Денови на комедија Archives - Република https://republika.mk/tema/denovi-na-komedija/ За подобро да се разбереме Mon, 16 Oct 2023 09:12:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Денови на комедија Archives - Република https://republika.mk/tema/denovi-na-komedija/ 32 32 „Кафез кај кокони“ на Драмски со три награди на МТФ Денови на комедија Куманово https://republika.mk/vesti/kultura/kafez-kaj-kokoni-na-dramski-so-tri-nagradi-na-mtf-denovi-na-komedija-kumanovo/ Mon, 16 Oct 2023 09:12:39 +0000 https://republika.mk/?p=691622

Претставата „Кафез кај кокони“ на Драмски театар Скопје доби три награди на 26. по ред МТФ Денови на комедија Куманово 2023.

Жирито во состав Магдалена Ризова Черних претседателка и членовите Драгана Гунин, Кети Пауновска Стевковска, Петар Андоновски и Стефан Јакимовски ги донесе следниве одлуки за награди на Фестивалот:

Најдобар актер Александар Степанулески „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје;
Најдобра споредна улога Бранко Атанасов „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје;
Најдобра костимографија Раде Василев и Елена Вангеловска „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје.

На свеченото доделување актерите и добитниците на наградите од ансамблот на Драмски искажаа благодарност до жирито и посетителите на Фестивалот и упатија покана до публиката да ја гледа претставата веќе на 28 октомври и во останатите термини на редовниот репертоар на Драмски театар Скопје.

„Кафез кај кокони“ на режисерот Димче Николовски ја имаше својата премиера во мај годинава и освен на матичната сцена претставата се играше и во рамки на фестивалот „5ре“ во Велес и Скопско културно лето.

Улогите во претставата ги играат актерите: Жорж - Филип Трајковиќ, Албен - Александар Степанулески, Жакоб - Стефан Вујисиќ, Табаро - Предраг Павловски, Мерцедес - Димитрија Доксевски, Зорба - Маја Вељковиќ Пановска, Лоран - Дамјан Цветановски, Камиј - Соња Стамболџиоска, Едуар - Златко Митрески, Мјуриел - Нела Павловска, Симон - Емилија Мицевска и Саломе - Бранко Атанасов.

Во програмата за претставата Александра Бошковска која заедно со Благоја Бошковски Буцо ја направи адаптацијата вели: „Француската фарса „Кафез кај кокони“ (“La cage aux folles”) ја има својата праизведба во февруари 1973 година во Париз. Мајсторски конструирана од познатиот актер и комичар Жан Пуаре како комедија на ситуации, забуни и карактери, ја освојува публиката на прв поглед и доживува над 2000 репризи. Игрив и забавен, но и храбро проткаен со сериозни теми дотогаш неприкажани на толку експлицитен и дрзок начин, текстот со хумор и леснотија задира во многу комплицирани теми: потребата за општествено прифаќање, сексуална слобода, избор во љубовта и потребата да се задржи личниот интегритет. Сместена во Сен Тропе, во веселите седумдесети, претставата „Кафез кај кокони“ покажува дека педесет години потоа, овие прашања се се’ уште отворени и провоцираат дијалог низ истата структура на хумор, игривост и дрскост“.

 

The post „Кафез кај кокони“ на Драмски со три награди на МТФ Денови на комедија Куманово appeared first on Република.

]]>

Претставата „Кафез кај кокони“ на Драмски театар Скопје доби три награди на 26. по ред МТФ Денови на комедија Куманово 2023. Жирито во состав Магдалена Ризова Черних претседателка и членовите Драгана Гунин, Кети Пауновска Стевковска, Петар Андоновски и Стефан Јакимовски ги донесе следниве одлуки за награди на Фестивалот: Најдобар актер Александар Степанулески „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје; Најдобра споредна улога Бранко Атанасов „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје; Најдобра костимографија Раде Василев и Елена Вангеловска „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје. На свеченото доделување актерите и добитниците на наградите од ансамблот на Драмски искажаа благодарност до жирито и посетителите на Фестивалот и упатија покана до публиката да ја гледа претставата веќе на 28 октомври и во останатите термини на редовниот репертоар на Драмски театар Скопје. „Кафез кај кокони“ на режисерот Димче Николовски ја имаше својата премиера во мај годинава и освен на матичната сцена претставата се играше и во рамки на фестивалот „5ре“ во Велес и Скопско културно лето. Улогите во претставата ги играат актерите: Жорж - Филип Трајковиќ, Албен - Александар Степанулески, Жакоб - Стефан Вујисиќ, Табаро - Предраг Павловски, Мерцедес - Димитрија Доксевски, Зорба - Маја Вељковиќ Пановска, Лоран - Дамјан Цветановски, Камиј - Соња Стамболџиоска, Едуар - Златко Митрески, Мјуриел - Нела Павловска, Симон - Емилија Мицевска и Саломе - Бранко Атанасов. Во програмата за претставата Александра Бошковска која заедно со Благоја Бошковски Буцо ја направи адаптацијата вели: „Француската фарса „Кафез кај кокони“ (“La cage aux folles”) ја има својата праизведба во февруари 1973 година во Париз. Мајсторски конструирана од познатиот актер и комичар Жан Пуаре како комедија на ситуации, забуни и карактери, ја освојува публиката на прв поглед и доживува над 2000 репризи. Игрив и забавен, но и храбро проткаен со сериозни теми дотогаш неприкажани на толку експлицитен и дрзок начин, текстот со хумор и леснотија задира во многу комплицирани теми: потребата за општествено прифаќање, сексуална слобода, избор во љубовта и потребата да се задржи личниот интегритет. Сместена во Сен Тропе, во веселите седумдесети, претставата „Кафез кај кокони“ покажува дека педесет години потоа, овие прашања се се’ уште отворени и провоцираат дијалог низ истата структура на хумор, игривост и дрскост“.  

The post „Кафез кај кокони“ на Драмски со три награди на МТФ Денови на комедија Куманово appeared first on Република.

]]>
Коле Ангеловски е овогодишниот лауреат на „Васил Иљоски“ на Деновите на комедија во Куманово https://republika.mk/vesti/kultura/kole-angelovski-e-ovogodishniot-laureat-na-vasil-iloski-na-denovite-na-komedija-vo-kumanovo/ Thu, 28 Sep 2023 07:25:30 +0000 https://republika.mk/?p=685828

Дваесет и шестото издание на меѓународниот фестивал „Денови на комедија“ беше отворен вчера во НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово. Пред публиката настапи велешкиот театар со комедијата „Синиот портокал“. На отворањето присуствуваше и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска која кажа дека актерите преку брилијантната игра со години успеваат да ја насмеат публиката, а фестивалот е еден од најпосетуваните во државата.

Со секоја одиграна претстава се калеше фестивалската приказна, а тоа претставуваше одлична можност за вљубениците во театарската уметност преку еден од најспецифичните жанрови, комедијата да ја негуваат и развиваат театарската култура која прерасна во традиција. Токму тука во градот на безвременското дело „Бегалка“ од Васил Иљоски и неговата Ленче Кумановче кои се синоним и препознатлив белег на Куманово, кажа министерката.

Во обраќањето, таа истакна дека Министерството за култура останува партнер и поддржувач на фестивалот кој придонесува за развој на македонската култура.

Костадиновска Стојчевска му честиташе на овогодишниот лауреат Коле Ангеловски за неговиот придонес.

Творечкиот опус на доајенот на македонскиот театар и филм е разновиден и особено ни е драго што еден од најистакнатите културни работници кој цел свој живот го посвети на уметноста, особено во делот на комедијата вечерва ќе го добие признанието „Васил Иљоски“. Тој ќе се вброи во класата на врвните актерски великани Илија Струмениковски, Шенка Колозова, Стојна Костовска и Благоја Чоревски кои беа лауреати на фестивалот, рече министерката.

Наградата на Ангеловски му ја врачи Чоревски која кажа дека Ангеловски е еден од „виновниците“ за формирање на фестивалот.

Директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев“ Сашо Тодоровски кажа дека преку овој фестивал Куманово покажува колку сака театар. Лауреатот Ангеловски рече дека само на фестивалот се одиграни близу 30-тина негови претстави.

Покрај велешкиот на фестивалот ќе се играат претставите „Ле кретен“ од Штип, „Приказна за театарот“ од Пирот, Србија, „Три и пол сестри“ од Винковци, Хрватска, „Илуминати“ на Театар комедија од Скопје, „Чекајќи го лекарот“ од Лесковац, Србија. Кумановци ќе ја проследат и претставата „Граѓанинот благородник“ на тетовскиот театар, „Седумте стола“ на гостите од Ловеч, Бугарија, „Кафез со кокони“ на Драмскиот театар. Како и претходните и годинава фестивалот ќе го затвори кумановскиот театар со „Љубовна терапија“. На 15-ти октомври ќе биде прикажана „Обвинителка“ и ќе бидат доделени награди за најдобра претстава, режија, за машка и женска улога, споредна улога, сценографија, костимографија и во други категории. Досега низ годините изведени се 210 претстави во изведба на професионални театри од нашата Република и од театарските куќи од регионот.

 

The post Коле Ангеловски е овогодишниот лауреат на „Васил Иљоски“ на Деновите на комедија во Куманово appeared first on Република.

]]>

Дваесет и шестото издание на меѓународниот фестивал „Денови на комедија“ беше отворен вчера во НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово. Пред публиката настапи велешкиот театар со комедијата „Синиот портокал“. На отворањето присуствуваше и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска која кажа дека актерите преку брилијантната игра со години успеваат да ја насмеат публиката, а фестивалот е еден од најпосетуваните во државата.
Со секоја одиграна претстава се калеше фестивалската приказна, а тоа претставуваше одлична можност за вљубениците во театарската уметност преку еден од најспецифичните жанрови, комедијата да ја негуваат и развиваат театарската култура која прерасна во традиција. Токму тука во градот на безвременското дело „Бегалка“ од Васил Иљоски и неговата Ленче Кумановче кои се синоним и препознатлив белег на Куманово, кажа министерката.
Во обраќањето, таа истакна дека Министерството за култура останува партнер и поддржувач на фестивалот кој придонесува за развој на македонската култура. Костадиновска Стојчевска му честиташе на овогодишниот лауреат Коле Ангеловски за неговиот придонес.
Творечкиот опус на доајенот на македонскиот театар и филм е разновиден и особено ни е драго што еден од најистакнатите културни работници кој цел свој живот го посвети на уметноста, особено во делот на комедијата вечерва ќе го добие признанието „Васил Иљоски“. Тој ќе се вброи во класата на врвните актерски великани Илија Струмениковски, Шенка Колозова, Стојна Костовска и Благоја Чоревски кои беа лауреати на фестивалот, рече министерката.
Наградата на Ангеловски му ја врачи Чоревски која кажа дека Ангеловски е еден од „виновниците“ за формирање на фестивалот. Директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев“ Сашо Тодоровски кажа дека преку овој фестивал Куманово покажува колку сака театар. Лауреатот Ангеловски рече дека само на фестивалот се одиграни близу 30-тина негови претстави. Покрај велешкиот на фестивалот ќе се играат претставите „Ле кретен“ од Штип, „Приказна за театарот“ од Пирот, Србија, „Три и пол сестри“ од Винковци, Хрватска, „Илуминати“ на Театар комедија од Скопје, „Чекајќи го лекарот“ од Лесковац, Србија. Кумановци ќе ја проследат и претставата „Граѓанинот благородник“ на тетовскиот театар, „Седумте стола“ на гостите од Ловеч, Бугарија, „Кафез со кокони“ на Драмскиот театар. Како и претходните и годинава фестивалот ќе го затвори кумановскиот театар со „Љубовна терапија“. На 15-ти октомври ќе биде прикажана „Обвинителка“ и ќе бидат доделени награди за најдобра претстава, режија, за машка и женска улога, споредна улога, сценографија, костимографија и во други категории. Досега низ годините изведени се 210 претстави во изведба на професионални театри од нашата Република и од театарските куќи од регионот.  

The post Коле Ангеловски е овогодишниот лауреат на „Васил Иљоски“ на Деновите на комедија во Куманово appeared first on Република.

]]>
Претстави од Македонија, Србија, Хрватска и Бугарија на „Денови на комедија“ во Куманово https://republika.mk/vesti/kultura/pretstavi-od-makedonija-srbija-hrvatska-i-bugarija-na-denovi-na-komedija-vo-kumanovo/ Fri, 15 Sep 2023 13:57:46 +0000 https://republika.mk/?p=682207

Претстави од Македонија, Србија, Хрватска и Бугарија годинава ќе се најдат на 11-дневниот Драмски театарски фестивал „Денови на комедија“ во Куманово.

Како што соопшти директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев“ Сашо Тодоровски и годинава на публиката ќе ѝ бидат понудени квалитетни претстави од театарите од Македонија и регонот.

 

 

Честа да го отвори фестивалот ќе му припадне на Театар Велес со претставата „Синиот портокал“ на 27ми септември со почеток во 20 часот.

Вкупно 10 претстави ќе влезат во трката за награди за кои ќе одлучува специјално жири, додека 11та претстава што ќе го затвори фестивалот на 15 октомври е „Обвинителка“ и таа ќе биде надвор од конкуренција за награди.

The post Претстави од Македонија, Србија, Хрватска и Бугарија на „Денови на комедија“ во Куманово appeared first on Република.

]]>

Претстави од Македонија, Србија, Хрватска и Бугарија годинава ќе се најдат на 11-дневниот Драмски театарски фестивал „Денови на комедија“ во Куманово. Како што соопшти директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев“ Сашо Тодоровски и годинава на публиката ќе ѝ бидат понудени квалитетни претстави од театарите од Македонија и регонот.     Честа да го отвори фестивалот ќе му припадне на Театар Велес со претставата „Синиот портокал“ на 27ми септември со почеток во 20 часот. Вкупно 10 претстави ќе влезат во трката за награди за кои ќе одлучува специјално жири, додека 11та претстава што ќе го затвори фестивалот на 15 октомври е „Обвинителка“ и таа ќе биде надвор од конкуренција за награди.

The post Претстави од Македонија, Србија, Хрватска и Бугарија на „Денови на комедија“ во Куманово appeared first on Република.

]]>
Доделени наградите за меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија 2022″ https://republika.mk/vesti/kultura/dodeleni-nagradite-za-megjunarodniot-teatarski-festival-denovi-na-komedija-2022/ Wed, 09 Nov 2022 08:23:11 +0000 https://republika.mk/?p=571724

Кумановскиот центар за култура „Трајко Прокопиев" ги додели наградите за меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија 2022". Наградата за најдобра режија ја доби режисерот Коле Ангеловски.  За најдобра сценографија беше наградена Илина Ангеловска а за најдобра костимографија Кирил Наумов. Најдобра актерка е Горица Поповиќ а најдобар актер Димитар Ѓорѓиевски. Најдобра претстава е кумановската „Секс и лаги".

Награди во форма на плакета по оценка на стручното жири добија српската актерка Горица Поповиќ од Атеље 212 – Белград, за најдобар актер беше прогласен Димитар Ѓорѓиевски од Театар Прилеп.

„Кумановската публика умее да препознае добра комедија и добра претстава“, изјави Ѓорѓеивски по примањето на наградата.

Наградата за најдобра режија ја доби режисерот Коле Ангеловски за (режија за претставата „Паника во хотел Палас") Театар Струмица.

„Јас сум еден од оновачите на фестивалот и од вкупно 25 години постоење јас сум учествувал со претстави дваесет години“, рече Ангеловски.

Наградата за најдобра сценографија ја доби Илина Ангеловска за сценографијата во претставата „Да инспекторе, претстава со грешки" од прилепскиот театар а за најдобра костимографија – Кирил Наумов за претставата „Службогонци" од Драматичен Театар Ловеч, Република Бугарија.

Најдобра претстава е кумановската „Секс и лаги".

Претседателката на жирито Магдалена Ризова Черних кажа дека наградите се заслужени особено оние на младите актери од кумановскиот театар за кои рече дека публиката го препознала нивниот талент.

Директорот на установата, Сашо Тодоровски истакна дека фестивалот од ревијален премина во фестивал со натпреварувачки карактер што му дава дополнителна димензија.

На манифестацијата беа доделени и јубилејни награди за вработените во Центарот за култура и Театар Куманово, по повод патронатот на установата

The post Доделени наградите за меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија 2022″ appeared first on Република.

]]>

Кумановскиот центар за култура „Трајко Прокопиев" ги додели наградите за меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија 2022". Наградата за најдобра режија ја доби режисерот Коле Ангеловски.  За најдобра сценографија беше наградена Илина Ангеловска а за најдобра костимографија Кирил Наумов. Најдобра актерка е Горица Поповиќ а најдобар актер Димитар Ѓорѓиевски. Најдобра претстава е кумановската „Секс и лаги". Награди во форма на плакета по оценка на стручното жири добија српската актерка Горица Поповиќ од Атеље 212 – Белград, за најдобар актер беше прогласен Димитар Ѓорѓиевски од Театар Прилеп. „Кумановската публика умее да препознае добра комедија и добра претстава“, изјави Ѓорѓеивски по примањето на наградата. Наградата за најдобра режија ја доби режисерот Коле Ангеловски за (режија за претставата „Паника во хотел Палас") Театар Струмица. „Јас сум еден од оновачите на фестивалот и од вкупно 25 години постоење јас сум учествувал со претстави дваесет години“, рече Ангеловски. Наградата за најдобра сценографија ја доби Илина Ангеловска за сценографијата во претставата „Да инспекторе, претстава со грешки" од прилепскиот театар а за најдобра костимографија – Кирил Наумов за претставата „Службогонци" од Драматичен Театар Ловеч, Република Бугарија. Најдобра претстава е кумановската „Секс и лаги". Претседателката на жирито Магдалена Ризова Черних кажа дека наградите се заслужени особено оние на младите актери од кумановскиот театар за кои рече дека публиката го препознала нивниот талент. Директорот на установата, Сашо Тодоровски истакна дека фестивалот од ревијален премина во фестивал со натпреварувачки карактер што му дава дополнителна димензија. На манифестацијата беа доделени и јубилејни награди за вработените во Центарот за култура и Театар Куманово, по повод патронатот на установата

The post Доделени наградите за меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија 2022″ appeared first on Република.

]]>
Благоја Чоревски е добитник на наградата „Васил Иљоски“ која ја доделува Фестивалот „Денови на комедија“ https://republika.mk/vesti/kultura/blagoja-chorevski-e-dobitnik-na-nagradata-vasil-iljoski-koja-ja-dodeluva-festivalot-denovi-na-komedija/ Tue, 27 Sep 2022 14:56:52 +0000 https://republika.mk/?p=554876

Во НУЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово утре почнува Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“, на кој публиката ќе има можност да проследи комедии на дванаесет театри од државава и од странство.

Дваесет и пет години не е мала работа за еден фестивал. Успеавме можеби во најтешките времиња, минатите две години, да го одржиме овој фестивал, да продолжиме со организацијата. Имаме богата програма, 12 театарски претстави од Македонија, Хрватска, Србија и Бугарија и една офф-програма, претстава на млади кумановски актери, изјави на прес-конференција директорот на установата, Сашо Тодоровски.

Искусниот актер Горан Илиќ рече дека е чест што речиси од почетокот е вклучен во организацијата и сега, по 25 години, фестивалот е одржлив и е популарен.

Почнавме многу скромно, но со текот на годините, фестивалот е самоодржлив, популарен, тоа може да се види од долгите редици пред билетарите и стана респектабилна, културна случка во Куманово. Драго ми е што постојано доаѓаат гости од поранешни југословенски простори, Бугарија, јазиците коишто ги разбираме и се надевам дека во иднина, ако имаме сила, дека би било добро да поканиме гости и од други јазични подрачја. Тоа е пракса на светски фестивал и мислам дека би било добро, изјави Илиќ.

Годинава, за разлика од претходно, ќе се додеалт награди за најдобар актер и актерка, претстава, режија, сценографија и костимографија.

Оваа година имаме вечер на стендап комедија на која ќе настапат млади актери и актерки, настапуваат Мирослав Петковиќ, Марко Трајковиќ, Чедомир Митевски, Ангела Стојановска и Тино и Атанас и мислам дека го заслужуваат целото наше внимание и време затоа што ова е нешто кое првпат се случува во Куманово. Тие заедно се организираат во четврток во 22 часот, ќе настапуваат по претставата, изјави Драгана Гунин од Советот на фестивалот.

Фестивалот „Денови на комедија“ – Куманово и годинава ја доделува наградата „Васил Иљоски“ овој пат на актерот Благоја Чоревски за особен придонес во театарска уметност.

На годинешново издание ќе настапат Градски театар Винковци со „Приватни животи“, Штипскиот театар со „Власт“, Прилепскиот со комедијата „Да, инспекторе“. Во сабота ќе игра „Атеље 212“ од Белград со „Славна Флоренс“. Во понеделник ќе настапи агенцијата „Импресарио“ од Белград со „Позови М ради ужитка“.

На 4 октомври настапува театарот од Струмица со „Паника во хотел Палас“, наредниот ден Драматичниот театар Ловеч со „Службогонци“. Приштинскиот театар ќе настапи на 6 октомври со „Сомнително лице“. И годинава гостува Битолскиот театар со „Малиџано“, театарот од Тетово со „Малограѓанска свадба“, Велешкиот со „Слуга на двајца господари“, а фестивалот традиционално го затвора Кумановскиот театар со „Секс и лаги“. Сите претстави ќе почнуваат во 20 часот.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура со еден милион денари и од Општина Куманово со 450.000 денари.

 

The post Благоја Чоревски е добитник на наградата „Васил Иљоски“ која ја доделува Фестивалот „Денови на комедија“ appeared first on Република.

]]>

Во НУЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово утре почнува Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“, на кој публиката ќе има можност да проследи комедии на дванаесет театри од државава и од странство.
Дваесет и пет години не е мала работа за еден фестивал. Успеавме можеби во најтешките времиња, минатите две години, да го одржиме овој фестивал, да продолжиме со организацијата. Имаме богата програма, 12 театарски претстави од Македонија, Хрватска, Србија и Бугарија и една офф-програма, претстава на млади кумановски актери, изјави на прес-конференција директорот на установата, Сашо Тодоровски.
Искусниот актер Горан Илиќ рече дека е чест што речиси од почетокот е вклучен во организацијата и сега, по 25 години, фестивалот е одржлив и е популарен.
Почнавме многу скромно, но со текот на годините, фестивалот е самоодржлив, популарен, тоа може да се види од долгите редици пред билетарите и стана респектабилна, културна случка во Куманово. Драго ми е што постојано доаѓаат гости од поранешни југословенски простори, Бугарија, јазиците коишто ги разбираме и се надевам дека во иднина, ако имаме сила, дека би било добро да поканиме гости и од други јазични подрачја. Тоа е пракса на светски фестивал и мислам дека би било добро, изјави Илиќ.
Годинава, за разлика од претходно, ќе се додеалт награди за најдобар актер и актерка, претстава, режија, сценографија и костимографија.
Оваа година имаме вечер на стендап комедија на која ќе настапат млади актери и актерки, настапуваат Мирослав Петковиќ, Марко Трајковиќ, Чедомир Митевски, Ангела Стојановска и Тино и Атанас и мислам дека го заслужуваат целото наше внимание и време затоа што ова е нешто кое првпат се случува во Куманово. Тие заедно се организираат во четврток во 22 часот, ќе настапуваат по претставата, изјави Драгана Гунин од Советот на фестивалот.
Фестивалот „Денови на комедија“ – Куманово и годинава ја доделува наградата „Васил Иљоски“ овој пат на актерот Благоја Чоревски за особен придонес во театарска уметност. На годинешново издание ќе настапат Градски театар Винковци со „Приватни животи“, Штипскиот театар со „Власт“, Прилепскиот со комедијата „Да, инспекторе“. Во сабота ќе игра „Атеље 212“ од Белград со „Славна Флоренс“. Во понеделник ќе настапи агенцијата „Импресарио“ од Белград со „Позови М ради ужитка“. На 4 октомври настапува театарот од Струмица со „Паника во хотел Палас“, наредниот ден Драматичниот театар Ловеч со „Службогонци“. Приштинскиот театар ќе настапи на 6 октомври со „Сомнително лице“. И годинава гостува Битолскиот театар со „Малиџано“, театарот од Тетово со „Малограѓанска свадба“, Велешкиот со „Слуга на двајца господари“, а фестивалот традиционално го затвора Кумановскиот театар со „Секс и лаги“. Сите претстави ќе почнуваат во 20 часот. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура со еден милион денари и од Општина Куманово со 450.000 денари.  

The post Благоја Чоревски е добитник на наградата „Васил Иљоски“ која ја доделува Фестивалот „Денови на комедија“ appeared first on Република.

]]>