деветти пакет антикризни мерки Archives - Република https://republika.mk/tema/devetti-paket-antikrizni-merki/ За подобро да се разбереме Thu, 30 Nov 2023 08:32:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png деветти пакет антикризни мерки Archives - Република https://republika.mk/tema/devetti-paket-antikrizni-merki/ 32 32 За СДСМ мерките се грижа, А за ВМРО-ДПМНЕ смешните 1.000 денари се класичен изборен поткуп https://republika.mk/vesti/ekonomija/za-sdsm-merkite-se-grizha-a-za-vmro-dpmne-smeshnite-1-000-denari-se-klasichen-izboren-potkup/ Thu, 30 Nov 2023 08:32:25 +0000 https://republika.mk/?p=717825

Новиот деветти пакет антикризни мерки, креиран од Владата предводена од СДСМ, во вредност од 662 милиони евра содржи 26 мерки за социјална сигурност, за надминување на потешкотиите во услови на зголемени трошоци на живот и продолжени ефекти од енергетската криза, велат од СДСМ.

Објаснуваат дека мерките опфаќаат околу 440.000 граѓани и се таргетирани кон социјално ранливите категории, пензионерите со ниски пензии, ученици, студенти, коишто доаѓаат од семејства со ниски приходи, земјоделците, приватниот сектор, јавниот сектор.

Во антикризниот пакет се предвидени 36 милиони евра за 187.000 пензионери со пониски пензии.

Пензионерите со најниски пензии до 14.000 денари, во наредните 5 месеци ќе добијат 15.000 денари на своите сметки, по 3.000 секој месец, почнувајќи од декември, тие што имаат пензии до 14.001 до 16.000 денари ќе добиваат по 2.000 денари, а оние со пензија од 16.001 до 19.000 денари по 1.500 денари.

Методологијата за усогласување на пензиите дава одлични резултати. Од септември 2022 година минималната пензија од 9.000 денари е зголемена на 13.200 денари, што е просечен раст од 25 отсто, односно 4.200 денари.

СДСМ продолжува со вистинска грижа за сите граѓани, велат од СДСМ.

Со покачувањето од 78 проценти, Димитар Ковачевски месечно зема плата од над 156.000 денари, односно над 2500 евра, а на пензионерите, студентите и средношколците ќе им дава смешни 1000 денари за месец, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ за новите антикризните мерки, за кои велат не значат никаква помош, туку класичен изборен поткуп.

Споредбено само пензионерите и студентите за 7 месеци со помошта на владата ќе земат 7000 денари.

За разлика од нив, Ковачевски за 7 месеци со плата од над 156.000 денари ќе зeма над 1 милион денари.

Владата на СДС и Димитар Ковачевски на граѓаните им ги фрла коските да ги глодаат, додека тој и неговите министри во владата се гоштеваат со бифтеци, морски плодови и пијат скапи пијалоци.

1000 денари не им се доволни ниту на пензионерите, ниту на студентите за да ги купат основните прехранбени производи, а не пак за да имаат пристоен живот.

Ковачевски со таканаречената помош се обидува да ги поткупи граѓаните пред избори. Ковачевски повторно ги потценува и пензионерите и студентите.

Наместо достоинствено покачување на пензиите, платите, стипендиите и студентскиот оброк, владата на СДС и Ковачевски им дава трошки на граѓаните.

Ковачевски не ја знае маката на граѓаните, бидејќи неговата плата е доволна за луксузен живот, додека пензионерите и студентите едвај преживуваат.

СДС и Ковачевски се свесни дека мандатот им завршува и во паника и очај се обидуваат да ги поткупат граѓаните.

СДС и Ковачевски се прочитани од граѓаните. Граѓаните знаат дека ова е само обид за предизборен поткуп, и нема да им дозволат на СДС и Ковачевски да владеат уште 4 години.

Многу набрзо од ден доаѓаат промените.

Пензионерите заслужуваат достоинствени и повисоки пензии!, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

The post За СДСМ мерките се грижа, А за ВМРО-ДПМНЕ смешните 1.000 денари се класичен изборен поткуп appeared first on Република.

]]>

Новиот деветти пакет антикризни мерки, креиран од Владата предводена од СДСМ, во вредност од 662 милиони евра содржи 26 мерки за социјална сигурност, за надминување на потешкотиите во услови на зголемени трошоци на живот и продолжени ефекти од енергетската криза, велат од СДСМ. Објаснуваат дека мерките опфаќаат околу 440.000 граѓани и се таргетирани кон социјално ранливите категории, пензионерите со ниски пензии, ученици, студенти, коишто доаѓаат од семејства со ниски приходи, земјоделците, приватниот сектор, јавниот сектор.
Во антикризниот пакет се предвидени 36 милиони евра за 187.000 пензионери со пониски пензии. Пензионерите со најниски пензии до 14.000 денари, во наредните 5 месеци ќе добијат 15.000 денари на своите сметки, по 3.000 секој месец, почнувајќи од декември, тие што имаат пензии до 14.001 до 16.000 денари ќе добиваат по 2.000 денари, а оние со пензија од 16.001 до 19.000 денари по 1.500 денари. Методологијата за усогласување на пензиите дава одлични резултати. Од септември 2022 година минималната пензија од 9.000 денари е зголемена на 13.200 денари, што е просечен раст од 25 отсто, односно 4.200 денари. СДСМ продолжува со вистинска грижа за сите граѓани, велат од СДСМ.
Со покачувањето од 78 проценти, Димитар Ковачевски месечно зема плата од над 156.000 денари, односно над 2500 евра, а на пензионерите, студентите и средношколците ќе им дава смешни 1000 денари за месец, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ за новите антикризните мерки, за кои велат не значат никаква помош, туку класичен изборен поткуп.
Споредбено само пензионерите и студентите за 7 месеци со помошта на владата ќе земат 7000 денари. За разлика од нив, Ковачевски за 7 месеци со плата од над 156.000 денари ќе зeма над 1 милион денари. Владата на СДС и Димитар Ковачевски на граѓаните им ги фрла коските да ги глодаат, додека тој и неговите министри во владата се гоштеваат со бифтеци, морски плодови и пијат скапи пијалоци. 1000 денари не им се доволни ниту на пензионерите, ниту на студентите за да ги купат основните прехранбени производи, а не пак за да имаат пристоен живот. Ковачевски со таканаречената помош се обидува да ги поткупи граѓаните пред избори. Ковачевски повторно ги потценува и пензионерите и студентите. Наместо достоинствено покачување на пензиите, платите, стипендиите и студентскиот оброк, владата на СДС и Ковачевски им дава трошки на граѓаните. Ковачевски не ја знае маката на граѓаните, бидејќи неговата плата е доволна за луксузен живот, додека пензионерите и студентите едвај преживуваат. СДС и Ковачевски се свесни дека мандатот им завршува и во паника и очај се обидуваат да ги поткупат граѓаните. СДС и Ковачевски се прочитани од граѓаните. Граѓаните знаат дека ова е само обид за предизборен поткуп, и нема да им дозволат на СДС и Ковачевски да владеат уште 4 години. Многу набрзо од ден доаѓаат промените. Пензионерите заслужуваат достоинствени и повисоки пензии!, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

The post За СДСМ мерките се грижа, А за ВМРО-ДПМНЕ смешните 1.000 денари се класичен изборен поткуп appeared first on Република.

]]>
Ќе се субвенционира зголемување на платите во приватниот сектор, за тие кои земаат до една ипол просечна плата https://republika.mk/vesti/ekonomija/ke-se-subventsionira-zgolemuvane-na-platite-vo-privatniot-sektor-za-tie-koi-zemaat-do-edna-ipol-prosechna-plata/ Tue, 28 Nov 2023 19:02:14 +0000 https://republika.mk/?p=717312

Како дел од деветтиот пакет антикризни мерки кој Владата го усогласи на денешната седница, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи посочи дека ќе се субвенционира приватниот сектор, со можност за зголемување на платите од 3.000 до 10.000 денари.

За разлика од претходното законско решение, со кое имаше можност за зголемување на платите во приватниот сектор од 600 до 6.000 денари, Битиќи вели дека новата мерка има неколку ограничувања, но со можност за зголемување на платите од 3.000 до 10.000 денари, а за зголемениот износ на платата работодавачот ќе плаќа само данок на личен доход, а ќе биде ослободен од плаќање придонеси.

Битиќи смета дека оваа мерка директно ќе влијае на намалувањето на неформалната економија и како што рече, дел е од активностите од стратегијата на неформална економија.

-Ограничувањето е дека оваа мерка можат да ја користат сите вработени кои имаат плата до една и пол просечна плата исплатена последните три месеци. Тоа значи дека доколку во декември, ноември и октомври, просечната исплатена плата на вработен не е поголема од една и пол просечна плата, можат да ја искористат мерката во наредните 12 месеци за зголемување во износ од 3.000 до 10.000 денари, кој ќе се договорат со работодавачот. Притоа ослободувањето го добиваат истиот нареден период, рече Битиќи на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање.


Извор: МИА

The post Ќе се субвенционира зголемување на платите во приватниот сектор, за тие кои земаат до една ипол просечна плата appeared first on Република.

]]>

Како дел од деветтиот пакет антикризни мерки кој Владата го усогласи на денешната седница, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи посочи дека ќе се субвенционира приватниот сектор, со можност за зголемување на платите од 3.000 до 10.000 денари. За разлика од претходното законско решение, со кое имаше можност за зголемување на платите во приватниот сектор од 600 до 6.000 денари, Битиќи вели дека новата мерка има неколку ограничувања, но со можност за зголемување на платите од 3.000 до 10.000 денари, а за зголемениот износ на платата работодавачот ќе плаќа само данок на личен доход, а ќе биде ослободен од плаќање придонеси. Битиќи смета дека оваа мерка директно ќе влијае на намалувањето на неформалната економија и како што рече, дел е од активностите од стратегијата на неформална економија.
-Ограничувањето е дека оваа мерка можат да ја користат сите вработени кои имаат плата до една и пол просечна плата исплатена последните три месеци. Тоа значи дека доколку во декември, ноември и октомври, просечната исплатена плата на вработен не е поголема од една и пол просечна плата, можат да ја искористат мерката во наредните 12 месеци за зголемување во износ од 3.000 до 10.000 денари, кој ќе се договорат со работодавачот. Притоа ослободувањето го добиваат истиот нареден период, рече Битиќи на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање.

Извор: МИА

The post Ќе се субвенционира зголемување на платите во приватниот сектор, за тие кои земаат до една ипол просечна плата appeared first on Република.

]]>