Ден на македонскиот јзаик Archives - Република https://republika.mk/tema/den-na-makedonskiot-jzaik/ За подобро да се разбереме Fri, 05 May 2023 17:41:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ден на македонскиот јзаик Archives - Република https://republika.mk/tema/den-na-makedonskiot-jzaik/ 32 32 Мицкоски: Македонскиот јазик не е дрво без корен, битисувал и ќе битисува на овие простори со векови https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-makedonskiot-jazik-ne-e-drvo-bez-koren-bitisuval-i-ke-bitisuva-na-ovie-prostori-so-vekovi/ Fri, 05 May 2023 17:41:59 +0000 https://republika.mk/?p=637446

Јазикот е единствената наша татковина. Сѐ додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината. Како куќа, како дом, како огниште“. Овие зборови на Блаже Конески се најдобриот опис на македонскиот јазик, неговото значење и неговиот идентитетски белег на Македонија и Македонецот.

Ова го напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на неговиот фејсбук профил, по повод 5 Мај - Денот на македонскиот јазик.

Македонскиот јазик не е дрво без корен, тој битисувал и ќе битисува на овие простори со векови. Македонскиот јазик е секоја песна, секоја приказна од нашите дедовци и баби. Македонскиот јазик е секоја книга од средновековието до денес. Македонскиот јазик е проткајан од преродбениците, преку Мисирков, Рацин, Конески до секој Македонец кој денес го говори и ќе го говори. Тој не е монета за поткусурување како што денес неразбраните трговци го преговараат, па уште и без срам велат дека го испреговарале. Јазикот е татковина, која сме ја наследиле, која мора да ја чуваме грижливо и да ја предадеме како светост на идните генерации Македонци, порача Мицкоски.

The post Мицкоски: Македонскиот јазик не е дрво без корен, битисувал и ќе битисува на овие простори со векови appeared first on Република.

]]>

МСУ со изложба на публикации го одбележува Денот на македонскиот јазик https://republika.mk/vesti/kultura/msu-so-izlozba-na-publikacii-go-odbelezuva-denot-na-makedonskiot-jazik/ Thu, 05 May 2022 11:00:50 +0000 https://republika.mk/?p=497982

Во чест на одбележувањето на Денот на македонскиот јазик, Музејот на современата уметност – Скопје ќе организира посебен настан на кој ќе биде претставена издавачката активност на НУ МСУ-Скопје.

Во фоајето на МСУ-Скопје, ќе биде отворена изложба, составена од селекција на публикациите организирани во повеќе тематски целини, изданија кои Музејот ги има публикувано на македонски јазик во текот на своето речиси шестдецениско постоење.

До денес, музејот има објавено голем број публикации: каталози од самостојни и групни изложби, книги предавања и собрани критички осврти, теориска литература, како и специјализираното списание за современа уметност „Големото стакло“, вредни изданија кои се потврда за посветената работа на повеќе генерации истражувачи во презентирањето и чувањето на уметничкото творештво на бројни светски и домашни автори, но и за заложбите за зачувување на македонскиот јазик.

За посетителите ќе бидат подготвени специјални подароци од изданијата МСУ-Скопје, а ќе бидат претставени и бројни публикации, меѓу кои и најрецентните изданија, монографии, каталози од колекцијата, самостојни и групни изложби, кои ќе можат да се купат во музејската продавница по пристапни цени.

The post МСУ со изложба на публикации го одбележува Денот на македонскиот јазик appeared first on Република.