Денот на гравот Archives - Република https://republika.mk/tema/denot-na-gravot/ За подобро да се разбереме Sat, 21 Sep 2024 19:08:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Денот на гравот Archives - Република https://republika.mk/tema/denot-na-gravot/ 32 32 Се одржа 12-тата манифестација „Ден на гравот“ во тетовско Теарце, годинава земјоделците речиси без род https://republika.mk/zivot/se-odrzha-12-tata-manifestatsija-den-na-gravot-vo-tetovsko-teartse-godinava-zemjodeltsite-rechisi-bez-rod/ Sat, 21 Sep 2024 20:05:33 +0000 https://republika.mk/?p=818594

Во тетовско Теарце по 12-ти пат се одржа манифестацијата „Денот на гравот“ која има за цел промоција на најпознатиот земјоделски производ во регионот како и етно-културната разноликост на подрачјето. Посетителите на оваа манифестација како и секоја година имаа можност да присуствуваат на богата културно уметничка програма, која заврши со заеднички ручек со тазе подготвен грав.

Дванаесет години по ред оваа манифестација се организира во Теарце. Организаторот, Метин Мухареми, вели дека првичната цел била да се поддржат земјоделците, а сега веќе стана манифестација која привлекува многу посетители, пренесе ТВ21.

„Годинава е дванаесеттата едициа на оваа манифестација и истата ги прекрши етничките бариера но и меѓуграничните бариера бидејќи немаме посетители само од државата, туку и од Косово и Албанија кои се дел од проектот кој има за цел поддршка на земјоделците, чија цел е зголемување на активностите за младите во руралните зони бидејќи настанот се организира со над 20 волонтери и активисти кои работат заедно со централната организација за развој ЦЕД“, вели Мухареми.

Универзитетскиот професор, Алирами Сали, вели дека климатските промени последните 5 години се причината поради која има се помалку тетовски грав по пазарите, бидејќи процесот на садење е тежок и нема работна сила.

„Во врска со брендирањето, има неклку фактори иако имам информации дека се работи во тој правец, ни се појавуваат проблеми од аспект на одгледувањето, имам информации и имам практично искуство дека во последната деценија немаме иста количниа на произведен грав сега и пред десет или петнаесет гпдини. Тој недостиг или тоа намалување на производната површина се должи на промената на климатските услови, глобалното затоплување, но и како резултат на работната сила која е неопходна за берба на оваа култура“, изјави Сали.

Сонцето и влажноста кои се присутни во полошкиот регион се причините поради кои гравот е попосебен, но за жал секоја година се помалку се произведува овој производ поради тоа што земјоделците се откажуваат од земјоделството но и поради киматските услови.

The post Се одржа 12-тата манифестација „Ден на гравот“ во тетовско Теарце, годинава земјоделците речиси без род appeared first on Република.

]]>

Во тетовско Теарце по 12-ти пат се одржа манифестацијата „Денот на гравот“ која има за цел промоција на најпознатиот земјоделски производ во регионот како и етно-културната разноликост на подрачјето. Посетителите на оваа манифестација како и секоја година имаа можност да присуствуваат на богата културно уметничка програма, која заврши со заеднички ручек со тазе подготвен грав. Дванаесет години по ред оваа манифестација се организира во Теарце. Организаторот, Метин Мухареми, вели дека првичната цел била да се поддржат земјоделците, а сега веќе стана манифестација која привлекува многу посетители, пренесе ТВ21.