест која најмногу ги погодува децата и најмладите. Најважна е дисциплината, и во исхраната и во начинот на живот. Луѓето со дијабетес тип 1 мора да инјектираат инсулин во телото преку пена или пумпа, бидејќи нивниот панкреас не произведува бета клетки. Александар Зверев му вбризга инсулин во телото на паузата на мечот против Белгиецот Давид Гофан. Како што можеме да видиме на видеото, тој прво пиел сок, а потоа земал пенкало со инсулин и го вбризгнал во мускулот на бутот. Со овој потег Александар Зверев ја освести целата планета дека има многу луѓе кои боледуваат од дијабетес тип 1 и дека луѓето ширум светот не треба да имаат предрасуди кон оние кои боледуваат од оваа болест и се пикаат по неколку пати на ден. Сите оние кои немаат сензор треба да се боцкаат барем четири пати за да го измерат нивото на шеќер во крвта, а потоа повторно да инјектираат инсулин. Германскиот тенисер со руско потекло добил дијабетес уште како осумгодишно момче. Тогаш прогнозите биле мрачни за него, бидејќи  му велеа дека никогаш нема да може да стане врвен тенисер. Александар Зверев ги увери сите и покажа дека секој дијабетичар може да биде успешен во која било гранка од животот како и секој друг човек.

The post Александар Зверев, врвен тенисер и со дијабетес тип 1 appeared first on Република.

]]>