детска трка Archives - Република https://republika.mk/tema/detska-trka/ За подобро да се разбереме Mon, 03 Jun 2024 08:25:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png детска трка Archives - Република https://republika.mk/tema/detska-trka/ 32 32 Мали чекори за големи соништа – Битола се подготвува за МИНИ Трчај бе https://republika.mk/zivot/mali-chekori-za-golemi-sonishta-bitola-se-podgotvuva-za-mini-trchaj-be/ Mon, 03 Jun 2024 08:25:06 +0000 https://republika.mk/?p=784283

Возбудата се зголемува додека битолчани се подготвуваат да бидат домаќини на втората по ред детска трка МИНИ Трчај бе, настан кој ги освои срцата на заедницата на првото издание минатата година, па така годинава тројно е зголемен интересот за истата, со што е некаде на врвот по масовност меѓу детските трки. Закажана е за 9 јуни во Градскиот парк под инспиративниот слоган „Мали чекори за големи соништа“.

Организаторот, познат по големата градска трка Трчај бе која секој септември се случува во Битола, со иницијативата за детската трка има за цел да ги поттикне децата да ја прифатат физичката активност, да си поставуваат лични цели и да сонуваат за големи успеси. Огромниот одзив, со три пати поголем број на регистрации од минатата година, го нагласува растечкиот ентузијазам за овој настан.

 

„Возбудени сме што гледаме таков неверојатен интерес за второто издание на МИНИ Трчај бе. Убаво е да бидеме сведоци како децата ги преземаат овие „мали чекори“ кон нивните „големи соништа“. Ентузијазмот од родителите и децата е неверојатен, а ние сме посветени да ја направиме овогодинешната трка незаборавно искуство за сите. Планираме пред трката, да одвоиме средства за донирање на опрема за атлетика на 15 училишта во градот Битола и соседните општини, со што ќе дадеме придонес кон популаризирање на овој спорт кај новите генерации, а по кој Битола е позната заради успесите на АК Олимп и таа традиција сакаме да ја продолжиме со новите таленти кои доаѓаат“ - истакнуваат организаторите.

 

Трката МИНИ Трчај бе, ќе има и победници, но таа конкуренција и не е толку значајна, колку што се работи за негување дух на уживање во масовен спортски настан, охрабрување за подобра физичка кондиција на новите генерации и инспирација да трчаат по своите соништа. Родителите, семејствата и пријателите се поканети на 9 јуни, од 11.00 часот да ги бодрат младите тркачи на битолското шеталиште.

 

И во овој проект на Трчај бе, традиционално се вклучени студентите на програмата за графички дизјан на Monday Learning-тренинг центарот за развој на дигитални вештини кои стојат позади сите дизајни на кампањата за оваа трка.

 

The post Мали чекори за големи соништа – Битола се подготвува за МИНИ Трчај бе appeared first on Република.

]]>

Возбудата се зголемува додека битолчани се подготвуваат да бидат домаќини на втората по ред детска трка МИНИ Трчај бе, настан кој ги освои срцата на заедницата на првото издание минатата година, па така годинава тројно е зголемен интересот за истата, со што е некаде на врвот по масовност меѓу детските трки. Закажана е за 9 јуни во Градскиот парк под инспиративниот слоган „Мали чекори за големи соништа“. Организаторот, познат по големата градска трка Трчај бе која секој септември се случува во Битола, со иницијативата за детската трка има за цел да ги поттикне децата да ја прифатат физичката активност, да си поставуваат лични цели и да сонуваат за големи успеси. Огромниот одзив, со три пати поголем број на регистрации од минатата година, го нагласува растечкиот ентузијазам за овој настан.   „Возбудени сме што гледаме таков неверојатен интерес за второто издание на МИНИ Трчај бе. Убаво е да бидеме сведоци како децата ги преземаат овие „мали чекори“ кон нивните „големи соништа“. Ентузијазмот од родителите и децата е неверојатен, а ние сме посветени да ја направиме овогодинешната трка незаборавно искуство за сите. Планираме пред трката, да одвоиме средства за донирање на опрема за атлетика на 15 училишта во градот Битола и соседните општини, со што ќе дадеме придонес кон популаризирање на овој спорт кај новите генерации, а по кој Битола е позната заради успесите на АК Олимп и таа традиција сакаме да ја продолжиме со новите таленти кои доаѓаат“ - истакнуваат организаторите.   Трката МИНИ Трчај бе, ќе има и победници, но таа конкуренција и не е толку значајна, колку што се работи за негување дух на уживање во масовен спортски настан, охрабрување за подобра физичка кондиција на новите генерации и инспирација да трчаат по своите соништа. Родителите, семејствата и пријателите се поканети на 9 јуни, од 11.00 часот да ги бодрат младите тркачи на битолското шеталиште.   И во овој проект на Трчај бе, традиционално се вклучени студентите на програмата за графички дизјан на Monday Learning-тренинг центарот за развој на дигитални вештини кои стојат позади сите дизајни на кампањата за оваа трка.  

The post Мали чекори за големи соништа – Битола се подготвува за МИНИ Трчај бе appeared first on Република.

]]>
Мини Трчај бе – вистински детски спектакл на трчањето https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/mini-trchaj-be-vistinski-detski-spektakl-na-trchaneto/ Tue, 13 Jun 2023 15:14:55 +0000 https://republika.mk/?p=650947

Секое дете кое ќе ја помине целта е победник и секое дете за нас е супер херој, гласеа пораките на кампањата која организаторот, етаблираната трка Трчај бе ја водеше последниот месец, со цел да ги поттикне децата од најмала возраст да се заразат со вистински нешта и здрави навики и да ги пријават родителите на првата детска трка. И тоа им успеа.

Над 500 деца, го запоседнаа градското шеталиште во Битола и ја истрчаа својата прва трка во животот. Илјадна публика навиваше, мотивирајќи ги малите шампиони да стигнат побрзо до целта, без откажување.

„Првото издание на Мини Трчај бе, сметаме дека означува мала пресвртница во животот на секое дете учесник, кое имаше шанса да се почувствува и како херој и како победник. Голема заслуга во тоа имаше бројната публика која со овации и аплаузи ги бодреше малите тркачи додека спринтаа до целта„-изјави Никола Димитровски, основачот на Трчај бе.

Градскиот парк и популарното шеталиште беа совршено место за „Мини Трчај бе“, а организаторот со спонзорите имаа заедно организирано и бројни забавни активности и интерактивни катчиња кои создадоа дополнително енергична и празнична атмосфера.

„За да се обезбеди фер конкуренција и пријатно искуство за сите учесници, учесниците беа поделени во 9 различни категории врз основа на нивната возраст која беше од 4 до 14 години. Од најмладите кои ги направија своите први чекори до поискусните деца тркачи, така што секоја категорија ги покажа уникатните таленти и одлучноста на овие млади спортисти. Овој внимателен пристап им овозможи на децата да се натпреваруваат заедно со своите врсници и да го ослободат својот целосен потенцијал. На крај, беа поделени 54 награди за најбрзите по категории. Во оваа група деца, сме сигурни дека се идните шампиони на Атлетскиот клуб Олимп од Битола, кој има извонредна историја на рекорди и врвни атлетичари и ова е само уште еден начин да потврдиме дека сме град на атлетиката„ - истакнуваат организаторите.

„Мини Трчај бе“ несомнено ќе стане традиционален настан. Радоста на лицата по минувањето на целта, првиот вистински медал за секој учесник, како и можноста децата од најмала возраст да го прифатат активниот начин на живот, да го откријат својот спортски потенцијал и да создадат незаборавни спомени со пријателите и семејството учествувајќи на една детска трка, се само доказ за моќта на спортот во поттикнувањето на чувството за заедница, промовирањето на физичката благосостојба и негувањето на следната генерација спортисти.

The post Мини Трчај бе – вистински детски спектакл на трчањето appeared first on Република.

]]>

Секое дете кое ќе ја помине целта е победник и секое дете за нас е супер херој, гласеа пораките на кампањата која организаторот, етаблираната трка Трчај бе ја водеше последниот месец, со цел да ги поттикне децата од најмала возраст да се заразат со вистински нешта и здрави навики и да ги пријават родителите на првата детска трка. И тоа им успеа. Над 500 деца, го запоседнаа градското шеталиште во Битола и ја истрчаа својата прва трка во животот. Илјадна публика навиваше, мотивирајќи ги малите шампиони да стигнат побрзо до целта, без откажување. „Првото издание на Мини Трчај бе, сметаме дека означува мала пресвртница во животот на секое дете учесник, кое имаше шанса да се почувствува и како херој и како победник. Голема заслуга во тоа имаше бројната публика која со овации и аплаузи ги бодреше малите тркачи додека спринтаа до целта„-изјави Никола Димитровски, основачот на Трчај бе. Градскиот парк и популарното шеталиште беа совршено место за „Мини Трчај бе“, а организаторот со спонзорите имаа заедно организирано и бројни забавни активности и интерактивни катчиња кои создадоа дополнително енергична и празнична атмосфера. „За да се обезбеди фер конкуренција и пријатно искуство за сите учесници, учесниците беа поделени во 9 различни категории врз основа на нивната возраст која беше од 4 до 14 години. Од најмладите кои ги направија своите први чекори до поискусните деца тркачи, така што секоја категорија ги покажа уникатните таленти и одлучноста на овие млади спортисти. Овој внимателен пристап им овозможи на децата да се натпреваруваат заедно со своите врсници и да го ослободат својот целосен потенцијал. На крај, беа поделени 54 награди за најбрзите по категории. Во оваа група деца, сме сигурни дека се идните шампиони на Атлетскиот клуб Олимп од Битола, кој има извонредна историја на рекорди и врвни атлетичари и ова е само уште еден начин да потврдиме дека сме град на атлетиката„ - истакнуваат организаторите. „Мини Трчај бе“ несомнено ќе стане традиционален настан. Радоста на лицата по минувањето на целта, првиот вистински медал за секој учесник, како и можноста децата од најмала возраст да го прифатат активниот начин на живот, да го откријат својот спортски потенцијал и да создадат незаборавни спомени со пријателите и семејството учествувајќи на една детска трка, се само доказ за моќта на спортот во поттикнувањето на чувството за заедница, промовирањето на физичката благосостојба и негувањето на следната генерација спортисти.

The post Мини Трчај бе – вистински детски спектакл на трчањето appeared first on Република.

]]>