Денови на комедијата Archives - Република https://republika.mk/tema/denovi-na-komedijata/ За подобро да се разбереме Wed, 09 Oct 2024 10:30:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Денови на комедијата Archives - Република https://republika.mk/tema/denovi-na-komedijata/ 32 32 „Пар – распар“ избрана за најдобра претстава на „Денови на комедија 2024“ во Куманово https://republika.mk/vesti/kultura/par-raspar-izbrana-za-najdobra-pretstava-na-denovi-na-komedija-2024-vo-kumanovo/ Wed, 09 Oct 2024 10:30:17 +0000 https://republika.mk/?p=824537

Заврши 27-тиот Меѓународен фестивал „Денови на комедија 2024“ во Куманово. Кумановскиот театар вчера традиционално ја затвори фестивалската програма со премиерата „Како што сакате“ во режија на Срѓан Јаниќиевиќ.

Жирито на МТФ, претседател, Александар Ивановски и членовите Катерина Момева, Петар Андоновски, Ева Камчевска и Стефан Јакимовски за најдобра претстава ја прогласија „Пар – распар“ на Театар комедија, Скопје, наградата за најдобар режисер ја доби Куштрим Бектеши за „Итроштините на Патук“ во изведба на Тетовскиот театар.

Фаик Мефаиловски од Велешкиот театар ја доби наградата за најдобра главна машка улога, за најдобра споредна машка улога е прогласен Марко Трајковиќ за изведбата во „Како што сакате“ на Театар Куманово. Најдобра главна женска улога ќе и биде врачена на Марија Минчева Андонов за изведбата во „Женидба“ на Штипскиот театар, најдобра споредна женска улога, Марија Новак во „Секс, лаги и љубомора“ на Театар Охрид. Кумановскиот театар ги доби наградите за најдобра костимографија на Лидија Георгиева и за најдобра сценографија, Марија Ветерова.

На годинашново издание пред кумановската публика настапија Велешкиот театар со „Вечера за глупаци“, претставата „Секс, лаги и љубомора“ на Народен театар Охрид. Кумановци имаа можност да ги проследат и „Фустан за бегство“ на драматичен куклен театар од Враца, Република Бугарија, „Автопат Сагбама“ на Позориште „Бора Станковиќ“ од Врање, Србија, „Пар распар“ на Театар Комедија од Скопје, „Итроштините на Патук“ од Тетовскиот театар, „Се бара нов маж“ од драмско куклен театар Плевен, Бугарија, „Мажи во влечки“ на албанската драма на Театар Куманово, „Женидба“ на Народен театар Штип, „Кокошке“-Народен театар од Ниш. Освен официјалната програма настапија и студентите од факултетите од државата.

Лауреат на годинашново издание е актерот Сашко Коцев за неговиот особен придонес во комедијата. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура со 600.000 денари, Општината со 330.000 денари и со поддршка на општествено-одговорни компании.

The post „Пар – распар“ избрана за најдобра претстава на „Денови на комедија 2024“ во Куманово appeared first on Република.

]]>

Заврши 27-тиот Меѓународен фестивал „Денови на комедија 2024“ во Куманово. Кумановскиот театар вчера традиционално ја затвори фестивалската програма со премиерата „Како што сакате“ во режија на Срѓан Јаниќиевиќ. Жирито на МТФ, претседател, Александар Ивановски и членовите Катерина Момева, Петар Андоновски, Ева Камчевска и Стефан Јакимовски за најдобра претстава ја прогласија „Пар – распар“ на Театар комедија, Скопје, наградата за најдобар режисер ја доби Куштрим Бектеши за „Итроштините на Патук“ во изведба на Тетовскиот театар. Фаик Мефаиловски од Велешкиот театар ја доби наградата за најдобра главна машка улога, за најдобра споредна машка улога е прогласен Марко Трајковиќ за изведбата во „Како што сакате“ на Театар Куманово. Најдобра главна женска улога ќе и биде врачена на Марија Минчева Андонов за изведбата во „Женидба“ на Штипскиот театар, најдобра споредна женска улога, Марија Новак во „Секс, лаги и љубомора“ на Театар Охрид. Кумановскиот театар ги доби наградите за најдобра костимографија на Лидија Георгиева и за најдобра сценографија, Марија Ветерова. На годинашново издание пред кумановската публика настапија Велешкиот театар со „Вечера за глупаци“, претставата „Секс, лаги и љубомора“ на Народен театар Охрид. Кумановци имаа можност да ги проследат и „Фустан за бегство“ на драматичен куклен театар од Враца, Република Бугарија, „Автопат Сагбама“ на Позориште „Бора Станковиќ“ од Врање, Србија, „Пар распар“ на Театар Комедија од Скопје, „Итроштините на Патук“ од Тетовскиот театар, „Се бара нов маж“ од драмско куклен театар Плевен, Бугарија, „Мажи во влечки“ на албанската драма на Театар Куманово, „Женидба“ на Народен театар Штип, „Кокошке“-Народен театар од Ниш. Освен официјалната програма настапија и студентите од факултетите од државата. Лауреат на годинашново издание е актерот Сашко Коцев за неговиот особен придонес во комедијата. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура со 600.000 денари, Општината со 330.000 денари и со поддршка на општествено-одговорни компании.  

The post „Пар – распар“ избрана за најдобра претстава на „Денови на комедија 2024“ во Куманово appeared first on Република.

]]>
Во Куманово вечерва почнува Меѓународниот фестивал „Денови на комедијата“ https://republika.mk/vesti/kultura/vo-kumanovo-vecherva-pochnuva-megunarodniot-festival-denovi-na-komedijata/ Tue, 24 Sep 2024 11:25:41 +0000 https://republika.mk/?p=819267

Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово од вечерва ќе биде домаќин на 27. издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“, кој ќе трае до деветти октомври.

Фестивалот оваа година ќе се отвори со свеченото доделување на наградата „Васил Иљоски“ на актерот Сашко Коцев за неговиот особен придонес во комедијата. Истата вечер, Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ од Велес ќе ја изведе претставата „Вечера за глупаци“.

Во текот на фестивалот, публиката ќе има можност да ужива во 11 претстави, меѓу кои „Секс, лаги и љубомора“ на Народен театар Охрид, „Фустан за бегство“ на Драматичен куклен театар од Бугарија, „Пар распар“ на Театар Комедија од Скопје, и „Ноќ спроти Водици“ на Театар Куманово, која ќе биде премиерно изведена на 8 октомври.

Фестивалот ќе заврши на 9 октомври со доделување награди за најдобри актерски и технички остварувања.

The post Во Куманово вечерва почнува Меѓународниот фестивал „Денови на комедијата“ appeared first on Република.

]]>

Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово од вечерва ќе биде домаќин на 27. издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“, кој ќе трае до деветти октомври. Фестивалот оваа година ќе се отвори со свеченото доделување на наградата „Васил Иљоски“ на актерот Сашко Коцев за неговиот особен придонес во комедијата. Истата вечер, Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ од Велес ќе ја изведе претставата „Вечера за глупаци“. Во текот на фестивалот, публиката ќе има можност да ужива во 11 претстави, меѓу кои „Секс, лаги и љубомора“ на Народен театар Охрид, „Фустан за бегство“ на Драматичен куклен театар од Бугарија, „Пар распар“ на Театар Комедија од Скопје, и „Ноќ спроти Водици“ на Театар Куманово, која ќе биде премиерно изведена на 8 октомври. Фестивалот ќе заврши на 9 октомври со доделување награди за најдобри актерски и технички остварувања.

The post Во Куманово вечерва почнува Меѓународниот фестивал „Денови на комедијата“ appeared first on Република.

]]>
Со претставата „Вечера за глупаци“ почнува Фестивалот „Денови на комедијата“ во Куманово https://republika.mk/vesti/kultura/so-pretstavata-vechera-za-glupatsi-pochnuva-festivalot-denovi-na-komedijata-vo-kumanovo/ Sun, 22 Sep 2024 15:00:08 +0000 https://republika.mk/?p=818762

Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово ќе биде домаќин на 27. издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“, кое ќе се одржи од 24 септември до 9 октомври.

Фестивалот оваа година ќе се отвори со свеченото доделување на наградата „Васил Иљоски“ на актерот Сашко Коцев за неговиот особен придонес во комедијата. Истата вечер, Театар „Џинот“ од Велес ќе ја изведе претставата „Вечера за глупаци“.

Во текот на фестивалот, публиката ќе има можност да ужива во 11 претстави, меѓу кои „Секс, лаги и љубомора“ на Народен театар Охрид, „Фустан за бегство“ на Драматичен куклен театар од Бугарија, „Пар распар“ на Театар Комедија од Скопје, и „Ноќ спроти Водици“ на Театар Куманово, која ќе биде премиерно изведена на 8 октомври.

Фестивалот ќе заврши на 9 октомври со доделување награди за најдобри актерски и технички остварувања.

The post Со претставата „Вечера за глупаци“ почнува Фестивалот „Денови на комедијата“ во Куманово appeared first on Република.

]]>

Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово ќе биде домаќин на 27. издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“, кое ќе се одржи од 24 септември до 9 октомври. Фестивалот оваа година ќе се отвори со свеченото доделување на наградата „Васил Иљоски“ на актерот Сашко Коцев за неговиот особен придонес во комедијата. Истата вечер, Театар „Џинот“ од Велес ќе ја изведе претставата „Вечера за глупаци“. Во текот на фестивалот, публиката ќе има можност да ужива во 11 претстави, меѓу кои „Секс, лаги и љубомора“ на Народен театар Охрид, „Фустан за бегство“ на Драматичен куклен театар од Бугарија, „Пар распар“ на Театар Комедија од Скопје, и „Ноќ спроти Водици“ на Театар Куманово, која ќе биде премиерно изведена на 8 октомври. Фестивалот ќе заврши на 9 октомври со доделување награди за најдобри актерски и технички остварувања.

The post Со претставата „Вечера за глупаци“ почнува Фестивалот „Денови на комедијата“ во Куманово appeared first on Република.

]]>
На свое тло, во своја средина е потешко да добиеш награда, вели Сашко Коцев, овогодишен лауреат на 27. издание на МТФ „Денови на комедија“ https://republika.mk/vesti/kultura/na-svoe-tlo-vo-svoja-sredina-e-poteshko-da-dobiesh-nagrada-veli-sashko-kotsev-ovogodishen-laureat-na-27-izdanie-na-mtf-denovi-na-komedija/ Thu, 12 Sep 2024 07:22:14 +0000 https://republika.mk/?p=815535

Овогодишен лауреат на меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ Куманово е актерот Сашко Коцев, соопштија на денешната прес-конференција од Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“.

Годинава по 27-ми пат ќе се одржи традиционалниот меѓународен фестивал „Денови на комедија“ на кој ќе бидат изведени единаесет комедии од театри од државата и соседните Бугарија и Србија.

Фестивалот ќе почне на 24 септември со велешки театар, следуваат охридкиот, театарот од Враца, од Врање, ќе настапи театар комедија, тетовскиот, театар од Плевен, ќе игра и албанската драма од Куманово. Публиката ќе има можност да ги проследи и штипскиот театар, театарот од Ниш. Во вторник фестивалот го затвора кумановскиот театар со новата претстава која ја подготвуваме „Ноќ спроти Водици“ во режија на Срѓан Јанаќиевиќ, изјави директорот на НУЦК, Сашо Тодоровски.

Новина е што годинава се поканети и ќе настапат и студенти од факултетите. Билетите ќе се продаваат неколку дена пред отпочнување на фестивалот.

Лауреатот Коцев кажа дека е чест што ја добива наградата особено од фестивалот од градот од каде што потекнува. За него, лауреат звучи импозантно.

Јас сум раснел со овој фестивал кој е од 1997 година. Токму на овој фестивал беше претставата „Декамерон“ од битолски театар после која јас зацртав дека нема да бидам друго во живото освен она што сега го работам-актер. Не ја гледам работата низ награди. Изненаден бев. На свое тло, во своја средина е потешко да добиеш награда. Излезен сум од овој театар и публиката ми вели дека немам ништо одиграно и е во право. Дел бев од овој театар до 2006/7 ме врзуваат драги спомени, рече Коцев.

И тој очекува редици при влез на претставите како и секоја година. За него убавината на фестивалите е што публиката коментира по секоја претстава.

-Потешко е кога ќе добиеш награда, признание, публиката очекува натпросечни изведби, трката со себе е најтешка, вели Коцев.

Членовите на Советот на фестивалот одлучија наградата „Васил Иљоски“ која се доделува за особен придонес во театарската уметност да му припадне на актерот Сашко Коцев. Александра Михајловска, актерка кажа дека фестивалот е симбол на Куманово, а Коцев е симбол на Куманово насекаде го презентира градот.

Едногласно ја донесовме одлуката. Во однос на возраста, сакам да напомнам дека ова не е класична награда за животно дело, туку е награда за особен придонес во комедиографијата, за придонесот во фелата, театарската уметност. Кариерата на Коцев зборува за него, кажа Михајловска.

Изминативе шест години лауреати на Фестивалот беа Љубица Гојковиќ, Ѓорѓи Андов, Илија Струмениковски, Стојна Костовска, Благоја Чоревски и Коле Ангеловски. Оваа 2024 година Советот на Фестивалот одлучи наградата Васил Иљоски која се доделува за особен придонес во театарската уметност особено во делот на комедијата.

The post На свое тло, во своја средина е потешко да добиеш награда, вели Сашко Коцев, овогодишен лауреат на 27. издание на МТФ „Денови на комедија“ appeared first on Република.

]]>

Овогодишен лауреат на меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ Куманово е актерот Сашко Коцев, соопштија на денешната прес-конференција од Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“. Годинава по 27-ми пат ќе се одржи традиционалниот меѓународен фестивал „Денови на комедија“ на кој ќе бидат изведени единаесет комедии од театри од државата и соседните Бугарија и Србија.
Фестивалот ќе почне на 24 септември со велешки театар, следуваат охридкиот, театарот од Враца, од Врање, ќе настапи театар комедија, тетовскиот, театар од Плевен, ќе игра и албанската драма од Куманово. Публиката ќе има можност да ги проследи и штипскиот театар, театарот од Ниш. Во вторник фестивалот го затвора кумановскиот театар со новата претстава која ја подготвуваме „Ноќ спроти Водици“ во режија на Срѓан Јанаќиевиќ, изјави директорот на НУЦК, Сашо Тодоровски.
Новина е што годинава се поканети и ќе настапат и студенти од факултетите. Билетите ќе се продаваат неколку дена пред отпочнување на фестивалот. Лауреатот Коцев кажа дека е чест што ја добива наградата особено од фестивалот од градот од каде што потекнува. За него, лауреат звучи импозантно.
Јас сум раснел со овој фестивал кој е од 1997 година. Токму на овој фестивал беше претставата „Декамерон“ од битолски театар после која јас зацртав дека нема да бидам друго во живото освен она што сега го работам-актер. Не ја гледам работата низ награди. Изненаден бев. На свое тло, во своја средина е потешко да добиеш награда. Излезен сум од овој театар и публиката ми вели дека немам ништо одиграно и е во право. Дел бев од овој театар до 2006/7 ме врзуваат драги спомени, рече Коцев.
И тој очекува редици при влез на претставите како и секоја година. За него убавината на фестивалите е што публиката коментира по секоја претстава. -Потешко е кога ќе добиеш награда, признание, публиката очекува натпросечни изведби, трката со себе е најтешка, вели Коцев. Членовите на Советот на фестивалот одлучија наградата „Васил Иљоски“ која се доделува за особен придонес во театарската уметност да му припадне на актерот Сашко Коцев. Александра Михајловска, актерка кажа дека фестивалот е симбол на Куманово, а Коцев е симбол на Куманово насекаде го презентира градот.