Демнејќи го Годо Archives - Република https://republika.mk/tema/demnejki-go-godo/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Dec 2023 08:02:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Демнејќи го Годо Archives - Република https://republika.mk/tema/demnejki-go-godo/ 32 32 Премиера на „Демнејќи го Годо“ од Драго Јанчар во Театар Комедија https://republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-demnejki-go-godo-od-drago-janchar-vo-teatar-komedija-3/ Tue, 12 Dec 2023 08:02:48 +0000 https://republika.mk/?p=721992

На малата сцена на Театар Комедија вечерва во 20 часот премиерно ќе биде прикажана пиесата „Демнејќи го Годо“ од словенечкиот писател и драматург Драго Јанчар. Станува збор за прва копродукциска соработка меѓу Турскиот театар од Скопје и Театар Комедија, на која се работеше три месеци.

Среќен сум што во Театар Комедија најдоа некаква кореспонденција со денешното време во мојот дамнешен текст, кој на прв поглед е нешто сосема поинакво од времето кога е создаден. Ова мало парче го напишав во време кога во Европа паѓаа последните диктатури, заедно со мојата бесмислена желба да ги контролирам луѓето, вели словенечкиот писател и драматург Јанчар.

Режисерката Сибел Авдиу изјави дека делото „Демнејќи го Годо“ на Драго Јанчар, коешто може да се каже дека е еден вид парафраза на апсурдната класика „Чекајќи го Годо“, прикажано во едно поинакво време и во поинаква средина, се занимава со стравот, сомнежот и контролата на општеството со помош на тие механизми и го обликува постоењето на човекот.

Во претставата играат: Жаклина Стевковска-Дрнасин, Едмонд Сотир, Сузан Акбелге, Селпин Ќерим и Џенап Самет. Сценографијата ја изработи Луиџи Бејта, костимите се дело на Ивана Каранфиловска, кореограф на претставата е Александра Кочовска-Начева, а автор на музика е Аљбин Сопа.

Бекетовата апсурдност на постоењето во мојот скромен одговор е сведена на двајца сиромашни луѓе, кои се изгубени во просторот и времето во својот „бизнис“. Во тоа време, никогаш не можев да замислам дека во новата дигитална ера овој надзор на сите нас ќе стане бескрајно поинтензивен, дека ќе дојде време кога сите ќе бидеме изложени на надзор на Големиот брат на новата технологија на секој момент. Затоа моето возвраќање до Годо може и денес да остане како малку комично и малку трагично предупредување за апсурдноста на секое надгледување над животот, кое одново и одново бега од тој надзор на илјада иронични начини, додава Јанчар.

Со „Демнејќи го Годо“, Јанчар ќе се претстави третпат пред македонската театарска публика, откако претходно, во 1986 и во 1990 година, во Македонскиот народен театар во Скопје и Народниот театар во Прилеп беше поставен текстот „Големиот брилијантен валцер“.

„Демнејќи го Годо“ е четврта премиера на Театар Комедија во 2023 година. Оваа година, Театар Комедија ќе ја затвори со уште една премиера, „Череп во Конемара“ од Мартин Мекдона, а во режија на Јане Спасиќ. „Череп во Конемара“ ќе биде јубилејна, 40-та претстава на Театар Комедија од неговото основање во 2011 година.

The post Премиера на „Демнејќи го Годо“ од Драго Јанчар во Театар Комедија appeared first on Република.

]]>

На малата сцена на Театар Комедија вечерва во 20 часот премиерно ќе биде прикажана пиесата „Демнејќи го Годо“ од словенечкиот писател и драматург Драго Јанчар. Станува збор за прва копродукциска соработка меѓу Турскиот театар од Скопје и Театар Комедија, на која се работеше три месеци.
Среќен сум што во Театар Комедија најдоа некаква кореспонденција со денешното време во мојот дамнешен текст, кој на прв поглед е нешто сосема поинакво од времето кога е создаден. Ова мало парче го напишав во време кога во Европа паѓаа последните диктатури, заедно со мојата бесмислена желба да ги контролирам луѓето, вели словенечкиот писател и драматург Јанчар.
Режисерката Сибел Авдиу изјави дека делото „Демнејќи го Годо“ на Драго Јанчар, коешто може да се каже дека е еден вид парафраза на апсурдната класика „Чекајќи го Годо“, прикажано во едно поинакво време и во поинаква средина, се занимава со стравот, сомнежот и контролата на општеството со помош на тие механизми и го обликува постоењето на човекот. Во претставата играат: Жаклина Стевковска-Дрнасин, Едмонд Сотир, Сузан Акбелге, Селпин Ќерим и Џенап Самет. Сценографијата ја изработи Луиџи Бејта, костимите се дело на Ивана Каранфиловска, кореограф на претставата е Александра Кочовска-Начева, а автор на музика е Аљбин Сопа.
Бекетовата апсурдност на постоењето во мојот скромен одговор е сведена на двајца сиромашни луѓе, кои се изгубени во просторот и времето во својот „бизнис“. Во тоа време, никогаш не можев да замислам дека во новата дигитална ера овој надзор на сите нас ќе стане бескрајно поинтензивен, дека ќе дојде време кога сите ќе бидеме изложени на надзор на Големиот брат на новата технологија на секој момент. Затоа моето возвраќање до Годо може и денес да остане како малку комично и малку трагично предупредување за апсурдноста на секое надгледување над животот, кое одново и одново бега од тој надзор на илјада иронични начини, додава Јанчар.
Со „Демнејќи го Годо“, Јанчар ќе се претстави третпат пред македонската театарска публика, откако претходно, во 1986 и во 1990 година, во Македонскиот народен театар во Скопје и Народниот театар во Прилеп беше поставен текстот „Големиот брилијантен валцер“. „Демнејќи го Годо“ е четврта премиера на Театар Комедија во 2023 година. Оваа година, Театар Комедија ќе ја затвори со уште една премиера, „Череп во Конемара“ од Мартин Мекдона, а во режија на Јане Спасиќ. „Череп во Конемара“ ќе биде јубилејна, 40-та претстава на Театар Комедија од неговото основање во 2011 година.

The post Премиера на „Демнејќи го Годо“ од Драго Јанчар во Театар Комедија appeared first on Република.

]]>
„Демнејќи го Годо“ го напишав во време кога во Европа паѓаа последните диктатури, вели Словенецот Драго Јанчар по чиј текст се подготвува премиерата во Театар Комедија https://republika.mk/vesti/kultura/demnejki-go-godo-go-napishav-vo-vreme-koga-vo-evropa-pagaa-poslednite-diktaturi-veli-slovenetsot-drago-janchar-po-chij-tekst-se-podgotvuva-premierata-vo-teatar-komedija/ Thu, 07 Dec 2023 13:23:07 +0000 https://republika.mk/?p=720747

Среќен сум што во Театар Комедија најдоа некаква кореспонденција со денешното време во мојот дамнешен текст, кој на прв поглед е нешто сосема поинакво од времето кога е создаден. Ова мало парче го напишав во време кога во Европа паѓаа последните диктатури, заедно со мојата бесмислена желба да ги контролирам луѓето, вели словенечкиот писател и драматург Драго Јанчар по чиј текст „Деменјќи го Годо“ во Театар Комедија се подготува премиера на 12 декември.

Станува збор за прва копродукциска соработка помеѓу Турскиот театар од Скопје и Театар Комедија, на која се работеше речиси три месеци. Претставата ќе биде прикажана на малата сцена на Театар Комедија (20 часот).

Режисерка на „Демнејќи го Годо“ е Сибел Авдиу, а во претставата играат: Жаклина Стевковска-Дрнасин, Едмонд Сотир, Сузан Акбелге, Селпин Ќерим и Џенап Самет. Сценографијата ја изработи Луиџи Бејта, костимите се дело на Ивана Каранфиловска, кореограф на претставата е Александра Кочовска-Начева, а автор на музика е Аљбин Сопа.

Бекетовата апсурдност на постоењето во мојот скромен одговор е сведена на двајца сиромашни луѓе, кои се изгубени во просторот и времето во својот „бизнис“. Во тоа време, никогаш не можев да замислам дека во новата дигитална ера овој надзор на сите нас ќе стане бескрајно поинтензивен, дека ќе дојде време кога сите ќе бидеме изложени на надзор на Големиот брат на новата технологија на секој момент. Затоа моето возвраќање до Годо може и денес да остане како малку комично и малку трагично предупредување за апсурдноста на секое надгледување над животот, кое одново и одново бега од тој надзор на илјада иронични начини, додава Јанчар.

Со „Демнејќи го Годо“, Јанчар ќе се претстави третпат пред македонската театарска публика, откако претходно, во 1986 и во 1990 година, во Македонскиот народен театар во Скопје и Народниот театар во Прилеп беше поставен текстот „Големиот брилијантен валцер“.

„Демнејќи го Годо“ е четврта премиера на Театар Комедија во 2023 година. Оваа година, Театар Комедија ќе ја затвори со уште една премиера, „Череп во Конемара“ од Мартин Мекдона, а во режија на Јане Спасиќ. „Череп во Конемара“ ќе биде јубилејна, 40-та претстава на Театар Комедија од неговото основање во 2011 година.

 

The post „Демнејќи го Годо“ го напишав во време кога во Европа паѓаа последните диктатури, вели Словенецот Драго Јанчар по чиј текст се подготвува премиерата во Театар Комедија appeared first on Република.

]]>

Среќен сум што во Театар Комедија најдоа некаква кореспонденција со денешното време во мојот дамнешен текст, кој на прв поглед е нешто сосема поинакво од времето кога е создаден. Ова мало парче го напишав во време кога во Европа паѓаа последните диктатури, заедно со мојата бесмислена желба да ги контролирам луѓето, вели словенечкиот писател и драматург Драго Јанчар по чиј текст „Деменјќи го Годо“ во Театар Комедија се подготува премиера на 12 декември. Станува збор за прва копродукциска соработка помеѓу Турскиот театар од Скопје и Театар Комедија, на која се работеше речиси три месеци. Претставата ќе биде прикажана на малата сцена на Театар Комедија (20 часот). Режисерка на „Демнејќи го Годо“ е Сибел Авдиу, а во претставата играат: Жаклина Стевковска-Дрнасин, Едмонд Сотир, Сузан Акбелге, Селпин Ќерим и Џенап Самет. Сценографијата ја изработи Луиџи Бејта, костимите се дело на Ивана Каранфиловска, кореограф на претставата е Александра Кочовска-Начева, а автор на музика е Аљбин Сопа.
Бекетовата апсурдност на постоењето во мојот скромен одговор е сведена на двајца сиромашни луѓе, кои се изгубени во просторот и времето во својот „бизнис“. Во тоа време, никогаш не можев да замислам дека во новата дигитална ера овој надзор на сите нас ќе стане бескрајно поинтензивен, дека ќе дојде време кога сите ќе бидеме изложени на надзор на Големиот брат на новата технологија на секој момент. Затоа моето возвраќање до Годо може и денес да остане како малку комично и малку трагично предупредување за апсурдноста на секое надгледување над животот, кое одново и одново бега од тој надзор на илјада иронични начини, додава Јанчар.
Со „Демнејќи го Годо“, Јанчар ќе се претстави третпат пред македонската театарска публика, откако претходно, во 1986 и во 1990 година, во Македонскиот народен театар во Скопје и Народниот театар во Прилеп беше поставен текстот „Големиот брилијантен валцер“. „Демнејќи го Годо“ е четврта премиера на Театар Комедија во 2023 година. Оваа година, Театар Комедија ќе ја затвори со уште една премиера, „Череп во Конемара“ од Мартин Мекдона, а во режија на Јане Спасиќ. „Череп во Конемара“ ќе биде јубилејна, 40-та претстава на Театар Комедија од неговото основање во 2011 година.  

The post „Демнејќи го Годо“ го напишав во време кога во Европа паѓаа последните диктатури, вели Словенецот Драго Јанчар по чиј текст се подготвува премиерата во Театар Комедија appeared first on Република.

]]>
Театар Комедија и Турски театар заедно ја подготвуваат претставата „Демнејќи го Годо“ од Драго Јанчар https://republika.mk/vesti/kultura/teatar-komedija-i-turski-teatar-zaedno-ja-podgotvuvaat-pretstavata-demnejki-go-godo-od-drago-janchar/ Fri, 17 Nov 2023 08:58:48 +0000 https://republika.mk/?p=702429

Театар Комедија и Турскиот театар од Скопје привршуваат со подготовката на нивната прва копродукциска театарска претстава, „Демнејќи го Годо“, работена според истоимениот драмски текст од словенечкиот писател и драмски автор Драго Јанчар.

Премиерата на претставата е предвидена за 12 декември, на сцената на Театар Комедија. Режисерка на „Демнејќи го Годо“ е Сибел Авдиу, а во претставата играат: Жаклина Стевковска-Дрнасин, Едмонд Сотир, Кристина Ласовска, Селпин Ќерим и Џенап Самет.

Сценографијата ја изработи Луиџи Бејта, костимите се дело на костимографката Ивана Каранфиловска, кореограф на претставата е Александра Кочовска- Начева.

Турски театар десетина година своите претстави ги игра на сцената на Театар Комедија, каде што е сместен и ансамлот и техничкиот персонал. Новиот објект Турски театар во Скопје уште е во градба.

Драмата „Демнејќи го Годо“ првпат е поставена во сезоната 1988/89 година на сцената на Словенечкиот народен театар во Љубљана. Настанувањето на текстот на крајот на осумдесеттите години од минатиот век, ги рефлектира општествените промени во поранешната држава и на некој начин ги антиципира случувањата што ќе резултираат со крвав пир како крајна форма на апсурдот. Во оригиналниот текст на Јанчар, двата лика со индикативни имиња Франц и Јозеф, се некакви агенти чијашто мисија е да го демнат отсутниот Годо, а крајната цел е да ги уништат годоистите, следбениците на оваа идолизирана претстава (чиешто суштествување е сомнително и недокажано). Во македонската адаптација, двата лика се, всушност, удвоени и постојат и како женски верзии.

Драго Јанчар (1948) е светски познат словенечки романсиер, драмски писател и есеист. Тој е еден од најпреведуваните и најнаградуваните словенечки книжевници. Голем број дела на Јанчар се приопштени и на македонски јазик, а меѓу нив се: романите „Таа ноќ ја видов“, „И љубовта“, „Зуење во главата“, „Посакување за потсмев“, расказите „Џојсовиот ученик“, драмите „Тивко се ниша часовникот“ и други. Во драмите на Драго Јанчар основата е критичко, сатирично или алегориско прикажување на реалните настани и конкретната стварност, и загрозеноста на поединецот од насилството на власта. Со „Демнејќи го Годо“, Јанчар ќе се претстави третпат пред македонската театарска публика, откако претходно, во 1986 и во 1990 година, во Македонскиот народен театар во Скопје и Народниот театар во Прилеп беше поставен текстот „Големиот брилијантен валцер“.

The post Театар Комедија и Турски театар заедно ја подготвуваат претставата „Демнејќи го Годо“ од Драго Јанчар appeared first on Република.

]]>

Театар Комедија и Турскиот театар од Скопје привршуваат со подготовката на нивната прва копродукциска театарска претстава, „Демнејќи го Годо“, работена според истоимениот драмски текст од словенечкиот писател и драмски автор Драго Јанчар. Премиерата на претставата е предвидена за 12 декември, на сцената на Театар Комедија. Режисерка на „Демнејќи го Годо“ е Сибел Авдиу, а во претставата играат: Жаклина Стевковска-Дрнасин, Едмонд Сотир, Кристина Ласовска, Селпин Ќерим и Џенап Самет. Сценографијата ја изработи Луиџи Бејта, костимите се дело на костимографката Ивана Каранфиловска, кореограф на претставата е Александра Кочовска- Начева. Турски театар десетина година своите претстави ги игра на сцената на Театар Комедија, каде што е сместен и ансамлот и техничкиот персонал. Новиот објект Турски театар во Скопје уште е во градба. Драмата „Демнејќи го Годо“ првпат е поставена во сезоната 1988/89 година на сцената на Словенечкиот народен театар во Љубљана. Настанувањето на текстот на крајот на осумдесеттите години од минатиот век, ги рефлектира општествените промени во поранешната држава и на некој начин ги антиципира случувањата што ќе резултираат со крвав пир како крајна форма на апсурдот. Во оригиналниот текст на Јанчар, двата лика со индикативни имиња Франц и Јозеф, се некакви агенти чијашто мисија е да го демнат отсутниот Годо, а крајната цел е да ги уништат годоистите, следбениците на оваа идолизирана претстава (чиешто суштествување е сомнително и недокажано). Во македонската адаптација, двата лика се, всушност, удвоени и постојат и како женски верзии. Драго Јанчар (1948) е светски познат словенечки романсиер, драмски писател и есеист. Тој е еден од најпреведуваните и најнаградуваните словенечки книжевници. Голем број дела на Јанчар се приопштени и на македонски јазик, а меѓу нив се: романите „Таа ноќ ја видов“, „И љубовта“, „Зуење во главата“, „Посакување за потсмев“, расказите „Џојсовиот ученик“, драмите „Тивко се ниша часовникот“ и други. Во драмите на Драго Јанчар основата е критичко, сатирично или алегориско прикажување на реалните настани и конкретната стварност, и загрозеноста на поединецот од насилството на власта. Со „Демнејќи го Годо“, Јанчар ќе се претстави третпат пред македонската театарска публика, откако претходно, во 1986 и во 1990 година, во Македонскиот народен театар во Скопје и Народниот театар во Прилеп беше поставен текстот „Големиот брилијантен валцер“.

The post Театар Комедија и Турски театар заедно ја подготвуваат претставата „Демнејќи го Годо“ од Драго Јанчар appeared first on Република.

]]>