Деловник Archives - Република https://republika.mk/tema/delovnik/ За подобро да се разбереме Mon, 30 Oct 2023 17:15:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Деловник Archives - Република https://republika.mk/tema/delovnik/ 32 32 Одложена амандманската расправа за Предлог-деловникот на Собранието, не се знае кога ќе продолжи https://republika.mk/vesti/makedonija/odlozhena-amandmanskata-rasprava-za-predlog-delovnikot-na-sobranieto-ne-se-znae-koga-ke-prodolzhi/ Mon, 30 Oct 2023 18:55:51 +0000 https://republika.mk/?p=696422

Одржувањето на амандманската расправа за Предлог-деловникот на Собранието на Комисијата за деловничко мандатно-имунитетни прашања останува во неизвесност. Седницата закажана за денеска во 14 часот беше одложена за 16 часот. Претседателот на Комисијата за деловничко и мандатно-имунитетни прашања Панчо Минов за МИА информира дека седницата повторно се одложува и нема информации точно кога би продолжила.

Пратениците од Левица за МИА претходно информираа дека разговорите со спикерот на Собранието Талат Џафери се во тек од утрово и оти не наидуваат на заедничко решение. За Предлог-деловникот тие поднесоа околу 1850 амандани, а други амандмани има и од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Консултациите помеѓу пратеничките групи и пратениците на Левица за амандамните почнаа во четвртокот. Иако е одложена седницата, од Собранието велат дека е неизвесно дали до крајот на денот воопшто ќе почне седницата на Комисијата за деловничко и мандатно - имунитетни прашања.

Левица, и понатаму не открива зошто се поднесени амандмани во толкав број, но клучни се оние, како што велат, за филибастерингот, за двојазичноста во Собранието и за верификацијата на мандатите.

Претседателот на Собранието Џафери претходно на брифинг со новинарите изрази очекување дека новиот Деловник ќе биде донесен со консензус и оти најверојатно ќе биде ставен на дневен ред на новата седница закажана на 2 ноември.

Деловникот ќе се применува од почетокот на новиот собраниски мандат. Првпат по него ќе постапува актуелниот претседател на Собранието Џафери со свикување на конститутивната седница на следниот парламентарен состав. Новина е тоа дека таа седница нема да може да трае повеќе од три дена.

Новиот Предлог - деловник на Собранието е резултат на петгодишни разговори меѓу пратеничките групи од овој и минатиот мандат коишто започнаа во рамки на Жан Моне процесот со посредство на неколкумина европратеници.

The post Одложена амандманската расправа за Предлог-деловникот на Собранието, не се знае кога ќе продолжи appeared first on Република.

]]>

Одржувањето на амандманската расправа за Предлог-деловникот на Собранието на Комисијата за деловничко мандатно-имунитетни прашања останува во неизвесност. Седницата закажана за денеска во 14 часот беше одложена за 16 часот. Претседателот на Комисијата за деловничко и мандатно-имунитетни прашања Панчо Минов за МИА информира дека седницата повторно се одложува и нема информации точно кога би продолжила. Пратениците од Левица за МИА претходно информираа дека разговорите со спикерот на Собранието Талат Џафери се во тек од утрово и оти не наидуваат на заедничко решение. За Предлог-деловникот тие поднесоа околу 1850 амандани, а други амандмани има и од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Консултациите помеѓу пратеничките групи и пратениците на Левица за амандамните почнаа во четвртокот. Иако е одложена седницата, од Собранието велат дека е неизвесно дали до крајот на денот воопшто ќе почне седницата на Комисијата за деловничко и мандатно - имунитетни прашања. Левица, и понатаму не открива зошто се поднесени амандмани во толкав број, но клучни се оние, како што велат, за филибастерингот, за двојазичноста во Собранието и за верификацијата на мандатите. Претседателот на Собранието Џафери претходно на брифинг со новинарите изрази очекување дека новиот Деловник ќе биде донесен со консензус и оти најверојатно ќе биде ставен на дневен ред на новата седница закажана на 2 ноември. Деловникот ќе се применува од почетокот на новиот собраниски мандат. Првпат по него ќе постапува актуелниот претседател на Собранието Џафери со свикување на конститутивната седница на следниот парламентарен состав. Новина е тоа дека таа седница нема да може да трае повеќе од три дена. Новиот Предлог - деловник на Собранието е резултат на петгодишни разговори меѓу пратеничките групи од овој и минатиот мандат коишто започнаа во рамки на Жан Моне процесот со посредство на неколкумина европратеници.

The post Одложена амандманската расправа за Предлог-деловникот на Собранието, не се знае кога ќе продолжи appeared first on Република.

]]>
Џафери поднесе Предлог деловник за работа на Собранието https://republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-podnese-predlog-delovnik-za-rabota-na-sobranieto/ Fri, 29 Sep 2023 15:35:46 +0000 https://republika.mk/?p=686433

Претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска во редовна собраниска процедура го поднесе Предлог деловникот за работа на Собранието, кој, како што информираат од собраниската прес-служба, е производ на повеќегодишна посветена работа на учесниците во процесот на Дијалогот Жан Моне.

Во Предлог деловникот е предвидено одредбите да почнат да се применуваат од наредниот пратенички состав што всушност придонесе многу во донесувањето на непристрасни решенија со консензус и за пратениците од власта и за пратениците во опозиција, велат од Собранието.

Предлогот, како што посочуваат, е веќе доставен до пратениците во писмена и во електронска форма, а ќе биде предложен за прво читање како дополнение на дневниот ред на 127-та пленарната седница закажана за 3 октомври 2023 година.

The post Џафери поднесе Предлог деловник за работа на Собранието appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска во редовна собраниска процедура го поднесе Предлог деловникот за работа на Собранието, кој, како што информираат од собраниската прес-служба, е производ на повеќегодишна посветена работа на учесниците во процесот на Дијалогот Жан Моне. Во Предлог деловникот е предвидено одредбите да почнат да се применуваат од наредниот пратенички состав што всушност придонесе многу во донесувањето на непристрасни решенија со консензус и за пратениците од власта и за пратениците во опозиција, велат од Собранието. Предлогот, како што посочуваат, е веќе доставен до пратениците во писмена и во електронска форма, а ќе биде предложен за прво читање како дополнение на дневниот ред на 127-та пленарната седница закажана за 3 октомври 2023 година.

The post Џафери поднесе Предлог деловник за работа на Собранието appeared first on Република.

]]>
Вељаноски: Согласно Деловникот гласањето за промена на Устав мора да се случи најдоцна денеска https://republika.mk/vesti/makedonija/velanoski-soglasno-delovnikot-glasaneto-za-promena-na-ustav-mora-da-se-sluchi-najdotsna-deneska/ Fri, 01 Sep 2023 07:31:43 +0000 https://republika.mk/?p=677753

Во врска со дебатата во медиумите, а во која се вклучени експерти, новинари, политичари, а на тема текот на 123 седница на Собранието на Република Македонија на чиј дневен ред е иницијативата за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија, дозволете ми да го истакнам следново: Основно правило, но и правило од праксата, за пристапување кон измена на Уставот е веќе обезбедно 2/3 мнозинство пратеници, oбјаснува поранешниот претседате на Собранието, Трајко Вељаноски.

Потенцира дека предлагачот на иницијативата кон измена на Уставот, во овој случај Владата, воопшто не требаше да си дозволи да покрене ваква постапка без предходно обезбедено 2/3 мнозинство.

Во досегашната пракса на Собранието на Република Македонија никогаш не се случило да се покрене постапка за измена на Уставот без претходно обезбедена политичка согласност од најмалку 2/3 од пратениците. Единствен исклучок е оваа постапка и насилната постапка за измена на Уставот по Преспанскиот договор, пишува Вељаноски.

Додава дека согласно член 196 став 1 од Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија претресот за измена на Устав трае 10 работни денови и по завршување на претресот се пристапува кон гласање.

Денес, на 1 септември завршуваат десетте работни денови откако беше отворена постапката и завршена расправата за измена на Уставот на собраниската седница број 123, закажана и одржана на 18 август. Гласањето мора да се случи најдоцна денес. Секое спротивно постапување не е во согласност со Деловникот, вели Вељаноски.

Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија не дозволува неизвесност со постапката од толку високо значење, потенцира поранешниот спикер додавајќи дека во согласност со Уставот на Република Македонија односно неговиот член 67 и во согласност со Деловникот за работа на Собранието, односно неговите член 6 и член 60, Претседателот на Собранието единствено го претставува Собранието и се грижи за примената на Деловникот и за остварување на правата на сите пратеници подеднакво.

Политичките одлуки ги носи Собранието, а не Претседателот на Собранието, дециден е Вељаноски.

За излез од оваа ситуација, според Вељаноски, потребно е согласно член 67 став 2 од Деловникот за работа на Собранието минимум 20 пратеници да бараат продолжување на 123 седница а Претседателот на Собранието согласно член 24 став 2 од Законот за Собрание да постапи и свика ad hoc кординација на која би се договорил датумот на продолжување на 123 седница на Собранието, кога ќе треба да се гласаат уставните измени.

Доколку Претседателот на Собранието на Република Македонија и покрај барањето на минимум 20 пратеници не закаже продолжение на седницата ја презема на себе целата одговорност, прави лоша практика. се става над сите пратеници и конечно го изместува целосно политичкиот систем на институционалната поставеност на уставното уредување на Република Македонија, вели поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски.

The post Вељаноски: Согласно Деловникот гласањето за промена на Устав мора да се случи најдоцна денеска appeared first on Република.

]]>

Во врска со дебатата во медиумите, а во која се вклучени експерти, новинари, политичари, а на тема текот на 123 седница на Собранието на Република Македонија на чиј дневен ред е иницијативата за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија, дозволете ми да го истакнам следново: Основно правило, но и правило од праксата, за пристапување кон измена на Уставот е веќе обезбедно 2/3 мнозинство пратеници, oбјаснува поранешниот претседате на Собранието, Трајко Вељаноски. Потенцира дека предлагачот на иницијативата кон измена на Уставот, во овој случај Владата, воопшто не требаше да си дозволи да покрене ваква постапка без предходно обезбедено 2/3 мнозинство.
Во досегашната пракса на Собранието на Република Македонија никогаш не се случило да се покрене постапка за измена на Уставот без претходно обезбедена политичка согласност од најмалку 2/3 од пратениците. Единствен исклучок е оваа постапка и насилната постапка за измена на Уставот по Преспанскиот договор, пишува Вељаноски.
Додава дека согласно член 196 став 1 од Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија претресот за измена на Устав трае 10 работни денови и по завршување на претресот се пристапува кон гласање.
Денес, на 1 септември завршуваат десетте работни денови откако беше отворена постапката и завршена расправата за измена на Уставот на собраниската седница број 123, закажана и одржана на 18 август. Гласањето мора да се случи најдоцна денес. Секое спротивно постапување не е во согласност со Деловникот, вели Вељаноски.
Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија не дозволува неизвесност со постапката од толку високо значење, потенцира поранешниот спикер додавајќи дека во согласност со Уставот на Република Македонија односно неговиот член 67 и во согласност со Деловникот за работа на Собранието, односно неговите член 6 и член 60, Претседателот на Собранието единствено го претставува Собранието и се грижи за примената на Деловникот и за остварување на правата на сите пратеници подеднакво.
Политичките одлуки ги носи Собранието, а не Претседателот на Собранието, дециден е Вељаноски.
За излез од оваа ситуација, според Вељаноски, потребно е согласно член 67 став 2 од Деловникот за работа на Собранието минимум 20 пратеници да бараат продолжување на 123 седница а Претседателот на Собранието согласно член 24 став 2 од Законот за Собрание да постапи и свика ad hoc кординација на која би се договорил датумот на продолжување на 123 седница на Собранието, кога ќе треба да се гласаат уставните измени.
Доколку Претседателот на Собранието на Република Македонија и покрај барањето на минимум 20 пратеници не закаже продолжение на седницата ја презема на себе целата одговорност, прави лоша практика. се става над сите пратеници и конечно го изместува целосно политичкиот систем на институционалната поставеност на уставното уредување на Република Македонија, вели поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски.

The post Вељаноски: Согласно Деловникот гласањето за промена на Устав мора да се случи најдоцна денеска appeared first on Република.

]]>
Џафери мандатот го почна со кршење на Уставот, го завршува со кршење на Деловникот, одговорност ќе има https://republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-mandatot-go-pochna-so-krshene-na-ustavot-go-zavrshuva-so-krshene-na-delovnikot-odgovornost-ke-ima/ Tue, 22 Aug 2023 07:10:16 +0000 https://republika.mk/?p=674406

Џафери мандатот го започна со кршење на Уставот, го завршува со крешење на Деловникот, одговорност ќе има. Талат Џафери во текот на целиот свој мандат ги толкува законските прописи на начин само нему разбирлив, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Нормативите се јасни. Џафери не можел да применува членови од Деливникот кои се однесуваат на измени на закон, кога станува збор за измени на Устав.

Џафери не смеел да ја прекине седницата, и морал да ги стави на гласање уставните измени.

Џафери го прекрши Деловникот само за да не се изрезили власта, а со тоа си стави уште едно кршење на процедурите околу врат.

Џафери знае дека во моментот кога ќе ги стави уставните измени на гласање тие ќе паднат и ќе нема друг избор освен да се распишат избори, од кои власта бега. Талат Џафери со бегството од ставање на гласање на уставни купува ден или месец повеќе власт за ДУИ и СДС, додаваат од партијата.

The post Џафери мандатот го почна со кршење на Уставот, го завршува со кршење на Деловникот, одговорност ќе има appeared first on Република.

]]>

Џафери мандатот го започна со кршење на Уставот, го завршува со крешење на Деловникот, одговорност ќе има. Талат Џафери во текот на целиот свој мандат ги толкува законските прописи на начин само нему разбирлив, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Нормативите се јасни. Џафери не можел да применува членови од Деливникот кои се однесуваат на измени на закон, кога станува збор за измени на Устав.
Џафери не смеел да ја прекине седницата, и морал да ги стави на гласање уставните измени. Џафери го прекрши Деловникот само за да не се изрезили власта, а со тоа си стави уште едно кршење на процедурите околу врат. Џафери знае дека во моментот кога ќе ги стави уставните измени на гласање тие ќе паднат и ќе нема друг избор освен да се распишат избори, од кои власта бега. Талат Џафери со бегството од ставање на гласање на уставни купува ден или месец повеќе власт за ДУИ и СДС, додаваат од партијата.

The post Џафери мандатот го почна со кршење на Уставот, го завршува со кршење на Деловникот, одговорност ќе има appeared first on Република.

]]>
Мицевски: Носење на нов Деловник без ВМРО-ДПМНЕ не е кредибилен процес https://republika.mk/vesti/makedonija/micevski-nosenje-na-nov-delovnik-bez-vmro-dpmne-ne-e-kredibilen-proces/ Tue, 08 Nov 2022 09:52:43 +0000 https://republika.mk/?p=571311

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски и претставници на пратеничката група на партијата нема да присуствуваат на денешнара средба на Работната група на Жан Моне процесот поради тоа што тие не биле консултирани за денот и тајмингот за одржување на состанокот и поради претходно закажани обврски. Мицевски за МИА изјави дека процес на носење нов Деловник без ВМРО-ДПМНЕ не е кредибилен процес.

Очигледно продолжението на Жан Моне е поради лошиот Извештај на ЕК за делот за Собрание. Она што денеска се случува е потврда за тоа. Состанокот се случува без консултации со опозоцијата и на него ќе присуствуваат само претставници на власта. Процес на носење на нов Деловник без ВМРО-ДПМНЕ не е кредибилен процес, истакна Мицевски.

Пратениците од опозициската партија, според координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, очекуваат дека владејачкото мнозинство и претседателот на Собранието ќе го почитуваат и постоечкиот Деловник што, за жал, не се случува.

Претседателот на Собранието Талат Џафери за денеска свика состанок на Работната група за учество на Дијалогот Жан Моне. Членови на групата се претставници и координатори на пратеничките групи а главно се дискутира за промена или за нов Деловник за работа на Собранието. Процесот започна пред неколку години со посредство на европратеници.

The post Мицевски: Носење на нов Деловник без ВМРО-ДПМНЕ не е кредибилен процес appeared first on Република.

]]>

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски и претставници на пратеничката група на партијата нема да присуствуваат на денешнара средба на Работната група на Жан Моне процесот поради тоа што тие не биле консултирани за денот и тајмингот за одржување на состанокот и поради претходно закажани обврски. Мицевски за МИА изјави дека процес на носење нов Деловник без ВМРО-ДПМНЕ не е кредибилен процес.
Очигледно продолжението на Жан Моне е поради лошиот Извештај на ЕК за делот за Собрание. Она што денеска се случува е потврда за тоа. Состанокот се случува без консултации со опозоцијата и на него ќе присуствуваат само претставници на власта. Процес на носење на нов Деловник без ВМРО-ДПМНЕ не е кредибилен процес, истакна Мицевски.
Пратениците од опозициската партија, според координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, очекуваат дека владејачкото мнозинство и претседателот на Собранието ќе го почитуваат и постоечкиот Деловник што, за жал, не се случува. Претседателот на Собранието Талат Џафери за денеска свика состанок на Работната група за учество на Дијалогот Жан Моне. Членови на групата се претставници и координатори на пратеничките групи а главно се дискутира за промена или за нов Деловник за работа на Собранието. Процесот започна пред неколку години со посредство на европратеници.

The post Мицевски: Носење на нов Деловник без ВМРО-ДПМНЕ не е кредибилен процес appeared first on Република.

]]>