Демократско Движење Archives - Република https://republika.mk/tema/demokratsko-dvizhene/ За подобро да се разбереме Sun, 25 Aug 2024 06:54:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Демократско Движење Archives - Република https://republika.mk/tema/demokratsko-dvizhene/ 32 32 Демократско движење го одбележа првиот роденден https://republika.mk/vesti/makedonija/demokratsko-dvizhene-go-odbelezha-prviot-rodenden/ Sun, 25 Aug 2024 06:54:26 +0000 https://republika.mk/?p=809864

Со свечена церемонија на плоштадот Скендербег во Скопје, меѓу политичари, дипломати и активисти, Демократското движење ја одбележа првата годишнина од основањето.

Лидерот на Демократското движење пред присутните рече дека оваа прва година партијата ја наоѓа како успешна и со сеопфатен раст.

-Пред една година, кога го создадовме Демократското движење, многумина се сомневаа во можноста за промена. Но, ние верувавме и благодарение на заедничката посветеност изградивме консолидирана политичка сила, која веќе се прошири низ целата земја, рече Меџити.

Меџити рече дека е докажано дека сме повеќе од партија – ние сме движење што го скрши стравот и всади вистинска надеж за промени.

Докажавме дека нашето обединување може да триумфира над режимот кој две децении ја искористи нашата земја и нејзините граѓани. Денес, една година по основањето, Демократското движење е посилно и порешително од кога било за да го продолжи патот кон успешна иднина. И оваа годишнина ја одразува стабилноста, силата и вербата што ги изградивме заедно, рече Меџити.

Демократското движење е основано на 13 август 2023 година и е дел од коалицијата ВЛЕН, која учествува во владата, додека нејзиниот лидер Изет Меџити ја извршува функцијата прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање.

The post Демократско движење го одбележа првиот роденден appeared first on Република.

]]>

Со свечена церемонија на плоштадот Скендербег во Скопје, меѓу политичари, дипломати и активисти, Демократското движење ја одбележа првата годишнина од основањето. Лидерот на Демократското движење пред присутните рече дека оваа прва година партијата ја наоѓа како успешна и со сеопфатен раст.
-Пред една година, кога го создадовме Демократското движење, многумина се сомневаа во можноста за промена. Но, ние верувавме и благодарение на заедничката посветеност изградивме консолидирана политичка сила, која веќе се прошири низ целата земја, рече Меџити.
Меџити рече дека е докажано дека сме повеќе од партија – ние сме движење што го скрши стравот и всади вистинска надеж за промени. Докажавме дека нашето обединување може да триумфира над режимот кој две децении ја искористи нашата земја и нејзините граѓани. Денес, една година по основањето, Демократското движење е посилно и порешително од кога било за да го продолжи патот кон успешна иднина. И оваа годишнина ја одразува стабилноста, силата и вербата што ги изградивме заедно, рече Меџити. Демократското движење е основано на 13 август 2023 година и е дел од коалицијата ВЛЕН, која учествува во владата, додека нејзиниот лидер Изет Меџити ја извршува функцијата прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање.

The post Демократско движење го одбележа првиот роденден appeared first on Република.

]]>
Победата на албанската опозиција никој не може да ја спречи https://republika.mk/vesti/makedonija/pobedata-na-albanskata-opozitsija-nikoj-ne-mozhe-da-ja-sprechi/ Thu, 04 Jan 2024 16:18:40 +0000 https://republika.mk/?p=729715

Во време кога албанската политичка сцена во РСМ е поделена меѓу Сојузот за европски промена кој има за цел да ги обедини Албанците за да ја направи долгоочекуваната политичка ротација и интеграција на земјата во ЕУ, и меѓу оние кои ја зазедоа државата и ја блокираа интеграцијата , чувствуваме должност да објасниме дека и понатаму останува отворена понудата за раст на овој опозициски табор.Во оваа прилика сакаме да ја информираме јавноста дека ние досега имавме неколку средби со првиот човек на Алијанса за Албанците и тој ја има отворена поканата да дојде со достоинствено претставување, велат од Демократското движење на Изет Меџити.

Европскиот Сојуз за Промена сака да ги увери Албанците дека победата на оваа коалиција поддржана од албанската дијаспора и релевантниот албански фактор во регионот е веќе евидентна и никој не може да ја спречи.

Не само анкетите и духот на победата, туку и начинот на кој ДУИ се однесува против Сојузот за членот на ДИК, како и можностите за создавање на идната влада, сето тоа е доказ дека победата сигурно ќе дојде. Ова им овозможува на гласачите на АА да бидат претставени на страната што ја испраќа ДУИ во опозиција.

Веќе е евидентно дека гласот на албанскиот граѓанин, вклучително и гласот на активистот и на подржувачот на АА, е за промена на албанската политичка сцена во земјата, па затоа соединувањето на АА со ЕСП ќе овозможи пролетната победа да биде уште поголема и поубедлива.Промената на албанската политичка сцена во земјата секако ќе дојде и сите се добредојдени да бидат дел од неа.

The post Победата на албанската опозиција никој не може да ја спречи appeared first on Република.

Гаши, Меџити и Касами заедно ќе настапат на претстојните парламентарни и претседателски избори https://republika.mk/vesti/makedonija/gashi-medhiti-i-kasami-zaedno-ke-nastapat-na-pretstojnite-parlamentarni-i-pretsedatelski-izbori/ Tue, 28 Nov 2023 20:46:24 +0000 https://republika.mk/?p=717325

Африм Гаши, Изет Меџити и Биљал Касами вечерва во Тетово потпишаа заедничка декларација на коалицијата Европски сојуз за промени за заеднички настап на претстојните парламентарни и претседателски избори.

Како лидери на нивните партии Алтернатива, Демократско Движење и Движење Беса, тие се обврзаа на заедничко опозициско настапување во албанскиот политички блок со фокус кон зачленување на државата во Европската унија.

Пред потпишувањето, тројцата партиски лидери се обратија пред присутните партиски членови и симпатизери кои присуствуваа на настанот во една од спортските сали во Тетово.

Претседателот на Демократско Движење Изет Меџити ја истакна потребата за мобилизација за промени.

-Ова е движење за тие што мислат поинаку од криминалот на партијата на власт. Доста беше молчење, тишина, апатија и едноумие. Времето за промени се приближува. Ги повикувам сите да се приклучат, тие што можат да го променат мислењето можат се да променат, промената доаѓа, порача Изет Меџити.

Интеграцијата во Европската унија е избор на сите, порача лидерот на Алтернатива.

-Тој што соработува само со надворешниот фактор на штета на внатрешниот фактор на албанскиот народ, не може да владее без соработка со албанскиот народ. Треба да има соработка за демократија, економија, општествен развој за војување против корупција и дискриминација на патот кон ЕУ, истакна Африм Гаши.

Лидерот на Движење Беса Биљал Касами последен се обрати од говорницата, посочувајќи дека повисоко убедување од нивниот сојуз е „бесата“ (ветувањето) за европски промени.

-Во овој момент кога во Македонија криминалот и корупцијата излегоа од контрола, правосудниот систем е узурпиран од власта, образованието уништено, здравството е запоставено, додека млади масовно ја напуштаат државата. Да се обединиме да ставиме крај на сето ова, да бидеме гласот на сите граѓани кои со нетрпение чекаат промени. Само обединети можеме да се избориме со сите гореспоменати антиграѓански и антиевропски појави на актуелната власт. Се обединуваме затоа што Албанците во Македонија заслужуваат автентично претставување, истакна Касами.

Исто така, Касами посочи дека тие ќе ги отстранат сите законски и уставни дефиниции кои се евазивни во остварувањето на правата на Албанците.

(МИА)

The post Гаши, Меџити и Касами заедно ќе настапат на претстојните парламентарни и претседателски избори appeared first on Република.

]]>

Африм Гаши, Изет Меџити и Биљал Касами вечерва во Тетово потпишаа заедничка декларација на коалицијата Европски сојуз за промени за заеднички настап на претстојните парламентарни и претседателски избори. Како лидери на нивните партии Алтернатива, Демократско Движење и Движење Беса, тие се обврзаа на заедничко опозициско настапување во албанскиот политички блок со фокус кон зачленување на државата во Европската унија. Пред потпишувањето, тројцата партиски лидери се обратија пред присутните партиски членови и симпатизери кои присуствуваа на настанот во една од спортските сали во Тетово. Претседателот на Демократско Движење Изет Меџити ја истакна потребата за мобилизација за промени.
-Ова е движење за тие што мислат поинаку од криминалот на партијата на власт. Доста беше молчење, тишина, апатија и едноумие. Времето за промени се приближува. Ги повикувам сите да се приклучат, тие што можат да го променат мислењето можат се да променат, промената доаѓа, порача Изет Меџити.
Интеграцијата во Европската унија е избор на сите, порача лидерот на Алтернатива.
-Тој што соработува само со надворешниот фактор на штета на внатрешниот фактор на албанскиот народ, не може да владее без соработка со албанскиот народ. Треба да има соработка за демократија, економија, општествен развој за војување против корупција и дискриминација на патот кон ЕУ, истакна Африм Гаши.
Лидерот на Движење Беса Биљал Касами последен се обрати од говорницата, посочувајќи дека повисоко убедување од нивниот сојуз е „бесата“ (ветувањето) за европски промени.
-Во овој момент кога во Македонија криминалот и корупцијата излегоа од контрола, правосудниот систем е узурпиран од власта, образованието уништено, здравството е запоставено, додека млади масовно ја напуштаат државата. Да се обединиме да ставиме крај на сето ова, да бидеме гласот на сите граѓани кои со нетрпение чекаат промени. Само обединети можеме да се избориме со сите гореспоменати антиграѓански и антиевропски појави на актуелната власт. Се обединуваме затоа што Албанците во Македонија заслужуваат автентично претставување, истакна Касами.
Исто така, Касами посочи дека тие ќе ги отстранат сите законски и уставни дефиниции кои се евазивни во остварувањето на правата на Албанците.
(МИА)

The post Гаши, Меџити и Касами заедно ќе настапат на претстојните парламентарни и претседателски избори appeared first on Република.

]]>
Демократско движење: Според економските показатели, Владата управува на најлош можен начин https://republika.mk/vesti/makedonija/demokratsko-dvizhene-spored-ekonomskite-pokazateli-vladata-upravuva-na-najlosh-mozhen-nachin/ Sun, 22 Oct 2023 16:18:38 +0000 https://republika.mk/?p=693940

Партијата Демократско движење (ДД) на Изет Меџити изрази загриженост поради економски показатели кои, според партијата, алудираат дека Владата на најлош можен начин управува со државата.

Граѓаните веќе секојдневно се сведоци дека животниот стандард е толку низок и веќе се руши целосно од неспособноста на Владата да се соочи со економските предизвици. Според последниот извештај на Народна банка ‘Глобални економски перспективи’, степенот на инфлација која Македонија ја има во моментов ја поставува на чело на табелата во споредба со земјите од регионот со 8.4%.

Инфлација – јули 2023:

Србија

Македонија

Црна Гора

Хрватска

Босна и Херцеговина

Албанија

Косово“, велат од партијата.

Од ДД велат и дека Македонија е последна во регионот и по економскиот раст.

Исто така, оваа Влада, во која управуваат кадари на ДУИ со скоро сите економски ресори, не успева со економскиот раст на државата која е последна во нашиот регион со 1.8%.

Економски раст 2023:

Црна Гора

Албанија

Косово

Хрватска

Босна и Херцеговина

Србија

Македонија“, велат од ДД.

Од партијата посочуваат и дека според Светска банка и јавниот долг расте и во моментов изнесува 59,1%, а до крајот на годината ќе порасне на 60,2% од бруто-домашниот производ (БДП).

Демократско движење упатува загриженост кон досегашните владини политики и бара од Владата да создаде зацврстена монетарна политика и домаќинско фискално управување“, додаваат од партијата.

The post Демократско движење: Според економските показатели, Владата управува на најлош можен начин appeared first on Република.

]]>

Партијата Демократско движење (ДД) на Изет Меџити изрази загриженост поради економски показатели кои, според партијата, алудираат дека Владата на најлош можен начин управува со државата.
Граѓаните веќе секојдневно се сведоци дека животниот стандард е толку низок и веќе се руши целосно од неспособноста на Владата да се соочи со економските предизвици. Според последниот извештај на Народна банка ‘Глобални економски перспективи’, степенот на инфлација која Македонија ја има во моментов ја поставува на чело на табелата во споредба со земјите од регионот со 8.4%. Инфлација – јули 2023: Србија Македонија Црна Гора Хрватска Босна и Херцеговина Албанија Косово“, велат од партијата.
Од ДД велат и дека Македонија е последна во регионот и по економскиот раст.
Исто така, оваа Влада, во која управуваат кадари на ДУИ со скоро сите економски ресори, не успева со економскиот раст на државата која е последна во нашиот регион со 1.8%. Економски раст 2023: Црна Гора Албанија Косово Хрватска Босна и Херцеговина Србија Македонија“, велат од ДД.
Од партијата посочуваат и дека според Светска банка и јавниот долг расте и во моментов изнесува 59,1%, а до крајот на годината ќе порасне на 60,2% од бруто-домашниот производ (БДП).
Демократско движење упатува загриженост кон досегашните владини политики и бара од Владата да создаде зацврстена монетарна политика и домаќинско фискално управување“, додаваат од партијата.

The post Демократско движење: Според економските показатели, Владата управува на најлош можен начин appeared first on Република.

]]>
Демократско движење: Артан Груби да даде одговор за хаосот на патот Скопје-Блаце https://republika.mk/vesti/makedonija/demokratsko-dvizhene-artan-grubi-da-dade-odgovor-za-haosot-na-patot-skopje-blatse/ Sun, 15 Oct 2023 16:10:03 +0000 https://republika.mk/?p=691452

Во текот на месец јули годинава, Артан Груби поради нередот и долгите чекања во тунелот Скопје - Блаце, кој долго време беше предмет на неопходна санација, вети дека за да се избегнат долгите чекања како поради пристигнувањето на иселениците и зголеменото движење од двете страни на границата со Косово, работите во тунелот ќе бидат стопирани до крајот на август и дека санацијата повторно ќе започне на 1 септември за да се врати во нормала на 1 октомври. Сепак, се што кажа Груби е или манипулација или лага и тоа е веќе многупати докажано, па ретко кој му верува. Сега сме во средината на октомври и работата за жал не е завршена. Од двете страни на тунелот продолжуваат да се создаваат долги редици кои со право предизвикуваат иритација кај возачите. Има многу поплаки од граѓаните, особено оние кои секојдневно мораат да го користат овој пат.

Логично се поставува едно прашање, тие што не можат толку долго да поправат еден мал тунел, ќе спроведат капитални проекти?!

Демократското движење апелира до надлежните институции да ја забрзаат работата за завршување на одисејата на оваа долготрајна санација или нека посочат кога точно ќе заврши непотребното малтретирање на недолжните граѓани, на кои Груби досега безсрамно им даваше „ветувања“ преполни со лаги.

Всушност, странично од овој пат кој води кон границата со Косово „никнаа“ неколку казина и неколку хотели – вили, кои се полни со „муштерии“. Овие казина и чудни хотели-вили, за жал, во голема мера го избледеа имиџот на индустриската зона Визбегово, основана главно од албански бизнисмени. Груби, најгласниот претставник на ДУИ, изненадувачки молчи за ова зло.

The post Демократско движење: Артан Груби да даде одговор за хаосот на патот Скопје-Блаце appeared first on Република.

]]>

Во текот на месец јули годинава, Артан Груби поради нередот и долгите чекања во тунелот Скопје - Блаце, кој долго време беше предмет на неопходна санација, вети дека за да се избегнат долгите чекања како поради пристигнувањето на иселениците и зголеменото движење од двете страни на границата со Косово, работите во тунелот ќе бидат стопирани до крајот на август и дека санацијата повторно ќе започне на 1 септември за да се врати во нормала на 1 октомври. Сепак, се што кажа Груби е или манипулација или лага и тоа е веќе многупати докажано, па ретко кој му верува. Сега сме во средината на октомври и работата за жал не е завршена. Од двете страни на тунелот продолжуваат да се создаваат долги редици кои со право предизвикуваат иритација кај возачите. Има многу поплаки од граѓаните, особено оние кои секојдневно мораат да го користат овој пат. Логично се поставува едно прашање, тие што не можат толку долго да поправат еден мал тунел, ќе спроведат капитални проекти?! Демократското движење апелира до надлежните институции да ја забрзаат работата за завршување на одисејата на оваа долготрајна санација или нека посочат кога точно ќе заврши непотребното малтретирање на недолжните граѓани, на кои Груби досега безсрамно им даваше „ветувања“ преполни со лаги. Всушност, странично од овој пат кој води кон границата со Косово „никнаа“ неколку казина и неколку хотели – вили, кои се полни со „муштерии“. Овие казина и чудни хотели-вили, за жал, во голема мера го избледеа имиџот на индустриската зона Визбегово, основана главно од албански бизнисмени. Груби, најгласниот претставник на ДУИ, изненадувачки молчи за ова зло.

The post Демократско движење: Артан Груби да даде одговор за хаосот на патот Скопје-Блаце appeared first on Република.

]]>
Алтернaтивa, Беса и Демократско Движење: Дали Ахмети ќе зборуваше македонски ако не се здружеше албанската опозиција? https://republika.mk/vesti/makedonija/alternativa-besa-i-demokratsko-dvizhene-dali-ahmeti-ke-zboruvashe-makedonski-ako-ne-se-zdruzheshe-albanskata-opozitsija/ Tue, 19 Sep 2023 08:52:12 +0000 https://republika.mk/?p=683070

Aлбанската опозиција составена од Алтернатива, БЕСА и Демократско движење реагираа на вчерашното интервју на лидерот на ДУИ, Али Ахмети за „360 степени“, кое се емитуваше на Првиот програмски сервис на МРТ. Според трите партии, Ахмети се мачел да покаже дека знае македонски јазик.

Mожеби е време за следната теза – ДУИ го пушта СДСМ низ вода и почнува кампања за да им се допадне на Левица и ВМРО-ДПМНЕ. Дали заштитата на нелегално стекнатиот имот на првенците на ДУИ им е помил од почетокот на ЕУ преговорите? Што е следно, екипата околу Ахмети да станат комити? Наградното прашање е дали Ахмети ќе зборуваше Македонски ако не се здружуваше Албанската опозиција? Оваа политичка перверзија на ДУИ ќе биде казнета од Албанците. Не одлучува ниту СДСМ ниту ВМРО-ДПМНЕ, туку Албанците одлучуваат кој ќе го претставува нивниот глас после следните избори, стои во заедничкото соопштение на трите албански партии.

Дел од интервјуто Ахмети зборувал на македонски, а дел на албански јазик.

The post Алтернaтивa, Беса и Демократско Движење: Дали Ахмети ќе зборуваше македонски ако не се здружеше албанската опозиција? appeared first on Република.

]]>

Aлбанската опозиција составена од Алтернатива, БЕСА и Демократско движење реагираа на вчерашното интервју на лидерот на ДУИ, Али Ахмети за „360 степени“, кое се емитуваше на Првиот програмски сервис на МРТ. Според трите партии, Ахмети се мачел да покаже дека знае македонски јазик. Mожеби е време за следната теза – ДУИ го пушта СДСМ низ вода и почнува кампања за да им се допадне на Левица и ВМРО-ДПМНЕ. Дали заштитата на нелегално стекнатиот имот на првенците на ДУИ им е помил од почетокот на ЕУ преговорите? Што е следно, екипата околу Ахмети да станат комити? Наградното прашање е дали Ахмети ќе зборуваше Македонски ако не се здружуваше Албанската опозиција? Оваа политичка перверзија на ДУИ ќе биде казнета од Албанците. Не одлучува ниту СДСМ ниту ВМРО-ДПМНЕ, туку Албанците одлучуваат кој ќе го претставува нивниот глас после следните избори, стои во заедничкото соопштение на трите албански партии. Дел од интервјуто Ахмети зборувал на македонски, а дел на албански јазик.

The post Алтернaтивa, Беса и Демократско Движење: Дали Ахмети ќе зборуваше македонски ако не се здружеше албанската опозиција? appeared first on Република.

]]>
ДД: Груби да вработи повеќе Албанци во администрација, а не да замајува со 2.000 места за физички работници на Коридор 8 https://republika.mk/vesti/makedonija/dd-grubi-da-vraboti-poveke-albantsi-vo-administratsija-a-ne-da-zamajuva-so-2-000-mesta-za-fizichki-rabotnitsi-na-koridor-8/ Sun, 17 Sep 2023 15:13:06 +0000 https://republika.mk/?p=682634

Во изминативе 20 години од регионот на Гостивар и Тетово дипломирале повеќе од 15.000 правници и економисти, додека градежни инженери речиси во само симболична бројка, велат од опозициската партија на Албанците од Македонија, Демократско движење.

Ние како Демократско движење ги даваме овие податоци во контекст на изјавата на Артан Груби за 2.000 вработувања во Бехтел Енка за работа во Коридорот 8. Тогаш испаѓа дека на овие работни места ќе има само физички работници (можеби и со факултети), бидејќи градежни инженери Албанци тешко дека ќе се најдат. Дури и Груби знае дека меѓу овие 2 илјади вработени ќе има и Македонци декларирани како „Албанци“, бидејќи се уште има такви вработувања кои ги оправдува познатиот „балансер“ за вработување на „Албанци“, велат од партијата.

Во контекст на вработувањето, треба да се нагласи дека во 2022 година во државната администрација биле вработени вкупно 382 Албанци, додека во 2023 година (до овој месец) само 124. Во минатото, само за информирање на Груби, динамиката за постигнување на процентот за правична застапеност бил околу 1500 Албанци годишно. Иако министерот за финансии е Албанец, вработувања во државните институции не се дозволени, се пожалија од Демократско движење.

Значи, прашањето за вработување во изградбата на Коридорот 8, што се однесува до Албанците, ќе биде донекаде проблематично, бидејќи младите, особено Албанците, избегаа во различни земји во потрага по подобар живот. Тоа покажува дека Груби лаже во однос на подобрување на благосостојбата на Албанците и дека мал ќе биде бројот на Албанците меѓу 2.000-те кои се очекува да работат на дел од Коридорот 8 што почнува од Гостивар во правец кон Кичево, велат од Демократско движење.

The post ДД: Груби да вработи повеќе Албанци во администрација, а не да замајува со 2.000 места за физички работници на Коридор 8 appeared first on Република.

ДД: Не може да се очекува оставка од оваа неморална влада https://republika.mk/vesti/makedonija/dd-ne-mozhe-da-se-ochekuva-ostavka-od-ovaa-nemoralna-vlada/ Mon, 04 Sep 2023 11:04:47 +0000 https://republika.mk/?p=678618

Полициската акција на Клиниката за Онкологија, според сите индиции, ќе извади на површина скандал од трагични размери, велат од партијата Демократско движење, од каде додаваат дека веќе е јасно дека здравството е криминализирано.

Од партијата се надеваат дека овој, како што потенцираат, скандал од нечовечки размери нема да го има истиот епилог како оној на Модуларната болница во Тетово, кој Правдата го заклучи со смешни, ако не и апсурдни „казни“.

Злоупотребите во оваа клиника укажуваат на запоставување на надлежните органи, иако претходно имаше предупредувања дека на Онкологија човечноста починала, а за тоа сведочат злоупотребата на терапии и трговијата со лекови. Ова е последен момент за надлежните органи, односно Министерството за внатрешни работи и Обвинителството да го покажат своето вистинско лице и сите виновници да ги изведат пред правдата, бидејќи нашите болници стануваат центри на убивање луѓе, а не центри каде се спасуваат животи. Значи здравството се распаѓа сериозно. За жал, владеењето на СДСМ и ДУИ одамна е излезено од контрола, оставајќи простор за античовечки дејствија и луѓе од власта кои не се заситуваат од крадење и злоупотреба насекаде, вклучувајќи ја и оваа злоупотреба на лекови за болните од рак. Во нормални држави за вакви случаи владините кабинети даваат неотповикливи оставки. Но, за жал, такво нешто не може да се очекува од оваа неморална влада..., потенцираат од партијата.

The post ДД: Не може да се очекува оставка од оваа неморална влада appeared first on Република.

]]>

Полициската акција на Клиниката за Онкологија, според сите индиции, ќе извади на површина скандал од трагични размери, велат од партијата Демократско движење, од каде додаваат дека веќе е јасно дека здравството е криминализирано. Од партијата се надеваат дека овој, како што потенцираат, скандал од нечовечки размери нема да го има истиот епилог како оној на Модуларната болница во Тетово, кој Правдата го заклучи со смешни, ако не и апсурдни „казни“.
Злоупотребите во оваа клиника укажуваат на запоставување на надлежните органи, иако претходно имаше предупредувања дека на Онкологија човечноста починала, а за тоа сведочат злоупотребата на терапии и трговијата со лекови. Ова е последен момент за надлежните органи, односно Министерството за внатрешни работи и Обвинителството да го покажат своето вистинско лице и сите виновници да ги изведат пред правдата, бидејќи нашите болници стануваат центри на убивање луѓе, а не центри каде се спасуваат животи. Значи здравството се распаѓа сериозно. За жал, владеењето на СДСМ и ДУИ одамна е излезено од контрола, оставајќи простор за античовечки дејствија и луѓе од власта кои не се заситуваат од крадење и злоупотреба насекаде, вклучувајќи ја и оваа злоупотреба на лекови за болните од рак. Во нормални држави за вакви случаи владините кабинети даваат неотповикливи оставки. Но, за жал, такво нешто не може да се очекува од оваа неморална влада..., потенцираат од партијата.

The post ДД: Не може да се очекува оставка од оваа неморална влада appeared first on Република.

]]>
Д-р Мемеди од ДД: Државата е заробена од недопирливите, кои дури и правдата ја третираат како своја сопственост https://republika.mk/vesti/makedonija/d-r-memedi-od-dd-drzhavata-e-zarobena-od-nedopirlivite-koi-duri-i-pravdata-ja-tretiraat-kako-svoja-sopstvenost/ Mon, 14 Aug 2023 20:39:08 +0000 https://republika.mk/?p=672145

Смртта на 14 граѓани е морална причина за неотповиклива оставка на министрите на ДУИ, смета доктор Реџеп Мемеди од новата партија Демократското движење на Изет Меџити.

https://republika.mk/vesti/makedonija/585-dokumenti-napishani-na-5-455-stranitsi-gi-pokazhuvaat-sabotiranite-istragi-i-prikrivanata-na-propustite/

Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) расветли многу непознати, но и познати, кои се поврзуваат со пожарот во модуларната болница во Тетово, каде живи изгореа 14 пациенти. Овој настан од трагични размери немаше природен епилог, бидејќи никој не ја доби заслужената казна. Никој не беше казнет, затоа што државата е заробена од оние кои немаат совест, затоа што државата ја заробиле недопирливите, кои дури и правдата ја третираат како своја сопственост, а се казнуваат само оние кои се без „мускули“. Компромитирањето на судството е веќе докажано и преку различни анкети, но и преку реакциите на меѓународниот фактор. Сега дури и птиците знаат кој може да биде казнет, а кој не. Одговорноста на оние што ја контролираат власта е голема и чудно е како сè уште удобно спијат по таа ужасна трагедија во модуларната болница во Тетово, вели тој.

Додава дека ИРЛ го објави она што судските органи го премолчуваа, што ја прави трагично-комична фарсата на тетовскиот суд, кој по неколку седници едвај „собра“ сили да ги „изрече“ условните казни.

Јасно е зошто е минимизирана одговорноста за катастрофата која за неколку минути ги однесе животите на 14 пациенти. Оставката е чин кој се поврзува со морална одговорност. Значи тоа е нешто што ја покажува зрелоста и сериозноста на секој поединец кој се согласува да го преземе раководството на државен орган. А што се однесува до условните оставки на министрите од ДУИ кои ги направија за театар, овој настан кој им ги одзеде животите на 14 граѓани е вистинска причина за неотповиклива оставка, за одговорноста што министрите треба да ја сносат пред целата јавност, да го докажат минимумот на моралот во политиката! Но, неодговорноста стана карактеристика на албанската партија на власт, која многуте страдања и трагедии на Албанците ги одбележува со скапи концерти и забави и без воопшто им поцрвени образот. Всушност, за да поцрвени образот, треба да имаш образ..., вели д-р Мемеди.

The post Д-р Мемеди од ДД: Државата е заробена од недопирливите, кои дури и правдата ја третираат како своја сопственост appeared first on Република.

]]>

Смртта на 14 граѓани е морална причина за неотповиклива оставка на министрите на ДУИ, смета доктор Реџеп Мемеди од новата партија Демократското движење на Изет Меџити. https://republika.mk/vesti/makedonija/585-dokumenti-napishani-na-5-455-stranitsi-gi-pokazhuvaat-sabotiranite-istragi-i-prikrivanata-na-propustite/
Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) расветли многу непознати, но и познати, кои се поврзуваат со пожарот во модуларната болница во Тетово, каде живи изгореа 14 пациенти. Овој настан од трагични размери немаше природен епилог, бидејќи никој не ја доби заслужената казна. Никој не беше казнет, затоа што државата е заробена од оние кои немаат совест, затоа што државата ја заробиле недопирливите, кои дури и правдата ја третираат како своја сопственост, а се казнуваат само оние кои се без „мускули“. Компромитирањето на судството е веќе докажано и преку различни анкети, но и преку реакциите на меѓународниот фактор. Сега дури и птиците знаат кој може да биде казнет, а кој не. Одговорноста на оние што ја контролираат власта е голема и чудно е како сè уште удобно спијат по таа ужасна трагедија во модуларната болница во Тетово, вели тој.
Додава дека ИРЛ го објави она што судските органи го премолчуваа, што ја прави трагично-комична фарсата на тетовскиот суд, кој по неколку седници едвај „собра“ сили да ги „изрече“ условните казни.
Јасно е зошто е минимизирана одговорноста за катастрофата која за неколку минути ги однесе животите на 14 пациенти. Оставката е чин кој се поврзува со морална одговорност. Значи тоа е нешто што ја покажува зрелоста и сериозноста на секој поединец кој се согласува да го преземе раководството на државен орган. А што се однесува до условните оставки на министрите од ДУИ кои ги направија за театар, овој настан кој им ги одзеде животите на 14 граѓани е вистинска причина за неотповиклива оставка, за одговорноста што министрите треба да ја сносат пред целата јавност, да го докажат минимумот на моралот во политиката! Но, неодговорноста стана карактеристика на албанската партија на власт, која многуте страдања и трагедии на Албанците ги одбележува со скапи концерти и забави и без воопшто им поцрвени образот. Всушност, за да поцрвени образот, треба да имаш образ..., вели д-р Мемеди.

The post Д-р Мемеди од ДД: Државата е заробена од недопирливите, кои дури и правдата ја третираат како своја сопственост appeared first on Република.

]]>
Демократското движење на Изет Меџити ги собра потребните потписи за регистрација https://republika.mk/vesti/makedonija/demokratskoto-dvizhene-na-izet-medhiti-gi-sobra-potrebnite-potpisi-za-registratsija/ Fri, 04 Aug 2023 15:05:54 +0000 https://republika.mk/?p=668775

Демократското движење на Изет Меџити соопшти дека денеска во рекордно време ги собрале потребните потписи за регистрација на политичкиот субјект.

Стотици истомисленици на Изет Меџити денеска се собраа во нотарски канцеларии да го дадат својот потпис за формирање на Движењето кое ветува позитивни промени за Албанците во Република Македонија. Организацискиот совет при Демократското движење предвиде потписите да се собираат во текот на целиот ден, но се завршила за неполни три часа, при што беше објавено дека собирањето потписи е успешно затворено, се вели во соопштението од Демократското движење.

Со собирањето на потребните потписи, Демократското движење продолжува регистрацијата на партијата, а на 13 август е најавена и нејзина промоција.

Изет Меџити, доскорешен потпретседател и пратеник од ДУИ на 17 јули најави дека заедно со пратениците Мерита Коџаџику и Кастриот Рерџепи ќе формираат ново политичко движење, која официјално ќе биде формирана на 13 август.

Меџити тогаш објасни дека новиот политички субјект во принцип ќе функционира како партија. На прашањето дали ќе бидат спремни за евентуални предвремени избори, Меџити рече дека токму затоа брзаат со формирање на ова движење за да бидат спремни за секаков вид на предизвици коишто можат да се појават во меѓувреме

The post Демократското движење на Изет Меџити ги собра потребните потписи за регистрација appeared first on Република.

]]>

Демократското движење на Изет Меџити соопшти дека денеска во рекордно време ги собрале потребните потписи за регистрација на политичкиот субјект.
Стотици истомисленици на Изет Меџити денеска се собраа во нотарски канцеларии да го дадат својот потпис за формирање на Движењето кое ветува позитивни промени за Албанците во Република Македонија. Организацискиот совет при Демократското движење предвиде потписите да се собираат во текот на целиот ден, но се завршила за неполни три часа, при што беше објавено дека собирањето потписи е успешно затворено, се вели во соопштението од Демократското движење.
Со собирањето на потребните потписи, Демократското движење продолжува регистрацијата на партијата, а на 13 август е најавена и нејзина промоција. Изет Меџити, доскорешен потпретседател и пратеник од ДУИ на 17 јули најави дека заедно со пратениците Мерита Коџаџику и Кастриот Рерџепи ќе формираат ново политичко движење, која официјално ќе биде формирана на 13 август. Меџити тогаш објасни дека новиот политички субјект во принцип ќе функционира како партија. На прашањето дали ќе бидат спремни за евентуални предвремени избори, Меџити рече дека токму затоа брзаат со формирање на ова движење за да бидат спремни за секаков вид на предизвици коишто можат да се појават во меѓувреме

The post Демократското движење на Изет Меџити ги собра потребните потписи за регистрација appeared first on Република.

]]>