Делница Archives - Република https://republika.mk/tema/delnica/ За подобро да се разбереме Wed, 17 Jul 2024 10:50:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Делница Archives - Република https://republika.mk/tema/delnica/ 32 32 Димитриеска Кочоска за укинатиот заклучок за делницата Гостивар – Букојачани: Во период на техничка влада не може да се носат одлуки за зголемување средства https://republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-za-ukinatiot-zakluchok-za-delnitsata-gostivar-bukojachani-vo-period-na-tehnichka-vlada-ne-mozhe-da-se-nosat-odluki-za-zgolemuvane-sredstva/ Wed, 17 Jul 2024 10:50:01 +0000 https://republika.mk/?p=797662

Министерката на финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска рече дека министерот за транспорт и врски веројатно ќе соопшти детали околу владината одлука да се укине заклучокот од техничката Влада за делницата Гостивар - Букојачани од Коридорот 8, зашто тоа, како што нагласи, е негов ресор. Сепак е клучно, напомена Димитриеска Кочоска, дека во период на техничка влада не може да се носат одлуки за зголемување средства.

Клучно е дека во период на техничка влада не може да носат такви одлуки, за зголемување средства. За проект што се уште нема траса е кажано дека требало да поминува низ некој дел кој дополнително ги зголемувал трошоците, имало некаква пештера, требало да се избегне, а трасата не ја знаеме која е. Верувам дека министерот за транспорт ќе сподели подетални информации, не би сакала да завлегувам повеќе во тој дел - истакна Димитриеска Кочоска на прес-конференција во Владата, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за ребалансот на Буџетот.

Според неа, министерот за транспорт континуирано комуницирал со таа и со сите други компании со кои се почнати проекти за да види дали ќе има реализација или не, зашто „само се резервираат средства кои понатаму не се реализираат“.

Владата денеска соопшти дека на вчерашната седница донесе Одлука за укинување на Заклучокот на претходната техничка Влада со кој се предизвикува фискални импликации за реализација на Проектот за изведба на автопатот Коридор 8, Делница 2: Гостивар - Букојчани од дополнителни 252.699.474 евра, кои не се планирани и обезбедени во Буџетот, ниту се економски исплатливи, информираат денеска од владината прес-служба. Од Владата најавија и дека за овој заклучок ќе биде известено и Основното јавно обвинителство.

The post Димитриеска Кочоска за укинатиот заклучок за делницата Гостивар – Букојачани: Во период на техничка влада не може да се носат одлуки за зголемување средства appeared first on Република.

]]>

Министерката на финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска рече дека министерот за транспорт и врски веројатно ќе соопшти детали околу владината одлука да се укине заклучокот од техничката Влада за делницата Гостивар - Букојачани од Коридорот 8, зашто тоа, како што нагласи, е негов ресор. Сепак е клучно, напомена Димитриеска Кочоска, дека во период на техничка влада не може да се носат одлуки за зголемување средства.
Клучно е дека во период на техничка влада не може да носат такви одлуки, за зголемување средства. За проект што се уште нема траса е кажано дека требало да поминува низ некој дел кој дополнително ги зголемувал трошоците, имало некаква пештера, требало да се избегне, а трасата не ја знаеме која е. Верувам дека министерот за транспорт ќе сподели подетални информации, не би сакала да завлегувам повеќе во тој дел - истакна Димитриеска Кочоска на прес-конференција во Владата, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за ребалансот на Буџетот.
Според неа, министерот за транспорт континуирано комуницирал со таа и со сите други компании со кои се почнати проекти за да види дали ќе има реализација или не, зашто „само се резервираат средства кои понатаму не се реализираат“. Владата денеска соопшти дека на вчерашната седница донесе Одлука за укинување на Заклучокот на претходната техничка Влада со кој се предизвикува фискални импликации за реализација на Проектот за изведба на автопатот Коридор 8, Делница 2: Гостивар - Букојчани од дополнителни 252.699.474 евра, кои не се планирани и обезбедени во Буџетот, ниту се економски исплатливи, информираат денеска од владината прес-служба. Од Владата најавија и дека за овој заклучок ќе биде известено и Основното јавно обвинителство.

The post Димитриеска Кочоска за укинатиот заклучок за делницата Гостивар – Букојачани: Во период на техничка влада не може да се носат одлуки за зголемување средства appeared first on Република.

]]>
Делницата Велес – Градско затворена за сообраќај од 08 до 16:30 часот до 3 февруари https://republika.mk/zivot/servisi/delnitsata-veles-gradsko-zatvorena-za-soobrakaj-od-08-do-16-30-chasot-do-3-fevruari/ Tue, 30 Jan 2024 12:27:38 +0000 https://republika.mk/?p=738571

Поради поставување заштитна мрежа на Регионален пат Р1102, делница Велес - Градско, од 31.01 до 03.02.2024 година, ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 08:00 – 16:30 часот, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post Делницата Велес – Градско затворена за сообраќај од 08 до 16:30 часот до 3 февруари appeared first on Република.

]]>

Поради поставување заштитна мрежа на Регионален пат Р1102, делница Велес - Градско, од 31.01 до 03.02.2024 година, ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 08:00 – 16:30 часот, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post Делницата Велес – Градско затворена за сообраќај од 08 до 16:30 часот до 3 февруари appeared first on Република.

]]>
Од утре времен режим на сообраќај на делницата Прилеп-Битола https://republika.mk/zivot/servisi/od-utre-vremen-rezhim-na-soobrakaj-na-delnitsata-prilep-bitola/ Sun, 10 Dec 2023 08:01:36 +0000 https://republika.mk/?p=721406

Од утре, понеделник, ќе биде изменет режимот на сообраќај на магистралниот пат A3, делница Прилеп-Битола поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот. Времениот режим на сообраќај ќе се одвива согласно одобрен сообраќаен проект, информираат од АМСМ.

Се замолуваат сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената времена сообраќајна сигнализација и да се прилагодат кон условите на патот. Времениот режим на сообраќај е со важност од 6 месеци, односно се до завршување на градежните работи.

Од 5 декември, пак, е изменет режимот на сообраќај на државен пат A2, делница Тетово-Гостивар во двата правци на движење поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, пo наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post Од утре времен режим на сообраќај на делницата Прилеп-Битола appeared first on Република.

]]>

Од утре, понеделник, ќе биде изменет режимот на сообраќај на магистралниот пат A3, делница Прилеп-Битола поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот. Времениот режим на сообраќај ќе се одвива согласно одобрен сообраќаен проект, информираат од АМСМ. Се замолуваат сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената времена сообраќајна сигнализација и да се прилагодат кон условите на патот. Времениот режим на сообраќај е со важност од 6 месеци, односно се до завршување на градежните работи. Од 5 декември, пак, е изменет режимот на сообраќај на државен пат A2, делница Тетово-Гостивар во двата правци на движење поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, пo наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post Од утре времен режим на сообраќај на делницата Прилеп-Битола appeared first on Република.

]]>
Делницата Велес – Градско е затворена за сообраќај https://republika.mk/zivot/servisi/delnitsata-veles-gradsko-e-zatvorena-za-soobrakaj/ Tue, 19 Sep 2023 07:41:02 +0000 https://republika.mk/?p=683041

Делницата Велес - Градско поради асфалтирање е затворена за сообраќај од 18 до 23 септември.

Автомотосојузот на Македонија информира дека делницата е затворена за сообраќај во периодот од 8 до 18 часот.

The post Делницата Велес – Градско е затворена за сообраќај appeared first on Република.

]]>

Делницата Велес - Градско поради асфалтирање е затворена за сообраќај од 18 до 23 септември. Автомотосојузот на Македонија информира дека делницата е затворена за сообраќај во периодот од 8 до 18 часот.

The post Делницата Велес – Градско е затворена за сообраќај appeared first on Република.

]]>
Промена на сообраќајниот режим на делницата Демир Капија- Неготино https://republika.mk/zivot/servisi/promena-na-soobrakajniot-rezhim-na-delnitsata-demir-kapija-negotino/ Tue, 20 Jun 2023 11:26:11 +0000 https://republika.mk/?p=653362

Поради градежни активности на делницата Демир Капија – Неготино, возилата ќе се пренасочуваат од едниот коловоз на другиот, на кој движењето во должина на два километри ќе се одвива во две насоки, известуваат од АМСМ.

Прекин на сообраќајот има на регионалниот пат од село Извор кон Прилеп, поточно од селото Степанци во Општина Чашка до Прилеп, кој поради наноси од земја и кал е непрооден.

АМСМ известува дека поради асфалтирање автопатската делница Велес – Градско, кај Градско, таа ќе биде затворена за сообраќај секој ден од 19 до 23 јуни, во периодот од 08:00 – 18:00 часот.

The post Промена на сообраќајниот режим на делницата Демир Капија- Неготино appeared first on Република.

]]>

Поради градежни активности на делницата Демир Капија – Неготино, возилата ќе се пренасочуваат од едниот коловоз на другиот, на кој движењето во должина на два километри ќе се одвива во две насоки, известуваат од АМСМ. Прекин на сообраќајот има на регионалниот пат од село Извор кон Прилеп, поточно од селото Степанци во Општина Чашка до Прилеп, кој поради наноси од земја и кал е непрооден. АМСМ известува дека поради асфалтирање автопатската делница Велес – Градско, кај Градско, таа ќе биде затворена за сообраќај секој ден од 19 до 23 јуни, во периодот од 08:00 – 18:00 часот.

The post Промена на сообраќајниот режим на делницата Демир Капија- Неготино appeared first on Република.

]]>
Состојба на патиштата: Делницата Велес – Градскo затворена за сообраќај https://republika.mk/zivot/servisi/sostojba-na-patishtata-delnicata-veles-gradsko-zatvorena-za-soobrakjaj/ Thu, 06 Oct 2022 06:33:44 +0000 https://republika.mk/?p=557786

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ:

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај до 31.10.2022 за возила со вкупна маса до 3,5 тони.

РАБОТИ НА ПАТ:

На регионалниот пат Р1102, односно делница Велес – Градскo поради изведување на градежни работи наведената делница ќе биде затворена за сообраќај од 28.09.2022 год. во наредните 9 месеци, и сообраќајот ќе се одвива согласно одобрениот времен режим на сообраќај.

СТРАБАГ АГ известува: Врз основа на Одобрение за времена измена на режим на сообраќај на државен пат А1 – делница Велес – Неготино, издадено од Министерство за транспорт и врски со број 11-уп-46/4, од 21.07.2022 година, кое се однесува за изградба на новата клучка Градско (како дел од автопат А1), на гореспоменатата делница ќе се изведуваат градежни работи и во следните 12 месеци, а ќе се применува времената измена на режим на сообраќај.

Времениот режим ќе се применува во двата правци на автопатот Е-75, во зоната на изградба на новата клучка Градско и тоа во правец кон граничен премин Богородица и во правец кон граничен премин Табановце. Сообраќајот ќе се одвива по возната сообраќајна лената, додека нема да може да вози по сообраќајната лента за претекнување.

ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно издаденото одобрение за времен режим на сообраќај за време изведба на Aвтопат А4, делница ГП “Блаце” – Скопје (клучка “Стенковец”) Подделница 1 – проширување на постоен пат А4 од ГП “Блаце” до с. Блаце до ниво на автопат и изградба на дел од автопат со клучка за поврзување со локален пат до с. Блаце, на 2км пред Граничниот Премин “Блаце” од 17.06.2022 г. на местото на изведување на градежните работи се одвива дополнителен времен двонасочен режим на сообраќај со поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива континуирано без застој. Препорака до возачите за прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Според информација од Друштво за градежништво Пелагонија АД Гостивар, од вторник 05.04.2022, ќе започнат градежни активности за санација на свлечишта на км 19+500 (кај село Глобочица) и 24+000 (кај село Луково) на регионалниот пат Р1201 делница Струга – Дебар и ќе има комплетно затворање на овој дел од патот, секој ден од 10 – 14 часот во следните 6 месеци. Градежните активности ги изведува Друштво за градежништво Пелагонија АД Гостивар.

”Стентон градба ДОО” известува за времена измена на режим на сообраќај на државен пат крак А1 ,делница Градско – Прилеп (Фариш-Прилеп), поточно после мостот на р. Раец кон Плетвар заради градежни активности од 02.03.2022 г. во врска со проект Рехабилитација на државен пат А1,Делница Фариш-Прилеп и ќе трае во наредните 12 месеци. Поради изведување на градежните работи ќе има пренасочување на сообраќајот по две коловозни ленти, возачите треба да ја следат поставената патна сигнализација и да возат со намалена брзина при поминување на работната делница.

ДГ Бетон АД – Скопје известува дека се изведуваат градежни работи за рехабилитација со проширување на Државен пат А1, делница Петровец – Катланово (во двата правци). На местото на изведување на градежните работи се одвива времен двонасочен режим на сообраќај со поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива континуирано без застој.

На патниот правец А2 Кичево – Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.

 

The post Состојба на патиштата: Делницата Велес – Градскo затворена за сообраќај appeared first on Република.

]]>

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај до 31.10.2022 за возила со вкупна маса до 3,5 тони. РАБОТИ НА ПАТ: На регионалниот пат Р1102, односно делница Велес – Градскo поради изведување на градежни работи наведената делница ќе биде затворена за сообраќај од 28.09.2022 год. во наредните 9 месеци, и сообраќајот ќе се одвива согласно одобрениот времен режим на сообраќај. СТРАБАГ АГ известува: Врз основа на Одобрение за времена измена на режим на сообраќај на државен пат А1 – делница Велес – Неготино, издадено од Министерство за транспорт и врски со број 11-уп-46/4, од 21.07.2022 година, кое се однесува за изградба на новата клучка Градско (како дел од автопат А1), на гореспоменатата делница ќе се изведуваат градежни работи и во следните 12 месеци, а ќе се применува времената измена на режим на сообраќај. Времениот режим ќе се применува во двата правци на автопатот Е-75, во зоната на изградба на новата клучка Градско и тоа во правец кон граничен премин Богородица и во правец кон граничен премин Табановце. Сообраќајот ќе се одвива по возната сообраќајна лената, додека нема да може да вози по сообраќајната лента за претекнување. ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно издаденото одобрение за времен режим на сообраќај за време изведба на Aвтопат А4, делница ГП “Блаце” – Скопје (клучка “Стенковец”) Подделница 1 – проширување на постоен пат А4 од ГП “Блаце” до с. Блаце до ниво на автопат и изградба на дел од автопат со клучка за поврзување со локален пат до с. Блаце, на 2км пред Граничниот Премин “Блаце” од 17.06.2022 г. на местото на изведување на градежните работи се одвива дополнителен времен двонасочен режим на сообраќај со поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива континуирано без застој. Препорака до возачите за прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Според информација од Друштво за градежништво Пелагонија АД Гостивар, од вторник 05.04.2022, ќе започнат градежни активности за санација на свлечишта на км 19+500 (кај село Глобочица) и 24+000 (кај село Луково) на регионалниот пат Р1201 делница Струга – Дебар и ќе има комплетно затворање на овој дел од патот, секој ден од 10 – 14 часот во следните 6 месеци. Градежните активности ги изведува Друштво за градежништво Пелагонија АД Гостивар. ”Стентон градба ДОО” известува за времена измена на режим на сообраќај на државен пат крак А1 ,делница Градско – Прилеп (Фариш-Прилеп), поточно после мостот на р. Раец кон Плетвар заради градежни активности од 02.03.2022 г. во врска со проект Рехабилитација на државен пат А1,Делница Фариш-Прилеп и ќе трае во наредните 12 месеци. Поради изведување на градежните работи ќе има пренасочување на сообраќајот по две коловозни ленти, возачите треба да ја следат поставената патна сигнализација и да возат со намалена брзина при поминување на работната делница. ДГ Бетон АД – Скопје известува дека се изведуваат градежни работи за рехабилитација со проширување на Државен пат А1, делница Петровец – Катланово (во двата правци). На местото на изведување на градежните работи се одвива времен двонасочен режим на сообраќај со поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива континуирано без застој. На патниот правец А2 Кичево – Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.  

The post Состојба на патиштата: Делницата Велес – Градскo затворена за сообраќај appeared first on Република.

]]>