десничарко движење Archives - Република https://republika.mk/tema/desnicharko-dvizhene/ За подобро да се разбереме Wed, 08 May 2024 12:41:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png десничарко движење Archives - Република https://republika.mk/tema/desnicharko-dvizhene/ 32 32 Пленковиќ договори формирање влада со десничарското Татковинско движење https://republika.mk/vesti/balkan/plenkovik-dogovori-formirane-vlada-so-desnicharskoto-tatkovinsko-dvizhene/ Wed, 08 May 2024 12:41:49 +0000 https://republika.mk/?p=775532

Партијата Хрватска демократска заедница (ХДЗ) денеска постигна договор со десничарското Татковинско движење за формирање на ново парламентарно мнозинство и идна влада, која повторно ќе ја предводи претседателот на ХДЗ, Андреј Пленковиќ.

Предлогот за постигнатиот договор, заедно со распределбата на ресорите на идната влада, во текот на денешниот ден ќе биде претставен пред партиските органи и потоа ќе ја информираме јавноста за сите детали“, изјави владиниот портпарол Марко Милиќ од ХДЗ, по средбата на преговарачките тимови на двете страни.

Тој изјави дека по потврдата од партиските тела ќе се започне со собирање потписи за претседателот на ХДЗ Андреј Пленковиќ да го добие мандатот за формирање на идната влада на ХДЗ, Татковинското движење и партнерите.

Пленковиќ, како што беше најавено претходно, ќе го поддржат и дел од претставниците на националните малцинства, за да ги обезбеди неопходните 76 гласа во парламентот.

Засега не е познато кои пратеници од малцинствата ќе бидат дел од владата, но претходно беше најавено дека во неа нема да учествуваат тројцата пратеници од српското национално малцинство од Самостојната демократска српска партија (СДСС), која досега беше дел од владата на Пленковиќ и имаше свој потпретседател на Влада.

Татковинското движење, како услов за поддршката за ХДЗ побара СДСС да не биде дел од парламентарното мнозинство или од идната влада.

На парламентарните избори во Хрватска на 17 април ниту една партија не освои доволно мандати самостојно да формира парламентарно мнозинство и влада.

The post Пленковиќ договори формирање влада со десничарското Татковинско движење appeared first on Република.

]]>

Партијата Хрватска демократска заедница (ХДЗ) денеска постигна договор со десничарското Татковинско движење за формирање на ново парламентарно мнозинство и идна влада, која повторно ќе ја предводи претседателот на ХДЗ, Андреј Пленковиќ.
Предлогот за постигнатиот договор, заедно со распределбата на ресорите на идната влада, во текот на денешниот ден ќе биде претставен пред партиските органи и потоа ќе ја информираме јавноста за сите детали“, изјави владиниот портпарол Марко Милиќ од ХДЗ, по средбата на преговарачките тимови на двете страни.
Тој изјави дека по потврдата од партиските тела ќе се започне со собирање потписи за претседателот на ХДЗ Андреј Пленковиќ да го добие мандатот за формирање на идната влада на ХДЗ, Татковинското движење и партнерите. Пленковиќ, како што беше најавено претходно, ќе го поддржат и дел од претставниците на националните малцинства, за да ги обезбеди неопходните 76 гласа во парламентот. Засега не е познато кои пратеници од малцинствата ќе бидат дел од владата, но претходно беше најавено дека во неа нема да учествуваат тројцата пратеници од српското национално малцинство од Самостојната демократска српска партија (СДСС), која досега беше дел од владата на Пленковиќ и имаше свој потпретседател на Влада. Татковинското движење, како услов за поддршката за ХДЗ побара СДСС да не биде дел од парламентарното мнозинство или од идната влада. На парламентарните избори во Хрватска на 17 април ниту една партија не освои доволно мандати самостојно да формира парламентарно мнозинство и влада.

The post Пленковиќ договори формирање влада со десничарското Татковинско движење appeared first on Република.

]]>