Демократска Партија на Турците на Македонија Archives - Република https://republika.mk/tema/demokratska-partija-na-turcite-na-makedonija/ За подобро да се разбереме Thu, 31 Mar 2022 08:43:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Демократска Партија на Турците на Македонија Archives - Република https://republika.mk/tema/demokratska-partija-na-turcite-na-makedonija/ 32 32 Втора партија од коалиција на власт ги оспорува резултатите од пописот, по ДС на Трајанов и Турците од ТДК https://republika.mk/vesti/makedonija/vtora-partija-od-koalicija-na-vlast-gi-osporuva-rezultatite-od-popisot-po-ds-na-trajanov-i-turcite-od-tdk/ Wed, 30 Mar 2022 20:57:01 +0000 https://republika.mk/?p=481127

Демократска партија на Турците на Македонија, коалициска партија на власта, со писмо до јавноста ги оспори резултатите од пописот објавени денеска од страна на Државниот завод за статистика.

Нивната реакција ви ја пренесуваме во целост:

Почитувана јавност…

Официјалните резултати од Пописот на населението, што се одржа во периодот од 5 до 30 септември 2021 година, од денес се објавени од страна Државниот завод за статистика.

Многу јасно и недвосмислено ве известуваме дека резултатите што се објавени од страна на Државниот завод за статистика „НЕ ГИ ПРИФАЌАМЕ“.

Како Демократска Партија на Турците (ТДП), предложивме повеќе амандмани околу подобрувањето на законот за попис на населението и вложивме големи напори на терен за да ја објасниме важноста на пописот и ефектите кои ќе произлезат од ова сложена статистичка операција врз нас како општество, користејќи ги сите демократски механизми што ни беа на располагање.

Денес објавените резултати се плод на целосна недоследност и политичка операција.

Иако има зголемување на Tурското население во 31 општина, фактот што стапката на Турците е над 20% во 6 општини и постоењето на пораст од 7% на последниот попис според Пописот од 2002 година, не значи дека преку објавените податоци ова политичка операција е прифатлива за нас .

Овие резултати, кои се далеку од реалноста, не можат да бидат прифатени и од нашата партија и од нашиот народ.

Зголемувањето на вкупното Турско население за само 5.484 лица во периодот од 19 години, значи дека сите статистички податоци се отфрлени од наша страна.

Имајќи го во предвид наталитетот и морталитетот во периодот од 2010-2020 година, зголемувањето во овој период е вкупно 4.307 лица (Родени: 9.564, починати: 5.257). Врз основа на овој резултат, разликата меѓу бројот на родени и умрени во периодот помеѓу 2002 и 2009 година е само 1.177 лица. Според ова, во податоците на Државниот завод за статистика, во периодот од 2002 до 2009 година имало зголемување за 1.177 лица.

Би сакале да изразиме дека „ОВА Е ДАЛЕКУ ОД ВИСТИНА И НЕ СЕ СОВПАЃА СО РЕАЛНОСТА„.

Дополнително, податокот за етничкото потекло на 132.260 лица кои не се обелоденети фрла сенка врз целокупниот процес. Државниот завод за статистика мора веднаш и што поскоро да ги открие податоците за овие лица. Дополнително, потребно е да се објават информации околу бројот на попишани лица кои во периодот на попишување беа стекнати (нерезидентни) надвор од државата а кои се во број вкупно 12.482 истотака наши сонародници Турци.

Доколку со јасни и официјални податоци не се расчистат сомнежите за пописниот процес, оваа сложена статистичка активност нема да биде ништо повеќе од една проста политичка операција.

Со почит, Демократска Партија на Турците на Македонија

Претходно, и од Демократскиот сојуз на Павле Трајанов потенцираа дека резултатите не се одраз на фактичката состојба.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ds-rezultatite-od-popisot-ne-se-realni/

The post Втора партија од коалиција на власт ги оспорува резултатите од пописот, по ДС на Трајанов и Турците од ТДК appeared first on Република.

]]>

Демократска партија на Турците на Македонија, коалициска партија на власта, со писмо до јавноста ги оспори резултатите од пописот објавени денеска од страна на Државниот завод за статистика. Нивната реакција ви ја пренесуваме во целост:
Почитувана јавност… Официјалните резултати од Пописот на населението, што се одржа во периодот од 5 до 30 септември 2021 година, од денес се објавени од страна Државниот завод за статистика. Многу јасно и недвосмислено ве известуваме дека резултатите што се објавени од страна на Државниот завод за статистика „НЕ ГИ ПРИФАЌАМЕ“. Како Демократска Партија на Турците (ТДП), предложивме повеќе амандмани околу подобрувањето на законот за попис на населението и вложивме големи напори на терен за да ја објасниме важноста на пописот и ефектите кои ќе произлезат од ова сложена статистичка операција врз нас како општество, користејќи ги сите демократски механизми што ни беа на располагање. Денес објавените резултати се плод на целосна недоследност и политичка операција. Иако има зголемување на Tурското население во 31 општина, фактот што стапката на Турците е над 20% во 6 општини и постоењето на пораст од 7% на последниот попис според Пописот од 2002 година, не значи дека преку објавените податоци ова политичка операција е прифатлива за нас . Овие резултати, кои се далеку од реалноста, не можат да бидат прифатени и од нашата партија и од нашиот народ. Зголемувањето на вкупното Турско население за само 5.484 лица во периодот од 19 години, значи дека сите статистички податоци се отфрлени од наша страна. Имајќи го во предвид наталитетот и морталитетот во периодот од 2010-2020 година, зголемувањето во овој период е вкупно 4.307 лица (Родени: 9.564, починати: 5.257). Врз основа на овој резултат, разликата меѓу бројот на родени и умрени во периодот помеѓу 2002 и 2009 година е само 1.177 лица. Според ова, во податоците на Државниот завод за статистика, во периодот од 2002 до 2009 година имало зголемување за 1.177 лица. Би сакале да изразиме дека „ОВА Е ДАЛЕКУ ОД ВИСТИНА И НЕ СЕ СОВПАЃА СО РЕАЛНОСТА„. Дополнително, податокот за етничкото потекло на 132.260 лица кои не се обелоденети фрла сенка врз целокупниот процес. Државниот завод за статистика мора веднаш и што поскоро да ги открие податоците за овие лица. Дополнително, потребно е да се објават информации околу бројот на попишани лица кои во периодот на попишување беа стекнати (нерезидентни) надвор од државата а кои се во број вкупно 12.482 истотака наши сонародници Турци. Доколку со јасни и официјални податоци не се расчистат сомнежите за пописниот процес, оваа сложена статистичка активност нема да биде ништо повеќе од една проста политичка операција. Со почит, Демократска Партија на Турците на Македонија
Претходно, и од Демократскиот сојуз на Павле Трајанов потенцираа дека резултатите не се одраз на фактичката состојба. https://republika.mk/vesti/makedonija/ds-rezultatite-od-popisot-ne-se-realni/

The post Втора партија од коалиција на власт ги оспорува резултатите од пописот, по ДС на Трајанов и Турците од ТДК appeared first on Република.

]]>