десница Archives - Република https://republika.mk/tema/desnica/ За подобро да се разбереме Sun, 06 Oct 2024 15:38:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png десница Archives - Република https://republika.mk/tema/desnica/ 32 32 Орбан: Кога десницата ќе ја преземе ЕУ, ќе ја направи Европа повторно силна, богата и слободна https://republika.mk/vesti/svet/orban-koga-desnitsata-ke-ja-prezeme-eu-ke-ja-napravi-evropa-povtorno-silna-bogata-i-slobodna/ Sun, 06 Oct 2024 15:38:37 +0000 https://republika.mk/?p=823545

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека сега е засилена десничарската група во Европскиот парламент – Патриоти за Европа, и дека десницата се обединува во Европа, која, според него, кога ќе ја преземе политиката на ЕУ, повторно ќе ја направи Европа голема, силна, сигурна, богата и слободна.

Нема да застанеме. На крајот на борбата, Париз ќе ја промени политиката, ќе ја вратиме Варшава и ќе станеме најголемата политичка сила во Европа. Тогаш ќе ја преземеме политиката на Брисел и повторно ќе ја направиме Европа голема, силна, сигурна, богата и слободна, напиша Орбан на платформата „Икс“.

Тој истакна дека десницата не треба да се повлекува од Брисел, туку треба да го заземе и да им го врати на народите на Европа.

Орбан потсети на досегашните успеси на десницата во Европа, вклучувајќи ги победите во Италија, Холандија, Австрија и Чешка, како и формирањето на групата во Европскиот парламент – Патриоти за Европа, која е трета по големина во ЕП.

Оваа група беше формирана во јули, по изборите за ЕП во јуни, и ја сочинуваат пратеници од партијата на Орбан, Фидес, францускиот Национален собир и белгискиот Фламански интерес.

 

The post Орбан: Кога десницата ќе ја преземе ЕУ, ќе ја направи Европа повторно силна, богата и слободна appeared first on Република.

]]>

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека сега е засилена десничарската група во Европскиот парламент – Патриоти за Европа, и дека десницата се обединува во Европа, која, според него, кога ќе ја преземе политиката на ЕУ, повторно ќе ја направи Европа голема, силна, сигурна, богата и слободна.
Нема да застанеме. На крајот на борбата, Париз ќе ја промени политиката, ќе ја вратиме Варшава и ќе станеме најголемата политичка сила во Европа. Тогаш ќе ја преземеме политиката на Брисел и повторно ќе ја направиме Европа голема, силна, сигурна, богата и слободна, напиша Орбан на платформата „Икс“.
Тој истакна дека десницата не треба да се повлекува од Брисел, туку треба да го заземе и да им го врати на народите на Европа. Орбан потсети на досегашните успеси на десницата во Европа, вклучувајќи ги победите во Италија, Холандија, Австрија и Чешка, како и формирањето на групата во Европскиот парламент – Патриоти за Европа, која е трета по големина во ЕП. Оваа група беше формирана во јули, по изборите за ЕП во јуни, и ја сочинуваат пратеници од партијата на Орбан, Фидес, францускиот Национален собир и белгискиот Фламански интерес.  

The post Орбан: Кога десницата ќе ја преземе ЕУ, ќе ја направи Европа повторно силна, богата и слободна appeared first on Република.

]]>
Радикалната десница влезе во каталонскиот парламент: Таму каде што муслиманите се мнозинство, цивилизацијата завршува и почнува варварството https://republika.mk/vesti/svet/radikalnata-desnitsa-vleze-vo-katalonskiot-parlament-tamu-kade-shto-muslimanite-se-mnozinstvo-tsivilizatsijata-zavrshuva-i-pochnuva-varvarstvoto/ Mon, 13 May 2024 08:54:15 +0000 https://republika.mk/?p=777498

Каталонските регионални избори, освен што со себе ја донесоа победата на социјалистите и враќањето на Карлес Пуџдемон на политичката сцена во Шпанија, доведоа и до појава на нова партија во парламентот што може да предизвика многу главоболки во иднина.

Според изборните резултати, на каталонските регионални избори новоформираната Алианса Каталана (Aliança Catalana) предводена од градоначалничката на Општина Рипољ, Силвиа Ориолс и Сера, ќе има и две места во Парламентот на Каталонија.

Партијата што беше создадена во 2020 година како резултат на незадоволството од актуелната каталонска политичка сцена полека се претвора во сериозна политичка опција, а она што сите ги загрижува е самата идеологија на нејзиниот претседател и другите членови, која може да се опише како екстремно десничарска. Слоганот на Алианса Каталана на изборите беше „Да ја спасиме Каталонија“ (Salvem Catalunya).

Ориолс е дел од ксенофобичната политичка струја, особено кон мигрантите од Магреб. Таа претходно предупреди на опасностите од ‘политичко-верската идеологија на исламот и рече дека таму каде што муслиманите се мнозинство, цивилизацијата завршува и почнува варварството, пишува шпански „АС“

Исто така, Ориолс го поврза растот на криминалот во Каталонија со имиграцијата и нагласи дека верува дека Каталонија може да ги победи локалните криминалци, но дека тоа не мора да го прави во соработка со странците.

Неколку политички експерти ја окарактеризираа оваа политичка опција во Каталонија како регионален Вокс (Vox), т.е. десничарска партија на шпанската политичка сцена.

Тоа е каталонскиот Vox бидејќи дели со нив конзервативна визија за имиграцијата. Сепак, се разликува во своите размислувања за територијалното усогласување на Каталонија во рамките на Шпанија, бидејќи Ориолс е цврста бранителка на движењето за независност и едностраното прогласување независност, се наведува во текстот.

The post Радикалната десница влезе во каталонскиот парламент: Таму каде што муслиманите се мнозинство, цивилизацијата завршува и почнува варварството appeared first on Република.

]]>

Каталонските регионални избори, освен што со себе ја донесоа победата на социјалистите и враќањето на Карлес Пуџдемон на политичката сцена во Шпанија, доведоа и до појава на нова партија во парламентот што може да предизвика многу главоболки во иднина. Според изборните резултати, на каталонските регионални избори новоформираната Алианса Каталана (Aliança Catalana) предводена од градоначалничката на Општина Рипољ, Силвиа Ориолс и Сера, ќе има и две места во Парламентот на Каталонија. Партијата што беше создадена во 2020 година како резултат на незадоволството од актуелната каталонска политичка сцена полека се претвора во сериозна политичка опција, а она што сите ги загрижува е самата идеологија на нејзиниот претседател и другите членови, која може да се опише како екстремно десничарска. Слоганот на Алианса Каталана на изборите беше „Да ја спасиме Каталонија“ (Salvem Catalunya). Ориолс е дел од ксенофобичната политичка струја, особено кон мигрантите од Магреб. Таа претходно предупреди на опасностите од ‘политичко-верската идеологија на исламот и рече дека таму каде што муслиманите се мнозинство, цивилизацијата завршува и почнува варварството, пишува шпански „АС“ Исто така, Ориолс го поврза растот на криминалот во Каталонија со имиграцијата и нагласи дека верува дека Каталонија може да ги победи локалните криминалци, но дека тоа не мора да го прави во соработка со странците. Неколку политички експерти ја окарактеризираа оваа политичка опција во Каталонија како регионален Вокс (Vox), т.е. десничарска партија на шпанската политичка сцена. Тоа е каталонскиот Vox бидејќи дели со нив конзервативна визија за имиграцијата. Сепак, се разликува во своите размислувања за територијалното усогласување на Каталонија во рамките на Шпанија, бидејќи Ориолс е цврста бранителка на движењето за независност и едностраното прогласување независност, се наведува во текстот.

The post Радикалната десница влезе во каталонскиот парламент: Таму каде што муслиманите се мнозинство, цивилизацијата завршува и почнува варварството appeared first on Република.

]]>
Борел: Гласачите во Европа, поради страв би можеле да ја поддржат десницата во ЕУ https://republika.mk/vesti/borel-glasachite-poradi-strav-bi-mozhele-da-ja-poddrzhat-desnitsata-vo-eu-2/ Mon, 25 Dec 2023 08:25:22 +0000 https://republika.mk/?p=726367

Европските парламентарни избори во јуни 2024 година би можеле да бидат исто судбоносни како и претседателската трка во САД, предупреди високиот претставник на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел.

Тој за „Гардијан“ изјави дека верува оти стравот на гласачите од непознатото може да ги наведе да ги поддржат десничарските популистички партии.

- Се плашам од страв, се плашам дека Европејците ќе гласаат врз основа на страв. Научно е докажано дека стравот од непознатото и неизвесноста создава хормон кој бара сигурен одговор. Тоа е факт, рече Борел.

- Партиите кои можат да играат на стравот кај луѓето и да даваат лоши одговори на добри прашања, можат да ја привлечат поддршката на европското население, рече Борел.

Шефот на европската дипломатија вели дека прифаќа дека постојат и реални и согледани причини за загриженост, но ги повика гласачите да ги поддржат политичките сили кои можат да дадат јасна анализа на ситуацијата.

- Ако не можеме да го направиме тоа, мислам дека европските избори ќе бидат исто толку опасни како и оние во САД, рече Борел.

Тој потенцираше дека Европа сè уште нуди атрактивен модел за луѓето од целиот свет.

Борел се осврна и на моменталната состојба на проектот на ЕУ на крајот на годината помеѓу две војни, едната во Украина, а другата во Појасот Газа.

Говорејќи на самитот организиран од магазинот Le Grand Continent, тој рече дека двата конфликти ја загрозуваат иднината на Унијата, а во случајот со Украина, тој стравува од пораз доколку не дојде до брза промена на курсот.

Борел рече дека не гледа знаци дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да запре, па дури и да се задоволи со договор што ќе и овозможи на Москва да го задржи источниот дел на Украина.

За ситуацијата во Газа, тој рече дека Хамас не е само воена сила, туку идеја и како таква може да се победи само со подобри идеи, а не само со бомби.

The post Борел: Гласачите во Европа, поради страв би можеле да ја поддржат десницата во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Европските парламентарни избори во јуни 2024 година би можеле да бидат исто судбоносни како и претседателската трка во САД, предупреди високиот претставник на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел. Тој за „Гардијан“ изјави дека верува оти стравот на гласачите од непознатото може да ги наведе да ги поддржат десничарските популистички партии.
- Се плашам од страв, се плашам дека Европејците ќе гласаат врз основа на страв. Научно е докажано дека стравот од непознатото и неизвесноста создава хормон кој бара сигурен одговор. Тоа е факт, рече Борел. - Партиите кои можат да играат на стравот кај луѓето и да даваат лоши одговори на добри прашања, можат да ја привлечат поддршката на европското население, рече Борел.
Шефот на европската дипломатија вели дека прифаќа дека постојат и реални и согледани причини за загриженост, но ги повика гласачите да ги поддржат политичките сили кои можат да дадат јасна анализа на ситуацијата.
- Ако не можеме да го направиме тоа, мислам дека европските избори ќе бидат исто толку опасни како и оние во САД, рече Борел.
Тој потенцираше дека Европа сè уште нуди атрактивен модел за луѓето од целиот свет. Борел се осврна и на моменталната состојба на проектот на ЕУ на крајот на годината помеѓу две војни, едната во Украина, а другата во Појасот Газа. Говорејќи на самитот организиран од магазинот Le Grand Continent, тој рече дека двата конфликти ја загрозуваат иднината на Унијата, а во случајот со Украина, тој стравува од пораз доколку не дојде до брза промена на курсот. Борел рече дека не гледа знаци дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да запре, па дури и да се задоволи со договор што ќе и овозможи на Москва да го задржи источниот дел на Украина. За ситуацијата во Газа, тој рече дека Хамас не е само воена сила, туку идеја и како таква може да се победи само со подобри идеи, а не само со бомби.

The post Борел: Гласачите во Европа, поради страв би можеле да ја поддржат десницата во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Словачка ќе формира влада со екстремната десница https://republika.mk/vesti/svet/slovachka-ke-formira-vlada-so-ekstremnata-desnitsa/ Wed, 11 Oct 2023 17:13:42 +0000 https://republika.mk/?p=690264

Претседателот на партијата СМЕР-ССД, Роберт Фицо, победник на парламентарните избори во Словачка, изјави дека е постигнат договор со екстремно десничарската партија СНС и левичарската партија ХЛАС-СД за формирање на идната владина коалиција.

„Се договоривме за заедничко формирање влада. Тоа е основата на коалицискиот договор што сакаме да го склучиме што е можно поскоро“ изјави Фицо.

Неговата партија СМЕР-ССД освои 23 отсто од гласовите на изборите на 30 септември. По нив следи либералната Прогресивна Словачка (ПС) со 18 отсто, а трета е партијата ХЛАС-СД на поранешниот премиер Петер Пелегрини.

СМЕР-ССД ја засноваше својата кампања на ветувањата дека ќе ја прекине воената помош за Украина. Фокусот на кампањата на Фицо беше и противењето на илегалната миграција, критикувајќи ја преодната влада дека не направила повеќе и дека не ги суспендирала шенгенските правила за „отворени граници“.

Ден по изборите, Фицо рече дека Словачка има „поважни проблеми“ од помагањето на Украина.

„Сметаме дека Украина е огромна трагедија за сите. Ако СМЕР биде задолжена за формирање влада... ќе направиме се што можеме за да организираме мировни преговори што е можно поскоро“, рече тој.

The post Словачка ќе формира влада со екстремната десница appeared first on Република.

]]>

Претседателот на партијата СМЕР-ССД, Роберт Фицо, победник на парламентарните избори во Словачка, изјави дека е постигнат договор со екстремно десничарската партија СНС и левичарската партија ХЛАС-СД за формирање на идната владина коалиција.

„Се договоривме за заедничко формирање влада. Тоа е основата на коалицискиот договор што сакаме да го склучиме што е можно поскоро“ изјави Фицо. Неговата партија СМЕР-ССД освои 23 отсто од гласовите на изборите на 30 септември. По нив следи либералната Прогресивна Словачка (ПС) со 18 отсто, а трета е партијата ХЛАС-СД на поранешниот премиер Петер Пелегрини. СМЕР-ССД ја засноваше својата кампања на ветувањата дека ќе ја прекине воената помош за Украина. Фокусот на кампањата на Фицо беше и противењето на илегалната миграција, критикувајќи ја преодната влада дека не направила повеќе и дека не ги суспендирала шенгенските правила за „отворени граници“. Ден по изборите, Фицо рече дека Словачка има „поважни проблеми“ од помагањето на Украина. „Сметаме дека Украина е огромна трагедија за сите. Ако СМЕР биде задолжена за формирање влада... ќе направиме се што можеме за да организираме мировни преговори што е можно поскоро“, рече тој.

The post Словачка ќе формира влада со екстремната десница appeared first on Република.

]]>
Десницата во Италија убедливо победи на изборите во клучните региони Ломбардија и Лацио https://republika.mk/vesti/svet/desnitsata-vo-italija-ubedlivo-pobedi-na-izborite-vo-kluchnite-regioni-lombardija-i-latsio/ Tue, 14 Feb 2023 09:17:57 +0000 https://republika.mk/?p=608719

Десницата во Италија убедливо победи на изборите за гувернери и советници во италијанските региони Лацио и Ломбардија, објавија италијанските медиуми.

Конечните резултати од гласањето во северниот регион Ломбардија покажуваат дека Атилио Фонтана, кој е претставник на партијата „Лига“ на Матео Салвини, е реизбран за регионален гувернер. Тој освои 54,67 отсто од гласовите. Неговиот главен ривал, Пјерфранческо Маиорино, кандидат на Обединетата левица, која ги вклучува Демократската партија, Зелените и „Движењето 5 ѕвезди“, доби само 33,93 отсто. На третото место се најде Летиција Морати, кандидатка на центристите. Таа доби 9,87 отсто од гласовите.

Одѕивот на гласачите во областа беше 41,68 отсто.

Партијата „Браќа на Италија“ на премиерката Џорџа Мелони, го освои првото место на изборите за регионална администрација во Ломбардија. Таа освои 25,18 отсто од гласовите. Партијата „Лига“ освои само 16,53 отсто, а „Форца Италија“ на Силвио Берлускони освои 7,23 отсто.

Демократската партија во Ломбардија освои 21,82 отсто од гласовите, „Движењето 5 ѕвезди“ 3,93 отсто, а центристичкиот „Трет пол“ 4,52 отсто.

Резултатите од гласањето во регионот на Лацио покажуваат дека таму победува кандидатот на Обединетата десница, Франческо Рока, чија кандидатура беше главно поддржана од премиерката Мелони. Тој добива 53,88 отсто. Така Лацио преминува од левицата кај десницата.

На второ место се најде кандидатот на Демократската партија и центристичкиот „Трет Пол“, Алесио Д’Амато. Тој освои 33,5 отсто од гласовите, а Донатела Бјанки, кандидатката на „Движењето 5 ѕвезди“ се најде на третото место со 10,76 отсто.

Излезноста на гласачите во Лацио беше 30,72 отсто.

Во битката за локалниот совет во Лацио, „Браќа на Италија“ води со 33,63 проценти, а по нив следат „Лига“ и „Форца Италија“ со 8,52 односно 8,43 проценти…

Во двата региони се бележи намалување на одѕивот на гласачите.

The post Десницата во Италија убедливо победи на изборите во клучните региони Ломбардија и Лацио appeared first on Република.

]]>

Десницата во Италија убедливо победи на изборите за гувернери и советници во италијанските региони Лацио и Ломбардија, објавија италијанските медиуми. Конечните резултати од гласањето во северниот регион Ломбардија покажуваат дека Атилио Фонтана, кој е претставник на партијата „Лига“ на Матео Салвини, е реизбран за регионален гувернер. Тој освои 54,67 отсто од гласовите. Неговиот главен ривал, Пјерфранческо Маиорино, кандидат на Обединетата левица, која ги вклучува Демократската партија, Зелените и „Движењето 5 ѕвезди“, доби само 33,93 отсто. На третото место се најде Летиција Морати, кандидатка на центристите. Таа доби 9,87 отсто од гласовите. Одѕивот на гласачите во областа беше 41,68 отсто. Партијата „Браќа на Италија“ на премиерката Џорџа Мелони, го освои првото место на изборите за регионална администрација во Ломбардија. Таа освои 25,18 отсто од гласовите. Партијата „Лига“ освои само 16,53 отсто, а „Форца Италија“ на Силвио Берлускони освои 7,23 отсто. Демократската партија во Ломбардија освои 21,82 отсто од гласовите, „Движењето 5 ѕвезди“ 3,93 отсто, а центристичкиот „Трет пол“ 4,52 отсто. Резултатите од гласањето во регионот на Лацио покажуваат дека таму победува кандидатот на Обединетата десница, Франческо Рока, чија кандидатура беше главно поддржана од премиерката Мелони. Тој добива 53,88 отсто. Така Лацио преминува од левицата кај десницата. На второ место се најде кандидатот на Демократската партија и центристичкиот „Трет Пол“, Алесио Д’Амато. Тој освои 33,5 отсто од гласовите, а Донатела Бјанки, кандидатката на „Движењето 5 ѕвезди“ се најде на третото место со 10,76 отсто. Излезноста на гласачите во Лацио беше 30,72 отсто. Во битката за локалниот совет во Лацио, „Браќа на Италија“ води со 33,63 проценти, а по нив следат „Лига“ и „Форца Италија“ со 8,52 односно 8,43 проценти… Во двата региони се бележи намалување на одѕивот на гласачите.

The post Десницата во Италија убедливо победи на изборите во клучните региони Ломбардија и Лацио appeared first on Република.

]]>