демонстрации Archives - Република https://republika.mk/tema/demonstracii/ За подобро да се разбереме Wed, 01 May 2024 15:36:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png демонстрации Archives - Република https://republika.mk/tema/demonstracii/ 32 32 Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации https://republika.mk/vesti/svet/rabotnitsite-shirum-evropa-i-azija-baraat-pogolemi-rabotnichki-prava-na-prvomajskite-demonstratsii/ Wed, 01 May 2024 15:36:08 +0000 https://republika.mk/?p=773054

Работниците и активистите на улиците на азиските и европските градови денеска бараат подобри работнички права и зголемување на платите, кои станаа недоволни поради растот на цените и политиките на владејачките структури.

Стотици луѓе учествуваа на собирот под мотото „За целосно вработување: да се намали работното време и да се подобрат платите“ по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот 2024 година во Барселона.

Иако Први мај во многу земји во светот ги слави работничките права и им дава можност на граѓаните да искажат општи економски поплаки или политички барања, полицијата во Истанбул приведе десетици луѓе кои се обидоа да ги искажат своите ставови на улиците, на познатиот плоштад Таксим, пренесе Бета.

Полицијата уапси демонстранти кои се обидоа да стигнат до централниот плоштад во Истанбул, иако владата го забрани прославувањето на Денот на трудот на таа локација. Владата на претседателот Реџеп Таип Ердоган со години забранува одржување на митинзи и демонстрации на таа локација, наведувајќи ги безбедносните причини како причина за таквата одлука. И покрај тоа, дел од политичките партии и синдикатите ги повикаа граѓаните да излезат на протестен марш до плоштадот во центарот, кој има симболична вредност за синдикатите и работниците. Сепак, полицијата подигна барикади и ги затвори сите патишта што водат до централниот плоштад во Истанбул.

Јавниот превоз во областа беше намален, а само мала група претставници на синдикатот добија дозвола да влезат на плоштадот и да положат венец на споменикот подигнат во спомен на жртвите од инцидентот во 1977 година во кој напаѓачите предизвикаа стампедо во кое загинаа 34 лица.

Интервентната полиција уапси триесетина членови на левичарската Народноослободителна партија кои се обидоа да ги пробијат барикадите околу плоштадот.

Во Атина, неколку илјади демонстранти учествуваа на првомајскиот марш кој го запре јавниот транспорт и националните железнички услуги низ Грција. Штрајковите ширум земјата беа предводени од најголемиот синдикат во земјата, кој побара враќање на колективното преговарање, откако беа одземени правата на работниците за време на тешката финансиска криза во Грција 2010-2018 година.

Во Париз, демонстрантите се собраа на Плоштадот на Републиката за да учествуваат на маршот предводен од главните синдикати во Франција, барајќи подобри плати и услови за работа. Се очекува пропалестински групи и антиолимписките активисти да се приклучат на маршот низ француската престолнина, која ќе биде домаќин на Летните олимписки игри за помалку од три месеци.

Во Индонезија работниците излегоа на улица за да го изразат своето незадоволство од новиот закон, за кој тврдат дека ги крши нивните права и им штети на нивната благосостојба и побараа заштита на работниците мигранти во странство, како и зголемување на минималната плата.

Се очекува околу 50.000 работници од Џакарта, Богор, Депок, Тангеранг и Бекаси да се приклучат на првомајските маршеви во главниот град, рече Саид Икбал, претседател на Конфедерацијата на индонезиските синдикати.

Парламентот на Индонезија минатата година ја ратификуваше владината регулатива со која се заменува контроверзниот закон за отворање работни места, но критичарите велат дека тој сепак е во корист на бизнисите.

Во Сеул, главниот град на Јужна Кореја, илјадници демонстранти скандираа, вееја знамиња и извикуваа про-работнички слогани на почетокот на денешниот собир.

Организаторите рекоа дека нивниот собир првенствено имал за цел да ги засили критиките на, како што ги нарекоа, антиработничките политики предводени од конзервативната влада предводена од претседателот Јун Сук-Јул.

Во Јапонија, повеќе од 10.000 луѓе се собраа во паркот Јојоги во центарот на Токио на првомајски протест, барајќи зголемување на платите за кое рекоа дека треба да биде доволно за да ги „покрие“ растечките цени.

За време на митингот, Масако Обата, лидер на левичарската Национална конфедерација на синдикати, рече дека намалувањето на платите довело многу работници во Јапонија во тешка состојба и го зголемила јазот во приходите.

Во Србија вообичаено на 1 мај се оди на излет, потсетува Бета. Се организираат собири на локални излетнички места со релативно богата трпеза и многу пијалаци, главно без работнички обележја и без да се потенцираат какви било барања.

Обединетите гранкови синдикати „Независност“ денеска во 12 часот го прославија Денот на трудот со митинг на платото Димитрије Туцовиќ, недалеку од плоштадот Славија во Белград, под слоганот „За демократски и работнички рестарт“.

Претседателката на УГС „Независност“ Чеданка Андриќ изјави дека се собрале во чест на загинатите на работни места.

Синдикатот на работниците на Босна и Херцеговина и Синдикатот на металците на ФБиХ организираа првомајска протестна прошетка во Сараево. Собирот почна пред зградата на Парламентарното собрание на БиХ, а потоа продолжија со пешачење, едните кон седиштето на Делегацијата на ЕУ, другите кон Владата на ФБиХ.

The post Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации appeared first on Република.

]]>

Работниците и активистите на улиците на азиските и европските градови денеска бараат подобри работнички права и зголемување на платите, кои станаа недоволни поради растот на цените и политиките на владејачките структури. Стотици луѓе учествуваа на собирот под мотото „За целосно вработување: да се намали работното време и да се подобрат платите“ по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот 2024 година во Барселона. Иако Први мај во многу земји во светот ги слави работничките права и им дава можност на граѓаните да искажат општи економски поплаки или политички барања, полицијата во Истанбул приведе десетици луѓе кои се обидоа да ги искажат своите ставови на улиците, на познатиот плоштад Таксим, пренесе Бета. Полицијата уапси демонстранти кои се обидоа да стигнат до централниот плоштад во Истанбул, иако владата го забрани прославувањето на Денот на трудот на таа локација. Владата на претседателот Реџеп Таип Ердоган со години забранува одржување на митинзи и демонстрации на таа локација, наведувајќи ги безбедносните причини како причина за таквата одлука. И покрај тоа, дел од политичките партии и синдикатите ги повикаа граѓаните да излезат на протестен марш до плоштадот во центарот, кој има симболична вредност за синдикатите и работниците. Сепак, полицијата подигна барикади и ги затвори сите патишта што водат до централниот плоштад во Истанбул. Јавниот превоз во областа беше намален, а само мала група претставници на синдикатот добија дозвола да влезат на плоштадот и да положат венец на споменикот подигнат во спомен на жртвите од инцидентот во 1977 година во кој напаѓачите предизвикаа стампедо во кое загинаа 34 лица. Интервентната полиција уапси триесетина членови на левичарската Народноослободителна партија кои се обидоа да ги пробијат барикадите околу плоштадот. Во Атина, неколку илјади демонстранти учествуваа на првомајскиот марш кој го запре јавниот транспорт и националните железнички услуги низ Грција. Штрајковите ширум земјата беа предводени од најголемиот синдикат во земјата, кој побара враќање на колективното преговарање, откако беа одземени правата на работниците за време на тешката финансиска криза во Грција 2010-2018 година. Во Париз, демонстрантите се собраа на Плоштадот на Републиката за да учествуваат на маршот предводен од главните синдикати во Франција, барајќи подобри плати и услови за работа. Се очекува пропалестински групи и антиолимписките активисти да се приклучат на маршот низ француската престолнина, која ќе биде домаќин на Летните олимписки игри за помалку од три месеци. Во Индонезија работниците излегоа на улица за да го изразат своето незадоволство од новиот закон, за кој тврдат дека ги крши нивните права и им штети на нивната благосостојба и побараа заштита на работниците мигранти во странство, како и зголемување на минималната плата. Се очекува околу 50.000 работници од Џакарта, Богор, Депок, Тангеранг и Бекаси да се приклучат на првомајските маршеви во главниот град, рече Саид Икбал, претседател на Конфедерацијата на индонезиските синдикати. Парламентот на Индонезија минатата година ја ратификуваше владината регулатива со која се заменува контроверзниот закон за отворање работни места, но критичарите велат дека тој сепак е во корист на бизнисите. Во Сеул, главниот град на Јужна Кореја, илјадници демонстранти скандираа, вееја знамиња и извикуваа про-работнички слогани на почетокот на денешниот собир. Организаторите рекоа дека нивниот собир првенствено имал за цел да ги засили критиките на, како што ги нарекоа, антиработничките политики предводени од конзервативната влада предводена од претседателот Јун Сук-Јул. Во Јапонија, повеќе од 10.000 луѓе се собраа во паркот Јојоги во центарот на Токио на првомајски протест, барајќи зголемување на платите за кое рекоа дека треба да биде доволно за да ги „покрие“ растечките цени. За време на митингот, Масако Обата, лидер на левичарската Национална конфедерација на синдикати, рече дека намалувањето на платите довело многу работници во Јапонија во тешка состојба и го зголемила јазот во приходите. Во Србија вообичаено на 1 мај се оди на излет, потсетува Бета. Се организираат собири на локални излетнички места со релативно богата трпеза и многу пијалаци, главно без работнички обележја и без да се потенцираат какви било барања. Обединетите гранкови синдикати „Независност“ денеска во 12 часот го прославија Денот на трудот со митинг на платото Димитрије Туцовиќ, недалеку од плоштадот Славија во Белград, под слоганот „За демократски и работнички рестарт“. Претседателката на УГС „Независност“ Чеданка Андриќ изјави дека се собрале во чест на загинатите на работни места. Синдикатот на работниците на Босна и Херцеговина и Синдикатот на металците на ФБиХ организираа првомајска протестна прошетка во Сараево. Собирот почна пред зградата на Парламентарното собрание на БиХ, а потоа продолжија со пешачење, едните кон седиштето на Делегацијата на ЕУ, другите кон Владата на ФБиХ.

The post Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации appeared first on Република.

]]>
Илјадници луѓе присуствуваа на пропалестински демонстрации во Берлин https://republika.mk/vesti/svet/iljadnitsi-luge-prisustvuvaa-na-propalestinski-demonstratsii-vo-berlin/ Sat, 28 Oct 2023 17:00:33 +0000 https://republika.mk/?p=695854

Неколку илјади луѓе денеска се собраа во Берлин на пропалестински демонстрации, многу од нив носеа транспаренти и постери со кои се осудуваат нападите на Израел врз Газа.

Како што јави ДПА, еден транспарент го обвинувал Израел за „геноцид“, а други ја критикуваа поддршката на германската влада за Израел.

Многу луѓе носеа палестински знамиња, а демонстрантите постојано извикуваа „Вива, Вива Палестина“ или „Ослободете ја Палестина“.

Собирот беше организиран од поединец, под името „Global South United!“ соопшти локалната полиција.

На митингот беше распореден голем полициски контингент, заедно со преведувачи за да се спречи можно ширење на криминална содржина од учесниците на странски јазици, како што е арапскиот.

The post Илјадници луѓе присуствуваа на пропалестински демонстрации во Берлин appeared first on Република.

]]>

Неколку илјади луѓе денеска се собраа во Берлин на пропалестински демонстрации, многу од нив носеа транспаренти и постери со кои се осудуваат нападите на Израел врз Газа. Како што јави ДПА, еден транспарент го обвинувал Израел за „геноцид“, а други ја критикуваа поддршката на германската влада за Израел. Многу луѓе носеа палестински знамиња, а демонстрантите постојано извикуваа „Вива, Вива Палестина“ или „Ослободете ја Палестина“. Собирот беше организиран од поединец, под името „Global South United!“ соопшти локалната полиција. На митингот беше распореден голем полициски контингент, заедно со преведувачи за да се спречи можно ширење на криминална содржина од учесниците на странски јазици, како што е арапскиот.

The post Илјадници луѓе присуствуваа на пропалестински демонстрации во Берлин appeared first on Република.

]]>
Во Франција продолжуваат насилствата откако полицаец уби 17-годишник, уапсени 77 демонстранти https://republika.mk/vesti/svet/vo-frantsija-prodolzhuvaat-nasilstvata-otkako-politsaets-ubi-17-godishnik-uapseni-77-demonstranti/ Thu, 29 Jun 2023 08:02:17 +0000 https://republika.mk/?p=656316

Во Франција синоќа продолжија насилствата, особено во парискиот регион, каде полицаец уби седумнаесетгодишник, кој одбил да го послуша. Демонстрантите во повеќе градови палеа и се судрија со полицијата, при што се уапсени 77 луѓе.

Ситуацијата во Нантер, на 15 километри од Париз, околу 23 часот повторно стана тензична. Запалени се десетина автомобили, контејнери и бариери поставени на патот. Демонстрантите на зградите поставија транспаранети „Правда за Нахел“ и „Полицијата убива“.

Полицијата употреби солзавец, а демонстрантите возвратија со камења. Според Ле Монд, во Нантер, полицијата била принудена делумно да се повлече.

Во околу дваесет општини во Сена-Сен Дени, департман во североисточниот дел на Париз, пријавени се пожари.

Во Есон, јужно од Париз, бил запален автобус, а во кварт во Тулуз најверојатно од запален камион.

Тензии беа забележани и во други региони низ земјата, како што е Лион, каде припадниците на полицијата беа гаѓани со пиротехнички средства.

Во некои места како Сент Етјен, Лил и Рен, инцидентите се случија за време на собири за поддршка на еколошкото движење кое неодамна беше распуштено од владата.

Демонстрантите се судрија со полицијата во Лил. Снимките објавени на интернет покажуваат луѓе во Градското собрание во предградието Монс-ен-Барул како палат документи и столови.

Во Рен, околу 300 луѓе се собраа да му оддадат почит на тинејџерот, некои од нив исто така запалија оган, но беа растерани од полицијата.

The post Во Франција продолжуваат насилствата откако полицаец уби 17-годишник, уапсени 77 демонстранти appeared first on Република.

]]>

Во Франција синоќа продолжија насилствата, особено во парискиот регион, каде полицаец уби седумнаесетгодишник, кој одбил да го послуша. Демонстрантите во повеќе градови палеа и се судрија со полицијата, при што се уапсени 77 луѓе. Ситуацијата во Нантер, на 15 километри од Париз, околу 23 часот повторно стана тензична. Запалени се десетина автомобили, контејнери и бариери поставени на патот. Демонстрантите на зградите поставија транспаранети „Правда за Нахел“ и „Полицијата убива“. Полицијата употреби солзавец, а демонстрантите возвратија со камења. Според Ле Монд, во Нантер, полицијата била принудена делумно да се повлече. Во околу дваесет општини во Сена-Сен Дени, департман во североисточниот дел на Париз, пријавени се пожари. Во Есон, јужно од Париз, бил запален автобус, а во кварт во Тулуз најверојатно од запален камион. Тензии беа забележани и во други региони низ земјата, како што е Лион, каде припадниците на полицијата беа гаѓани со пиротехнички средства. Во некои места како Сент Етјен, Лил и Рен, инцидентите се случија за време на собири за поддршка на еколошкото движење кое неодамна беше распуштено од владата. Демонстрантите се судрија со полицијата во Лил. Снимките објавени на интернет покажуваат луѓе во Градското собрание во предградието Монс-ен-Барул како палат документи и столови. Во Рен, околу 300 луѓе се собраа да му оддадат почит на тинејџерот, некои од нив исто така запалија оган, но беа растерани од полицијата.

The post Во Франција продолжуваат насилствата откако полицаец уби 17-годишник, уапсени 77 демонстранти appeared first on Република.

]]>
Најмасовни демонстрации во Белград по соборувањето на Милошевиќ, пишува „Њујорк тајмс“ https://republika.mk/vesti/balkan/najmasovni-demonstratsii-vo-belgrad-po-soboruvaneto-na-miloshevik-pishuva-nujork-tajms/ Sun, 04 Jun 2023 09:38:10 +0000 https://republika.mk/?p=647593

Протестите во Србија поради минатомесечните масовни престрелки се претворија во најголемите улични демонстрации во Белград откако демонстрантите го соборија Слободан Милошевиќ од функцијата српски претседател во 2000 година, пишува „Њујорк Тајмс“.

Протестите „Србија против насилството“, што се одржуваат еднаш неделно, добија замав од почетокот на мај, кога 18 лица беа убиени во два масакри – едниот во училиште во Белград, другиот во околните села. Тие убиства предизвикаа бран граѓански бунт што критичарите на лидерот на земјата, Александар Вучиќ, го нарекоа протест против „културата на насилство“ промовирана од владата и лојалните медиуми на неа, пишува весникот.

Саботниот протест, петти и најголем досега, го зголеми притисокот врз Вучиќ да исполни барем дел од барањата на демонстрантите, нагласува Њујорк тајмс.

Тие барања вклучуваат разрешување на високи функционери и одземање на дозволите за емитување од провладините телевизиски станици кои се во лош глас за емитување насилни реални шоуа и игнорирање на опозициските политичари“, се вели во анализата на весникот.

Протестите прераснаа во поширок, иако досега мирен бунт против се авторитарното владеење на Вучиќ, кој, како што објаснува Њујорк тајмс, прво беше премиер, а потоа претседател, а на власт е речиси една деценија.

Вучиќ ја започна својата политичка кариера како радикален националист за време на балканските војни во 1990-тите, но во последниве години се обидува да се претстави како проевропски лидер кој сака Србија да ги оживее своите застојани напори за пристапување во Европската унија. Тој се спротивстави на воведувањето санкции против Русија поради нејзината војна во Украина, но Србија гласаше во Обединетите нации за да ја осуди Москва“, потсетува весникот.

Вучиќ, кој победи на минатогодишните избори, е решен да остане таму каде што е, отфрлајќи ги протестите како „политички трик“ на неговите противници. Вучиќ во минатото веќе се соочи и преживеа големи улични протести, но тие не беа толку големи како саботните, пишува Њујорк Тајмс.

The post Најмасовни демонстрации во Белград по соборувањето на Милошевиќ, пишува „Њујорк тајмс“ appeared first on Република.

]]>

Протестите во Србија поради минатомесечните масовни престрелки се претворија во најголемите улични демонстрации во Белград откако демонстрантите го соборија Слободан Милошевиќ од функцијата српски претседател во 2000 година, пишува „Њујорк Тајмс“. Протестите „Србија против насилството“, што се одржуваат еднаш неделно, добија замав од почетокот на мај, кога 18 лица беа убиени во два масакри – едниот во училиште во Белград, другиот во околните села. Тие убиства предизвикаа бран граѓански бунт што критичарите на лидерот на земјата, Александар Вучиќ, го нарекоа протест против „културата на насилство“ промовирана од владата и лојалните медиуми на неа, пишува весникот. Саботниот протест, петти и најголем досега, го зголеми притисокот врз Вучиќ да исполни барем дел од барањата на демонстрантите, нагласува Њујорк тајмс.
Тие барања вклучуваат разрешување на високи функционери и одземање на дозволите за емитување од провладините телевизиски станици кои се во лош глас за емитување насилни реални шоуа и игнорирање на опозициските политичари“, се вели во анализата на весникот.
Протестите прераснаа во поширок, иако досега мирен бунт против се авторитарното владеење на Вучиќ, кој, како што објаснува Њујорк тајмс, прво беше премиер, а потоа претседател, а на власт е речиси една деценија.
Вучиќ ја започна својата политичка кариера како радикален националист за време на балканските војни во 1990-тите, но во последниве години се обидува да се претстави како проевропски лидер кој сака Србија да ги оживее своите застојани напори за пристапување во Европската унија. Тој се спротивстави на воведувањето санкции против Русија поради нејзината војна во Украина, но Србија гласаше во Обединетите нации за да ја осуди Москва“, потсетува весникот.
Вучиќ, кој победи на минатогодишните избори, е решен да остане таму каде што е, отфрлајќи ги протестите како „политички трик“ на неговите противници. Вучиќ во минатото веќе се соочи и преживеа големи улични протести, но тие не беа толку големи како саботните, пишува Њујорк Тајмс.

The post Најмасовни демонстрации во Белград по соборувањето на Милошевиќ, пишува „Њујорк тајмс“ appeared first on Република.

]]>
Демократијата во Франција на „највисоко“ можно ниво – демонстрантите гласни, полицијата брутална https://republika.mk/vesti/svet/demokratijata-vo-frantsija-na-najvisoko-mozhno-nivo-demonstrantite-glasni-politsijata-brutalna/ Fri, 24 Mar 2023 10:22:28 +0000 https://republika.mk/?p=623140

Гневот на Французите ја надмина точката на вриење, демонстрантите стануваат се поагресивни. Во протестите е запалено и градското собрание на Бордо. Повеќе од еден милион луѓе излегоа на улиците низ Франција во четвртокот, од кои 119.000 во Париз, соопшти на Министерството за внатрешни работи.

Уапсени се близу 500 луѓе во демонстрациите кои беа поттикнати од легислативата со која се зголемува старосната граница за пензионирање за две години на 64 години.

Синдикатите повикаа на дополнителни протести следниот вторник, што ќе се совпадне со државната посета на кралот Чарлс III на земјата.

Тој треба да престојува токму во Бордо, каде што што синоќа изгоре влезната врата на градското собрание.

Се уште нема информации кој е одговорен за пожарот, кој брзо беше изгаснат од пожарникарите.

И додека протестите излегуваат од контрола, претседателот Емануел Макрон, уште повеќе го зголемува гневот на француската јавност со интервјуто кое го даде за FranceTV во кое ја бранеше неговата визија за пензиските реформи. За време на интервјуто, граѓаните посебно ги вознемири еден детал кој веднаш беше објавен на социјалните мрежи, а тоа е моментот кој некои го нарекоа бизарен, каде Макрон, зборувајќи за оние кои примаат социјална помош и ја злоупотребуваат, сосема несвесно ја подигна раката и го покажа часовникот за кој некои тврдат дека чини 80.000 евра.

На видеото може да се види дека Макрон ги спушта рацете под масата среде разговорот и се гледа како го симнува часовникот дискретно, ставајќи го до себе од левата страна за да не се види на камерата, а потоа го продолѓува интервјуто, само овој пат без часовникот на раката.

Ваквата постапка, како што утринава објавуваат француските медиуми предизвика уште поголем бес кај граѓаните, со оглед на тоа што тој зборува како жртвува за францускиот народ, а носи часовник од 80.000 евра.

Инаку, за работите да бидат уште полоши, сè се случуваше додекаа демонстрантите го палеа градското собрание во Бордо во четвртокот вечерта, а полицијата фрлаше солзавец на улиците низ Франција.

The post Демократијата во Франција на „највисоко“ можно ниво – демонстрантите гласни, полицијата брутална appeared first on Република.

]]>

Гневот на Французите ја надмина точката на вриење, демонстрантите стануваат се поагресивни. Во протестите е запалено и градското собрание на Бордо. Повеќе од еден милион луѓе излегоа на улиците низ Франција во четвртокот, од кои 119.000 во Париз, соопшти на Министерството за внатрешни работи. Уапсени се близу 500 луѓе во демонстрациите кои беа поттикнати од легислативата со која се зголемува старосната граница за пензионирање за две години на 64 години. Синдикатите повикаа на дополнителни протести следниот вторник, што ќе се совпадне со државната посета на кралот Чарлс III на земјата. Тој треба да престојува токму во Бордо, каде што што синоќа изгоре влезната врата на градското собрание. Се уште нема информации кој е одговорен за пожарот, кој брзо беше изгаснат од пожарникарите. И додека протестите излегуваат од контрола, претседателот Емануел Макрон, уште повеќе го зголемува гневот на француската јавност со интервјуто кое го даде за FranceTV во кое ја бранеше неговата визија за пензиските реформи. За време на интервјуто, граѓаните посебно ги вознемири еден детал кој веднаш беше објавен на социјалните мрежи, а тоа е моментот кој некои го нарекоа бизарен, каде Макрон, зборувајќи за оние кои примаат социјална помош и ја злоупотребуваат, сосема несвесно ја подигна раката и го покажа часовникот за кој некои тврдат дека чини 80.000 евра. На видеото може да се види дека Макрон ги спушта рацете под масата среде разговорот и се гледа како го симнува часовникот дискретно, ставајќи го до себе од левата страна за да не се види на камерата, а потоа го продолѓува интервјуто, само овој пат без часовникот на раката. Ваквата постапка, како што утринава објавуваат француските медиуми предизвика уште поголем бес кај граѓаните, со оглед на тоа што тој зборува како жртвува за францускиот народ, а носи часовник од 80.000 евра. Инаку, за работите да бидат уште полоши, сè се случуваше додекаа демонстрантите го палеа градското собрание во Бордо во четвртокот вечерта, а полицијата фрлаше солзавец на улиците низ Франција.

The post Демократијата во Франција на „највисоко“ можно ниво – демонстрантите гласни, полицијата брутална appeared first on Република.

]]>
Катами: Иран треба да ги заостри мерките против демонстрантите https://republika.mk/vesti/svet/katami-iran-treba-da-gi-zaostri-merkite-protiv-demonstrantite/ Fri, 21 Oct 2022 20:57:35 +0000 https://republika.mk/?p=564176

Тврдокорниот ирански свештеник, Ахмад Катами, изјави дека иранското правосудство треба да преземе построги мерки против учесниците на протестите, а сите што мислат дека владата во Иран ќе биде соборена грешат.

Катами, за време на проповед во Техеран, порача дека иранското правосудство мора да се справи со демонстрантите на таков начин што другите да не помислат да учествуваат во немирите.

Протестите во Иран траат од 16 септември поради смртта на 22-годишната Махса Амини, која почина откако беше приведена од полицијата за морал поради неправилно носење на хиџаб.

The post Катами: Иран треба да ги заостри мерките против демонстрантите appeared first on Република.

]]>

Тврдокорниот ирански свештеник, Ахмад Катами, изјави дека иранското правосудство треба да преземе построги мерки против учесниците на протестите, а сите што мислат дека владата во Иран ќе биде соборена грешат. Катами, за време на проповед во Техеран, порача дека иранското правосудство мора да се справи со демонстрантите на таков начин што другите да не помислат да учествуваат во немирите. Протестите во Иран траат од 16 септември поради смртта на 22-годишната Махса Амини, која почина откако беше приведена од полицијата за морал поради неправилно носење на хиџаб.

The post Катами: Иран треба да ги заостри мерките против демонстрантите appeared first on Република.

]]>
Најмалку 50 хоспитализирани при насилни протести во Ереван за статусот на Нагорно Карабах https://republika.mk/vesti/svet/najmalku-50-hospitalizirani-pri-nasilni-protesti-vo-erevan-za-statusot-na-nagorno-karabah/ Sat, 04 Jun 2022 07:48:15 +0000 https://republika.mk/?p=510922

Најмалку 50 лица се хоспитализирани по судирите меѓу полицијата и демонстрантите во близина на резиденцијата на ерменскиот премиер Никола Пашинјан во Ереван.

Во соопштението на Министерството за здравство се наведува дека 34 полицајци и 16 цивили се хоспитализирани и дека еден од повредените е во критична состојба.

Прес-службата на ерменската полиција соопшти дека се приведени 11 лица и дека е покрената кривична постапка.

Полицијата употреби шок бомби против претставници на опозицијата кои претходно се движеа низ градот, се упатија кон Плоштадот на Републиката и се приближија до зградата на Владата, а потоа отидоа до резиденцијата на Пашинјан.

Од 25 април опозицијата одржува протести низ цела Ерменија. Причина за незадоволството се неодамнешните изјави на премиерот за Нагорно Карабах.

Според Пашинјан, меѓународната заедница го повикува Ереван да ја помести границата по прашањето на статусот на непризнаена република и предупредува на опасноста од непризнавање на територијалниот интегритет на Азербејџан.

Демонстрантите сметаат дека политиката на власта ѝ се заканува на земјата да ја изгуби својата државност и го загрозува постоењето на непризнаената Република Нагорно Карабах.

The post Најмалку 50 хоспитализирани при насилни протести во Ереван за статусот на Нагорно Карабах appeared first on Република.

]]>

Најмалку 50 лица се хоспитализирани по судирите меѓу полицијата и демонстрантите во близина на резиденцијата на ерменскиот премиер Никола Пашинјан во Ереван. Во соопштението на Министерството за здравство се наведува дека 34 полицајци и 16 цивили се хоспитализирани и дека еден од повредените е во критична состојба. Прес-службата на ерменската полиција соопшти дека се приведени 11 лица и дека е покрената кривична постапка. Полицијата употреби шок бомби против претставници на опозицијата кои претходно се движеа низ градот, се упатија кон Плоштадот на Републиката и се приближија до зградата на Владата, а потоа отидоа до резиденцијата на Пашинјан. Од 25 април опозицијата одржува протести низ цела Ерменија. Причина за незадоволството се неодамнешните изјави на премиерот за Нагорно Карабах. Според Пашинјан, меѓународната заедница го повикува Ереван да ја помести границата по прашањето на статусот на непризнаена република и предупредува на опасноста од непризнавање на територијалниот интегритет на Азербејџан. Демонстрантите сметаат дека политиката на власта ѝ се заканува на земјата да ја изгуби својата државност и го загрозува постоењето на непризнаената Република Нагорно Карабах.

The post Најмалку 50 хоспитализирани при насилни протести во Ереван за статусот на Нагорно Карабах appeared first on Република.

]]>
Уапсени повеќе од 170 демонстранти во Русија https://republika.mk/vesti/svet/uapseni-povekje-od-170-demonstranti-vo-rusija/ Sat, 02 Apr 2022 15:28:27 +0000 https://republika.mk/?p=482382

Повеќе од 170 луѓе се уапсени ширум Русија откако протестираа поради руската инвазија врз Украина, соопшти невладината организација специјализирана за следење апсења во земјата ОВД-Инфо.

Повеќе од 178 лица се уапсени во 15 руски градови, се наведува во соопштението на невладината организација.

На социјалните мрежи денеска беа најавени антивоени протести во триесетина руски градови, од Владивосток до Сочи.

Организаторите истакнаа дека сакаат да изразат незадоволство поради „колапсот на руската економија“ и да протестираат „против рускиот претседател Владимир Путин“ и се залагаат за ослободување од затвор на неговиот противкандидат Алексеј Навални.

Во соопштението на организаторите на протестите се посочува дека „Русија заслужува мир, демократија и просперитет“

The post Уапсени повеќе од 170 демонстранти во Русија appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 170 луѓе се уапсени ширум Русија откако протестираа поради руската инвазија врз Украина, соопшти невладината организација специјализирана за следење апсења во земјата ОВД-Инфо. Повеќе од 178 лица се уапсени во 15 руски градови, се наведува во соопштението на невладината организација. На социјалните мрежи денеска беа најавени антивоени протести во триесетина руски градови, од Владивосток до Сочи. Организаторите истакнаа дека сакаат да изразат незадоволство поради „колапсот на руската економија“ и да протестираат „против рускиот претседател Владимир Путин“ и се залагаат за ослободување од затвор на неговиот противкандидат Алексеј Навални. Во соопштението на организаторите на протестите се посочува дека „Русија заслужува мир, демократија и просперитет“

The post Уапсени повеќе од 170 демонстранти во Русија appeared first on Република.

]]>
Масовни протести во Отава против задолжителните вакцини, маски и локдаун https://republika.mk/vesti/svet/masovni-protesti-vo-otava-protiv-zadolzitelnite-vakcini-maski-i-lokdaun/ Sun, 30 Jan 2022 07:41:09 +0000 https://republika.mk/?p=451406

Протестите против задолжителните вакцини, маски и заклучувањето собраа илјадници демонстранти во канадскиот главен град Отава.

Демонстрантите ја споредија задолжителната вакцинација со фашизам, камион беше украсен со знамето на Конфедерацијата (јужните држави за време на Американската граѓанска војна), а многумина носеа непристојни постери против канадскиот премиер Џастин Трудо.

Протестот на камионџиите и други демонстранти ја принуди полицијата да се подготви за можно насилство и да ги предупреди жителите да го избегнуваат центарот на градот. Собраниските безбедносни службеници ги предупредија пратениците поради информации дека нивните домови може да бидат нападнати.

Премиерот Трудо рече дека ова „проблематично, мало, но многу гласно малцинство Канаѓани кои ја напаѓаат науката, владата, општеството, должностите и советите за јавното здравје“ не е претставник на Канаѓаните.

Вообичаено, кога Трудо е дома, неговата агенда гласи дека е во Отава, но вчера неговата локација беше прогласена за „регион на национален главен град“, поради што се појавија информации дека е преместен.

Некои демонстранти протестираат против барањето од 15 јануари, возачите на камиони кои влегуваат во Канада да бидат целосно вакцинирани. Канада има една од највисоките стапки на вакцинација во светот.

The post Масовни протести во Отава против задолжителните вакцини, маски и локдаун appeared first on Република.

]]>

Протестите против задолжителните вакцини, маски и заклучувањето собраа илјадници демонстранти во канадскиот главен град Отава. Демонстрантите ја споредија задолжителната вакцинација со фашизам, камион беше украсен со знамето на Конфедерацијата (јужните држави за време на Американската граѓанска војна), а многумина носеа непристојни постери против канадскиот премиер Џастин Трудо. Протестот на камионџиите и други демонстранти ја принуди полицијата да се подготви за можно насилство и да ги предупреди жителите да го избегнуваат центарот на градот. Собраниските безбедносни службеници ги предупредија пратениците поради информации дека нивните домови може да бидат нападнати. Премиерот Трудо рече дека ова „проблематично, мало, но многу гласно малцинство Канаѓани кои ја напаѓаат науката, владата, општеството, должностите и советите за јавното здравје“ не е претставник на Канаѓаните. Вообичаено, кога Трудо е дома, неговата агенда гласи дека е во Отава, но вчера неговата локација беше прогласена за „регион на национален главен град“, поради што се појавија информации дека е преместен. Некои демонстранти протестираат против барањето од 15 јануари, возачите на камиони кои влегуваат во Канада да бидат целосно вакцинирани. Канада има една од највисоките стапки на вакцинација во светот.

The post Масовни протести во Отава против задолжителните вакцини, маски и локдаун appeared first on Република.

]]>
Војската пука врз демонстрантите во Казахстан https://republika.mk/vesti/svet/vojskata-puka-vrz-demonstrantite-vo-kazahstan/ Thu, 06 Jan 2022 17:44:20 +0000 https://republika.mk/?p=441399

Во главниот град на Казахстан, Алмати, денеска избувна ново насилство.

Очевидци за британските медиуми велат дека во пукотницата има повредени. Истите извори велат дека кон плоштадот се движат воени возила.

Војниците пукаат во демонстрантите и автомобилите на плоштадот на Републиката во Алмати. Пукањето на плоштадот не престанува веќе 15 минути. Се пука кон луѓето кои дојдоа на плоштадот со оружје, се пука кон автомобилите. Сигурно има ранети. Нејасно е, невозможно е да им се пријде на загинатите - велат очевидци.

Британските медиуми, повикувајќи се на соговорниците од плоштадот, пренесуваат дека војската веднаш го опколила плоштадот и почнала специјална операција без да ги напушти возилата. Тие побарале демонстрантите да го напуштат плоштадот и предупредиле дека ќе отворат оган.

Полицијата во Алмати соопшти дека загинале десетици демонстранти во текот на ноќта и дека во моментов се изведува операција на нивна идентификација.

Државната телевизија јави дека најмалку 18 припадници на безбедносните сили се убиени во немирите, од кои двајца биле обезглавени, а над 740 се повредени.

Уапсени се 2.000 демонстранти, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Вчера беше опожарена претседателската резиденција во Алмати и канцеларијата на градоначалникот, а градот е полн со изгорени автомобили. Во цела земја нема интернет.

Војниците ја повратиле контролата врз главниот аеродром, што демонстрантите вчера го освоија.

На централниот плоштад во Алмати, Република, во текот на денот наизменично имаше и војници и стотици демонстранти, а попладнево повторно почна ада се слушаат спорадицни истрели и експлозии .

Овие последни два дена е забележено најжестокото насилство во изминатите 30 години независност во оваа земја богата со нафта и ураниум.

Претседателот Касим-Жомарт Токаев, кој ја повика Русија на помош, ги обвинува демонстрантите дека се терористи обучени во странство за бунтот.

Станува збор за поткопување на интегритетот на земјата и што е најважно, за напад на нашите граѓани кои бараат од мене итно да им помогнам - изјави тој.

Москва најави дека ќе соработува со своите сојузници за да му помогне на Казахстан во „антитерористичката операција“ и верува дека бунтот е инспириран однадвор.

Бунтот, што почна како протест против новите повисоки цени на горивата, избувна во средата кога демонстрантите упаднаа во зградите на државната и јавна администрација во Алмати и други градови и ги запалија. Тие извикуваа слогани против поранешниот претседател Назарбаев, кој се повлече од власта во 2019 година.

Токаев завчера ја распушти владата, ја укина одлуката за поскапување на горивата и се огради од својот претходник, заменувајќи го од влијателната функција претседател на Советот за безбедност.

Но, тоа не ги смири демонстрантите кои го обвинуваат семејството на Назарбаев и сојузниците дека се збогатиле со нафта и минерални ресурси, оставајќи ја земјата во сиромаштија.

Назарбаев не е виден во јавноста од почетокот на протестите.

Западните земји повикаа на мир, а Кина оцени дека тоа е внатрешно прашање на Казахстан.

The post Војската пука врз демонстрантите во Казахстан appeared first on Република.

]]>

Во главниот град на Казахстан, Алмати, денеска избувна ново насилство. Очевидци за британските медиуми велат дека во пукотницата има повредени. Истите извори велат дека кон плоштадот се движат воени возила.
Војниците пукаат во демонстрантите и автомобилите на плоштадот на Републиката во Алмати. Пукањето на плоштадот не престанува веќе 15 минути. Се пука кон луѓето кои дојдоа на плоштадот со оружје, се пука кон автомобилите. Сигурно има ранети. Нејасно е, невозможно е да им се пријде на загинатите - велат очевидци.
Британските медиуми, повикувајќи се на соговорниците од плоштадот, пренесуваат дека војската веднаш го опколила плоштадот и почнала специјална операција без да ги напушти возилата. Тие побарале демонстрантите да го напуштат плоштадот и предупредиле дека ќе отворат оган. Полицијата во Алмати соопшти дека загинале десетици демонстранти во текот на ноќта и дека во моментов се изведува операција на нивна идентификација. Државната телевизија јави дека најмалку 18 припадници на безбедносните сили се убиени во немирите, од кои двајца биле обезглавени, а над 740 се повредени. Уапсени се 2.000 демонстранти, соопшти Министерството за внатрешни работи. Вчера беше опожарена претседателската резиденција во Алмати и канцеларијата на градоначалникот, а градот е полн со изгорени автомобили. Во цела земја нема интернет. Војниците ја повратиле контролата врз главниот аеродром, што демонстрантите вчера го освоија. На централниот плоштад во Алмати, Република, во текот на денот наизменично имаше и војници и стотици демонстранти, а попладнево повторно почна ада се слушаат спорадицни истрели и експлозии . Овие последни два дена е забележено најжестокото насилство во изминатите 30 години независност во оваа земја богата со нафта и ураниум. Претседателот Касим-Жомарт Токаев, кој ја повика Русија на помош, ги обвинува демонстрантите дека се терористи обучени во странство за бунтот.
Станува збор за поткопување на интегритетот на земјата и што е најважно, за напад на нашите граѓани кои бараат од мене итно да им помогнам - изјави тој.
Москва најави дека ќе соработува со своите сојузници за да му помогне на Казахстан во „антитерористичката операција“ и верува дека бунтот е инспириран однадвор. Бунтот, што почна како протест против новите повисоки цени на горивата, избувна во средата кога демонстрантите упаднаа во зградите на државната и јавна администрација во Алмати и други градови и ги запалија. Тие извикуваа слогани против поранешниот претседател Назарбаев, кој се повлече од власта во 2019 година. Токаев завчера ја распушти владата, ја укина одлуката за поскапување на горивата и се огради од својот претходник, заменувајќи го од влијателната функција претседател на Советот за безбедност. Но, тоа не ги смири демонстрантите кои го обвинуваат семејството на Назарбаев и сојузниците дека се збогатиле со нафта и минерални ресурси, оставајќи ја земјата во сиромаштија. Назарбаев не е виден во јавноста од почетокот на протестите. Западните земји повикаа на мир, а Кина оцени дека тоа е внатрешно прашање на Казахстан.

The post Војската пука врз демонстрантите во Казахстан appeared first on Република.

]]>