делтакрон Archives - Република https://republika.mk/tema/deltakron/ За подобро да се разбереме Mon, 14 Mar 2022 11:36:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png делтакрон Archives - Република https://republika.mk/tema/deltakron/ 32 32 Новата варијанта „делтакрон“ веќе се шири во Европа https://republika.mk/zivot/zdravje/novata-varijanta-deltakron-vekje-se-shiri-vo-evropa/ Mon, 14 Mar 2022 11:36:07 +0000 https://republika.mk/?p=472593

Научниците го потврдија постоењето на нова варијанта на коронавирусот, која е мутација од варијантите омикрон и делта. Првите случаи на новооткриената варијанта веќе се забележани во Европа и САД, објавија регионалните медиуми, додавајќи дека новата хибридна варијанта неофицијално се нарекува „делтакрон“.

Тоа беше потврдено со секвенционирање на геномот спроведено од научници од Медитеранскиот институт за инфекции во Марсеј, Франција.

Се вели дека хибридната варијанта е откриена во неколку региони на Франција.

Според меѓународната база на податоци, случаи на „делтакрон“ се откриени во Данска и Холандија.

Од друга страна, калифорниската компанија за генетско истражување „Хелилс“ во посебна студија идентификувала два случаи на „делтакрон“ во САД, а според „Гардијан“ околу 30 случаи биле идентификувани во Обединетото Кралство.

Новата хибридна варијанта е создадена со процес наречен рекомбинација, што значи дека две варијанти на вирусот заразиле ист пациент во исто време, разменувајќи генетски материјал за да создадат ново потомство.

Научниците велат дека јадрото на „делтакрон“ потекнува од делта варијантата, додека неговиот шилест протеин – кој му овозможува на вирусот да влезе во клетките домаќини, потекнува од омикронот, се вели во документот.

The post Новата варијанта „делтакрон“ веќе се шири во Европа appeared first on Република.

]]>

Научниците го потврдија постоењето на нова варијанта на коронавирусот, која е мутација од варијантите омикрон и делта. Првите случаи на новооткриената варијанта веќе се забележани во Европа и САД, објавија регионалните медиуми, додавајќи дека новата хибридна варијанта неофицијално се нарекува „делтакрон“. Тоа беше потврдено со секвенционирање на геномот спроведено од научници од Медитеранскиот институт за инфекции во Марсеј, Франција. Се вели дека хибридната варијанта е откриена во неколку региони на Франција. Според меѓународната база на податоци, случаи на „делтакрон“ се откриени во Данска и Холандија. Од друга страна, калифорниската компанија за генетско истражување „Хелилс“ во посебна студија идентификувала два случаи на „делтакрон“ во САД, а според „Гардијан“ околу 30 случаи биле идентификувани во Обединетото Кралство. Новата хибридна варијанта е создадена со процес наречен рекомбинација, што значи дека две варијанти на вирусот заразиле ист пациент во исто време, разменувајќи генетски материјал за да создадат ново потомство. Научниците велат дека јадрото на „делтакрон“ потекнува од делта варијантата, додека неговиот шилест протеин – кој му овозможува на вирусот да влезе во клетките домаќини, потекнува од омикронот, се вели во документот.

The post Новата варијанта „делтакрон“ веќе се шири во Европа appeared first on Република.

]]>
Делтакрон и официјално е нов сој на Ковид-19, има потврдени случаи во Франција и САД https://republika.mk/zivot/zdravje/deltakron-i-oficijalno-e-nov-soj-na-kovid-19-ima-potvrdeni-sluchai-vo-francija-i-sad/ Fri, 11 Mar 2022 22:20:22 +0000 https://republika.mk/?p=471568

Делтакрон официјално стана нова варијанта на Ковид, со потврдени случаи во Франција и САД.
Станува збор за комбинирани мутации на корона вирусите од соевите омикрон и делта, а една лабораторија во Кипар веќе го истражувала овој вид на почетокот на годинава, потсетува „Скај њуз“.

Сега, виролозите од Институтот „Пастер“ во Париз го секвенционираа геномот на видот делтакрон.

Случаите се потврдени во неколку региони на Франција, каде сојот циркулира најверојатно од почетокот на јануари.

На брифинг на 9 март, Светската здравствена организација соопшти дека сојот бил откриен и во Холандија и Данска. Потврдени се и два случаи во САД. Научниците нагласуваат дека денес луѓето имаат значителен имунитет на двата вида и дека нема причина да се мисли дека тоа ќе претставува дополнителна закана за вакцините.

The post Делтакрон и официјално е нов сој на Ковид-19, има потврдени случаи во Франција и САД appeared first on Република.

]]>

Делтакрон официјално стана нова варијанта на Ковид, со потврдени случаи во Франција и САД. Станува збор за комбинирани мутации на корона вирусите од соевите омикрон и делта, а една лабораторија во Кипар веќе го истражувала овој вид на почетокот на годинава, потсетува „Скај њуз“. Сега, виролозите од Институтот „Пастер“ во Париз го секвенционираа геномот на видот делтакрон. Случаите се потврдени во неколку региони на Франција, каде сојот циркулира најверојатно од почетокот на јануари. На брифинг на 9 март, Светската здравствена организација соопшти дека сојот бил откриен и во Холандија и Данска. Потврдени се и два случаи во САД. Научниците нагласуваат дека денес луѓето имаат значителен имунитет на двата вида и дека нема причина да се мисли дека тоа ќе претставува дополнителна закана за вакцините.

The post Делтакрон и официјално е нов сој на Ковид-19, има потврдени случаи во Франција и САД appeared first on Република.

]]>
Во Велика Британија е потврдена варијанта на коронавирусот наречена делтакрон, комбинација на делта и омикрон https://republika.mk/vesti/svet/vo-velika-britanija-e-potvrdena-varijanta-na-koronavirusot-narechena-deltakron-kombinacija-na-delta-i-omikron/ Mon, 14 Feb 2022 08:41:18 +0000 https://republika.mk/?p=458178

Во Велика Британија е потврдена варијанта на коронавирусот наречена делтакрон, што значи комбинација на делта и омикрон. Експертите веруваат дека мутантот делтакрон еволуирал кај пациент инфициран со двете варијанти во исто време, но не е јасно дали е увезен или потекнува од Британија.

Претставниците на Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство сè уште не знаат колку е заразен или сериозен новиот вирус и дали ќе влијае на ефикасноста на вакцината.

Професорот Paul Hunter, експерт за заразни болести на Универзитетот East Anglia, вели дека „тоа не треба да претставува преголема закана“ бидејќи Британија има огромно ниво на имунитет против природните соеви делта и омикрони, пишува Daily Mail.

Во моментов не сум премногу загрижен, вели професорот. Во Британија опаѓа бројот на новозаразени.

Исто така, важно е да се забележи дека оваа варијанта на делтакрон не е поврзана со онаа на Кипар.

Професорот Francois Balloux вели дека не верува дека новите варијанти на коронавирусот можат да бидат смртоносни како минатите.

Некои варијанти ќе бидат потешки од другите, но откако сите се вакцинирани и/или инфицирани повеќе пати, ниту една од варијантите не може да не врати на нивото на хоспитализација и смрт од коронавирус што ги доживеавме за време на врвот на пандемијата“, вели Balloux.

The post Во Велика Британија е потврдена варијанта на коронавирусот наречена делтакрон, комбинација на делта и омикрон appeared first on Република.

]]>

Во Велика Британија е потврдена варијанта на коронавирусот наречена делтакрон, што значи комбинација на делта и омикрон. Експертите веруваат дека мутантот делтакрон еволуирал кај пациент инфициран со двете варијанти во исто време, но не е јасно дали е увезен или потекнува од Британија. Претставниците на Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство сè уште не знаат колку е заразен или сериозен новиот вирус и дали ќе влијае на ефикасноста на вакцината. Професорот Paul Hunter, експерт за заразни болести на Универзитетот East Anglia, вели дека „тоа не треба да претставува преголема закана“ бидејќи Британија има огромно ниво на имунитет против природните соеви делта и омикрони, пишува Daily Mail.
Во моментов не сум премногу загрижен, вели професорот. Во Британија опаѓа бројот на новозаразени.
Исто така, важно е да се забележи дека оваа варијанта на делтакрон не е поврзана со онаа на Кипар. Професорот Francois Balloux вели дека не верува дека новите варијанти на коронавирусот можат да бидат смртоносни како минатите.
Некои варијанти ќе бидат потешки од другите, но откако сите се вакцинирани и/или инфицирани повеќе пати, ниту една од варијантите не може да не врати на нивото на хоспитализација и смрт од коронавирус што ги доживеавме за време на врвот на пандемијата“, вели Balloux.

The post Во Велика Британија е потврдена варијанта на коронавирусот наречена делтакрон, комбинација на делта и омикрон appeared first on Република.

]]>
Дали „делтакрон“ варијантата навистина постои или е лабораториска грешка? https://republika.mk/zivot/zdravje/dali-deltakron-varijantata-navistina-postoi-ili-e-laboratoriska-greshka/ Wed, 12 Jan 2022 17:33:13 +0000 https://republika.mk/?p=443876

Леонидос Кострикис, медицински експерт од Кипар, тврди дека пронашол нова варијанта на коронавирусот што ги комбинира карактеристиките на „делта“ и „омикрон“ – делтакрон. Сепак, малкумина се оние кои се согласуваат со неговото тврдење.

Кострикис и неговиот тим тврдат дека откриле нов вид на коронавирус кој ги комбинира карактеристиките на „делта“ и „омикрон“ варијантата. Тие, наводно, идентификувале дури 25 такви случаи.

Ова значи дека овој вид комбинира „омикрон“, многу заразна и доминантна варијанта во многу земји, вклучително и Обединетото Кралство и САД, со „делта“, која беше доминантна варијанта ширум светот во текот на летото.

Затоа, заразените пациенти се изложени на значително поголем ризик од хоспитализација од оние со „алфа“ варијанта на вирусот. „Делтакрон“, според Кострикис, има генетски потписи слични на „омикрон“ во „делта“ геномот, пишува „ДВ“.

Оваа варијанта може да се рашири брзо како „омикрон“ или да доведе до потешки случаи. Предизвика голема загриженост кај експертите кога првпат беше спомната.

Сепак, многумина сега се сомневаат во вистинитоста на наодите на Кострикис.

„Секвенците на кипарскиот „делтакрон“, објавени од неколку големи медиуми, изгледаат сосема јасно како контаминација“, напиша на Твитер во саботата Томас Пикок, научен соработник во лабораторијата Баркли на Империјал колеџот во Лондон, која се фокусира на истражување на коронавирусот.

Во друг твит, тој додаде дека „ова навистина не е поврзано со „квалитетот на лабораторијата“ или нешто слично и дека тоа се случува во секоја лабораторија за секвенционирање од време на време.

Откако беше оспорен од експерти, Кострикис ги бранеше своите наоди за американската финансиска телевизија „Bloomberg News“.

Идентификуваните случаи укажуваат на еволутивен притисок врз сојот, што ме наведе да заклучам дека има комбинација од „делта“ и „омикрон“, рече тој, додавајќи дека комбинацијата не е резултат на еден настан – како што е лабораториска контаминација на примероци.

Кострикис рече дека примероците што ги анализирал биле обработени во повеќе процедури за генетско секвенционирање во неколку земји.

Од друга страна, експертите посочуваат дека мутациите слични на „омикрон“ во „делта“ геномот лежат во еден дел од генетската низа – дел за кој се знае дека е погоден од тешкотии во одредени процедури за секвенционирање.

Џефри Барет, директор на Иницијативата за геномика на коронавирус во Институтот „Велком Сејнџер“ со седиште во Велика Британија, укажува на истражувањето спроведено од неговиот институт на оваа тема, што го наведува да верува дека наводната варијанта на „делтакрон“ „секако не е биолошка рекомбинант на лозата „делта“ и „омикрон“.

Па, дали можеме едноставно да ги игнорираме кипарските откритија, да здивнеме и да продолжиме? Рано е за тоа, вели Тимо Волф, доктор и раководител на одделот за високопатогени болести во Универзитетската болница во Франкфурт.

Тој додаде дека, во секој случај, податоците што ги користи Кострикис треба да бидат темелно разгледани.

За да бидеме целосно сигурни, ќе мора да почекаме уште неколку недели, заклучи Волф.

The post Дали „делтакрон“ варијантата навистина постои или е лабораториска грешка? appeared first on Република.

]]>

Леонидос Кострикис, медицински експерт од Кипар, тврди дека пронашол нова варијанта на коронавирусот што ги комбинира карактеристиките на „делта“ и „омикрон“ – делтакрон. Сепак, малкумина се оние кои се согласуваат со неговото тврдење. Кострикис и неговиот тим тврдат дека откриле нов вид на коронавирус кој ги комбинира карактеристиките на „делта“ и „омикрон“ варијантата. Тие, наводно, идентификувале дури 25 такви случаи. Ова значи дека овој вид комбинира „омикрон“, многу заразна и доминантна варијанта во многу земји, вклучително и Обединетото Кралство и САД, со „делта“, која беше доминантна варијанта ширум светот во текот на летото.
Затоа, заразените пациенти се изложени на значително поголем ризик од хоспитализација од оние со „алфа“ варијанта на вирусот. „Делтакрон“, според Кострикис, има генетски потписи слични на „омикрон“ во „делта“ геномот, пишува „ДВ“.
Оваа варијанта може да се рашири брзо како „омикрон“ или да доведе до потешки случаи. Предизвика голема загриженост кај експертите кога првпат беше спомната. Сепак, многумина сега се сомневаат во вистинитоста на наодите на Кострикис.
„Секвенците на кипарскиот „делтакрон“, објавени од неколку големи медиуми, изгледаат сосема јасно како контаминација“, напиша на Твитер во саботата Томас Пикок, научен соработник во лабораторијата Баркли на Империјал колеџот во Лондон, која се фокусира на истражување на коронавирусот.
Во друг твит, тој додаде дека „ова навистина не е поврзано со „квалитетот на лабораторијата“ или нешто слично и дека тоа се случува во секоја лабораторија за секвенционирање од време на време. Откако беше оспорен од експерти, Кострикис ги бранеше своите наоди за американската финансиска телевизија „Bloomberg News“.
Идентификуваните случаи укажуваат на еволутивен притисок врз сојот, што ме наведе да заклучам дека има комбинација од „делта“ и „омикрон“, рече тој, додавајќи дека комбинацијата не е резултат на еден настан – како што е лабораториска контаминација на примероци.
Кострикис рече дека примероците што ги анализирал биле обработени во повеќе процедури за генетско секвенционирање во неколку земји. Од друга страна, експертите посочуваат дека мутациите слични на „омикрон“ во „делта“ геномот лежат во еден дел од генетската низа – дел за кој се знае дека е погоден од тешкотии во одредени процедури за секвенционирање. Џефри Барет, директор на Иницијативата за геномика на коронавирус во Институтот „Велком Сејнџер“ со седиште во Велика Британија, укажува на истражувањето спроведено од неговиот институт на оваа тема, што го наведува да верува дека наводната варијанта на „делтакрон“ „секако не е биолошка рекомбинант на лозата „делта“ и „омикрон“.
Па, дали можеме едноставно да ги игнорираме кипарските откритија, да здивнеме и да продолжиме? Рано е за тоа, вели Тимо Волф, доктор и раководител на одделот за високопатогени болести во Универзитетската болница во Франкфурт.
Тој додаде дека, во секој случај, податоците што ги користи Кострикис треба да бидат темелно разгледани.
За да бидеме целосно сигурни, ќе мора да почекаме уште неколку недели, заклучи Волф.

The post Дали „делтакрон“ варијантата навистина постои или е лабораториска грешка? appeared first on Република.

]]>