Дејвид Керик Archives - Република https://republika.mk/tema/dejvid-kerik/ За подобро да се разбереме Tue, 07 Feb 2023 21:49:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дејвид Керик Archives - Република https://republika.mk/tema/dejvid-kerik/ 32 32 Силувал и малтретирал десетици жени во тек на 17 години, се обидел да се самоубие во затвор: Британски полицаец доби доживотен затвор https://republika.mk/vesti/svet/siluval-i-maltretiral-desetitsi-zheni-vo-tek-na-17-godini-se-obidel-da-se-samoubie-vo-zatvor-britanski-politsaets-dobi-dozhivoten-zatvor/ Tue, 07 Feb 2023 21:35:22 +0000 https://republika.mk/?p=606223

Поранешен полицаец во Велика Британија е осуден на доживотен затвор за силување и сексуален напад врз десетици жени во период од 17 години. Дејвид Керик (48), лондонски полицаец од 2001 година, минатиот месец призна дека сериски ги силувал жените.

Керик се изјасни за виновен за 49 кривични дела, вклучително и 24 точки од обвинението за силување и обид за силување во периодот од 2003 до 2020 година.

Судијата Боби Цима-Груб на рочиштето изјави дека поранешниот полицаец „монструозно искористувал жени“ притоа претставувајќи се како пристојна и доверлива личност. Судијата изјави дека Керик се обидел да си го одземе животот додека бил притворен во затвор со висока безбедност во Лондон.

Полицијата им се извини на жртвите откако се дозна дека меѓу 2000 и 2021 година, против Керик биле поднесени девет наводи за силување и други злосторства.

Тој беше суспендиран од полициските сили дури откако беше уапсен под обвинение за силување во 2021 година.

Властите извршија силен притисок врз полицијата да ја реформира својата култура и стандарди по серијата обвинувања за мизогинија и расизам во нејзините редови.

The post Силувал и малтретирал десетици жени во тек на 17 години, се обидел да се самоубие во затвор: Британски полицаец доби доживотен затвор appeared first on Република.

]]>

Поранешен полицаец во Велика Британија е осуден на доживотен затвор за силување и сексуален напад врз десетици жени во период од 17 години. Дејвид Керик (48), лондонски полицаец од 2001 година, минатиот месец призна дека сериски ги силувал жените. Керик се изјасни за виновен за 49 кривични дела, вклучително и 24 точки од обвинението за силување и обид за силување во периодот од 2003 до 2020 година. Судијата Боби Цима-Груб на рочиштето изјави дека поранешниот полицаец „монструозно искористувал жени“ притоа претставувајќи се како пристојна и доверлива личност. Судијата изјави дека Керик се обидел да си го одземе животот додека бил притворен во затвор со висока безбедност во Лондон. Полицијата им се извини на жртвите откако се дозна дека меѓу 2000 и 2021 година, против Керик биле поднесени девет наводи за силување и други злосторства. Тој беше суспендиран од полициските сили дури откако беше уапсен под обвинение за силување во 2021 година. Властите извршија силен притисок врз полицијата да ја реформира својата култура и стандарди по серијата обвинувања за мизогинија и расизам во нејзините редови.

The post Силувал и малтретирал десетици жени во тек на 17 години, се обидел да се самоубие во затвор: Британски полицаец доби доживотен затвор appeared first on Република.

]]>