депонии на линдан Archives - Република https://republika.mk/tema/deponii-na-lindan/ За подобро да се разбереме Tue, 05 Jul 2022 09:18:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png депонии на линдан Archives - Република https://republika.mk/tema/deponii-na-lindan/ 32 32 Линданот од Охис тргна кон Франција https://republika.mk/vesti/skopje/lindanot-od-ohis-trgna-kon-francija/ Tue, 05 Jul 2022 09:18:05 +0000 https://republika.mk/?p=524083

Со посебно задоволство ја објавивме веста дека првите седум контејнери со чист HCH, секој од нив тежок по 22-26 тони, вчера попладне излегоа од Охис и тргнаа на пат кон Солунското пристаниште од каде ќе заминат за Франција.

Со ова започна транспортот на опасниот историски отпад од малата депонија од пораншниот индустриски гигант Охис.

Како што беше посветено посебно внимание на безбедноста на самиот процес на ископување на линаданот и неговите изомери складирани во малата депонија на поранешниот гигант Охис, исто така координирано, прецизно и крајно внимателно, со особено залагање на искусни професионалци кои си ја знаат својата работа до најситен детал, беше извршана подготовката за транспорт што подразбира пакување и товарање и самото транспортирање.

Целиот процес се водеше со посебна внимателност и почитување на меѓународната регулатива за прекуграничен транспорт на опасен отпад по Базелска Конвенција и сега е најважно оваа пратка да стигне безбедно до крајната дестинација.

Во наредниот период уште 20 контејнери ќе бидат товарени и транспортиртани од државата со што завршуваат активностите опфатни со ГЕФ проектот што се реализаира преку УНИДО. Но, ископот во континуитет ќе продолжи со користење на средства од Повеќепартнерскиот фонд за животна средина специјално формиран за чистење на контаминацијата во кругот на ОХИС во сорабoтка со UNOPS.

The post Линданот од Охис тргна кон Франција appeared first on Република.

]]>

Со посебно задоволство ја објавивме веста дека првите седум контејнери со чист HCH, секој од нив тежок по 22-26 тони, вчера попладне излегоа од Охис и тргнаа на пат кон Солунското пристаниште од каде ќе заминат за Франција. Со ова започна транспортот на опасниот историски отпад од малата депонија од пораншниот индустриски гигант Охис. Како што беше посветено посебно внимание на безбедноста на самиот процес на ископување на линаданот и неговите изомери складирани во малата депонија на поранешниот гигант Охис, исто така координирано, прецизно и крајно внимателно, со особено залагање на искусни професионалци кои си ја знаат својата работа до најситен детал, беше извршана подготовката за транспорт што подразбира пакување и товарање и самото транспортирање. Целиот процес се водеше со посебна внимателност и почитување на меѓународната регулатива за прекуграничен транспорт на опасен отпад по Базелска Конвенција и сега е најважно оваа пратка да стигне безбедно до крајната дестинација. Во наредниот период уште 20 контејнери ќе бидат товарени и транспортиртани од државата со што завршуваат активностите опфатни со ГЕФ проектот што се реализаира преку УНИДО. Но, ископот во континуитет ќе продолжи со користење на средства од Повеќепартнерскиот фонд за животна средина специјално формиран за чистење на контаминацијата во кругот на ОХИС во сорабoтка со UNOPS.

The post Линданот од Охис тргна кон Франција appeared first on Република.

]]>