Дејвид Мекалистер Archives - Република https://republika.mk/tema/dejvid-mekalister/ За подобро да се разбереме Wed, 07 Feb 2024 11:38:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дејвид Мекалистер Archives - Република https://republika.mk/tema/dejvid-mekalister/ 32 32 Мекалистер: ЕУ правеше грешки и не ги исполни своите ветувања во процесот на проширување, како што е случајот со Македонија https://republika.mk/vesti/svet/mekalister-eu-praveshe-greshki-i-ne-gi-ispolni-svoite-vetuvana-vo-protsesot-na-proshiruvane-kako-shto-e-sluchajot-so-makedonija/ Wed, 07 Feb 2024 11:38:07 +0000 https://republika.mk/?p=741424

Претседателот на Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер денеска изјави дека Европската Унија правела грешки во процесот на проширување на Западен Балкан и не исполнила некои свои ветувања.

На прашањето зошто пристапниот процес со шесте држави од Западен Балкан напредува толку бавно, Мекалистер вели дека за тоа удел имаат и двете страни.

Земјите од Западен Балкан направија премал напредок во реформите од многу различни причини. Од друга страна, ЕУ даде ветувања кои потоа не беа одржани. Погледнете го примерот со Македонија, кандидат за членство од 2005 година. Земјата го смени своето име во 2019 година под грчки притисок, но пристапните преговори не се отворени до денес - спротивно на она што беше ветено. Како Европска Унија, повеќе не можеме да дозволиме такви сиви зони во нашата политика за проширување - потенцира Мекалистер.

Во однос на тоа колку долго треба да чекаат земјите од Западен Балкан за членство во ЕУ, Мекалистер со став дека процесот на пристапување е регата, а не конвој.

Секоја земја мора да напредува кон членство во ЕУ со свое темпо и да се оценува поединечно. Не смее да има компромиси кога станува збор за критериумите за пристапување. Наместо тоа, наша задача е постепено да им олесниме на земјите од Западен Балкан да се поврзат со Европа - на пример преку постепен пристап до внатрешниот пазар и програмите за финансирање од ЕУ, посочува европскиот политичар.

Во интервјуто за Велт тој истакна и дека ЕУ во моментов не е подготвена за сите девет кандидати, но потенцира дека сега тоа не е тоа поентата.

Сите држави со амбиции за членство имаат перспектива за членство во ЕУ на среден и долг рок. Ниту една од земјите нема да ги исполни сите барани критериуми за пристапување во блиска иднина. ЕУ треба да ги искористи следните неколку години за сеопфатно да се подготви за можните рунди на проширување. Мораме да ја направиме нашата европска куќа погодна за иднината. Ова вклучува реформа на процесите на донесување одлуки за да може побрзо и пофлексибилно да реагираме како заедница. Буџетот на ЕУ исто така треба да се модернизира, инаку проширувањето не би можело да се финансира - вели тој.

The post Мекалистер: ЕУ правеше грешки и не ги исполни своите ветувања во процесот на проширување, како што е случајот со Македонија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер денеска изјави дека Европската Унија правела грешки во процесот на проширување на Западен Балкан и не исполнила некои свои ветувања. На прашањето зошто пристапниот процес со шесте држави од Западен Балкан напредува толку бавно, Мекалистер вели дека за тоа удел имаат и двете страни.
Земјите од Западен Балкан направија премал напредок во реформите од многу различни причини. Од друга страна, ЕУ даде ветувања кои потоа не беа одржани. Погледнете го примерот со Македонија, кандидат за членство од 2005 година. Земјата го смени своето име во 2019 година под грчки притисок, но пристапните преговори не се отворени до денес - спротивно на она што беше ветено. Како Европска Унија, повеќе не можеме да дозволиме такви сиви зони во нашата политика за проширување - потенцира Мекалистер.
Во однос на тоа колку долго треба да чекаат земјите од Западен Балкан за членство во ЕУ, Мекалистер со став дека процесот на пристапување е регата, а не конвој. Секоја земја мора да напредува кон членство во ЕУ со свое темпо и да се оценува поединечно. Не смее да има компромиси кога станува збор за критериумите за пристапување. Наместо тоа, наша задача е постепено да им олесниме на земјите од Западен Балкан да се поврзат со Европа - на пример преку постепен пристап до внатрешниот пазар и програмите за финансирање од ЕУ, посочува европскиот политичар. Во интервјуто за Велт тој истакна и дека ЕУ во моментов не е подготвена за сите девет кандидати, но потенцира дека сега тоа не е тоа поентата.
Сите држави со амбиции за членство имаат перспектива за членство во ЕУ на среден и долг рок. Ниту една од земјите нема да ги исполни сите барани критериуми за пристапување во блиска иднина. ЕУ треба да ги искористи следните неколку години за сеопфатно да се подготви за можните рунди на проширување. Мораме да ја направиме нашата европска куќа погодна за иднината. Ова вклучува реформа на процесите на донесување одлуки за да може побрзо и пофлексибилно да реагираме како заедница. Буџетот на ЕУ исто така треба да се модернизира, инаку проширувањето не би можело да се финансира - вели тој.

The post Мекалистер: ЕУ правеше грешки и не ги исполни своите ветувања во процесот на проширување, како што е случајот со Македонија appeared first on Република.

]]>
Мицкоски во Брисел се сретна со потпретседателот на ЕПП Дејвид Мекалистер https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-vo-brisel-se-sretna-so-potpretsedatelot-na-epp-dejvid-mekalister/ Tue, 27 Jun 2023 15:31:35 +0000 https://republika.mk/?p=655735

Во Брисел имав средба со Дејвид Мекалистер, потпретседател на ЕПП и претседател на комисијата за надворешна политика на европскиот парламент (АФЕТ), објави на социјалната мрежа на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Пријателски разговор за плановите за развој, иднината на Македонија и потребата за заштита на националното достоинство и идентитет.

Поразително е што прва задача на власта не е лобирањето за Македонија, туку кодешење на опозицијата. Моја прва задача е иднината и стабилноста на народот на Македонија, пишува Мицкоски во својата објава.

 

The post Мицкоски во Брисел се сретна со потпретседателот на ЕПП Дејвид Мекалистер appeared first on Република.

]]>

Во Брисел имав средба со Дејвид Мекалистер, потпретседател на ЕПП и претседател на комисијата за надворешна политика на европскиот парламент (АФЕТ), објави на социјалната мрежа на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Пријателски разговор за плановите за развој, иднината на Македонија и потребата за заштита на националното достоинство и идентитет. Поразително е што прва задача на власта не е лобирањето за Македонија, туку кодешење на опозицијата. Моја прва задача е иднината и стабилноста на народот на Македонија, пишува Мицкоски во својата објава.
 

The post Мицкоски во Брисел се сретна со потпретседателот на ЕПП Дејвид Мекалистер appeared first on Република.

]]>
Пратеничката група на ВМРО-ДМНЕ испрати писмо до Европскиот парламент за злоупотребата на европското знаменце од страна на власта https://republika.mk/vesti/makedonija/pratenichkata-grupa-na-vmro-dmne-isprati-pismo-do-evropskiot-parlament-za-zloupotrebata-na-evropskoto-znamentse-od-strana-na-vlasta/ Wed, 10 May 2023 14:01:36 +0000 https://republika.mk/?p=639367

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска испрати писмо до Европскиот парламент во кое се укажува на злоупотребата на власта на европското знаменце во врска со законите поврзани со Договорот со „Бектел и Енка“ за изградба на коридорите.

Писмото конктретно е успратено до Дејвид Мекалистер, претседател на комитетот за надворешни работи.Во него се наведува дека договорот не е даден на увид на јавноста и на пратениците и дека е потпишан во една нетранспарентна постапка.

Ова писмо следува откако Собранието ја усови потребата да се донесат вакви измени по скратена постапка.

The post Пратеничката група на ВМРО-ДМНЕ испрати писмо до Европскиот парламент за злоупотребата на европското знаменце од страна на власта appeared first on Република.

]]>

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска испрати писмо до Европскиот парламент во кое се укажува на злоупотребата на власта на европското знаменце во врска со законите поврзани со Договорот со „Бектел и Енка“ за изградба на коридорите. Писмото конктретно е успратено до Дејвид Мекалистер, претседател на комитетот за надворешни работи.Во него се наведува дека договорот не е даден на увид на јавноста и на пратениците и дека е потпишан во една нетранспарентна постапка. Ова писмо следува откако Собранието ја усови потребата да се донесат вакви измени по скратена постапка.

The post Пратеничката група на ВМРО-ДМНЕ испрати писмо до Европскиот парламент за злоупотребата на европското знаменце од страна на власта appeared first on Република.

]]>