ден на младоста Archives - Република https://republika.mk/tema/den-na-mladosta/ За подобро да се разбереме Sat, 25 May 2024 18:07:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ден на младоста Archives - Република https://republika.mk/tema/den-na-mladosta/ 32 32 Во едни поубави времиња денеска му славевме роденден на Тито https://republika.mk/vesti/balkan/vo-edni-poubavi-vremina-deneska-mu-slavevme-rodenden-na-tito/ Sat, 25 May 2024 20:44:28 +0000 https://republika.mk/?p=781696

енот на младоста - 25 мај, кој се славеше во поранешна СФР Југославија како роденден на Јосип Броз Тито, повторно и годинава ги собра почитувачите на ликот и делата на претседателот на СФР Југославија, Тито, во Музејот на Југославија во Белград, јави дописникот на МИА од Белград.

Поранешните Титови пионери, како и сите почитувачи на ликот и делото на доживотниот југословенски претседател и маршал, продолжуваат да го слават Денот на младоста со собирање во Куќата на цвеќето.

Стотици, ако не и илјадници луѓе „поминаа“ низ Музејот на Југославија и Куќата на цвеќето, каде почиваат Маршалот и неговата сопруга Јованка Броз.

На убаво уредената патека која започнува од булеварот на Кнез Александар Караѓорѓевиќ и завршува пред Куќата на цвеќето, покрај српскиот, се слушаа и разни јазици, главно од земјите на поранешна Југославија, од Македонија до Словенија, а имаше и „вистински“ странци.

Во помали или поголеми групи „пионерите“ доаѓаа да му оддадат почит на славниот Тито, многумина носеа знамиња на СФРЈ со легендарната петокрака, маици со тробојка и црвена ѕвезда, а некои беа облечени во полн „пионерски“ стил, од бела кошула или маица, преку црвен шал до сина „титовка“ со, се разбира, петокрака на челото.

Пред музејот имаше паркиран Фичо, индустриски симбол на некогашната „Југа“, а се продаваа и сувенири од времето на „братството и единството“, значки, знамиња, капи, фигури на Тито и магнети со симболи на социјалистичката држава, како и слики од маршалот, кои брзо беа распродадени по цена од 15 евра.

Неколку стотици млади социјалисти, облечени во црвени маици со знамиња на СПС, влегоа во музејскиот комплекс со транспарент на кој беа испишани делови од државната химна на СФРЈ: „Стоиме цврсто...“. Сепак, тие мораа да платат влез во Куќата на цвеќето.

На денешен ден, 25 мај 1892 година, е роден поранешниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, Јосип Броз Тито. За време на неговото владеење, 25 мај се славеше како Ден на младоста

The post Во едни поубави времиња денеска му славевме роденден на Тито appeared first on Република.

]]>

енот на младоста - 25 мај, кој се славеше во поранешна СФР Југославија како роденден на Јосип Броз Тито, повторно и годинава ги собра почитувачите на ликот и делата на претседателот на СФР Југославија, Тито, во Музејот на Југославија во Белград, јави дописникот на МИА од Белград. Поранешните Титови пионери, како и сите почитувачи на ликот и делото на доживотниот југословенски претседател и маршал, продолжуваат да го слават Денот на младоста со собирање во Куќата на цвеќето. Стотици, ако не и илјадници луѓе „поминаа“ низ Музејот на Југославија и Куќата на цвеќето, каде почиваат Маршалот и неговата сопруга Јованка Броз. На убаво уредената патека која започнува од булеварот на Кнез Александар Караѓорѓевиќ и завршува пред Куќата на цвеќето, покрај српскиот, се слушаа и разни јазици, главно од земјите на поранешна Југославија, од Македонија до Словенија, а имаше и „вистински“ странци. Во помали или поголеми групи „пионерите“ доаѓаа да му оддадат почит на славниот Тито, многумина носеа знамиња на СФРЈ со легендарната петокрака, маици со тробојка и црвена ѕвезда, а некои беа облечени во полн „пионерски“ стил, од бела кошула или маица, преку црвен шал до сина „титовка“ со, се разбира, петокрака на челото. Пред музејот имаше паркиран Фичо, индустриски симбол на некогашната „Југа“, а се продаваа и сувенири од времето на „братството и единството“, значки, знамиња, капи, фигури на Тито и магнети со симболи на социјалистичката држава, како и слики од маршалот, кои брзо беа распродадени по цена од 15 евра. Неколку стотици млади социјалисти, облечени во црвени маици со знамиња на СПС, влегоа во музејскиот комплекс со транспарент на кој беа испишани делови од државната химна на СФРЈ: „Стоиме цврсто...“. Сепак, тие мораа да платат влез во Куќата на цвеќето. На денешен ден, 25 мај 1892 година, е роден поранешниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, Јосип Броз Тито. За време на неговото владеење, 25 мај се славеше како Ден на младоста

The post Во едни поубави времиња денеска му славевме роденден на Тито appeared first on Република.

]]>
Двајца Албанци беа до Тито на последниот Ден на младоста https://republika.mk/vesti/balkan/dvajca-albanci-bea-do-tito-na-posledniot-den-na-mladosta/ Wed, 25 May 2022 16:25:46 +0000 https://republika.mk/?p=506758

На денешен ден, 25 мај 1979 година, Јосип Броз Тито ја доби последната штафета, а тоа беше и неговиот последен митинг за Денот на младоста.

По неполна година, тој почина а младата жена која му ја врачила последната палка не ни знаела дека ќе остане запаметена по тоа.

Таа беше студентка од Приштина по име Санија Хисени и му се обраќаше на Тито и на албански и на тогашниот српско-хрватски јазик. Многу години подоцна, таа заврши во Канада, каде што  живее и работи како лекар.

Дo Тито пак стоеше Азем Власи, во тоа време беше претседател на Сојузот на социјалистичката младина на Југославија, потоа претседател на Социјалистичката алијанса на работниот народ на Косово, потоа член на Претседателството на Покраинскиот комитет на Сојузот на комунистите на Косово и Централниот комитет на Сојузот на комунистите на Косово.

 

The post Двајца Албанци беа до Тито на последниот Ден на младоста appeared first on Република.

]]>

На денешен ден, 25 мај 1979 година, Јосип Броз Тито ја доби последната штафета, а тоа беше и неговиот последен митинг за Денот на младоста. По неполна година, тој почина а младата жена која му ја врачила последната палка не ни знаела дека ќе остане запаметена по тоа. Таа беше студентка од Приштина по име Санија Хисени и му се обраќаше на Тито и на албански и на тогашниот српско-хрватски јазик. Многу години подоцна, таа заврши во Канада, каде што  живее и работи како лекар. Дo Тито пак стоеше Азем Власи, во тоа време беше претседател на Сојузот на социјалистичката младина на Југославија, потоа претседател на Социјалистичката алијанса на работниот народ на Косово, потоа член на Претседателството на Покраинскиот комитет на Сојузот на комунистите на Косово и Централниот комитет на Сојузот на комунистите на Косово.  

The post Двајца Албанци беа до Тито на последниот Ден на младоста appeared first on Република.

]]>