денови на македонска култура Archives - Република https://republika.mk/tema/denovi-na-makedonska-kultura/ За подобро да се разбереме Tue, 16 May 2023 07:28:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png денови на македонска култура Archives - Република https://republika.mk/tema/denovi-na-makedonska-kultura/ 32 32 „Денови на македонската култура“ во Белград https://republika.mk/vesti/makedonija/denovi-na-makedonskata-kultura-vo-belgrad/ Tue, 16 May 2023 07:28:30 +0000 https://republika.mk/?p=641212

Манифестацијата „Денови на македонската култура“ е отворена во Белград со изложбата на слики „Очите гледаат се“ на авторката Гордана Јаневска, во галеријата „Никола Радошевиќ“.

На отворањето на изложбата, што ќе трае до 21 мај, пригодни говори и поздрави имаа Зорица Митровиќ, претседател на македонското друштво во Белград „Македониум“ и Синиша Новески, скулптор и уметнички директор на фестивалот „Деновите на македонската култура“.

Очите се портата и преминот помеѓу духовното и реалното, метафизичкото и објективното, а со тоа сликите на авторката се визуелно и интимно искуство и претстава на нејзиниот поглед на светот, луѓето и природата, се вели во текстот за изложбата подготвена од Синиша Новески.

Сликарката имаше голем број самостојни и групни изложби во Македонија и во странство, додека изложбата „Очите гледаат се“ е нејзино прво авторско претставување во Белград.

The post „Денови на македонската култура“ во Белград appeared first on Република.

]]>

Манифестацијата „Денови на македонската култура“ е отворена во Белград со изложбата на слики „Очите гледаат се“ на авторката Гордана Јаневска, во галеријата „Никола Радошевиќ“. На отворањето на изложбата, што ќе трае до 21 мај, пригодни говори и поздрави имаа Зорица Митровиќ, претседател на македонското друштво во Белград „Македониум“ и Синиша Новески, скулптор и уметнички директор на фестивалот „Деновите на македонската култура“.
Очите се портата и преминот помеѓу духовното и реалното, метафизичкото и објективното, а со тоа сликите на авторката се визуелно и интимно искуство и претстава на нејзиниот поглед на светот, луѓето и природата, се вели во текстот за изложбата подготвена од Синиша Новески.
Сликарката имаше голем број самостојни и групни изложби во Македонија и во странство, додека изложбата „Очите гледаат се“ е нејзино прво авторско претставување во Белград.

The post „Денови на македонската култура“ во Белград appeared first on Република.

]]>
Денови на македонска култура во Шибеник https://republika.mk/vesti/kultura/denovi-na-makedonska-kultura-vo-shibenik/ Fri, 02 Sep 2022 07:25:46 +0000 https://republika.mk/?p=546619

Во рамките на програмата „Денови на македонската култура" во Шибеник, невладиното здружение Mакедонско-хравстка тангента од денеска до 5 септември нуди вистинско литературно, музичко и уметничко задоволство.

Денеска во Музејот на град Шибеник ќе се одржи отворањето на „Деновите на македонската култура“ со промоција на книгата „Опсегот на една визија“ од Сашо Георгиевски, претседател на здружението и амбасадорот Љупчо Арсовски.

На отворањето се очекува доаѓањето на македонскиот амбасадор од Загреб, Милаим Фетаи, како и на директорката на КИЦ од Загреб, Наталија Поповска.

Добитникот на високата награда „Пријател на Македонија“, која Македонско-хрватска тангента ја доделува во знак на благодарност за долгогодишната соработка и искрена поддршка на пријателството меѓу Хрватска и Македонија во областа на културата, уметноста, економијата и политиката, е третиот хрватски претседател Иво Јосиповиќ, кој е и почесен член на здружението.

Утре на островот Зларин е предвидено да се одржи културната манифестација „Од остров на земја, до остров на море“. Настанот е од меѓународен карактер и на едно место собира писатели, публицисти и новинари од Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и други земји од регионот.

Од Скопје ќе допатуваат Иван Додовски, декан на Факултетот за политички науки на Универзитетот Американ колеџ Скопје и Владимир Симоновски, скулптор. Во Зларин, познатиот метеоролог Момчило Живковиќ, директор на метеоролошката компанија Сева од Белград, ќе одржи предавање на тема „Клима и море“.

На 4 септември се планирани литературни разговори, а на 5 септември предавање на професорот Слободан Черовиќ, декан на Универзитетот Сингидунум во Белград, на тема „Улогата и значењето на човечкиот капитал во современиот туризам и угостителство“. Истиот ден во галеријата на библиотеката ќе биде отворена изложбата „Тангано плавон“ на Македонецот Зоран Стоилов од Сплит.

Деновите на македонската култура во Шибеник се одржуваат во соработка и со финансиска поддршка на Советот за национални малцинства на Република Хрватска, градот Шибеник и туристичките одбори на градот Шибеник и Зларин.

 

The post Денови на македонска култура во Шибеник appeared first on Република.

]]>

Во рамките на програмата „Денови на македонската култура" во Шибеник, невладиното здружение Mакедонско-хравстка тангента од денеска до 5 септември нуди вистинско литературно, музичко и уметничко задоволство. Денеска во Музејот на град Шибеник ќе се одржи отворањето на „Деновите на македонската култура“ со промоција на книгата „Опсегот на една визија“ од Сашо Георгиевски, претседател на здружението и амбасадорот Љупчо Арсовски. На отворањето се очекува доаѓањето на македонскиот амбасадор од Загреб, Милаим Фетаи, како и на директорката на КИЦ од Загреб, Наталија Поповска. Добитникот на високата награда „Пријател на Македонија“, која Македонско-хрватска тангента ја доделува во знак на благодарност за долгогодишната соработка и искрена поддршка на пријателството меѓу Хрватска и Македонија во областа на културата, уметноста, економијата и политиката, е третиот хрватски претседател Иво Јосиповиќ, кој е и почесен член на здружението. Утре на островот Зларин е предвидено да се одржи културната манифестација „Од остров на земја, до остров на море“. Настанот е од меѓународен карактер и на едно место собира писатели, публицисти и новинари од Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и други земји од регионот. Од Скопје ќе допатуваат Иван Додовски, декан на Факултетот за политички науки на Универзитетот Американ колеџ Скопје и Владимир Симоновски, скулптор. Во Зларин, познатиот метеоролог Момчило Живковиќ, директор на метеоролошката компанија Сева од Белград, ќе одржи предавање на тема „Клима и море“. На 4 септември се планирани литературни разговори, а на 5 септември предавање на професорот Слободан Черовиќ, декан на Универзитетот Сингидунум во Белград, на тема „Улогата и значењето на човечкиот капитал во современиот туризам и угостителство“. Истиот ден во галеријата на библиотеката ќе биде отворена изложбата „Тангано плавон“ на Македонецот Зоран Стоилов од Сплит. Деновите на македонската култура во Шибеник се одржуваат во соработка и со финансиска поддршка на Советот за национални малцинства на Република Хрватска, градот Шибеник и туристичките одбори на градот Шибеник и Зларин.  

The post Денови на македонска култура во Шибеник appeared first on Република.

]]>
Почнуваат „Денови на македонска култура“ во Белград https://republika.mk/vesti/kultura/pochnuvaat-denovi-na-makedonska-kultura-vo-belgrad/ Sun, 22 May 2022 15:27:17 +0000 https://republika.mk/?p=505548

Деновите на македонската култура во Белград, најзначајната манифестација на македонската заедница во Србија, во организација на здружението Македониум од Белград, годинава ќе се одржат од 23 до 31 мај, по повод сесловенските просветители Кирил и Методиј, соопштило денеска здружението.

На отворањето на манифестацијата на 23 мај во 19 часот во Педагошкиот музеј ќе биде одржан концерт на дуото „Етно лирика“ во состав сопранот Јелена Алексиќ и пијанистката Магдица Манасиева. Нивниот репертоар вклучува традиционални македонски песни во уникатен аранжман и спој на класична музика, џез и фолклор, a свеченоста ќе ја отвори претседателот на Македонскиот национален совет во Србија, Борче Величковски.

Во рамките на Деновите на македонската култура е планирано да се одржат изложби, концерти, промоции на книги и филмски проекции. Програмата се затвора на 31 мај во Театарот 78 со претставата „Разведи ме“ на скопскиот театар „Провокација“.

Со манифестацијата „Денови на македонската култура во Белград“, од година во година ги посочуваме пријателските и нераскинливи врски меѓу двете земји. Главната цел е оваа манифестација да биде мост меѓу нашите две татковини, односно да ги обезбедиме културните содржини на татковината од која доаѓаме во онаа во која живееме, велат организаторите.

Партнери во реализацијата на настанот се Музејот на град Белград, Педагошкиот музеј и театар 78, а традиционално е поддржан и финансиран од Министерството за култура и информирање на Владата на Србија, Националниот совет на Македонскиот народен Малцинство и компаниите Алкалоид и Фудекс.

The post Почнуваат „Денови на македонска култура“ во Белград appeared first on Република.

]]>

Деновите на македонската култура во Белград, најзначајната манифестација на македонската заедница во Србија, во организација на здружението Македониум од Белград, годинава ќе се одржат од 23 до 31 мај, по повод сесловенските просветители Кирил и Методиј, соопштило денеска здружението. На отворањето на манифестацијата на 23 мај во 19 часот во Педагошкиот музеј ќе биде одржан концерт на дуото „Етно лирика“ во состав сопранот Јелена Алексиќ и пијанистката Магдица Манасиева. Нивниот репертоар вклучува традиционални македонски песни во уникатен аранжман и спој на класична музика, џез и фолклор, a свеченоста ќе ја отвори претседателот на Македонскиот национален совет во Србија, Борче Величковски. Во рамките на Деновите на македонската култура е планирано да се одржат изложби, концерти, промоции на книги и филмски проекции. Програмата се затвора на 31 мај во Театарот 78 со претставата „Разведи ме“ на скопскиот театар „Провокација“.
Со манифестацијата „Денови на македонската култура во Белград“, од година во година ги посочуваме пријателските и нераскинливи врски меѓу двете земји. Главната цел е оваа манифестација да биде мост меѓу нашите две татковини, односно да ги обезбедиме културните содржини на татковината од која доаѓаме во онаа во која живееме, велат организаторите.
Партнери во реализацијата на настанот се Музејот на град Белград, Педагошкиот музеј и театар 78, а традиционално е поддржан и финансиран од Министерството за култура и информирање на Владата на Србија, Националниот совет на Македонскиот народен Малцинство и компаниите Алкалоид и Фудекс.

The post Почнуваат „Денови на македонска култура“ во Белград appeared first on Република.

]]>