Детски дом „11 Октомври“ Archives - Република https://republika.mk/tema/detski-dom-11-oktomvri/ За подобро да се разбереме Thu, 10 Oct 2024 13:17:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Детски дом „11 Октомври“ Archives - Република https://republika.mk/tema/detski-dom-11-oktomvri/ 32 32 Велковски во посета на Детскиот дом „11 Октомври“: Потребно е да се изгради голема мрежа на згрижувачки семејства https://republika.mk/vesti/makedonija/velkovski-vo-poseta-na-detskiot-dom-11-oktomvri-potrebno-e-da-se-izgradi-golema-mrezha-na-zgrizhuvachki-semejstva/ Thu, 10 Oct 2024 14:19:15 +0000 https://republika.mk/?p=825277

Заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, присуствувал на одбележувањето на 59-годишнината од основањето на ЈУ Детски дом „11 Октомври“- Скопје и во своето обраќање потсетил на мисијата на оваа установа низ годините.

Како што соопшти Министерството за социјална политика, демографија и млади, Велковски се осврнал на процесот на деинституционализацијата.

-Треба да разбереме дека деинституционализацијата не значи само преселба на корисниците од едно на друго место, туку значи да им понудиме различни социјални услуги во средината во која живеат и растат. И на крај враќање на децата во биолошките семејства. Токму тогаш ќе речеме дека процесот на деинституционализација е успешен процес во суштинска смисла на зборот, рекол заменик-министерот.

Посочил дека покрај мали групни домови, за да им се обезбеди на децата поддршка од семејно опкружување потребно е да се изгради голема мрежа на згрижувачки семејства.

-Сакам да апелирам до стручните работници секој момент да го користат и да мотивираат граѓани кои би влегле во системот на згрижувачи затоа што таа е најблагородната професија на целиот свет, истакнал Велковски.

The post Велковски во посета на Детскиот дом „11 Октомври“: Потребно е да се изгради голема мрежа на згрижувачки семејства appeared first on Република.

]]>

Заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, присуствувал на одбележувањето на 59-годишнината од основањето на ЈУ Детски дом „11 Октомври“- Скопје и во своето обраќање потсетил на мисијата на оваа установа низ годините. Како што соопшти Министерството за социјална политика, демографија и млади, Велковски се осврнал на процесот на деинституционализацијата.