детективски романи Archives - Република https://republika.mk/tema/detektivski-romani/ За подобро да се разбереме Tue, 23 Apr 2024 11:21:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png детективски романи Archives - Република https://republika.mk/tema/detektivski-romani/ 32 32 Средба со чешкиот автор Михал Сикора, автор на серијал детективски романи на Саемот на книга https://republika.mk/vesti/kultura/sredba-so-cheshkiot-avtor-mihal-sikora-avtor-na-serijal-detektivski-romani-na-saemot-na-kniga/ Tue, 23 Apr 2024 11:21:18 +0000 https://republika.mk/?p=769701

На Саемот на книгата 2024 во неделата, на 21 април во Промо центарот на Саемот се одржа книжевна средба со чешкиот писател Михал Сикора кој е автор на серијал детективски романи. Сите овие романи ги поврзува инспекторката Марија Бувова, обожавателка на Боб Дилан, која со својот тим решава сложени случаи на убиства.

На средбата со чешкиот автор Михал Сикора зборувавме за неговите два романи што се досега преведени на македонски јазик во издавачката куќа „Славика либрис“. Тоа се романите „Најлошите стравови“ и „Случајот за егзорцистот“. До крајот на годината, во превод на македонски јазик, ќе бидат објавени уште два романи од овој серијал, велат издавачите.

За секој од неговите романи во Чешка се снимени мини ТВ серии кои имаат заеднички наслов „Детективите од Светата тројка“. Едната од од овие ТВ серии е добитник на престижната филмска награда „Чешки лав“.

Чешкиот писател Михал Сикора е универзитетски професор, на Катедрата за театар и филм предава предмети за современиот светски роман, драма и компаративна книжевност. Досега има објавено пет дела од серијалот за инспекторката Марија Бувова, а набрзо од печат ќе излезе и шестиот дел.

Настанот беше организиран во соработка со Чешкиот книжевен центар и Амбасадата на Република Чешка во Македонија.

 

The post Средба со чешкиот автор Михал Сикора, автор на серијал детективски романи на Саемот на книга appeared first on Република.

]]>

На Саемот на книгата 2024 во неделата, на 21 април во Промо центарот на Саемот се одржа книжевна средба со чешкиот писател Михал Сикора кој е автор на серијал детективски романи. Сите овие романи ги поврзува инспекторката Марија Бувова, обожавателка на Боб Дилан, која со својот тим решава сложени случаи на убиства.
На средбата со чешкиот автор Михал Сикора зборувавме за неговите два романи што се досега преведени на македонски јазик во издавачката куќа „Славика либрис“. Тоа се романите „Најлошите стравови“ и „Случајот за егзорцистот“. До крајот на годината, во превод на македонски јазик, ќе бидат објавени уште два романи од овој серијал, велат издавачите.
За секој од неговите романи во Чешка се снимени мини ТВ серии кои имаат заеднички наслов „Детективите од Светата тројка“. Едната од од овие ТВ серии е добитник на престижната филмска награда „Чешки лав“. Чешкиот писател Михал Сикора е универзитетски професор, на Катедрата за театар и филм предава предмети за современиот светски роман, драма и компаративна книжевност. Досега има објавено пет дела од серијалот за инспекторката Марија Бувова, а набрзо од печат ќе излезе и шестиот дел. Настанот беше организиран во соработка со Чешкиот книжевен центар и Амбасадата на Република Чешка во Македонија.  

The post Средба со чешкиот автор Михал Сикора, автор на серијал детективски романи на Саемот на книга appeared first on Република.

]]>