Делфи Archives - Република https://republika.mk/tema/delfi/ За подобро да се разбереме Sat, 09 Apr 2022 13:02:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Делфи Archives - Република https://republika.mk/tema/delfi/ 32 32 Ковачевски-Мицотакис: Економските релации меѓу двете земи зајакнуваат и во време на криза https://republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-micotakis-ekonomskite-relacii-megju-dvete-zemi-zajaknuvaat-i-vo-vreme-na-kriza/ Sat, 09 Apr 2022 13:02:21 +0000 https://republika.mk/?p=485832

За време на работната посета на Грција по повод учеството на Економскиот форум Делфи, претседателот на Владата на Македонија Димитар Ковачевски оствари билатерална средба со грчкиот колега Киријакос Мицотакис.

На средбата, на која присуствуваа и заменик-претседателот во Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и директорката на УЈП Сања Лукаревска, премиерите на двете земји разговараа за посветеноста, за целосна и непречена имплементација на обврските на двете страни утврдени во Договорот од Преспа.

Ковачевски на средбата со Мицотакис нагласи дека со воспоставеното партнерство засновано на доверба и пријателство односите меѓу двете земји се трансформираа во сојузништво потврдено и со членството на Македонија во НАТО.

„Економската соработка помеѓу двете земји традиционално е на високо ниво, a соработката има потенцијал и понатаму да се развива и се поттикнува со континуираниот политички дијалог на највисоко ниво и со градење на довербата во интерес на двете земји“, рече Ковачевски.

На средбата стана збор за постигнување договор за олеснувања во доменот на даночните политики, и дополнително беше констатирано дека градењето на цврсти економски односи и унапредување на билатералната соработка е важно, особено во услови на светска криза.

За време на разговорот двајцата премиери уште еднаш ја потенцираа важноста од соработката во енергетскиот сектор, за која се согласија дека има голем потенцијал, ако се земат предвид заедничките проекти за изградба на терминалот за течен нафтен гас во Александруполи, како и гасното поврзување помеѓу двете земји.

Заедничките енергетски проекти се од значење за Република Македонија како нови извори за снабдување со гас како поеколошки и поевтин енергенс, како и од можноста да стане регионален центар за понатамошен транзит и дистрибуција на гасот на земјите од регионот.

На средбата беше разговарано и дека во периодот кој следи ќе продолжат со интензивна меѓусебна комуникација за унапредување на економските односи помеѓу двете пријателски земји, а со крајна цел обезбедување на побрзa и одржлива соработка за економски раст.

Тема на средбата беше светската криза предизвикана од воената агресија на Русија врз Украина и за потребата од заедничка соработка за ублажување на последиците од растот на цените на енергенсите за граѓаните и стопанството.

The post Ковачевски-Мицотакис: Економските релации меѓу двете земи зајакнуваат и во време на криза appeared first on Република.

]]>

За време на работната посета на Грција по повод учеството на Економскиот форум Делфи, претседателот на Владата на Македонија Димитар Ковачевски оствари билатерална средба со грчкиот колега Киријакос Мицотакис. На средбата, на која присуствуваа и заменик-претседателот во Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и директорката на УЈП Сања Лукаревска, премиерите на двете земји разговараа за посветеноста, за целосна и непречена имплементација на обврските на двете страни утврдени во Договорот од Преспа. Ковачевски на средбата со Мицотакис нагласи дека со воспоставеното партнерство засновано на доверба и пријателство односите меѓу двете земји се трансформираа во сојузништво потврдено и со членството на Македонија во НАТО. „Економската соработка помеѓу двете земји традиционално е на високо ниво, a соработката има потенцијал и понатаму да се развива и се поттикнува со континуираниот политички дијалог на највисоко ниво и со градење на довербата во интерес на двете земји“, рече Ковачевски. На средбата стана збор за постигнување договор за олеснувања во доменот на даночните политики, и дополнително беше констатирано дека градењето на цврсти економски односи и унапредување на билатералната соработка е важно, особено во услови на светска криза. За време на разговорот двајцата премиери уште еднаш ја потенцираа важноста од соработката во енергетскиот сектор, за која се согласија дека има голем потенцијал, ако се земат предвид заедничките проекти за изградба на терминалот за течен нафтен гас во Александруполи, како и гасното поврзување помеѓу двете земји. Заедничките енергетски проекти се од значење за Република Македонија како нови извори за снабдување со гас како поеколошки и поевтин енергенс, како и од можноста да стане регионален центар за понатамошен транзит и дистрибуција на гасот на земјите од регионот. На средбата беше разговарано и дека во периодот кој следи ќе продолжат со интензивна меѓусебна комуникација за унапредување на економските односи помеѓу двете пријателски земји, а со крајна цел обезбедување на побрзa и одржлива соработка за економски раст. Тема на средбата беше светската криза предизвикана од воената агресија на Русија врз Украина и за потребата од заедничка соработка за ублажување на последиците од растот на цените на енергенсите за граѓаните и стопанството.

The post Ковачевски-Мицотакис: Економските релации меѓу двете земи зајакнуваат и во време на криза appeared first on Република.

]]>
Средба Бесими – Рено-Басо: Енергетската криза го покажува значењето на инвестициите во зелената агенда https://republika.mk/vesti/ekonomija/sredba-besimi-reno-baso-energetskata-kriza-go-pokazuva-znachenjeto-na-investiciite-vo-zelenata-agenda/ Sat, 09 Apr 2022 12:25:20 +0000 https://republika.mk/?p=485816

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) е најактивна меѓународна финансиска институција во земјава. Во изминатите 30 години РС Македонија има континуирана поддршка во реализација на своите приоритети, а таа поддршкa продолжува и понатаму. Потврда за успешната и долгорочна соработка беше искажана денеска на средба на министерот за финансии Фатмир Бесими со претседателката на ЕБОР Одил Рено-Басо, во рамките на Делфи форумот што се одржува во Грција.

„Зелената агенда е во фокусот на работата на Владата. Тоа се покажува дека е значајно особено во услови на енергетска криза и обезбедување енергенси од сопствени извори. На тој пат во проширување на капацитетите за производство на електрична енергија е значајна поддршката од меѓународните финансиски институции, а особено од ЕБОР, истакна министерот Бесими.

Потсетувајќи на мерките што ги презема Владата за справување со влијанието од ценовната и енергетската криза и потребата на евентуално дополнителна поддршка на стандардот на граѓаните и домашната економија, што директно зависи од развојот и времетраењето на настаните во Украина, министерот напомена дека за надминување на енергетската криза со помал притисок добредојдена е поддршката од меѓуанародни институции како во периодот на Ковид-19 пандемијата.

„Пакетот мерки за поддршка на стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите е 400 милиони евра. Поддршката за да се влијае да нема висок раст на цената на електричаната, но и на топлинската енергија ,кон ЕСМ почна уште минатата година и таа изнесува 10,6 милијарди денари. За да се поддржи понатаму ликвидноста на компанијата, од страна на ЕБОР е понудена  кредитна линија, која е во постапка на обезбедување. Кредитната линија, е значајно што се обезбедува со каматна стапка од околу 1 %. Разговорите меѓу ЕБОР и ЕСМ се во тек и се очекува наскоро да бидат финализирани сите правни документи кои ќе бидат потпишани по донесување на закон за гаранција од страна на Собранието на РС Македонија, посочи министерот Бесими.

На средбата беше потенцирано дека ова е огромна криза, која го зафати целиот свет, особено Европа, на чие тло се води војна, а особено во период кога се уште не беше економијата закрепната од ковид-кризата и потребни се заеднички напори и инвестиции.

За РС Македонија особено е значајна реализацијата на прекуграничната гасна интерконекција со Грција за која веќе се обезбедени дел од средствата и грант од ВБИФ и потребна е поддршка за затворање на финансиската конструкција. Инвестицијата се процедува на 53 милиони евра, а обезбедени се 25 милиони евра од ЕИБ и 12 милиони грант од ВБИФ.

На состанокот беше потенцирана поддршката што ЕБОР ја дава во реализација на инфраструктурните проекти од Коридорот 8, како и изградбата на автопатот Скопје-Блаце.

Министерот Бесими истакна дека РС Македонија ја цени поддршка на ЕБОР за добивање на грантот од ВБИФ во вкупен износ од 230,35 милиони евра, од кои 152,45 милиони евра се наменети за кофинансирање на источниот дел на железничкиот Коридор VIII, односно последната делница Крива Паланка – граница со Бугарија. При тоа беше дискутирано во иднина Министерството за финансии и ЕБОР да иницираат активности за започнување на изградбата на западниот дел  од железничката пруга на Коридот 8, од Кичево до границата со Албанија.

Активното портфолио на ЕБОР во земјава во моментов изнесува над 900 милиони евра, од кои 83 % проценти од средствата се планирани во инфраструктурни проекти, 14 % во финансискиот сектор и 3 % во секторот индустрија, трговија и земјоделство.  ЕБОР е активна во земјава од 1993 година и досега има одобрено 154 проекти во вредност од 2,2 милијарди евра.

 

The post Средба Бесими – Рено-Басо: Енергетската криза го покажува значењето на инвестициите во зелената агенда appeared first on Република.

]]>

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) е најактивна меѓународна финансиска институција во земјава. Во изминатите 30 години РС Македонија има континуирана поддршка во реализација на своите приоритети, а таа поддршкa продолжува и понатаму. Потврда за успешната и долгорочна соработка беше искажана денеска на средба на министерот за финансии Фатмир Бесими со претседателката на ЕБОР Одил Рено-Басо, во рамките на Делфи форумот што се одржува во Грција. „Зелената агенда е во фокусот на работата на Владата. Тоа се покажува дека е значајно особено во услови на енергетска криза и обезбедување енергенси од сопствени извори. На тој пат во проширување на капацитетите за производство на електрична енергија е значајна поддршката од меѓународните финансиски институции, а особено од ЕБОР, истакна министерот Бесими. Потсетувајќи на мерките што ги презема Владата за справување со влијанието од ценовната и енергетската криза и потребата на евентуално дополнителна поддршка на стандардот на граѓаните и домашната економија, што директно зависи од развојот и времетраењето на настаните во Украина, министерот напомена дека за надминување на енергетската криза со помал притисок добредојдена е поддршката од меѓуанародни институции како во периодот на Ковид-19 пандемијата. „Пакетот мерки за поддршка на стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите е 400 милиони евра. Поддршката за да се влијае да нема висок раст на цената на електричаната, но и на топлинската енергија ,кон ЕСМ почна уште минатата година и таа изнесува 10,6 милијарди денари. За да се поддржи понатаму ликвидноста на компанијата, од страна на ЕБОР е понудена  кредитна линија, која е во постапка на обезбедување. Кредитната линија, е значајно што се обезбедува со каматна стапка од околу 1 %. Разговорите меѓу ЕБОР и ЕСМ се во тек и се очекува наскоро да бидат финализирани сите правни документи кои ќе бидат потпишани по донесување на закон за гаранција од страна на Собранието на РС Македонија, посочи министерот Бесими. На средбата беше потенцирано дека ова е огромна криза, која го зафати целиот свет, особено Европа, на чие тло се води војна, а особено во период кога се уште не беше економијата закрепната од ковид-кризата и потребни се заеднички напори и инвестиции. За РС Македонија особено е значајна реализацијата на прекуграничната гасна интерконекција со Грција за која веќе се обезбедени дел од средствата и грант од ВБИФ и потребна е поддршка за затворање на финансиската конструкција. Инвестицијата се процедува на 53 милиони евра, а обезбедени се 25 милиони евра од ЕИБ и 12 милиони грант од ВБИФ. На состанокот беше потенцирана поддршката што ЕБОР ја дава во реализација на инфраструктурните проекти од Коридорот 8, како и изградбата на автопатот Скопје-Блаце. Министерот Бесими истакна дека РС Македонија ја цени поддршка на ЕБОР за добивање на грантот од ВБИФ во вкупен износ од 230,35 милиони евра, од кои 152,45 милиони евра се наменети за кофинансирање на источниот дел на железничкиот Коридор VIII, односно последната делница Крива Паланка – граница со Бугарија. При тоа беше дискутирано во иднина Министерството за финансии и ЕБОР да иницираат активности за започнување на изградбата на западниот дел  од железничката пруга на Коридот 8, од Кичево до границата со Албанија. Активното портфолио на ЕБОР во земјава во моментов изнесува над 900 милиони евра, од кои 83 % проценти од средствата се планирани во инфраструктурни проекти, 14 % во финансискиот сектор и 3 % во секторот индустрија, трговија и земјоделство.  ЕБОР е активна во земјава од 1993 година и досега има одобрено 154 проекти во вредност од 2,2 милијарди евра.  

The post Средба Бесими – Рено-Басо: Енергетската криза го покажува значењето на инвестициите во зелената агенда appeared first on Република.

]]>
Османи: Интеграцијата на Западниот Балкан е геостратешка инвестиција во европската безбедност https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-integracijata-na-zapadniot-balkan-e-geostrateshka-investicija-vo-evropskata-bezbednost/ Sat, 09 Apr 2022 10:11:56 +0000 https://republika.mk/?p=485748

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на покана на Делфи економскиот форум, учествуваше на панелот “Европа после Украина“, заедно со своите колеги од Грција, Словачка и Косово – Никос Дендиас, Иван Корчок, и Доника Грвала Шварц.

На панелот се дискутираше за актуелните безбедносни предизвици со кои се соочува европскиот континент, за начинот на менаџирање на кризата, како и влијанието на истата врз севкупните процеси и состојби во европските земји и пошироко.

На почетокот на своето обраќање Османи ги пренесе своите импресии од неговата вчерашна посета на полско-украинската граница, каде со своите хомолози од тројката земји претседавачи со ОБСЕ, имаа заедничка средба со украинскиот шеф на дипломатија Кулеба и го посетија бегалскиот камп во Корчова.

Она што го видов вчера е длабоко вознемирувачко. Вчерашните слики се одраз на нешто што е длабоко неморално, спротивно на универзалните вредности на човештвото. Треба решително да се спротивставиме на ова што се случува и да го спречиме и намалиме човечкото страдање“ истакна Османи.

Ги пренесе позициите на Македонија за војната во Украина, најостро осудувајќи ја агресијата на Руската Федерација, како еклатантно кршење на меѓународното право и придружувајќи се на сите санкции на ЕУ против Русија.

Тој се осврна на одлагањето на формалниот почеток на преговори со ЕУ, нагласувајќи дека интеграцијата на Западниот Балкан е геостратешка инвестиција во европската безбедност.

Ова претставува извор на системска ранливост и потенцијална закана за безбедноста и стабилноста, чии ефекти се прелеваат на целиот регион, а кои злонамерни актери лесно и вешто го искористуваат“, нагласи Османи.

Малку е потребно за топката да се фрли во вистинската насока и да се постигне заедничка победа за сите актери кои се дел од процесот, Македонија, Бугарија, регионот на Западен Балкан и ЕУ во целина. Интеграцијата на Западниот Балкан е геостратешка инвестиција во европската безбедност" рече министерот Османи.

Имајќи ги во предвид геополитичките импликации на војната во Украина, Османи истакна дека ова се историски времиња кои бараат храбри и навремени одлуки и апелираше до ЕУ итно да ги започне преговорите со Македонија и Албанија, за време на француското претседателство.

The post Османи: Интеграцијата на Западниот Балкан е геостратешка инвестиција во европската безбедност appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на покана на Делфи економскиот форум, учествуваше на панелот “Европа после Украина“, заедно со своите колеги од Грција, Словачка и Косово – Никос Дендиас, Иван Корчок, и Доника Грвала Шварц. На панелот се дискутираше за актуелните безбедносни предизвици со кои се соочува европскиот континент, за начинот на менаџирање на кризата, како и влијанието на истата врз севкупните процеси и состојби во европските земји и пошироко. На почетокот на своето обраќање Османи ги пренесе своите импресии од неговата вчерашна посета на полско-украинската граница, каде со своите хомолози од тројката земји претседавачи со ОБСЕ, имаа заедничка средба со украинскиот шеф на дипломатија Кулеба и го посетија бегалскиот камп во Корчова.
Она што го видов вчера е длабоко вознемирувачко. Вчерашните слики се одраз на нешто што е длабоко неморално, спротивно на универзалните вредности на човештвото. Треба решително да се спротивставиме на ова што се случува и да го спречиме и намалиме човечкото страдање“ истакна Османи.
Ги пренесе позициите на Македонија за војната во Украина, најостро осудувајќи ја агресијата на Руската Федерација, како еклатантно кршење на меѓународното право и придружувајќи се на сите санкции на ЕУ против Русија.
Тој се осврна на одлагањето на формалниот почеток на преговори со ЕУ, нагласувајќи дека интеграцијата на Западниот Балкан е геостратешка инвестиција во европската безбедност.
Ова претставува извор на системска ранливост и потенцијална закана за безбедноста и стабилноста, чии ефекти се прелеваат на целиот регион, а кои злонамерни актери лесно и вешто го искористуваат“, нагласи Османи. Малку е потребно за топката да се фрли во вистинската насока и да се постигне заедничка победа за сите актери кои се дел од процесот, Македонија, Бугарија, регионот на Западен Балкан и ЕУ во целина. Интеграцијата на Западниот Балкан е геостратешка инвестиција во европската безбедност" рече министерот Османи.
Имајќи ги во предвид геополитичките импликации на војната во Украина, Османи истакна дека ова се историски времиња кои бараат храбри и навремени одлуки и апелираше до ЕУ итно да ги започне преговорите со Македонија и Албанија, за време на француското претседателство.

The post Османи: Интеграцијата на Западниот Балкан е геостратешка инвестиција во европската безбедност appeared first on Република.

]]>