Дејвид Скагс Archives - Република https://republika.mk/tema/dejvid-skags/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Nov 2024 19:58:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дејвид Скагс Archives - Република https://republika.mk/tema/dejvid-skags/ 32 32 Американските конгресмени Флорс и Скагс: Во интерес на САД е Македонија да биде целосно интегрирана во европскиот систем, САД ќе останат партнер на државата https://republika.mk/vesti/makedonija/amerikanskite-kongresmeni-flors-i-skags-vo-interes-na-sad-e-makedonija-da-bide-tselosno-integrirana-vo-evropskiot-sistem-sad-ke-ostanat-partner-na-drzhavata/ Fri, 15 Nov 2024 19:58:13 +0000 https://republika.mk/?p=838304

Мислам дека САД ќе останат многу посветени и заинтересирани за членството на Македонија во ЕУ. Ако јас бев Македонец ќе се чувствував комотно дека САД ќе останат партнер на државата и нејзините граѓани. Мислам дека ќе видиме поголемо нагласување на обидите да се реши предизвикот со кој се соочуваме на Блискиот исток, предизвиците во Украина и мислам дека ќе ги видиме САД посилни, одговори поранешниот конгресмен Бил Флорс од Републиканската партија на САД на прашањето дали по завршување на претседателските избори очекува да се промени надворешната политика на САД и дали ќе се зголеми интересот за Западен Балкан.

Како што изјави поранешниот конгресмен Бил Флорс во Тема на денот на дневникот на Сител телевизија, пристапувањето во ЕУ е важно не само затоа што тоа ќе ја направи ЕУ посилна, туку исто така е важно и за економијата на Македонија.

Повторно ќе кажам дека Макеоднија ќе има добар партнер. Бев тука во 2018 година, како дел од Преспа процесот и кога државата организираше референдум за промена на името и многу луѓе мислеа дека тоа ќе биде последен чекор, но ЕУ кажа дека има уште еден чекор за пристапување. САД ја поддржуваат Македонија во тој процес, нагласи Флорс.

Дејвид Скагс, поранешен конгресмен од Демократската партија, истакна дека негово лично мислење е дека смета оти во интерес на САД е Македонија да биде целосно интегрирана во европскиот систем, и одбранбено и економски.

За нас тоа има смисла, но мора да бидеме внимателни каква може да биде нашата соодветна улога, да не им кажуваме на други држави што да прават, рече тој.

Двајцата американски конгресмени сметаат дека согласно она што виделе денеска се уверени во способноста на Собранието на Република Македонија да оди напред.

Врз основа на тоа што го видовме деновиве знаеме дека Собранието има усвоено Етички кодекс, но тој се уште не е целосно имплементиран. Според разговорите што ги имавме денеска, имаме впечаток дека сите и вработнеите и пратениците, би сакале да имплементираат систем во кој ќе се вметнат најдобрите практики и ние се надеваме дека овој ентузијазам што го видовме ова утро ќе продолжи, рече меѓу другото Бил Флорс.

Според Дејвид Скагс, она што го виделе во изминатите пет дена, партиската дисциплина во државава и во многу други парламентарни држави, како што рече, е многу повеќе строга отколку што е во Конгресот.

The post Американските конгресмени Флорс и Скагс: Во интерес на САД е Македонија да биде целосно интегрирана во европскиот систем, САД ќе останат партнер на државата appeared first on Република.

]]>