ДИЕГОМАРАДОНА Archives - Република https://republika.mk/tema/diegomaradona/ За подобро да се разбереме Fri, 31 May 2024 05:57:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ДИЕГОМАРАДОНА Archives - Република https://republika.mk/tema/diegomaradona/ 32 32 Златната топка на Марадона што му ја украла италијанската мафија оди на аукција https://republika.mk/sport/fudbal/zlatnata-topka-na-maradona-shto-mu-ja-ukrala-italijanskata-mafija-odi-na-auktsija/ Fri, 31 May 2024 07:01:31 +0000 https://republika.mk/?p=783335

Францускиот суд одлучи дека аукцијата на трофејот што му беше доделен на легендарниот фудбалер Диего Марадона за најдобар играч на Светското првенство во 1986 година може да се одржи според планираното, и покрај противењето на неговите наследници, изјави денеска нивниот адвокат.

Наследниците на Марадона се обидоа да ја спречат аукцијата на Златната топка, која легендарниот Аргентинец ја освои во 1986 година на Светското првенство во Мексико, со поведување итен судски спор.
Адвокатот Гил Мор изјави дека судската пресуда „не е поволна за наследниците на Диего Марадона“. Тој додаде дека неговите клиенти биле изненадени од пресудата на судот во Нантер.
Трофејот треба да се најде на аукција следниот четврток во Париз, објави претходно аукциската куќа Агит.
Овој трофеј беше изгубен со децении, но неодамна излезе на површина. Наследниците на Марадона велат дека трофејот е украден и тврдат дека сегашниот сопственик нема право да го продаде.
Аргументот на аукциската куќа е дека тој што го купил трофејот пред многу години не знаел дека е украден.

Марадона го доби тој трофеј на церемонија во кабарето Лидо на Шанзелизе во 1986 година. Трофејот подоцна исчезна и за него кружеа разни гласини.

Според една од верзиите, Марадона го загубил на покер или го продал за да си ги плати долговите. Се шпекулираше и дека Марадона го чувал во банка во Неапол, која била ограбена од локални гангстери во 1989 година, кога тој играше за локалниот Наполи.

Диего Марадона, кој почина во 2020 година на 60-годишна возраст, ја освои Златната топка во 1986 година, за најдобар играч на Светското првенство во кое ја предводеше Аргентина до титулата

The post Златната топка на Марадона што му ја украла италијанската мафија оди на аукција appeared first on Република.

]]>

Францускиот суд одлучи дека аукцијата на трофејот што му беше доделен на легендарниот фудбалер Диего Марадона за најдобар играч на Светското првенство во 1986 година може да се одржи според планираното, и покрај противењето на неговите наследници, изјави денеска нивниот адвокат. Наследниците на Марадона се обидоа да ја спречат аукцијата на Златната топка, која легендарниот Аргентинец ја освои во 1986 година на Светското првенство во Мексико, со поведување итен судски спор. Адвокатот Гил Мор изјави дека судската пресуда „не е поволна за наследниците на Диего Марадона“. Тој додаде дека неговите клиенти биле изненадени од пресудата на судот во Нантер. Трофејот треба да се најде на аукција следниот четврток во Париз, објави претходно аукциската куќа Агит. Овој трофеј беше изгубен со децении, но неодамна излезе на површина. Наследниците на Марадона велат дека трофејот е украден и тврдат дека сегашниот сопственик нема право да го продаде. Аргументот на аукциската куќа е дека тој што го купил трофејот пред многу години не знаел дека е украден. Марадона го доби тој трофеј на церемонија во кабарето Лидо на Шанзелизе во 1986 година. Трофејот подоцна исчезна и за него кружеа разни гласини. Според една од верзиите, Марадона го загубил на покер или го продал за да си ги плати долговите. Се шпекулираше и дека Марадона го чувал во банка во Неапол, која била ограбена од локални гангстери во 1989 година, кога тој играше за локалниот Наполи. Диего Марадона, кој почина во 2020 година на 60-годишна возраст, ја освои Златната топка во 1986 година, за најдобар играч на Светското првенство во кое ја предводеше Аргентина до титулата

The post Златната топка на Марадона што му ја украла италијанската мафија оди на аукција appeared first on Република.

]]>
Двајца новинари во Украина си ги спасиле животите благодарение на Марадона https://republika.mk/vesti/svet/dvajca-novinari-vo-ukraina-si-gi-spasile-zivotite-blagodarenie-na-maradona/ Sat, 12 Mar 2022 18:53:40 +0000 https://republika.mk/?p=471823

Случувањата во Украина предизвикуваат огромен интерес ширум светот, поради што голем број медиуми од различни земји испратија свои репортери кои од терен известуваат за случувањата.  Но, поради големата напнатост меѓу двете страни, тие честопати, извршувајќи ги своите работни обврски, запаѓаат во опасни ситуации.

Таква е случката што ја доживеале двајца новинари од Јужна Америка, кои известувале за „Чилевизион“ и кои биле уапсени од украинската полиција. Притоа, од поголеми проблеми ги спасил, верувале или не, Диего Армандо Марадона.

Случувањето го раскажува новинарот Даниел Матамала, на својот Инстаграм профил.

На еден од контролните пунктови, полицијата ни ги задржа документите, камерите и телефоните и не одведоа во станица. Првичното испрашување беше многу тензично, тоа е земја во војна и се сомневаат да не има шпиони, саботери ... - вели новинарот.

Како што објаснува тој, не било лесно да се надмине јазичната бариера, но во таа напната ситуација им помогнал универзалниот јазик на фудбалот.

Еден од полицајците ги виде пасошите на мојот колега од Аргентина и и изговори два збора коишто многу добро ги разбравме, „Меси“, „Марадона“. Тука се смени целиот разговор - вели Маталана.

Токму е легендарниот Диего, кој е познат во целиот свет имал улога на медијатор во ситуацијата.

Нашиот снимател ја покажа тетоважата од Марадона што ја има на ногата и благодарение на тоа разговорот стана пријателски и ни беше овозможено да заминеме без проблеми. Се благодарение на „Божјата рака“ на Марадона - вели Маталана, кој споделува и фотографија од тетоважата што можеби им ги спасила животите.

The post Двајца новинари во Украина си ги спасиле животите благодарение на Марадона appeared first on Република.

]]>

Случувањата во Украина предизвикуваат огромен интерес ширум светот, поради што голем број медиуми од различни земји испратија свои репортери кои од терен известуваат за случувањата.  Но, поради големата напнатост меѓу двете страни, тие честопати, извршувајќи ги своите работни обврски, запаѓаат во опасни ситуации. Таква е случката што ја доживеале двајца новинари од Јужна Америка, кои известувале за „Чилевизион“ и кои биле уапсени од украинската полиција. Притоа, од поголеми проблеми ги спасил, верувале или не, Диего Армандо Марадона. Случувањето го раскажува новинарот Даниел Матамала, на својот Инстаграм профил.