делегација на еу Archives - Република https://republika.mk/tema/delegacija-na-eu/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Sep 2023 15:37:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png делегација на еу Archives - Република https://republika.mk/tema/delegacija-na-eu/ 32 32 Делегацијата на ЕУ: Европското знаменце да биде ограничено само на предлози за усогласување на домашното со европското законодавство https://republika.mk/vesti/makedonija/delegatsijata-na-eu-evropskoto-znamentse-da-bide-ogranicheno-samo-na-predlozi-za-usoglasuvane-na-domashnoto-so-evropskoto-zakonodavstvo/ Wed, 06 Sep 2023 15:43:09 +0000 https://republika.mk/?p=679397

Делегацијата на Европската Унија ги разгледува предлог измените на Кривичниот законик по скратена постапка и сè уште не може да коментира за употребата на знамето на ЕУ во овој конкретен случај.

Делегацијата на ЕУ ги разгледува предлозите објавени вчера на веб-страницата на Парламентот врз основа на стандардите и нормите на ЕУ. Сè уште не можеме да коментираме за употребата на знамето на ЕУ во овој конкретен случај, но потсетуваме на општото правило дека употребата на оваа постапка треба да биде ограничена на предлози кои го усогласуваат домашното законодавство со стандардите и нормите на ЕУ, велат за МИА од Делегацијата на ЕУ.

Комисијата за европски прашања денеска го проследи на натамошна постапка во Собранието предлогот на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик по скратена постапка.

Предложените измените на Кривичниот законик главно се однесуваат на измени на членови кои ги засегаат функционери, службени и одговорни лица во јавни претпријатија и установи, а се предлагаат и измени на кои се однесуваат на загрозување на животната средина.

Во измените на Кривичниот закон се брише ставот 5 од членот 353 кој предвидуваше затворска казна од најмалку 5 години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување при вршење на јавни набавки или на штета на средствата од Буџетот. Во измените на овој член новина има и со додавањето на став кој предвидува одземање на прибавената имотна корист.

Со измените во членот 353-в, кој се однесува на делото „несовесно работење во службата“, за кое досега беше предвидена казна од минимум три години затвор за службено или одговорно лице во јавно претпријатие или установа кое ќе прибави значителна имотна корист, казната е намалена на шест месеци до пет години.

Наместо максималните десет години затвор кои досега беа предвидени во членот 394 казните за „злосторничко здружување“, односно за тој што ќе создаде група или банда, со измените се предвидува максимална казна затвор до три години. Намалување има и за членовите на групата или бандата кои ќе извршат кривично дело, максималната казна затвор од 5 години се намалува на максимални 2 години. Токму со делото „злосторничко здружување“ беа опфатени и голем број на обвинетите во предметите од СЈО.

The post Делегацијата на ЕУ: Европското знаменце да биде ограничено само на предлози за усогласување на домашното со европското законодавство appeared first on Република.

]]>

Делегацијата на Европската Унија ги разгледува предлог измените на Кривичниот законик по скратена постапка и сè уште не може да коментира за употребата на знамето на ЕУ во овој конкретен случај.
Делегацијата на ЕУ ги разгледува предлозите објавени вчера на веб-страницата на Парламентот врз основа на стандардите и нормите на ЕУ. Сè уште не можеме да коментираме за употребата на знамето на ЕУ во овој конкретен случај, но потсетуваме на општото правило дека употребата на оваа постапка треба да биде ограничена на предлози кои го усогласуваат домашното законодавство со стандардите и нормите на ЕУ, велат за МИА од Делегацијата на ЕУ.
Комисијата за европски прашања денеска го проследи на натамошна постапка во Собранието предлогот на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик по скратена постапка. Предложените измените на Кривичниот законик главно се однесуваат на измени на членови кои ги засегаат функционери, службени и одговорни лица во јавни претпријатија и установи, а се предлагаат и измени на кои се однесуваат на загрозување на животната средина. Во измените на Кривичниот закон се брише ставот 5 од членот 353 кој предвидуваше затворска казна од најмалку 5 години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување при вршење на јавни набавки или на штета на средствата од Буџетот. Во измените на овој член новина има и со додавањето на став кој предвидува одземање на прибавената имотна корист. Со измените во членот 353-в, кој се однесува на делото „несовесно работење во службата“, за кое досега беше предвидена казна од минимум три години затвор за службено или одговорно лице во јавно претпријатие или установа кое ќе прибави значителна имотна корист, казната е намалена на шест месеци до пет години. Наместо максималните десет години затвор кои досега беа предвидени во членот 394 казните за „злосторничко здружување“, односно за тој што ќе создаде група или банда, со измените се предвидува максимална казна затвор до три години. Намалување има и за членовите на групата или бандата кои ќе извршат кривично дело, максималната казна затвор од 5 години се намалува на максимални 2 години. Токму со делото „злосторничко здружување“ беа опфатени и голем број на обвинетите во предметите од СЈО.

The post Делегацијата на ЕУ: Европското знаменце да биде ограничено само на предлози за усогласување на домашното со европското законодавство appeared first on Република.

]]>
Законите за коридорите 8 и 10д не се за со „европско знаменце“: Делегацијата на ЕУ изрази загриженост поради одлуката на Груби https://republika.mk/vesti/makedonija/zakonite-za-koridorite-8-i-10d-ne-se-za-so-evropsko-znamentse-delegatsijata-na-eu-izrazi-zagrizhenost-poradi-odlukata-na-grubi/ Fri, 05 May 2023 16:07:44 +0000 https://republika.mk/?p=637404

За Делегацијата на Европската Унија во земјава, означувањето на законите поврзани со коридорите 8 и 10д со европско знаменце не е во согласност со стандардите на Унијата. Оттаму во изјава за МИА велат дека ќе побараат дополнителни појаснувања од власта откако вицепремиерот Артан Груби на прес-конференција кажа дека се донесени пет нови закони за коридорите кои ќе бидат доставени до Собранието со европско знаменце.

Означувањето на закони со знаменце на ЕУ е насочено да помогне за забрзување на интеграцијата на Македонија во ЕУ и затоа треба да има за цел усогласување на законодавството со законодавството и стандардите на ЕУ. Во конкретниот случај, се чини дека нацрт-законот не се однесува на усогласување со таквите стандарди. Ја изразивме нашата загриженост до националните власти и бараме дополнителни појаснувања, велат од Делегацијата на ЕК на прашање на МИА да дадат став за најавата дека законите за Коридорите 8 и 10д ќе бидат доставени во Собранието со европско знаме.

Од Канцеларијата на Делегацијата на ЕУ во Скопје потсетуваат дека употребата на брзи процедури треба да се ограничи и да се применува само кога е оправдано да се унапреди реформската агенда на ЕУ.

Како што рековме во последователните извештаи на Комисијата за Македонија, употребата на брзи процедури треба да се ограничи и да се применува само кога е оправдано да се унапреди реформската агенда на ЕУ. Не треба да се користи за скратување на јавните консултации или за решавање на процедуралните тешкотии во законодавниот дом, велат од Делегацијата на ЕК за МИА.

Претходно, Артан Груби, на прес-конференција соопшти дека Владата на седница донела нови пет предог-закони за коридорите 8 и 10д кои ќе бидат доставени до Собранието со европско знаме.

Тој посочи дека целта на новите законски решенија е побрза и поевтина изградба на коридорите.

https://republika.mk/vesti/makedonija/zakonite-za-behtel-i-enka-odat-so-evropsko-znamentse/

The post Законите за коридорите 8 и 10д не се за со „европско знаменце“: Делегацијата на ЕУ изрази загриженост поради одлуката на Груби appeared first on Република.

]]>

За Делегацијата на Европската Унија во земјава, означувањето на законите поврзани со коридорите 8 и 10д со европско знаменце не е во согласност со стандардите на Унијата. Оттаму во изјава за МИА велат дека ќе побараат дополнителни појаснувања од власта откако вицепремиерот Артан Груби на прес-конференција кажа дека се донесени пет нови закони за коридорите кои ќе бидат доставени до Собранието со европско знаменце.
Означувањето на закони со знаменце на ЕУ е насочено да помогне за забрзување на интеграцијата на Македонија во ЕУ и затоа треба да има за цел усогласување на законодавството со законодавството и стандардите на ЕУ. Во конкретниот случај, се чини дека нацрт-законот не се однесува на усогласување со таквите стандарди. Ја изразивме нашата загриженост до националните власти и бараме дополнителни појаснувања, велат од Делегацијата на ЕК на прашање на МИА да дадат став за најавата дека законите за Коридорите 8 и 10д ќе бидат доставени во Собранието со европско знаме.
Од Канцеларијата на Делегацијата на ЕУ во Скопје потсетуваат дека употребата на брзи процедури треба да се ограничи и да се применува само кога е оправдано да се унапреди реформската агенда на ЕУ.
Како што рековме во последователните извештаи на Комисијата за Македонија, употребата на брзи процедури треба да се ограничи и да се применува само кога е оправдано да се унапреди реформската агенда на ЕУ. Не треба да се користи за скратување на јавните консултации или за решавање на процедуралните тешкотии во законодавниот дом, велат од Делегацијата на ЕК за МИА.
Претходно, Артан Груби, на прес-конференција соопшти дека Владата на седница донела нови пет предог-закони за коридорите 8 и 10д кои ќе бидат доставени до Собранието со европско знаме. Тој посочи дека целта на новите законски решенија е побрза и поевтина изградба на коридорите. https://republika.mk/vesti/makedonija/zakonite-za-behtel-i-enka-odat-so-evropsko-znamentse/

The post Законите за коридорите 8 и 10д не се за со „европско знаменце“: Делегацијата на ЕУ изрази загриженост поради одлуката на Груби appeared first on Република.

]]>