Дејвид Катлер Archives - Република https://republika.mk/tema/dejvid-katler/ За подобро да се разбереме Tue, 22 Nov 2022 19:13:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дејвид Катлер Archives - Република https://republika.mk/tema/dejvid-katler/ 32 32 Ковачевски – Катлер: Навремената размена на информации и соработката меѓу членките на НАТО важна за безбедноста на земјава и регионот https://republika.mk/vesti/kovachevski-katler-navremenata-razmena-na-informacii-i-sorabotkata-megju-chlenkite-na-nato-vazna-za-bezbednosta-na-zemjava-i-regionot/ Tue, 22 Nov 2022 19:13:23 +0000 https://republika.mk/?p=577073

Воената агресија на Русија врз Украина и понатамошното влијание на овие случувања врз глобалната енергетска состојба и врз прехранбената индустрија беше тема на денешната средба на премиерот Димитар Ковачевски и помошникот генерален секретар на НАТО за разузнавање и безбедност, Дејвид Катлер.

Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Ковачевски на средбата ја истакнал цврстата поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина во нејзините меѓународно признати граници и посочил дека Македонија ќе ја продолжи политичката и практичната поддршка со цел да и се помогне на Украина да се одбрани и да ги оствари своите суверени права.
Оваа позиција, како што е соопштено, е поздравена од помошникот генерален секретар на НАТО за разузнавање и безбедност Катлер, како исклучително важна за Алијансата.

-Премиерот Ковачевски и помошникот генерален секретар Катлер на состанокот разговараа за безбедносната, политичката, економската и енергетската состојба во државата во контекст на војната во Украина, а на состанокот беше посочено дека соработката меѓу земјите членки на НАТО е од исклучителна важност за безбедноста, како на Алијансата, така и на регионот и на Македонија како НАТО-членка. Ковачевски и Катлер на средбата разговараа за справувањето со хибридните закани, што е еден од главните приоритети на НАТО, посочувајќи дека Алијансата мора ефикасно да се бори против ваквите закани, информира прес-службата на Владата.

Ковачевски и Катлер на средбата изразиле заемна благодарност за соработката на Македонија со НАТО особено во делот на добивање навремени информации и соработката со македонските безбедносни служби.

The post Ковачевски – Катлер: Навремената размена на информации и соработката меѓу членките на НАТО важна за безбедноста на земјава и регионот appeared first on Република.

]]>

Воената агресија на Русија врз Украина и понатамошното влијание на овие случувања врз глобалната енергетска состојба и врз прехранбената индустрија беше тема на денешната средба на премиерот Димитар Ковачевски и помошникот генерален секретар на НАТО за разузнавање и безбедност, Дејвид Катлер. Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Ковачевски на средбата ја истакнал цврстата поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина во нејзините меѓународно признати граници и посочил дека Македонија ќе ја продолжи политичката и практичната поддршка со цел да и се помогне на Украина да се одбрани и да ги оствари своите суверени права. Оваа позиција, како што е соопштено, е поздравена од помошникот генерален секретар на НАТО за разузнавање и безбедност Катлер, како исклучително важна за Алијансата.