ди-те-пер Archives - Република https://republika.mk/tema/di-te-per/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Mar 2024 08:36:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ди-те-пер Archives - Република https://republika.mk/tema/di-te-per/ 32 32 Во градинки ќе се примаат деца со три дози ДиТеПер вакцина и задолжителна ревакцина за шест месеци https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-gradinki-ke-se-primaat-detsa-so-tri-dozi-diteper-vaktsina-i-zadolzhitelna-revaktsina-za-shest-mesetsi/ Mon, 18 Mar 2024 08:36:52 +0000 https://republika.mk/?p=755760

Децата кои имаат примени три дози вакцина ДиТеПер против пертусис (голема кашлица) од денеска може да одат во градинка со услов за ревакцина во наредните шест месеци. Тоа е овозможено со одлуката што ја донесе во петокот министерот за здравство Илир Демири, по препорака на Комисијата за заразни болести за промена на претходната одлука за забрана за прием на невакцинирани и нецелосно вакцинирани деца поради прогласената епидемија на голема кашлица во Скопје.

Државниот санитарен здравствен инспекторат (ДСЗИ) минатата недела изврши стотина вонредни инспекциски надзори низ градинки во кои, како што информираше директорката Рената Младеновска, утврдено е дека се почитува решението за забрана за прием на нецелосно или делумно вакцинирани деца.

Податоците на ДСЗИ покажуваат дека за разлика од Скопје каде околу 50 отсто не се вакцинирани со ДТП, во внатрешноста е значително повисок процентот на вакцинирани и изнесува над 95 проценти.

Од 15 март во државава се достапни и вакцини против пертусис и за возрасни и како што информираше Министерството за здравство граѓаните можат да се обратат во вакциналните пунктови.

Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), од 8 до 14 март се регистрирани нови 43 случаи на голема кашлица, со што бројот на заболени достигна 216.

По однос на место на живеење, најголем број лица живеат во Скопје - 190 или 88 проценти во четиринаесет различни општини, осум лица се од Тетово, петмина живеат во Куманово, во Гостивар три и по еден случај е регистриран од Струга, Струмица, Дебар, Крива Паланка, Битола, Кавадарци и од Кочани, покажуваат податоцоте на ИЈЗ

The post Во градинки ќе се примаат деца со три дози ДиТеПер вакцина и задолжителна ревакцина за шест месеци appeared first on Република.

]]>

Децата кои имаат примени три дози вакцина ДиТеПер против пертусис (голема кашлица) од денеска може да одат во градинка со услов за ревакцина во наредните шест месеци. Тоа е овозможено со одлуката што ја донесе во петокот министерот за здравство Илир Демири, по препорака на Комисијата за заразни болести за промена на претходната одлука за забрана за прием на невакцинирани и нецелосно вакцинирани деца поради прогласената епидемија на голема кашлица во Скопје. Државниот санитарен здравствен инспекторат (ДСЗИ) минатата недела изврши стотина вонредни инспекциски надзори низ градинки во кои, како што информираше директорката Рената Младеновска, утврдено е дека се почитува решението за забрана за прием на нецелосно или делумно вакцинирани деца. Податоците на ДСЗИ покажуваат дека за разлика од Скопје каде околу 50 отсто не се вакцинирани со ДТП, во внатрешноста е значително повисок процентот на вакцинирани и изнесува над 95 проценти. Од 15 март во државава се достапни и вакцини против пертусис и за возрасни и како што информираше Министерството за здравство граѓаните можат да се обратат во вакциналните пунктови. Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), од 8 до 14 март се регистрирани нови 43 случаи на голема кашлица, со што бројот на заболени достигна 216.
По однос на место на живеење, најголем број лица живеат во Скопје - 190 или 88 проценти во четиринаесет различни општини, осум лица се од Тетово, петмина живеат во Куманово, во Гостивар три и по еден случај е регистриран од Струга, Струмица, Дебар, Крива Паланка, Битола, Кавадарци и од Кочани, покажуваат податоцоте на ИЈЗ

The post Во градинки ќе се примаат деца со три дози ДиТеПер вакцина и задолжителна ревакцина за шест месеци appeared first on Република.

]]>
Демири: За вакцинирано се смета дете со примени 3 дози Ди-Те-Пер https://republika.mk/zivot/zdravje/demiri-za-vaktsinirano-se-smeta-dete-so-primeni-3-dozi-di-te-per/ Wed, 13 Mar 2024 18:16:06 +0000 https://republika.mk/?p=754514

Комисијата за заразни болести утре ќе ги решава дилемите кое дете се смета за вакцинирано, а кое некомплетно имунизирано. Ова следи откако голем број родители реагираа бидејќи нивните деца со наполнети 18 месеци и со 3 примени дози ДиТеПер биле вратени од градинка зошто поради болест ја пролонгирале ревакцинацијата, а истата во книшката им била закажана во мај.

Според министерот за здравство за вакцинирано дете се смета она кое има примено 3 дози од примо вакцинацијата. Но, Демири најави дека утре по состанокот на Комисијата ќе излезат со унифициран и официјален став.

Вакцина подразбира ако детето има примено три дози и се смета за вакцинирано, а некомплетно вакцинирано е ако примило втора и не примило трета доза. Дали е ревакцинирано тоа е друго прашање, изјави Демири.

Но, од друга страна членовите на Комисијата водејќи се според насоките од програмата за задолжителна иминизација од 2023 година се категорични дека децата кое посетуваат градинка, а се постари од 18 месеци треба да имаат примено и прва ревакцина ДиТеПер за да бидат целосно вакцинирани согласно возраста. Ова го бараат и надлежните во градинките и инспекторите од ДСЗИ.

The post Демири: За вакцинирано се смета дете со примени 3 дози Ди-Те-Пер appeared first on Република.

]]>

Комисијата за заразни болести утре ќе ги решава дилемите кое дете се смета за вакцинирано, а кое некомплетно имунизирано. Ова следи откако голем број родители реагираа бидејќи нивните деца со наполнети 18 месеци и со 3 примени дози ДиТеПер биле вратени од градинка зошто поради болест ја пролонгирале ревакцинацијата, а истата во книшката им била закажана во мај. Според министерот за здравство за вакцинирано дете се смета она кое има примено 3 дози од примо вакцинацијата. Но, Демири најави дека утре по состанокот на Комисијата ќе излезат со унифициран и официјален став.
Вакцина подразбира ако детето има примено три дози и се смета за вакцинирано, а некомплетно вакцинирано е ако примило втора и не примило трета доза. Дали е ревакцинирано тоа е друго прашање, изјави Демири.
Но, од друга страна членовите на Комисијата водејќи се според насоките од програмата за задолжителна иминизација од 2023 година се категорични дека децата кое посетуваат градинка, а се постари од 18 месеци треба да имаат примено и прва ревакцина ДиТеПер за да бидат целосно вакцинирани согласно возраста. Ова го бараат и надлежните во градинките и инспекторите од ДСЗИ.

The post Демири: За вакцинирано се смета дете со примени 3 дози Ди-Те-Пер appeared first on Република.

]]>
Родителите на невакцинираните прашајте ги како ќе го организираат чувањето, порача министерот и повика на вакцинација со Ди-Те-Пер https://republika.mk/vesti/makedonija/roditelite-na-nevaktsiniranite-prashajte-gi-kako-ke-go-organiziraat-chuvaneto-poracha-ministerot-i-povika-na-vaktsinatsija-so-di-te-per/ Thu, 15 Feb 2024 13:23:48 +0000 https://republika.mk/?p=744418

Центарот за јавно здравје Скопје има прогласено епидемија и моментално на државно ниво има регистрирано 34 заболени од пертусис. Ја користам можноста да се обратам до сите граѓани, особено на родители кои имаат мали деца, дека најголемо достигнување во здравствениот систем е вакцинација. Затоа замолувам сите да пристапат кон вакцинација на своите деца, истакна денеска новиот министер за здравство во техничката Влада, Илир Демири, прашан за неговиот став за состојбата со пертусисот.

Според Демири, не би требало да се вратат во градинка, децата кои се невакцинирани.

Прво треба да се вакцинираат, па после да се вратат. Мислам дека тоа беше еден од критериумите и препорака од Комисијата за заразни болести. Сите деца кои се вакцинирани треба да одат во градинка. Тие кои не се вакцинирани, треба да ги прашате нивните родители како ќе го организираат чувањето на детето, одговори Демири на новинарско прашање.

Тој имаше обраќање на Свечената академија по повод отворањето на Центарот за трансплантација на хематопоетски матични клетки на Универзитетската клиника за хематологија, по што одговараше на новинарски прашања.

The post Родителите на невакцинираните прашајте ги како ќе го организираат чувањето, порача министерот и повика на вакцинација со Ди-Те-Пер appeared first on Република.

]]>

Центарот за јавно здравје Скопје има прогласено епидемија и моментално на државно ниво има регистрирано 34 заболени од пертусис. Ја користам можноста да се обратам до сите граѓани, особено на родители кои имаат мали деца, дека најголемо достигнување во здравствениот систем е вакцинација. Затоа замолувам сите да пристапат кон вакцинација на своите деца, истакна денеска новиот министер за здравство во техничката Влада, Илир Демири, прашан за неговиот став за состојбата со пертусисот. Според Демири, не би требало да се вратат во градинка, децата кои се невакцинирани.
Прво треба да се вакцинираат, па после да се вратат. Мислам дека тоа беше еден од критериумите и препорака од Комисијата за заразни болести. Сите деца кои се вакцинирани треба да одат во градинка. Тие кои не се вакцинирани, треба да ги прашате нивните родители како ќе го организираат чувањето на детето, одговори Демири на новинарско прашање.
Тој имаше обраќање на Свечената академија по повод отворањето на Центарот за трансплантација на хематопоетски матични клетки на Универзитетската клиника за хематологија, по што одговараше на новинарски прашања.

The post Родителите на невакцинираните прашајте ги како ќе го организираат чувањето, порача министерот и повика на вакцинација со Ди-Те-Пер appeared first on Република.

]]>
Инспектори ќе проверуваат за невакцинирани деца во градинките https://republika.mk/vesti/makedonija/inspektori-ke-proveruvaat-za-nevaktsinirani-detsa-vo-gradinkite/ Thu, 08 Feb 2024 14:26:17 +0000 https://republika.mk/?p=741897

Министерот за труд и социјална политика во техничката Влада, Ѓоко Велковски денеска изјави дека инспекциски служби ќе проверуваат во градинките каде нема вакцинирани деца со ДиТеПер вакцината и ќе интервенираат, за да се спречи епидемија на голема кашлица.

Од Комисијата за заразни болести има заклучоци и истите треба да бидат одобрени на владина седница. И во закон стои дека секое дете кое што нема примено одредена вакцина не ќе може да биде дел од системот на детска заштита. Ќе ги провериме градинките и нашите инспекциски служби ќе видат каде треба да интервенираме за тоа да биде пракса и за да го спречиме ширењето на оваа епидемија, барем во Скопје како жариште во овој момент, рече Велковски.

По 18 потврдени случаи на голема кашлица, Комисијата за заразни болести вчера препорача прогласување епидемија во Скопје. Во изминатите денови бројот расте, особено на територија на град Скопје, каде се потврдени 14 случаи.

Се предлага вакциналните пунктови да работат во две смени, а дополнително да се работи и во сабота. Препорака е и да се забрани прием на невакцинирани деца за пертусис во градинките.

Комисијата очекува овие мерки да го поттикнат интересот за вакцинација, бидејќи фокусот е заштита на најмалите.

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски вчера на прес-конференција рече дека прогласувањето на епидемија звучи малку страшно, но, дека реално треба да се олесни справувањето со ризикот што доаѓа со оваа болест.

The post Инспектори ќе проверуваат за невакцинирани деца во градинките appeared first on Република.

]]>

Министерот за труд и социјална политика во техничката Влада, Ѓоко Велковски денеска изјави дека инспекциски служби ќе проверуваат во градинките каде нема вакцинирани деца со ДиТеПер вакцината и ќе интервенираат, за да се спречи епидемија на голема кашлица.
Од Комисијата за заразни болести има заклучоци и истите треба да бидат одобрени на владина седница. И во закон стои дека секое дете кое што нема примено одредена вакцина не ќе може да биде дел од системот на детска заштита. Ќе ги провериме градинките и нашите инспекциски служби ќе видат каде треба да интервенираме за тоа да биде пракса и за да го спречиме ширењето на оваа епидемија, барем во Скопје како жариште во овој момент, рече Велковски.
По 18 потврдени случаи на голема кашлица, Комисијата за заразни болести вчера препорача прогласување епидемија во Скопје. Во изминатите денови бројот расте, особено на територија на град Скопје, каде се потврдени 14 случаи. Се предлага вакциналните пунктови да работат во две смени, а дополнително да се работи и во сабота. Препорака е и да се забрани прием на невакцинирани деца за пертусис во градинките. Комисијата очекува овие мерки да го поттикнат интересот за вакцинација, бидејќи фокусот е заштита на најмалите. Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски вчера на прес-конференција рече дека прогласувањето на епидемија звучи малку страшно, но, дека реално треба да се олесни справувањето со ризикот што доаѓа со оваа болест.

The post Инспектори ќе проверуваат за невакцинирани деца во градинките appeared first on Република.

]]>
Се расчистуваат вакциналните картони на бебињата и се повикуваат оние кои не се вакцинирале со „Ди-те-пер“ по двата случаи на голема кашлица, рече Меџити https://republika.mk/zivot/zdravje/se-raschistuvaat-vaktsinalnite-kartoni-na-bebinata-i-se-povikuvaat-onie-koi-ne-se-vaktsinirale-so-di-te-per-po-dvata-sluchai-na-golema-kashlitsa-reche-medhiti/ Thu, 11 Jan 2024 12:27:32 +0000 https://republika.mk/?p=731924

Од вчера е дадена наредба да се расчистат сите вакцинални картони на бебињата, за да можат да се повикаат оние кои досега не се вакцинирале со „Ди-те-пер“, по двата случаи на голема кашлица кои се појавија годинава во Македонија.

За само неколку дена има два неповрзани случаи на голема кашлица. Едниот случај е од Кичево, а вториот случај е шестмесечно бебе од Скопје кое веќе е хоспитализирано во „Козле“. И двете се невакцинирани со Ди-Те-Пер.

Вакцината за заштита од дифтерија, тетанус и пертусус (голема кашлца) најпрво се прима на три и пол месеци, па на шест. Потоа следува ревакцинација на 18 месеци, на 4 годин , на 7 години и последната ревакцинација на 14 години.

Крајно време е да се смени тој ментален склоп кај нас, нашата иднина се нашите деца. Секое вакцинирање значи спас на живот или утре тоа дете да не добие некоја болест. Ќе апелирам за доброто на децата, да превенираме некои работи, затоа што имаме доволен број на вакцини. Спремни сме во тој поглед. Апелирам до сите родители, ги молиме како министерство за здравство, и јас лично да се вакцинираат. Секое вакцинирање значи спас на живот, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, кој присустуваше на отворањето на реновираната операциона сала на Клиниката за ортопедски болести.

Министерот кажа дека нема да има дефицит на лекови за онколошките пациенти, а во однос на тоа дали е распишан тендерот рече дека не знае во моментот.

Ако има некој дефицит на некоја материја веднаш ќе излеземе пред вас и ќе кажеме. Но секогаш постојат замени, додаде министерот.

Во однос на мерките против пушењето министерот извести дека до крајот на месецот ќе се потпише меморандум, а конкретните мерки ќе се знаат по потпишувањето.

Како што кажав не ние, туку како Западен Балкан, ќе бидеме принудени да потпишеме меморандум и ќе мораме сите да се придржуваме. Кога ќе дојде до некоја болест, лекувањето е многу скапо. Повикувам сите да ги почитуваат систематските прегледи. Со ова ќе се намали бројот на овие злочудни заболувања. Кои ќе бидат конкретните мерки ќе знаеме по потпишувањето на меморандумот. Ова ќе треба сите заедно, инспекции и министерства, заедно да се организираме. Ова е токсично, ова е отров и од ова треба да се одвикнеме“, објасни министерот.

https://republika.mk/zivot/zdravje/komisijata-za-zarazni-bolesti-zasega-nema-da-zasedava-upaten-apel-detsata-da-se-vaktsiniraat/

https://republika.mk/zivot/zdravje/od-slednata-godina-i-momchinata-da-vaktsiniraat-protiv-hpv-virusot-predlaga-komisijata-za-imunizatsija-koja-odobri-i-19-godishni-devojki-da-se-vaktsiniraat/

https://republika.mk/zivot/zdravje/se-somnevaat-vo-vaktsinite-a-nikoj-ne-prashuva-kakov-e-kvalitetot-na-vaktsina-za-zholta-treska-bidejki-treba-na-maldivi-da-se-patuva-veli-prof-d-r-grozdanova/

The post Се расчистуваат вакциналните картони на бебињата и се повикуваат оние кои не се вакцинирале со „Ди-те-пер“ по двата случаи на голема кашлица, рече Меџити appeared first on Република.

]]>

Од вчера е дадена наредба да се расчистат сите вакцинални картони на бебињата, за да можат да се повикаат оние кои досега не се вакцинирале со „Ди-те-пер“, по двата случаи на голема кашлица кои се појавија годинава во Македонија. За само неколку дена има два неповрзани случаи на голема кашлица. Едниот случај е од Кичево, а вториот случај е шестмесечно бебе од Скопје кое веќе е хоспитализирано во „Козле“. И двете се невакцинирани со Ди-Те-Пер. Вакцината за заштита од дифтерија, тетанус и пертусус (голема кашлца) најпрво се прима на три и пол месеци, па на шест. Потоа следува ревакцинација на 18 месеци, на 4 годин , на 7 години и последната ревакцинација на 14 години.
Крајно време е да се смени тој ментален склоп кај нас, нашата иднина се нашите деца. Секое вакцинирање значи спас на живот или утре тоа дете да не добие некоја болест. Ќе апелирам за доброто на децата, да превенираме некои работи, затоа што имаме доволен број на вакцини. Спремни сме во тој поглед. Апелирам до сите родители, ги молиме како министерство за здравство, и јас лично да се вакцинираат. Секое вакцинирање значи спас на живот, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, кој присустуваше на отворањето на реновираната операциона сала на Клиниката за ортопедски болести.
Министерот кажа дека нема да има дефицит на лекови за онколошките пациенти, а во однос на тоа дали е распишан тендерот рече дека не знае во моментот.
Ако има некој дефицит на некоја материја веднаш ќе излеземе пред вас и ќе кажеме. Но секогаш постојат замени, додаде министерот.
Во однос на мерките против пушењето министерот извести дека до крајот на месецот ќе се потпише меморандум, а конкретните мерки ќе се знаат по потпишувањето.
Како што кажав не ние, туку како Западен Балкан, ќе бидеме принудени да потпишеме меморандум и ќе мораме сите да се придржуваме. Кога ќе дојде до некоја болест, лекувањето е многу скапо. Повикувам сите да ги почитуваат систематските прегледи. Со ова ќе се намали бројот на овие злочудни заболувања. Кои ќе бидат конкретните мерки ќе знаеме по потпишувањето на меморандумот. Ова ќе треба сите заедно, инспекции и министерства, заедно да се организираме. Ова е токсично, ова е отров и од ова треба да се одвикнеме“, објасни министерот.
https://republika.mk/zivot/zdravje/komisijata-za-zarazni-bolesti-zasega-nema-da-zasedava-upaten-apel-detsata-da-se-vaktsiniraat/ https://republika.mk/zivot/zdravje/od-slednata-godina-i-momchinata-da-vaktsiniraat-protiv-hpv-virusot-predlaga-komisijata-za-imunizatsija-koja-odobri-i-19-godishni-devojki-da-se-vaktsiniraat/ https://republika.mk/zivot/zdravje/se-somnevaat-vo-vaktsinite-a-nikoj-ne-prashuva-kakov-e-kvalitetot-na-vaktsina-za-zholta-treska-bidejki-treba-na-maldivi-da-se-patuva-veli-prof-d-r-grozdanova/

The post Се расчистуваат вакциналните картони на бебињата и се повикуваат оние кои не се вакцинирале со „Ди-те-пер“ по двата случаи на голема кашлица, рече Меџити appeared first on Република.

]]>