Дендиас Archives - Република https://republika.mk/tema/dendias/ За подобро да се разбереме Mon, 01 Aug 2022 07:38:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дендиас Archives - Република https://republika.mk/tema/dendias/ 32 32 Дендиас за ситуацијата на Косово: Потребна е претпазливост и почитување на меѓународното право https://republika.mk/vesti/balkan/dendias-za-situacijata-na-kosovo-potrebna-e-pretpazlivost-i-pochituvanje-na-megjunarodnoto-pravo/ Mon, 01 Aug 2022 07:38:37 +0000 https://republika.mk/?p=535553

Она што е потребно е претпазливост, почитување на меѓународното право и средина што ќе овозможи Белград и Приштина да разговараат за решавање на разликите, вели шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Виетнам, каде што е во посета, во изјава за грчките медиуми, одговарајќи на новинарско прашање, министерот за надворешни работи на Грција ја коментираше ситуацијата на Косово, истакнувајќи дека Атина ќе стори сè што може за олеснување на процесот меѓу Белград и Приштина.

Како што е познато, стабилноста и безбедноста во поширокиот регион е нешто што е од апсолутен интерес за грчката дипломатија. Не се сеќавам колку пати во последните две години ги посетив Приштина и Белград. Исто така, како што е познато, Грција учествува во КФОР, мировните сили на Косово. Она што се бара е претпазливост, почитување на меѓународното право. Исто така е средина што ќе им овозможи на Белград и Приштина да разговараат и да ги решат нивните разлики. Нашата земја, како кредибилен соговорник на Балканот ќе направи сè што може за да го олесни овој процес, рече Дендиас.

The post Дендиас за ситуацијата на Косово: Потребна е претпазливост и почитување на меѓународното право appeared first on Република.

]]>

Она што е потребно е претпазливост, почитување на меѓународното право и средина што ќе овозможи Белград и Приштина да разговараат за решавање на разликите, вели шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, јави дописничката на МИА од Атина. Од Виетнам, каде што е во посета, во изјава за грчките медиуми, одговарајќи на новинарско прашање, министерот за надворешни работи на Грција ја коментираше ситуацијата на Косово, истакнувајќи дека Атина ќе стори сè што може за олеснување на процесот меѓу Белград и Приштина.
Како што е познато, стабилноста и безбедноста во поширокиот регион е нешто што е од апсолутен интерес за грчката дипломатија. Не се сеќавам колку пати во последните две години ги посетив Приштина и Белград. Исто така, како што е познато, Грција учествува во КФОР, мировните сили на Косово. Она што се бара е претпазливост, почитување на меѓународното право. Исто така е средина што ќе им овозможи на Белград и Приштина да разговараат и да ги решат нивните разлики. Нашата земја, како кредибилен соговорник на Балканот ќе направи сè што може за да го олесни овој процес, рече Дендиас.

The post Дендиас за ситуацијата на Косово: Потребна е претпазливост и почитување на меѓународното право appeared first on Република.

]]>
Дендиас: Иднината на Македонија и Западен Балкан е во ЕУ https://republika.mk/vesti/balkan/dendias-idninata-na-severna-makedonija-i-zapaden-balkan-e-vo-eu/ Thu, 16 Jun 2022 18:47:36 +0000 https://republika.mk/?p=516079

Денеска сум овде во Охрид, на „Prespa Forum Dialogue“ за да го повторам цврстиот принцип на грчката надворешна политика дека иднината на Македонија, иднината на Западен Балкан е во Европската Унија, во европските вредности, во заедничкиот простор на правото и заштита на човековите права, порача министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас во изјава за грчките новинари по неговото пристигнување на Преспа форумот за дијалог, јави дописничката на МИА од Атина.

Дендиас во кусата изјава, освен што уште еднаш ја изрази грчката поддршка за ЕУ перспективата, потенцираше дека „она што мора со голем напор да се одбие, се било каквите влијанија на фактори кои би сакале да го одведат регионот во друга, поинаква насока, насока поинаква од ЕУ, меѓународното право, европските вредности“.

Шефот на грчката дипломатија попладнево ќе се обрати на панел дискусија на форумот за „Европскиот мировен проект на Западен Балкан“.

The post Дендиас: Иднината на Македонија и Западен Балкан е во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Денеска сум овде во Охрид, на „Prespa Forum Dialogue“ за да го повторам цврстиот принцип на грчката надворешна политика дека иднината на Македонија, иднината на Западен Балкан е во Европската Унија, во европските вредности, во заедничкиот простор на правото и заштита на човековите права, порача министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас во изјава за грчките новинари по неговото пристигнување на Преспа форумот за дијалог, јави дописничката на МИА од Атина. Дендиас во кусата изјава, освен што уште еднаш ја изрази грчката поддршка за ЕУ перспективата, потенцираше дека „она што мора со голем напор да се одбие, се било каквите влијанија на фактори кои би сакале да го одведат регионот во друга, поинаква насока, насока поинаква од ЕУ, меѓународното право, европските вредности“. Шефот на грчката дипломатија попладнево ќе се обрати на панел дискусија на форумот за „Европскиот мировен проект на Западен Балкан“.

The post Дендиас: Иднината на Македонија и Западен Балкан е во ЕУ appeared first on Република.

]]>