ден на толеранција Archives - Република https://republika.mk/tema/den-na-tolerancija/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Nov 2024 15:58:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ден на толеранција Archives - Република https://republika.mk/tema/den-na-tolerancija/ 32 32 Гаши: Толеранцијата е една од врвните човекови особини https://republika.mk/vesti/makedonija/gashi-tolerantsijata-e-edna-od-vrvnite-chovekovi-osobini/ Fri, 15 Nov 2024 16:35:58 +0000 https://republika.mk/?p=838228

Преку работилница за деца од повеќе училишта и од различна етничка, културна и верска припадност во Собранието се одбележа Меѓународниот ден на толеранцијата - 16 Ноември. Децата креираа пораки за толеранција, преку кои порачаа пообединето, мирно и заедничко општество.

Како што информира собраниската прес-служба, на работилницата присуствувале претседателот на Собранието Африм Гаши и генералната секретарка на законодавниот дом Марина Димовска.

Гаши истакнал дека овој настан е можност преку децата да се испрати порака до сите граѓани дека толеранцијата е една од врвните човекови особини, која сите треба да ја поседуваме.

Како држава да бидеме среќни што имаме различни групи и различноста да ја гледаме како убавина затоа што разликите ги прават работите убави. Да ги почитуваме сите, без никаква разлика, јазична, религиска, социјална. Пред сѐ да сме луѓе, порачал Гаши, додавајќи дека човечноста е најголемата вредност, а љубовта е највисокиот степен на човечноста.

Тој апелираше со толеранција и љубов, заеднички да ја издигнеме државата на повисоко ниво.

Меѓународниот ден на толеранцијата се одбележува на 16 ноември секоја година, со цел да се зајакне и подигне јавната свест за толеранцијата, почитта и разбирањето меѓу луѓето од различните потекла и култури.

The post Гаши: Толеранцијата е една од врвните човекови особини appeared first on Република.

]]>

Преку работилница за деца од повеќе училишта и од различна етничка, културна и верска припадност во Собранието се одбележа Меѓународниот ден на толеранцијата - 16 Ноември. Децата креираа пораки за толеранција, преку кои порачаа пообединето, мирно и заедничко општество. Како што информира собраниската прес-служба, на работилницата присуствувале претседателот на Собранието Африм Гаши и генералната секретарка на законодавниот дом Марина Димовска. Гаши истакнал дека овој настан е можност преку децата да се испрати порака до сите граѓани дека толеранцијата е една од врвните човекови особини, која сите треба да ја поседуваме.
Како држава да бидеме среќни што имаме различни групи и различноста да ја гледаме како убавина затоа што разликите ги прават работите убави. Да ги почитуваме сите, без никаква разлика, јазична, религиска, социјална. Пред сѐ да сме луѓе, порачал Гаши, додавајќи дека човечноста е најголемата вредност, а љубовта е највисокиот степен на човечноста.
Тој апелираше со толеранција и љубов, заеднички да ја издигнеме државата на повисоко ниво. Меѓународниот ден на толеранцијата се одбележува на 16 ноември секоја година, со цел да се зајакне и подигне јавната свест за толеранцијата, почитта и разбирањето меѓу луѓето од различните потекла и култури.

The post Гаши: Толеранцијата е една од врвните човекови особини appeared first on Република.

]]>
Толеранцијата се учи од најмала возраст https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/tolerancijata-se-uchi-od-najmala-vozrast/ Thu, 17 Nov 2022 12:01:23 +0000 https://republika.mk/?p=574908

Вчера, по повод 16 ноември, Меѓународниот ден на толеранција, во Кинотека на Македонија се одржа настан за меѓуетничка и меѓуверска толеранција, под мото „Чекориме заедно“ со главна тема соживот, а во организација на Inner Wheel Клуб Скопје Еуропеа, кој по шести пат организира активности за одбележување на овој ден.

Настанот започна со проекција на краткометражниот филм „Награда“ напишан и режиран од Лидија Мојсовска, кој обработува теми поврзани со етничките и верските предрасуди и потребата за толеранција помеѓу различните заедници.

По филмот, следуваше трибина и дискусија, модерирана од Елена Гаговска, граѓанска активистка и фриленс новинарка/писателка. Учесници во трибината беа:

- г-ѓа Виолета Георгиевска, менаџер на програмата за развој на деца и поранешен директор на СОС детско село;
- г-ѓа Тамара Ќупева, Научен соработник во Институт за македонска литература, УКИМ и долгогодишен професор во средно училиште;
- г-н Насер Мифтари, професор по историја при СУГС "Зеф Луш Марку"-Скопје, долгогодишен просветен работник и граѓански активист;
- г-н Кенан Таир, координатор за комуникации при Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“.

На настанот присуствуваа ученици и наставници од повеќе средни училишта од Скопје и Куманово, со цел да се подигне свеста кај младите за меѓу-етничка и верска толеранција.

Учениците Роми имаат јазична бариера која е пречка за следење настава, а со тоа се создава неможност за успех и напредок. Поради недостиг на учебници и наставен материјал на ромски јазик, учениците слушаат настава на македонски, албански и турски кои не им се мајчин јазик.
Познавање на културните разлики, традиции и јазик помеѓу заедниците е многу важно за спречување на дискриминација меѓу учениците. Средношколците се линкот за разбивање на стереотипите и предрасудите на нивните родители, бабите и дедовците од една страна и врсниците на училишните клупи од другата страна – истакна координаторот за комуникации, Кенан Таир од Институтот за истражување и анализа на политики - Ромалитико.

Исто така, на дискусијата се истакна дека децата учат според модел, од своите родители, од своето опкружување, тие се однесуваат онака како што гледаат. Толеранцијата треба
да се учи од мали нозе. Меѓусебното разбирање и толеранција, доаѓа од заедничкото споделување на секојдневието. На ова се осврна Виолета Георгиевска од СОС детско село
каде посебно се внимава на толеранцијата, се празнуваат заедно сите празници, верски, национални.

- Средношколците, доколку искусат дискриминација или некаков вид насилство, можат да се обратат кај училишниот психолог, педагог, кај омилениот наставник, но може да се обратат и во Хелсиншкиот комитет. Најважно е да се биде храбар и да се борите за своите права и да не се потиснуваат проблемите. Од една страна, младите се активно вклучени во еден голем, отворен, виртуелен мултикултурен свет без географски и културни граници, каде се запознаваат со врсници од сите земји на светот, а од друга страна, во реалното секојдневие сме сведоци на нетолеранција, неприфаќање на различните од себе. Сите сме различни, секој е посебен на свој начин, но радоста и болката се универзални и не' поврзуваат сите, рече Тамара Ќупева, научен соработник во Институт за македонска литература.

Општиот впечаток и заклучок од одржаната трибина, а како што истакна и Насер Мифтари е дека толеранцијата е дисциплина што треба да се учи уште од најраната возраст и дека сите чинители во образовниот процес мора овој проблем да го третираат сериозно. Доколку било кој искуси дискриминација или некаков вид на насилство, најлоша варијанта е да го земе проблемот во свои раце и да го решава сам, најдобро е да се обрати до службите во училиштето или во соодветни институции.

Inner Wheel Skopje Europea e женската хуманитарна организација, која е дел од светската мрежа на клубови и е најстарата женска организација во светот. Kлубот постои 7 години, а членуваат жени кои се веќе докажани и реализирани во своите професии и кои имаат доволно желба и можности да делуваат во рамките на нашето општество токму преку вакви акции.

 

The post Толеранцијата се учи од најмала возраст appeared first on Република.

]]>

Вчера, по повод 16 ноември, Меѓународниот ден на толеранција, во Кинотека на Македонија се одржа настан за меѓуетничка и меѓуверска толеранција, под мото „Чекориме заедно“ со главна тема соживот, а во организација на Inner Wheel Клуб Скопје Еуропеа, кој по шести пат организира активности за одбележување на овој ден. Настанот започна со проекција на краткометражниот филм „Награда“ напишан и режиран од Лидија Мојсовска, кој обработува теми поврзани со етничките и верските предрасуди и потребата за толеранција помеѓу различните заедници. По филмот, следуваше трибина и дискусија, модерирана од Елена Гаговска, граѓанска активистка и фриленс новинарка/писателка. Учесници во трибината беа: - г-ѓа Виолета Георгиевска, менаџер на програмата за развој на деца и поранешен директор на СОС детско село; - г-ѓа Тамара Ќупева, Научен соработник во Институт за македонска литература, УКИМ и долгогодишен професор во средно училиште; - г-н Насер Мифтари, професор по историја при СУГС "Зеф Луш Марку"-Скопје, долгогодишен просветен работник и граѓански активист; - г-н Кенан Таир, координатор за комуникации при Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“. На настанот присуствуваа ученици и наставници од повеќе средни училишта од Скопје и Куманово, со цел да се подигне свеста кај младите за меѓу-етничка и верска толеранција. Учениците Роми имаат јазична бариера која е пречка за следење настава, а со тоа се создава неможност за успех и напредок. Поради недостиг на учебници и наставен материјал на ромски јазик, учениците слушаат настава на македонски, албански и турски кои не им се мајчин јазик. Познавање на културните разлики, традиции и јазик помеѓу заедниците е многу важно за спречување на дискриминација меѓу учениците. Средношколците се линкот за разбивање на стереотипите и предрасудите на нивните родители, бабите и дедовците од една страна и врсниците на училишните клупи од другата страна – истакна координаторот за комуникации, Кенан Таир од Институтот за истражување и анализа на политики - Ромалитико. Исто така, на дискусијата се истакна дека децата учат според модел, од своите родители, од своето опкружување, тие се однесуваат онака како што гледаат. Толеранцијата треба да се учи од мали нозе. Меѓусебното разбирање и толеранција, доаѓа од заедничкото споделување на секојдневието. На ова се осврна Виолета Георгиевска од СОС детско село каде посебно се внимава на толеранцијата, се празнуваат заедно сите празници, верски, национални. - Средношколците, доколку искусат дискриминација или некаков вид насилство, можат да се обратат кај училишниот психолог, педагог, кај омилениот наставник, но може да се обратат и во Хелсиншкиот комитет. Најважно е да се биде храбар и да се борите за своите права и да не се потиснуваат проблемите. Од една страна, младите се активно вклучени во еден голем, отворен, виртуелен мултикултурен свет без географски и културни граници, каде се запознаваат со врсници од сите земји на светот, а од друга страна, во реалното секојдневие сме сведоци на нетолеранција, неприфаќање на различните од себе. Сите сме различни, секој е посебен на свој начин, но радоста и болката се универзални и не' поврзуваат сите, рече Тамара Ќупева, научен соработник во Институт за македонска литература. Општиот впечаток и заклучок од одржаната трибина, а како што истакна и Насер Мифтари е дека толеранцијата е дисциплина што треба да се учи уште од најраната возраст и дека сите чинители во образовниот процес мора овој проблем да го третираат сериозно. Доколку било кој искуси дискриминација или некаков вид на насилство, најлоша варијанта е да го земе проблемот во свои раце и да го решава сам, најдобро е да се обрати до службите во училиштето или во соодветни институции. Inner Wheel Skopje Europea e женската хуманитарна организација, која е дел од светската мрежа на клубови и е најстарата женска организација во светот. Kлубот постои 7 години, а членуваат жени кои се веќе докажани и реализирани во своите професии и кои имаат доволно желба и можности да делуваат во рамките на нашето општество токму преку вакви акции.  

The post Толеранцијата се учи од најмала возраст appeared first on Република.

]]>