Ден на српскиот просветител Свети Сава Archives - Република https://republika.mk/tema/den-na-srpskiot-prosvetitel-sveti-sava/ За подобро да се разбереме Mon, 28 Mar 2022 12:09:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ден на српскиот просветител Свети Сава Archives - Република https://republika.mk/tema/den-na-srpskiot-prosvetitel-sveti-sava/ 32 32 Ковачевски: Прославата на Националниот ден на Србите е сведоштво за заедништвото во нашата земја што го градиме низ вековите https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-proslavata-na-nacionalniot-den-na-srbite-e-svedoshtvo-za-zaednishtvoto-vo-nashata-zemja-shto-go-gradime-niz-vekovite/ Fri, 28 Jan 2022 08:32:40 +0000 https://republika.mk/?p=450550

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва се обрати на свечената академија по повод националниот ден на Србите во Република Македонија.

На свеченоста на која присуствуваа министерот за надворешни работи на Република Србија Никола Селаковиќ, претседателката на Република Српска Жељка Цвијановиќ, претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија и пратеник во Собранието на Македонија, господин Иван Стоиљковиќ, пратеникот во Собранието на Македонија Мирослав Јовановиќ, министерот за внатрешни работи на Македонија, Оливер Спасовски, и претседателката на Националниот совет на Србите во Македонија и претседателка на организациониот одбор за одбележување на националниот ден на Србите во Република Македонија, госпоѓа Гордана Јовиќ Стојковска, претседателот на Владата на Македонија Ковачевски им го честиташе празникот Национален ден на Србите во нашата земја кој секогаш се слави на денот на една од најсветлите и најсветите личности во историјата на српскиот народ – Свети Сава.

Во продолжение на ова соопштение, ви го пренесуваме обраќањето на премиерот Ковачевски во целост:

Ми претставува особена чест што имам можност од оваа свечена академија да го честитам Националниот ден на Србите во нашата земја. Овој ден е посветен на една од најсветлите и најсветите личности во историјата на српскиот народ – Свети Сава. Најсрдечни честитки по повод празникот им упатувам и на нашите ценети гости од Република Србија и Република Српска и на граѓаните што тие ги претставуваат. Свети Сава е втемелувач на самостојната српска православна црква и нејзин прв архиепископ. Тој е просветител, основач на училишта и болници, дипломат, пишувач на првите закони во државата српска. Свети Сава е посредник и помирител меѓу раскараните браќа и народи. Неговите лик и дело инспирираат и осум века после неговата смрт. Неговата саможртва да се откаже од земските блага и да го прифати православното христијанство како негов личен живот, направија Свети Сава да им припаѓа на сите Христијани, без разлика на тоа во кои државни граници живеат. 

Затоа кога велиме дека неговото дело инспирира, пред нас ја имаме и нашата определба. Определбата на граѓаните на Република Македонија, да градиме и негуваме општество еднакво за сите. Граѓанско, едно општество за сите, во кое ги афирмираме и воспоставуваме меѓусебната почит меѓу сите етнички заедници во нашата земја. Признавањето на етничките, националните, верските и културните разлики е посебноста и суштината на нашето заедништво. Во тоа наше заедништво што го градиме низ вековите и што го негуваме денеска, свој значаен придонес има и српската заедница во Македонија. Многу е значајно што тој придонес се прави по углед на големиот светител Свети Сава. Од неговата посветеност и подвиг, се родиле и неговите бележити и вековити остварувања во државничките и правните работи, во дипломатијата. Неговото наследство во образованието и во медицината. Бесмртно е делото на духовникот и светителот Свети Сава. Тој е темелот на кој се издига традицијата, културата и вредностите на српскиот народ кој го прифати и слави како духовен родител. Уште еднаш најсрдечно упатувам честитки по повод националниот ден на Србите во Република Македонија. Нека бидат вечни името и славата на Свети Сава, под чие духовно покровителство се одбележува денешниот ден.

The post Ковачевски: Прославата на Националниот ден на Србите е сведоштво за заедништвото во нашата земја што го градиме низ вековите appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва се обрати на свечената академија по повод националниот ден на Србите во Република Македонија. На свеченоста на која присуствуваа министерот за надворешни работи на Република Србија Никола Селаковиќ, претседателката на Република Српска Жељка Цвијановиќ, претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија и пратеник во Собранието на Македонија, господин Иван Стоиљковиќ, пратеникот во Собранието на Македонија Мирослав Јовановиќ, министерот за внатрешни работи на Македонија, Оливер Спасовски, и претседателката на Националниот совет на Србите во Македонија и претседателка на организациониот одбор за одбележување на националниот ден на Србите во Република Македонија, госпоѓа Гордана Јовиќ Стојковска, претседателот на Владата на Македонија Ковачевски им го честиташе празникот Национален ден на Србите во нашата земја кој секогаш се слави на денот на една од најсветлите и најсветите личности во историјата на српскиот народ – Свети Сава. Во продолжение на ова соопштение, ви го пренесуваме обраќањето на премиерот Ковачевски во целост:
Ми претставува особена чест што имам можност од оваа свечена академија да го честитам Националниот ден на Србите во нашата земја. Овој ден е посветен на една од најсветлите и најсветите личности во историјата на српскиот народ – Свети Сава. Најсрдечни честитки по повод празникот им упатувам и на нашите ценети гости од Република Србија и Република Српска и на граѓаните што тие ги претставуваат. Свети Сава е втемелувач на самостојната српска православна црква и нејзин прв архиепископ. Тој е просветител, основач на училишта и болници, дипломат, пишувач на првите закони во државата српска. Свети Сава е посредник и помирител меѓу раскараните браќа и народи. Неговите лик и дело инспирираат и осум века после неговата смрт. Неговата саможртва да се откаже од земските блага и да го прифати православното христијанство како негов личен живот, направија Свети Сава да им припаѓа на сите Христијани, без разлика на тоа во кои државни граници живеат. 
Затоа кога велиме дека неговото дело инспирира, пред нас ја имаме и нашата определба. Определбата на граѓаните на Република Македонија, да градиме и негуваме општество еднакво за сите. Граѓанско, едно општество за сите, во кое ги афирмираме и воспоставуваме меѓусебната почит меѓу сите етнички заедници во нашата земја. Признавањето на етничките, националните, верските и културните разлики е посебноста и суштината на нашето заедништво. Во тоа наше заедништво што го градиме низ вековите и што го негуваме денеска, свој значаен придонес има и српската заедница во Македонија. Многу е значајно што тој придонес се прави по углед на големиот светител Свети Сава. Од неговата посветеност и подвиг, се родиле и неговите бележити и вековити остварувања во државничките и правните работи, во дипломатијата. Неговото наследство во образованието и во медицината. Бесмртно е делото на духовникот и светителот Свети Сава. Тој е темелот на кој се издига традицијата, културата и вредностите на српскиот народ кој го прифати и слави како духовен родител. Уште еднаш најсрдечно упатувам честитки по повод националниот ден на Србите во Република Македонија. Нека бидат вечни името и славата на Свети Сава, под чие духовно покровителство се одбележува денешниот ден.

The post Ковачевски: Прославата на Националниот ден на Србите е сведоштво за заедништвото во нашата земја што го градиме низ вековите appeared first on Република.

]]>
Во Скопје се одржа свечена академија по повод националниот ден на Србите во Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-skopje-se-odrza-svechena-akademija-po-povod-nacionalniot-den-na-srbite-vo-makedonija/ Thu, 27 Jan 2022 19:44:38 +0000 https://republika.mk/?p=450481

Вечерва во МНТ во Скопје се одржа свечената академија по повод националниот ден на Србите во Република Македонија.

На свеченоста, покрај македонскиот премиер Димитар Ковачевски, присуствуваа министерот за надворешни работи на Република Србија Никола Селаковиќ, претседателката на Република Српска Жељка Цвијановиќ, претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија и пратеник Иван Стоиљковиќ, пратеникот Мирослав Јовановиќ, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и претседателката на Националниот совет на Србите во Македонија Гордана Јовиќ Стојковска.

Ковачевски им го честиташе празникот Национален ден на Србите во нашата земја, кој секогаш се слави на денот на една од најсветлите и најсветите личности во историјата на српскиот народ – Свети Сава.

Свети Сава е втемелувач на самостојната српска православна црква и нејзин прв архиепископ. Тој е просветител, основач на училишта и болници, дипломат, пишувач на првите закони во државата српска. Свети Сава е посредник и помирител меѓу раскараните браќа и народи. Неговите лик и дело инспирираат и осум века после неговата смрт. Затоа, кога велиме дека неговото дело инспирира, пред нас ја имаме и нашата определба, определбата на граѓаните на Република Македонија, да градиме и негуваме општество еднакво за сите.
Граѓанско, едно општество за сите, во кое ги афирмираме и воспоставуваме меѓусебната почит меѓу сите етнички заедници во нашата земја – истакна Ковачевски на академијата, додавајќи дека признавањето на етничките, националните, верските и културните разлики е посебноста и суштината на нашето заедништво.

Министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ, ги поздрави присутните во свое име и во име на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ.

Во Светосавието е собрана нашата желба да живееме заедно во мир и љубов, во братство со другите. И има ли поубаво место, има ли поубаво место на светот, драги пријатели, да се изговори оваа порака токму тука во Скопје? Има ли поцврст и поверодостоен начин да се обврзете некому на љубов и пријателство од Светосавскиот печат. Уверен сум дека нема – рече Селаковиќ.

Жељка Цвијановиќ, претседателка на Република Српска, рече дека Србите во Македонија се автохтон народ присутен со векови, со богато културно и историско наследство.

Средновековната, но, и современата историја на нашиот народ е непоимлива без Скопје, Куманово, Битола, Кајмакчалан, за што сведочат бројните споменици, преубавите цркви, манастири и вие, тука присутни, кои гордо го славите името на Свети Сава и својот национален празник – додаде таа.

The post Во Скопје се одржа свечена академија по повод националниот ден на Србите во Македонија appeared first on Република.

]]>

Вечерва во МНТ во Скопје се одржа свечената академија по повод националниот ден на Србите во Република Македонија. На свеченоста, покрај македонскиот премиер Димитар Ковачевски, присуствуваа министерот за надворешни работи на Република Србија Никола Селаковиќ, претседателката на Република Српска Жељка Цвијановиќ, претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија и пратеник Иван Стоиљковиќ, пратеникот Мирослав Јовановиќ, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и претседателката на Националниот совет на Србите во Македонија Гордана Јовиќ Стојковска. Ковачевски им го честиташе празникот Национален ден на Србите во нашата земја, кој секогаш се слави на денот на една од најсветлите и најсветите личности во историјата на српскиот народ – Свети Сава.
Свети Сава е втемелувач на самостојната српска православна црква и нејзин прв архиепископ. Тој е просветител, основач на училишта и болници, дипломат, пишувач на првите закони во државата српска. Свети Сава е посредник и помирител меѓу раскараните браќа и народи. Неговите лик и дело инспирираат и осум века после неговата смрт. Затоа, кога велиме дека неговото дело инспирира, пред нас ја имаме и нашата определба, определбата на граѓаните на Република Македонија, да градиме и негуваме општество еднакво за сите. Граѓанско, едно општество за сите, во кое ги афирмираме и воспоставуваме меѓусебната почит меѓу сите етнички заедници во нашата земја – истакна Ковачевски на академијата, додавајќи дека признавањето на етничките, националните, верските и културните разлики е посебноста и суштината на нашето заедништво.