Десарет Archives - Република https://republika.mk/tema/desaret/ За подобро да се разбереме Tue, 18 Jul 2023 08:30:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Десарет Archives - Република https://republika.mk/tema/desaret/ 32 32 Кај „Десарет“, „Градиште“, „Љубаништа“, „Ливадишта“ и од Струга до Радожда не функционира канализациониот систем изграден пред 10 години https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/kaj-desaret-gradishte-lubanishta-livadishta-i-od-struga-do-radozhda-ne-funktsionira-kanalizatsioniot-sistem-izgraden-pred-10-godini/ Tue, 18 Jul 2023 08:30:33 +0000 https://republika.mk/?p=662563

Институтот за јавно здравје во својот извештај објавен на 10 јули објави дека Хотел „Десарет”, автокамп „Градиште”, „Љубаништа” и „Ливадишта“, ресторан „Острово” и другите угостителски објекти во „Св. Наум”, како и туристичките населби од Струга до Радожда, се приклучени на канализациониот систем кој е изграден во 2013 година, но истиот не функционира.

Според наодите на институтот, во фазата на третман на отпадни води постои само дробилица за фекалните материи, но не постојат филтри и нема хлорирање на отпадната вода пред испуст во езеро при што претставува директен загадувач на езерото.

Извештајот го елаборира квалитетот и здравствената безбедност на површинските води за капење и проценка на здравствениот ризик пред почетокот на летната сезона.

Единствено на овој потег приклучен на колекторскиот систем е хотелот „Макпетрол”, хотел „Бисер“, наведено е во извештајот.

Согласно постојните информации за извршениот санитарно-хигиенски увид од Центарот за јавно здравје – Охрид, перзистираат објектите од последните години наназад кои не се вклучени во колекторскиот систем, а претставуваат потенцијални загадувачи. Тоа се хотелско-угостителските објекти, како и туристичките населби кои се сместени по должината на охридското крајбрежје, од хотел „Десарет“ до Св. Наум, потоа, хотелско-угостителските објекти и туристичките населби од Струга до Радожда.

Во него пишува дека потенцијални загадувачи се и приватните куќи сместени на брегот од охридското езеро од плажата Сараиште до црквата Св. Софија до приобалниот дел на населба Канео.

Потенцијални загадувачи се и шанкови поставени на самиот брег на езерото на самите плажи, како и испустни цевки за собирање на атмосферски води кои се влеваат езерото, со можност за (намерно или ненамерно) приклучени отпадни фекални води од колективните станбени згради и приватни куќи“, пишува во извештајот.

The post Кај „Десарет“, „Градиште“, „Љубаништа“, „Ливадишта“ и од Струга до Радожда не функционира канализациониот систем изграден пред 10 години appeared first on Република.

]]>

Институтот за јавно здравје во својот извештај објавен на 10 јули објави дека Хотел „Десарет”, автокамп „Градиште”, „Љубаништа” и „Ливадишта“, ресторан „Острово” и другите угостителски објекти во „Св. Наум”, како и туристичките населби од Струга до Радожда, се приклучени на канализациониот систем кој е изграден во 2013 година, но истиот не функционира. Според наодите на институтот, во фазата на третман на отпадни води постои само дробилица за фекалните материи, но не постојат филтри и нема хлорирање на отпадната вода пред испуст во езеро при што претставува директен загадувач на езерото. Извештајот го елаборира квалитетот и здравствената безбедност на површинските води за капење и проценка на здравствениот ризик пред почетокот на летната сезона. Единствено на овој потег приклучен на колекторскиот систем е хотелот „Макпетрол”, хотел „Бисер“, наведено е во извештајот.