ден на арм Archives - Република https://republika.mk/tema/den-na-arm/ За подобро да се разбереме Sun, 18 Aug 2024 10:47:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ден на арм Archives - Република https://republika.mk/tema/den-na-arm/ 32 32 Силјановска за Денот на АРМ: Денешниот празник е потсетување дека никој нас не не ослободувал туку сами се ослободивме https://republika.mk/vesti/makedonija/siljanovska-za-denot-na-arm-deneshniot-praznik-e-potsetuvane-deka-nikoj-nas-ne-ne-osloboduval-tuku-sami-se-oslobodivme/ Sun, 18 Aug 2024 10:47:43 +0000 https://republika.mk/?p=807655

Денешниот празник е потсетување дека никој нас не не ослободувал туку сами се ослободивме. Македонската држава не е ниту подарена, туку е извојувана и стекната со тешка и праведна народноослободителна војна...

Вие, војниците и офицерите, питомците и ветераните на Армијата сте вистинските чувари на наследството, слободната македонска држава која пред 80 години на АСНОМ ни ја оставија нашите храбри претци. Тоа го истакна претседателката и врховна командантка на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова во обраќањето пред присутните на Централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата на Република Македонија што денеска се одржа во Охрид.

Сиљановска Давкова во оваа прилика посочи дека силата ни извира од единството на нашите различности, етничка, верска, јазична, генерациска, полова, идеолошка...

-  Сите сте поврзани и обврзани со свечената заклетва дека ќе ги браните слободата, суверенитетот и територијалниот интегритет на државата. Насушна и непресушна потреба и чест е дисциплинирано, чесно и совесно како и досега да ги извршувате воените должности. Тоа го правите постојано и беспрекорно...најмногу со безрезервната поддршка и помош што им ја давате на македонските гражани и институциите во справувањето со елементарните непогоди какви што беа пожарите летово. Вие сте важен мировен гарант и потенцијал во овие тешко времиња на голема неизвесност...рече меѓу другото таа.

Претседателката посочи дека најважно од се е што покрај активното меѓународното присуство, припадниците на Армијата се тука, дома, секогаш и секаде каде е најпотребно.

-  Додека го прославуваме овој празник, дел од припадниците на Армијата се борат со огнените стихии ширум државата. Во овој миг помагаат во гаснењето, заштитата на граѓаните и добрата...Години наназад редовно се ангажираше во поддршката на институциите во справувањето со елементарните непогоди и со кризните состојби. Секогаш тоа го правеше професионално и пожртвувано, затоа Армијата континуирано ужива највисока доверба кај македонските граѓаните, истакна таа, искористувајќи ја можноста да укаже на потребата од спроведување реформи на системот за заштита и спасување и управување со кризи, да се детектираат и корегираат институционалните и професионалните недоследности, како и да се креира логичен и ефикасен систем за справување со кризи.

Претседателката во својство на Врховен командант на оружените сили го назначи генерал-мајорот Сашко Лафчински за началник на Генералштабот на Армијата, функција што изминатите два мандати ја вршеше генерал-полковникот Васко Ѓурчиновски.

Новоназначениот 12-ти по ред началник на Генералштабот на Армијата, Лафчински, веднаш по стапувањето на функцијата, рече дека му е укажана голема чест да ја предводи институцијата што е синоним за вредности и принципи, но и уште поголема е одговорноста...

-  Ќе го вложам целото свое знаење, искуство и капацитет во исполнување на мисијата на Армијата, во нејзината подготовка за одбрана и заштита на државата и одбрана на националните интереси, како дома така и надвор, рече Лафчински.

Началникот на Генералштабот во оваа прилика истакна дека ќе продолжи да работи на градење на капацитетите и способностите на Армијата, интеграција на развојните планови со Планот за транспормација и плановите за модернизација, се со цел постигнување највисока борбена готовност и подобрување на интероперабилноста со сојузниците и партнерите.

-  Искреноста, чесноста и етичкото однесување мора да бидат темел на нашата Армија. Ние им служиме на граѓаните и секогаш мора да бидеме достојни за нивната доберба. Затоа очекувам од секој од вас да ги одржувате највисоките стандарди на интегритет во сите негови форми. Од оваа позиција уште повеќе верувам во моќта на тимската работа и инклузивноста...затоа повикувам во јакнење на колективот кон нови победи, рече тој, притоа најавувајќи ги неговите планови и приоритети, на ставање во оперативна функција на вооружувањето и опремата обезбедени согласно планот за модернизација. Еден од врвните приоритети, како што посочи, ќе остане развојот на лесната пешадиска батаљонска група, преку која радијално че се зголемуваат капацитетите и способностите на останатите единици...

Во име на Владата пред присутните на свеченоста се обрати министерот за одбрана, Владо Мисајловски, кој на припадниците на Армијата им се заблагодари за нивниот професионализам, нивните жртви кои секогаш биле на браникот на татковината, во првите редови за заштитата на граѓаните во кризни состојби, но и нивниот придонес во регионалната и глобалната безбедност преку мисиите на НАТО и ОН...

-  Во овие кревки времиња од особена важност е билатералната и регионалната соработка, соработката со ЕУ, но од особена важност е и соработката со нашите соседи...Она што престои во нашата работа за одржувањето стабилна и безбедна држава, но и зачувување на мирот во глобални рамки. Тоа значи изработка на нови стратешки документи, нова стратегија за одбрана, ажурирање на долгорочниот план за развој на одбранбените способности и на планот за управување и модернизација, неопходни за справување со новите предизвици, рече Мисајловски, истакнувајќи ги заложбите на Владата за обезбедување буџет за одбраната што ќе продолжи да расте и да ги надминува минималните два проценти од БДП.

Тој нагласи дека останува посветеноста во надградбата на капацитетите на Армијата и на сите останати безбедносни институции, како и институциите за образование и обука на кадар -  Воената академија, Институтот за безбедност, одбрана и мир, Факултетот за безбедност.

На денешната свеченост присуствуваше највисокото државно раководство, претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, министри во Владата, пратеници во Собранието, гости од воено-дипломатскиот кор, командантот на Националната гарда на Вермонт, генералот Грегори Најт, поранешни министри за одбрана и началници на Генералштабот и други гости од општествениот живот

The post Силјановска за Денот на АРМ: Денешниот празник е потсетување дека никој нас не не ослободувал туку сами се ослободивме appeared first on Република.

]]>

Денешниот празник е потсетување дека никој нас не не ослободувал туку сами се ослободивме. Македонската држава не е ниту подарена, туку е извојувана и стекната со тешка и праведна народноослободителна војна... Вие, војниците и офицерите, питомците и ветераните на Армијата сте вистинските чувари на наследството, слободната македонска држава која пред 80 години на АСНОМ ни ја оставија нашите храбри претци. Тоа го истакна претседателката и врховна командантка на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова во обраќањето пред присутните на Централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата на Република Македонија што денеска се одржа во Охрид. Сиљановска Давкова во оваа прилика посочи дека силата ни извира од единството на нашите различности, етничка, верска, јазична, генерациска, полова, идеолошка... -  Сите сте поврзани и обврзани со свечената заклетва дека ќе ги браните слободата, суверенитетот и територијалниот интегритет на државата. Насушна и непресушна потреба и чест е дисциплинирано, чесно и совесно како и досега да ги извршувате воените должности. Тоа го правите постојано и беспрекорно...најмногу со безрезервната поддршка и помош што им ја давате на македонските гражани и институциите во справувањето со елементарните непогоди какви што беа пожарите летово. Вие сте важен мировен гарант и потенцијал во овие тешко времиња на голема неизвесност...рече меѓу другото таа. Претседателката посочи дека најважно од се е што покрај активното меѓународното присуство, припадниците на Армијата се тука, дома, секогаш и секаде каде е најпотребно. -  Додека го прославуваме овој празник, дел од припадниците на Армијата се борат со огнените стихии ширум државата. Во овој миг помагаат во гаснењето, заштитата на граѓаните и добрата...Години наназад редовно се ангажираше во поддршката на институциите во справувањето со елементарните непогоди и со кризните состојби. Секогаш тоа го правеше професионално и пожртвувано, затоа Армијата континуирано ужива највисока доверба кај македонските граѓаните, истакна таа, искористувајќи ја можноста да укаже на потребата од спроведување реформи на системот за заштита и спасување и управување со кризи, да се детектираат и корегираат институционалните и професионалните недоследности, како и да се креира логичен и ефикасен систем за справување со кризи. Претседателката во својство на Врховен командант на оружените сили го назначи генерал-мајорот Сашко Лафчински за началник на Генералштабот на Армијата, функција што изминатите два мандати ја вршеше генерал-полковникот Васко Ѓурчиновски. Новоназначениот 12-ти по ред началник на Генералштабот на Армијата, Лафчински, веднаш по стапувањето на функцијата, рече дека му е укажана голема чест да ја предводи институцијата што е синоним за вредности и принципи, но и уште поголема е одговорноста...
-  Ќе го вложам целото свое знаење, искуство и капацитет во исполнување на мисијата на Армијата, во нејзината подготовка за одбрана и заштита на државата и одбрана на националните интереси, како дома така и надвор, рече Лафчински.
Началникот на Генералштабот во оваа прилика истакна дека ќе продолжи да работи на градење на капацитетите и способностите на Армијата, интеграција на развојните планови со Планот за транспормација и плановите за модернизација, се со цел постигнување највисока борбена готовност и подобрување на интероперабилноста со сојузниците и партнерите. -  Искреноста, чесноста и етичкото однесување мора да бидат темел на нашата Армија. Ние им служиме на граѓаните и секогаш мора да бидеме достојни за нивната доберба. Затоа очекувам од секој од вас да ги одржувате највисоките стандарди на интегритет во сите негови форми. Од оваа позиција уште повеќе верувам во моќта на тимската работа и инклузивноста...затоа повикувам во јакнење на колективот кон нови победи, рече тој, притоа најавувајќи ги неговите планови и приоритети, на ставање во оперативна функција на вооружувањето и опремата обезбедени согласно планот за модернизација. Еден од врвните приоритети, како што посочи, ќе остане развојот на лесната пешадиска батаљонска група, преку која радијално че се зголемуваат капацитетите и способностите на останатите единици... Во име на Владата пред присутните на свеченоста се обрати министерот за одбрана, Владо Мисајловски, кој на припадниците на Армијата им се заблагодари за нивниот професионализам, нивните жртви кои секогаш биле на браникот на татковината, во првите редови за заштитата на граѓаните во кризни состојби, но и нивниот придонес во регионалната и глобалната безбедност преку мисиите на НАТО и ОН... -  Во овие кревки времиња од особена важност е билатералната и регионалната соработка, соработката со ЕУ, но од особена важност е и соработката со нашите соседи...Она што престои во нашата работа за одржувањето стабилна и безбедна држава, но и зачувување на мирот во глобални рамки. Тоа значи изработка на нови стратешки документи, нова стратегија за одбрана, ажурирање на долгорочниот план за развој на одбранбените способности и на планот за управување и модернизација, неопходни за справување со новите предизвици, рече Мисајловски, истакнувајќи ги заложбите на Владата за обезбедување буџет за одбраната што ќе продолжи да расте и да ги надминува минималните два проценти од БДП. Тој нагласи дека останува посветеноста во надградбата на капацитетите на Армијата и на сите останати безбедносни институции, како и институциите за образование и обука на кадар -  Воената академија, Институтот за безбедност, одбрана и мир, Факултетот за безбедност. На денешната свеченост присуствуваше највисокото државно раководство, претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, министри во Владата, пратеници во Собранието, гости од воено-дипломатскиот кор, командантот на Националната гарда на Вермонт, генералот Грегори Најт, поранешни министри за одбрана и началници на Генералштабот и други гости од општествениот живот

The post Силјановска за Денот на АРМ: Денешниот празник е потсетување дека никој нас не не ослободувал туку сами се ослободивме appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: 18 август, Ден на Армијата на Македонија и ден кога ќе стане јасно дека власта не е посилна од народот https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-18-avgust-den-na-armijata-na-makedonija-i-den-koga-ke-stane-jasno-deka-vlasta-ne-e-posilna-od-narodot/ Fri, 18 Aug 2023 09:43:50 +0000 https://republika.mk/?p=673286

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ преку фејсбук го честиташе Денот на Армијата на Македонија и порача „не“ за уставни измени под бугарски диктат. Денеска во Собранието е закажана седницата за уставни измени.

18 август, честит ден на Армијата на Македонија и ден кога ќе стане јасно дека власта не е посилна од народот.
Не за Уставни измени под бугарски диктат!, напиша Мицкоски на Фејсбук.

The post Мицкоски: 18 август, Ден на Армијата на Македонија и ден кога ќе стане јасно дека власта не е посилна од народот appeared first on Република.

]]>

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ преку фејсбук го честиташе Денот на Армијата на Македонија и порача „не“ за уставни измени под бугарски диктат. Денеска во Собранието е закажана седницата за уставни измени.
18 август, честит ден на Армијата на Македонија и ден кога ќе стане јасно дека власта не е посилна од народот. Не за Уставни измени под бугарски диктат!, напиша Мицкоски на Фејсбук.

The post Мицкоски: 18 август, Ден на Армијата на Македонија и ден кога ќе стане јасно дека власта не е посилна од народот appeared first on Република.

]]>
Орден за воени заслуги за Трајан Гоцевски, Логистичката база на Армијата и Организацијата на резервни офицери https://republika.mk/vesti/makedonija/orden-za-voeni-zaslugi-za-trajan-gocevski-logistichkata-baza-na-armijata-i-organizacijata-na-rezervni-oficeri/ Thu, 18 Aug 2022 11:38:06 +0000 https://republika.mk/?p=541657

Претседателот и врховен командант на вооружените сили на Армијата Стево Пендаровски денеска по повод 30-годишнината на Армијата ги одликуваше со Орден за воени заслуги првиот министер за одбрана Трајан Гоцевски, Логистичката база при Армијата и Организацијата на резервни офицери.

Гоцевски е одликуван со Орден за воени заслуги за неговиот придонес во формирањето на Армијата како легитимна и регуларна вооружена сила на Република Македонија.

Логистичката база при Армијата е одликувана за нејзиниот особен, стратешки и долготраен придонес во планирањето, координирањето, организирањето и извршувањето на логистичката поддршка на командите и единиците на Армијата со што овозможува успешно извршување на сите задачи во мир, војна и кризна состојба. Логистичката база, како што беше посочено на централната свеченост, својата подготвеност ја покажа и со низата активности во текот на справувањето со мигрантската криза и пандемијата на КОВИД-19.

Со Орден за воени заслуги е одликувана и Организацијата на резервни офицери за нејзиниот особен придонес во изградбата и јакнењето на одбранбената способност на државата и афирмирањето на воената професија.

Исто така, претседателот Пендаровски со указ го унапреди полковник Сашко Лафчиски во чин бригаден генерал и го постави полковник Васко Коколански за командант на Командата за обука и доктрини во Генералштабот на Армијата на Република Македонија.

The post Орден за воени заслуги за Трајан Гоцевски, Логистичката база на Армијата и Организацијата на резервни офицери appeared first on Република.

]]>

Претседателот и врховен командант на вооружените сили на Армијата Стево Пендаровски денеска по повод 30-годишнината на Армијата ги одликуваше со Орден за воени заслуги првиот министер за одбрана Трајан Гоцевски, Логистичката база при Армијата и Организацијата на резервни офицери. Гоцевски е одликуван со Орден за воени заслуги за неговиот придонес во формирањето на Армијата како легитимна и регуларна вооружена сила на Република Македонија. Логистичката база при Армијата е одликувана за нејзиниот особен, стратешки и долготраен придонес во планирањето, координирањето, организирањето и извршувањето на логистичката поддршка на командите и единиците на Армијата со што овозможува успешно извршување на сите задачи во мир, војна и кризна состојба. Логистичката база, како што беше посочено на централната свеченост, својата подготвеност ја покажа и со низата активности во текот на справувањето со мигрантската криза и пандемијата на КОВИД-19. Со Орден за воени заслуги е одликувана и Организацијата на резервни офицери за нејзиниот особен придонес во изградбата и јакнењето на одбранбената способност на државата и афирмирањето на воената професија. Исто така, претседателот Пендаровски со указ го унапреди полковник Сашко Лафчиски во чин бригаден генерал и го постави полковник Васко Коколански за командант на Командата за обука и доктрини во Генералштабот на Армијата на Република Македонија.

The post Орден за воени заслуги за Трајан Гоцевски, Логистичката база на Армијата и Организацијата на резервни офицери appeared first on Република.

]]>
Петровска: Бевме сами, а сега сме дел од една милијарда луѓе под колективниот безбедносен чадор на НАТО https://republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-bevme-sami-a-sega-sme-del-od-edna-milijarda-lugje-pod-kolektivniot-bezbednosen-chador-na-nato/ Wed, 17 Aug 2022 12:52:39 +0000 https://republika.mk/?p=541406

Како дел од завршните активности со кои Армијата на Република Македонија го одбележува својот 30 годишен јубилеј, во Домот на Армијата во Скопје се одржа свечен собир на припадниците на Армијата од Генералштабот и вработените во Министерството за одбрана.

На собирот, со соодветна церемонија беа доделени  голем број на признанија за остварените резултати и придонесот за Армијата на од составот на Генералштабот и Министерството за одбрана, како и унапредувања во повисок чин на припадници на Армијата кои ги исполнуваат условите.

Воедно од страна на Министерката за одбрана Славјанка Петровска и Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски се доделија признанија и на претставници од институциите со кои соработуваат Министерството за одбрана и генералштабот.

Министерката за одбрана, Петровска пред вработените во Министерството и припадниците на Армијата порача дека денешниот јубилеј не е само бројка, туку дека 30 години Армија значи 30 години сигурност, безбедност и државност. Подвлече дека секој припадник на Армијата, секој вработен во одбраната има свој удел во создавањето на армија со препознатлив имиџ за професионалност, дисциплина, мотивација и успех и дека токму со нивната енергија и посветеност ја остваривме нашата клучна стратешка цел – членството во НАТО.

„Бевме сами, а сега сме дел од една милијарда луѓе под колективниот безбедносен чадор на НАТО. Армијата има за што да биде горда пред своите граѓани затоа што вие чесно, мотивирано и професионално си ги извршувате своите задачи, но и многу повеќе од тоа. Кога дојдов на позицијата министерка за одбрана, првото нешто што го реков е дека од ниту еден вработен во Министерството и во Армијата не барам ништо повеќе од она што го имам зацртано за себе. А, првенствено, тоа е посветеноста кон одбраната и татковината, истрајноста која носи видливи резултати и амбицијата која отвора нови можности за подобра Армија, задоволни армиски припадници и побезбедна држава. Способностите на Армијата не се само зборови на хартија, туку вештини на дело. Армијата на дело покажа дека е способна и мотивирана. Дека функционира според највисоките НАТО стандарди. Нашиот Лесен пешадиски баталјон е првата поголема единица која неодамна беше оценувана според стандардите за оценување на борбена подготвеност на НАТО. Можеме да одиме со исправена глава, зашто покажавме дека сме на одличен пат да ги исполниме сите зацртани НАТО цели на способности. Тоа првенствено е ваша заслуга“, рече министерката Петровска и додаде дека Министерството инвестира во кадар, опрема и модернизација кои ја зацврстуваат Армија.

Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски честитајќи го јубилејниот празник на сите припадници на Армијата, како и на унапредените, пофалените и штотуку пензионираните, упати порака да се продолжи со уште поголемо залагање и динамика во остварување на поголеми резултати, како што доликува на Армија членка на НАТО.

Приоритети во понатамошниот период ќе бидат реформите трансформацијата, модернизацијата, како и постигнување на поголема психофизичка способност и обученост со цел оправдување на големиот рејтинг и почит која ја ужива Армијата кај граѓаните и во државата.

Покрај министерката Петровска и генералот Ѓурчиновски пред присутните се обратија и поранешните началници на ГШ, генералите Горанчо Котески и Методија Величковски кои оваа година ги исполнија законските услови за заминување во пензија на кои за дадениот придонес во развојот на Армијата во текот на вршењето на должноста им беа врачени соодветни признанија.

Во своите обраќања до присутните, генералите Величковски и Котески го истакнаа своето задоволство што беа дел од Армијата за овие триесет години и учествуваа во нејзиниот развој, притоа посакувајќи уште поголеми успеси во понатамошниот период.

Во рамки на церемонијата од страна на командантот на националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт, кој присуствуваше на прославата во рамки на дводневната официјална посета на државата, исто така се доделија признанија на припадници од Армијата за нивното залагање за извршување на задачите во текот на најголемата меѓународна вежба „Swift Response” која беше реализирана оваа пролет на АП Криволак.

По завршување на собирот од страна на министерката за одбрана, Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и присутните беше посетена изложбата на фотографии по повод јубилејот „30 години Армија“ која се наоѓа во холот на Домот на Армијата и која е отворена за посетителите во следниот период.

Собирот е дел од завршните планирани активности со кои се одбележува  јубилејот 30 години од формирањето на Армијата, во чиј склоп вечерва со почеток во 18.30 часот, на воениот стадион во градскиот парк во Скопје ќе се реализира отворен настан за граѓаните.

Централната свеченост по повод одбележување на јубилејот ќе се реализира утре, 18ти август во касарната Илинден во Скопје, додека во останатите гарнизони каде се сместени командите и единиците на Армијата, воени свечености се реализираа во текот на денешниот ден.

The post Петровска: Бевме сами, а сега сме дел од една милијарда луѓе под колективниот безбедносен чадор на НАТО appeared first on Република.

]]>

Како дел од завршните активности со кои Армијата на Република Македонија го одбележува својот 30 годишен јубилеј, во Домот на Армијата во Скопје се одржа свечен собир на припадниците на Армијата од Генералштабот и вработените во Министерството за одбрана. На собирот, со соодветна церемонија беа доделени  голем број на признанија за остварените резултати и придонесот за Армијата на од составот на Генералштабот и Министерството за одбрана, како и унапредувања во повисок чин на припадници на Армијата кои ги исполнуваат условите. Воедно од страна на Министерката за одбрана Славјанка Петровска и Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски се доделија признанија и на претставници од институциите со кои соработуваат Министерството за одбрана и генералштабот. Министерката за одбрана, Петровска пред вработените во Министерството и припадниците на Армијата порача дека денешниот јубилеј не е само бројка, туку дека 30 години Армија значи 30 години сигурност, безбедност и државност. Подвлече дека секој припадник на Армијата, секој вработен во одбраната има свој удел во создавањето на армија со препознатлив имиџ за професионалност, дисциплина, мотивација и успех и дека токму со нивната енергија и посветеност ја остваривме нашата клучна стратешка цел – членството во НАТО.
„Бевме сами, а сега сме дел од една милијарда луѓе под колективниот безбедносен чадор на НАТО. Армијата има за што да биде горда пред своите граѓани затоа што вие чесно, мотивирано и професионално си ги извршувате своите задачи, но и многу повеќе од тоа. Кога дојдов на позицијата министерка за одбрана, првото нешто што го реков е дека од ниту еден вработен во Министерството и во Армијата не барам ништо повеќе од она што го имам зацртано за себе. А, првенствено, тоа е посветеноста кон одбраната и татковината, истрајноста која носи видливи резултати и амбицијата која отвора нови можности за подобра Армија, задоволни армиски припадници и побезбедна држава. Способностите на Армијата не се само зборови на хартија, туку вештини на дело. Армијата на дело покажа дека е способна и мотивирана. Дека функционира според највисоките НАТО стандарди. Нашиот Лесен пешадиски баталјон е првата поголема единица која неодамна беше оценувана според стандардите за оценување на борбена подготвеност на НАТО. Можеме да одиме со исправена глава, зашто покажавме дека сме на одличен пат да ги исполниме сите зацртани НАТО цели на способности. Тоа првенствено е ваша заслуга“, рече министерката Петровска и додаде дека Министерството инвестира во кадар, опрема и модернизација кои ја зацврстуваат Армија.
Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски честитајќи го јубилејниот празник на сите припадници на Армијата, како и на унапредените, пофалените и штотуку пензионираните, упати порака да се продолжи со уште поголемо залагање и динамика во остварување на поголеми резултати, како што доликува на Армија членка на НАТО. Приоритети во понатамошниот период ќе бидат реформите трансформацијата, модернизацијата, како и постигнување на поголема психофизичка способност и обученост со цел оправдување на големиот рејтинг и почит која ја ужива Армијата кај граѓаните и во државата. Покрај министерката Петровска и генералот Ѓурчиновски пред присутните се обратија и поранешните началници на ГШ, генералите Горанчо Котески и Методија Величковски кои оваа година ги исполнија законските услови за заминување во пензија на кои за дадениот придонес во развојот на Армијата во текот на вршењето на должноста им беа врачени соодветни признанија. Во своите обраќања до присутните, генералите Величковски и Котески го истакнаа своето задоволство што беа дел од Армијата за овие триесет години и учествуваа во нејзиниот развој, притоа посакувајќи уште поголеми успеси во понатамошниот период. Во рамки на церемонијата од страна на командантот на националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт, кој присуствуваше на прославата во рамки на дводневната официјална посета на државата, исто така се доделија признанија на припадници од Армијата за нивното залагање за извршување на задачите во текот на најголемата меѓународна вежба „Swift Response” која беше реализирана оваа пролет на АП Криволак. По завршување на собирот од страна на министерката за одбрана, Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и присутните беше посетена изложбата на фотографии по повод јубилејот „30 години Армија“ која се наоѓа во холот на Домот на Армијата и која е отворена за посетителите во следниот период. Собирот е дел од завршните планирани активности со кои се одбележува  јубилејот 30 години од формирањето на Армијата, во чиј склоп вечерва со почеток во 18.30 часот, на воениот стадион во градскиот парк во Скопје ќе се реализира отворен настан за граѓаните. Централната свеченост по повод одбележување на јубилејот ќе се реализира утре, 18ти август во касарната Илинден во Скопје, додека во останатите гарнизони каде се сместени командите и единиците на Армијата, воени свечености се реализираа во текот на денешниот ден.

The post Петровска: Бевме сами, а сега сме дел од една милијарда луѓе под колективниот безбедносен чадор на НАТО appeared first on Република.

]]>