дигитален филм Archives - Република https://republika.mk/tema/digitalen-film/ За подобро да се разбереме Thu, 12 May 2022 09:16:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дигитален филм Archives - Република https://republika.mk/tema/digitalen-film/ 32 32 Светска премиера на филмот на Зоран Попоски во Лос Анџелес https://republika.mk/scena/film/svetska-premiera-na-filmot-na-zoran-poposki-vo-los-andzeles/ Thu, 12 May 2022 09:16:18 +0000 https://republika.mk/?p=501367

Македонскиот дигитален уметник Зоран Попоски е меѓу 125-те водечки глобални имиња во дигиталната продукција застапени на Филмскиот фестивал за нови медиуми во Лос Анџелес од 1 до 2 јуни 2022 година. На фестивалот ќе се реализира светската премиера на поетскиот филм на Попоски, „Уништен свет“, прв кус уметнички филм во целост создаден со користење на вештачка интелигенција.

На 13-тото издание на Филмскиот фестивал за нови медиуми во Лос Анџелес ќе бидат претставени вкупно 85 премиерни прикажувања од речиси 30 земји на дела создадени со најсовремени технологии од доменот на филмот, компјутерските игри, дополнетата реалност, виртуелната реалност и вештачката интелигенција. Жирито на фестивалот е составено од водечки светски експерти од глобални продукциски компании, како „Марвел“, Ејч-би-о, Би-би-си, наградите „Еми“, магазинот „Ролинг стоун“ и многу други.

Филмот на Попоски е номиниран за награда во категоријата дополнета реалност, вештачка интелигенција, емоционална реалност и 5Д.

Оваа номинација е признание за иновативноста и креативниот пристап кон користењето на вештачката интелигенција за кокреација на заокружено филмско дело во кое сите елементи – визуелни, текстуални и музички – се создадени со помош на вештачка интелигенција“, изјави Попоски.

Зоран Попоски магистрирал уметност во нови медиуми во Австрија и САД, а докторирал студии на културата во Скопје. Има реализирано над 100 меѓународни изложби и е добитник на повеќе светски награди за уметност.

The post Светска премиера на филмот на Зоран Попоски во Лос Анџелес appeared first on Република.

]]>

Македонскиот дигитален уметник Зоран Попоски е меѓу 125-те водечки глобални имиња во дигиталната продукција застапени на Филмскиот фестивал за нови медиуми во Лос Анџелес од 1 до 2 јуни 2022 година. На фестивалот ќе се реализира светската премиера на поетскиот филм на Попоски, „Уништен свет“, прв кус уметнички филм во целост создаден со користење на вештачка интелигенција. На 13-тото издание на Филмскиот фестивал за нови медиуми во Лос Анџелес ќе бидат претставени вкупно 85 премиерни прикажувања од речиси 30 земји на дела создадени со најсовремени технологии од доменот на филмот, компјутерските игри, дополнетата реалност, виртуелната реалност и вештачката интелигенција. Жирито на фестивалот е составено од водечки светски експерти од глобални продукциски компании, како „Марвел“, Ејч-би-о, Би-би-си, наградите „Еми“, магазинот „Ролинг стоун“ и многу други. Филмот на Попоски е номиниран за награда во категоријата дополнета реалност, вештачка интелигенција, емоционална реалност и 5Д.