Дејан Трајкоски Archives - Република https://republika.mk/tema/dejan-trajkoski/ За подобро да се разбереме Mon, 01 Jan 2024 15:09:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дејан Трајкоски Archives - Република https://republika.mk/tema/dejan-trajkoski/ 32 32 „Тажен и прекрасен свет: филм 2005-2015″ – нова книга на Дејан Трајкоски https://republika.mk/vesti/kultura/tazhen-i-prekrasen-svet-film-2005-2015-nova-kniga-na-dejan-trajkoski/ Mon, 01 Jan 2024 15:09:31 +0000 https://republika.mk/?p=728696

„Тажен и прекрасен свет: филм 2005-2015" е насловот на новата книга на авторот Дејан Трајкоски. Во книгата се поместени интервјуа и рецензии создадени во периодот од 2005 до 2015  година.

Повеќето од авторите во 26-те интервјуа се наградени со „Оскар“, „Златен лав“, „Златна мечка“... Интервјуата се работени во живо, на фестивали и манифестации во земјава и во странство. Меѓу застапените режисери се и легендарните Јиржи Менцел, Никита Михалков, Кшиштов Зануси...

Книгата содржи и 74 рецензии за повеќе македонски и странски филмови од почетокот на овој век, но и за неколку легендарни филмови од минатиот век. Текстовите се објавувани во дневниот весник „Вечер“ и во кинотечното списание за филм „Кинопис“.

Дизајнот на корицата е на Стоиле Давчевски.

The post „Тажен и прекрасен свет: филм 2005-2015″ – нова книга на Дејан Трајкоски appeared first on Република.

]]>

„Тажен и прекрасен свет: филм 2005-2015" е насловот на новата книга на авторот Дејан Трајкоски. Во книгата се поместени интервјуа и рецензии создадени во периодот од 2005 до 2015  година. Повеќето од авторите во 26-те интервјуа се наградени со „Оскар“, „Златен лав“, „Златна мечка“... Интервјуата се работени во живо, на фестивали и манифестации во земјава и во странство. Меѓу застапените режисери се и легендарните Јиржи Менцел, Никита Михалков, Кшиштов Зануси... Книгата содржи и 74 рецензии за повеќе македонски и странски филмови од почетокот на овој век, но и за неколку легендарни филмови од минатиот век. Текстовите се објавувани во дневниот весник „Вечер“ и во кинотечното списание за филм „Кинопис“. Дизајнот на корицата е на Стоиле Давчевски.

The post „Тажен и прекрасен свет: филм 2005-2015″ – нова книга на Дејан Трајкоски appeared first on Република.

]]>
Промоција на „Филмски песни“ од Дејан Трајкоски https://republika.mk/vesti/kultura/promocija-na-filmski-pesni-od-dejan-trajkoski/ Tue, 22 Nov 2022 08:10:15 +0000 https://republika.mk/?p=576779

Промоцијата на поетската книга „Филмски песни“ од Дејан Трајкоски ќе се одржи денеска 22 ноември со почеток во 20 часот во МКЦ Фоаје.

ЗА КНИГАТА ЌЕ РАЗГОВAРAАТ:
ГОЦЕ СМИЛЕВСКИ И ДЕЈАН ТРАЈКОСКИ

ПЕСНИ ОД КНИГАТА ЌЕ ИЗВЕДАТ:
ПИЈАН СЛАВЕЈ И ГОЦЕ ЈОВАНОСКИ

За книгата во издание на Бата прес, писателот Гоце Смилевски ќе напише:
...Во поезијата на Трајкоски сведоци сме за едно суптилно чувство за детаљот, и имаме впечаток сличен на оној како кога камерата, во остварувањата на одредени синеасти се приближува до одреден објект не само за да ни го направи она што го снима повидливо и повпечатливо, туку и создавајќи едно скоро хипнотичко дејство, или поскоро - трансцендентално чувство на понирање на набљудувачот не само во визуелната димензија, туку и во суштината на она што се набљудува: како да нѐ води некаде отаде видливото.

...Поезија на метафизичко проникнување на човековата егзистенција, низ дијалог со филмовите, или делови од нив.

...Читајќи ја оваа поетска збирка на Трајкоски, соочени сме со поезија богата со специфична визуелна имагинација, и честопати имаме впечаток дека стиховите полни со интимни рефлексии, како и оние со контемплации, се менуваат со стихови со таков визуелен набој, како да се снимени, кадрирани, монтирани, зумирани...

...Впечатливата симбиоза на поетското, визуелното и контемплативното.

The post Промоција на „Филмски песни“ од Дејан Трајкоски appeared first on Република.

]]>

Промоцијата на поетската книга „Филмски песни“ од Дејан Трајкоски ќе се одржи денеска 22 ноември со почеток во 20 часот во МКЦ Фоаје.

ЗА КНИГАТА ЌЕ РАЗГОВAРAАТ: ГОЦЕ СМИЛЕВСКИ И ДЕЈАН ТРАЈКОСКИ

ПЕСНИ ОД КНИГАТА ЌЕ ИЗВЕДАТ: ПИЈАН СЛАВЕЈ И ГОЦЕ ЈОВАНОСКИ

За книгата во издание на Бата прес, писателот Гоце Смилевски ќе напише: ...Во поезијата на Трајкоски сведоци сме за едно суптилно чувство за детаљот, и имаме впечаток сличен на оној како кога камерата, во остварувањата на одредени синеасти се приближува до одреден објект не само за да ни го направи она што го снима повидливо и повпечатливо, туку и создавајќи едно скоро хипнотичко дејство, или поскоро - трансцендентално чувство на понирање на набљудувачот не само во визуелната димензија, туку и во суштината на она што се набљудува: како да нѐ води некаде отаде видливото.

...Поезија на метафизичко проникнување на човековата егзистенција, низ дијалог со филмовите, или делови од нив.

...Читајќи ја оваа поетска збирка на Трајкоски, соочени сме со поезија богата со специфична визуелна имагинација, и честопати имаме впечаток дека стиховите полни со интимни рефлексии, како и оние со контемплации, се менуваат со стихови со таков визуелен набој, како да се снимени, кадрирани, монтирани, зумирани...

...Впечатливата симбиоза на поетското, визуелното и контемплативното.

The post Промоција на „Филмски песни“ од Дејан Трајкоски appeared first on Република.

]]>
Промоција на „Филмски песни“ од Дејан Трајкоски во МКЦ https://republika.mk/vesti/kultura/promocija-na-filmski-pesni-od-dejan-trajkoski-vo-mkc/ Mon, 21 Nov 2022 07:56:59 +0000 https://republika.mk/?p=576305

Во вторник, 22 ноември, во фоајето на Младински културен центар (МКЦ) во 20 часот ќе се одржи промоцијата на поетската книга „Филмски песни“ од Дејан Трајкоски, во издание на „Бата прес“.

За книгата ќе разговараат Гоце Смислевски и Дејан Трајкоски, а песни од книгата ќе изведат Пијан Славеј и Гоце Јованоски.

За книгата во издание на Бата прес, писателот Гоце Смилевски ќе напише:

Во поезијата на Трајкоски сведоци сме за едно суптилно чувство за детаљот, и имаме впечаток сличен на оној како кога камерата, во остварувањата на одредени синеасти се приближува до одреден објект не само за да ни го направи она што го снима повидливо и повпечатливо, туку и создавајќи едно скоро хипнотичко дејство, или поскоро - трансцендентално чувство на понирање на набљудувачот не само во визуелната димензија, туку и во суштината на она што се набљудува: како да нѐ води некаде отаде видливото.

Поезија на метафизичко проникнување на човековата егзистенција, низ дијалог со филмовите, или делови од нив.

Читајќи ја оваа поетска збирка на Трајкоски, соочени сме со поезија богата со специфична визуелна имагинација, и честопати имаме впечаток дека стиховите полни со интимни рефлексии, како и оние со контемплации, се менуваат со стихови со таков визуелен набој, како да се снимени, кадрирани, монтирани, зумирани...

The post Промоција на „Филмски песни“ од Дејан Трајкоски во МКЦ appeared first on Република.

]]>

Во вторник, 22 ноември, во фоајето на Младински културен центар (МКЦ) во 20 часот ќе се одржи промоцијата на поетската книга „Филмски песни“ од Дејан Трајкоски, во издание на „Бата прес“. За книгата ќе разговараат Гоце Смислевски и Дејан Трајкоски, а песни од книгата ќе изведат Пијан Славеј и Гоце Јованоски. За книгата во издание на Бата прес, писателот Гоце Смилевски ќе напише:
Во поезијата на Трајкоски сведоци сме за едно суптилно чувство за детаљот, и имаме впечаток сличен на оној како кога камерата, во остварувањата на одредени синеасти се приближува до одреден објект не само за да ни го направи она што го снима повидливо и повпечатливо, туку и создавајќи едно скоро хипнотичко дејство, или поскоро - трансцендентално чувство на понирање на набљудувачот не само во визуелната димензија, туку и во суштината на она што се набљудува: како да нѐ води некаде отаде видливото. Поезија на метафизичко проникнување на човековата егзистенција, низ дијалог со филмовите, или делови од нив.
Читајќи ја оваа поетска збирка на Трајкоски, соочени сме со поезија богата со специфична визуелна имагинација, и честопати имаме впечаток дека стиховите полни со интимни рефлексии, како и оние со контемплации, се менуваат со стихови со таков визуелен набој, како да се снимени, кадрирани, монтирани, зумирани...

The post Промоција на „Филмски песни“ од Дејан Трајкоски во МКЦ appeared first on Република.

]]>
Јерговиќ и Блатник ни беа гости неколку пати, луѓето се враќаат само каде што им е топло https://republika.mk/vesti/kultura/jergovikj-i-blatnik-ni-bea-gosti-nekolku-pati-lugjeto-se-vrakjaat-samo-kade-shto-im-e-toplo/ Fri, 16 Sep 2022 08:47:17 +0000 https://republika.mk/?p=551263

Од 18 до 21 септември во Скопје ќе се одржи јубилејното, 10. издание на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“, единствен од ваков формат во регионот на кој доаѓаат врвни но и писател(к)и во подем, како и многу познати издавачи од странство.

Дејан Трајкоски е идеен творец и директор на „Про-за Балкан“, член на Друштвото на писателите на Македонија и на Интернационалната федерација на филмски критичари Фипресци. Тој е дипломиран професор по филозофија и поранешен новинар во дневниот весник „Вечер“, а на културната јавност ѝ е познат како писател и автор на романите „Вистина, љубов (Рашомонијада)“ и „Неверство“ за кој ја доби наградата Македонска книжевна авангарда.

Запрашан како е да се организира литературен Фестивал каде што гостите се актуелни и пред сè атрактивни, а воедно да биде задржано и високото ниво на професионалност, Трајкоски во интервју за „Република“ вели дека е многу е тешко, и во исто време, многу е лесно.

Некаде на средина, веројатно, лежи одговорот, вели Трајкоски.

Годинашна добитничка на наградата „Прозарт“ за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот е македонската писателка Оливера Николова, мајката на сите писателки. Гости на годинашното издание на „ПРО-За Балкан“ се писателите Дамир Каракаш, Броња Жакељ, Владислав Бајац, Елена Алексиева и Томислав Османли. Во рамки на фестивалот ќе се одржи и разговор со хрватскиот режисер и сценарист, Рајко Грлиќ. Нивното творештво ќе биде промовирано на отворањето на манифестацијата, в недела на 18 септември, во 20 часот, што ќе се одржи во Даут-пашиниот амам, во Националната галерија.

Во рамки на фестивалот ќе се одржи и разговор со хрватскиот режисер и сценарист, Рајко Грлиќ, чиј филм „Караула“ ќе биде прикажан на 21 септември во Кинотека. Разговорот со него е планирано да биде понеделнички, на 19 септември, на вториот фестивалски ден од 20 часот во кафе-книжарницата„Буква“ каде, пак, од 21 часот Бранислав Николов ќе одржи уметнички перфоманс како дел од промоцијата на неговата трета поетска книга, „Полиграф“. Во рамки на 10-то издание на „Про-За Балкан“ ќе се одржи и тркалезна маса на тема „Литература/општество/критика (литературата и критичкото препрочитување на општествените процеси).

Интернационалниот литературен фестивал „Про-за Балкан“ оваа година слави јубилеј 10 години. Вие сте идеен творец на Фестивалот. Кои се Вашите оценки? Ги задоволивте личните критериуми?

ТРАЈКОСКИ: Да. И не.
Да: Затоа што започнавме фестивал со Прокопиев, Лафазановски и Мадешовски, во време кога во Скопје речиси немаше прозни настани со писатели од надвор. Од тој аспект, Скопје како да беше во некаква прозна тишина, само повремено раздрмано од некој случаен сон. Да, и затоа што на фестивалот доаѓаат големи но и писател(к)и во подем, како и видни издавачи од странство. Сакавме да направиме сè, само не некаков вид на паланечко-книжевен туризам. Еве, оваа година дури и Саемот на книга во Лајпциг, вториот по големина во Германија, најави програма посветена на издавачи, со речиси ист формат како нашата „Скопје fellowship“ програма. Во Скопје беше уредничка од Зуркамп, а сега доаѓа уредничка од Галимар. Две професионалки кои што доаѓаат од топ пет најпосакувани фирми во своето поле во Европа. Редок е ваквиот случајот на манифестации од другите уметности во Скопје.
Не: Затоа што... Знаете, сега е време за славење. Ќе ги оставиме буквите од куршуми и пукањата во празно, и ќе славиме. Ако можевме вака 10 години, ќе можеме најмалку уште толку.

Што е потребно за да се одржи Фестивал од ваков формат каков што е Про-За Балкан? Колку логистика, лични контакти, организациски способности се потребни?

ТРАЈКОСКИ: Прво, за тие наши десетгодишни (не)услови, потребен е професионален тим кој што сака да работи и во речиси волонтерски услови. И на тоа сум најмногу горд – фестивалот го работиме 10 години со речиси истиот тим. А личните контакти, тие се можеби најважните. Особено во првите години, кога Македонија речиси ја немаше на мапата. Втората фестивалска година во Скопје дојде една од најпрочуените литературни скаути во светот, Ен Луис Фишер. Луѓе како неа, кои работат за најголемите светски издавачи и имаат моќ на одлучување, не доаѓаат на неистражена мапа туку така. Прокопиев и Лафазановски веќе имаа создадено нивна мрежа на познанства, кои беа клучни.

[caption id="attachment_551266" align="alignnone" width="717"] Тимот на „ПРО-ЗА Балкан“[/caption]

Веќе десетта година по ред, дури и во услови на епидемија на ковид-19 успеавте да го задржите високото ниво на професионалност, актуелност и атрактивност во гостите кои доаѓаат на Фестивалот. Како ви успева?

ТРАЈКОСКИ: Многу е тешко. И во исто време, многу е лесно да се направи фестивалот. Некаде на средина, веројатно, лежи одговорот. Турскиот поет Орхан Вели (во препев на Васко Марковски), вака пее: „Та, оваа брада не ја обелевме на воденичар“.

[caption id="attachment_551265" align="alignnone" width="2048"] Сакавме да направиме сè, само не некаков вид на паланечко-книжевен туризам, вели Трајкоски[/caption]

Што значи за македонската литература одржувањето на Фестивалот Про-За Балкан?

ТРАЈКОСКИ: Фестивалот Про-За Балкан е вмрежување на нашите писатели и издавачи со писателите од регионот и книжевните професионалци од светот. Макар и една соработка да произлегла од сето ова, макар и едно гостување (а се случило многу повеќе), би биле слободни да го парафразираме Милтон Манаки, и да речеме: „ Ако ова чини, сме завршиле голема работа“

Импозантна е листата на гости на Про-За Балкан, од Миљенко Јерговиќ, Анте Томиќ, Мирча Картареску, Басара, Попов, оваа година Рајко Грлиќ, Дамир Каракаш, Броња Жакељ, Владислав Бајац, Елена Алексиева. Какви се нивните впечатоци? Какви анегдоти или случки имате со нив, а кои може да ги откриете на јавноста? Кој што сака да прави кога е во Скопје?

ТРАЈКОСКИ: Ги има многу.
Речиси непознато е дека на фестивалот се сретнаа издавач од Германија и Македонка, и после тоа приказната се преточи во брак. Исто, драго ни беше што пред неколку години неколку од писателите не сакаа да си одат од Скопје. Драго ни беше и кога Јерговиќ кажа дека првата смрт со која се сретнал, била смртта на Немечек. Оти, на многумина од овие простори, првата смрт со која се сретнаа, им беше таа на Немечек. Само што многумина заборавиле. Па тука е писателот, да нè потсети.
Една од тажните анегдоти е кога еден од амбасадорите, пред повеќе години, за време на големите протести од позицијата и од опозицијата, одеше половина час пеш, низ таа гужва од знамиња, за да стигне на отворањето. И не виде нас стотина, како некаков контрапункт на 50.000 или 100.000 луѓе на улица (зависно дали информацијата беше лиферувана од позицијата или опозицијата), како зборуваме за литература, како во некое стаклено ѕвоно. Мислам дека и Дон Кихот да нè видеше, ќе се посомневаше во нашата разумност. Или, пак, можеби немаше да се посомнева...

[caption id="attachment_551267" align="alignnone" width="800"] Трајкоски во друштво со бугарскиот писател Алек Попов и Светослав Басара од Србија[/caption]

Дали Про-За Балкан успеа да се наметне како Фестивал кој ќе ги отвори патиштата за нормална комуникација со регионот?

ТРАЈКОСКИ: За да се отворат патиштата потребно е да се пука од повеќе места, со различни арсенали. Нашиот фестивал е само еден дел од алката. Знаете, колку што се сее, толку се жнее.

Кои се идните планови за следната десетолетка на Про-За Балкан?

ТРАЈКОСКИ: Во вакви општествени околности, како во изминатите 10 години, да се разговара за идни планови е како да кроите приказна од шилци, место од пердуви. Најдраго ми е што неколку од писателите, како Миљенко Јерговиќ, Андреј Блатник..., беа наши гости неколку пати. Обично, луѓето се враќаат само каде што им е топло. Сакам така да продолжиме.

Разговараше: Александра М. Бундалевска

фото: Приватна архива

The post Јерговиќ и Блатник ни беа гости неколку пати, луѓето се враќаат само каде што им е топло appeared first on Република.

]]>

Од 18 до 21 септември во Скопје ќе се одржи јубилејното, 10. издание на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“, единствен од ваков формат во регионот на кој доаѓаат врвни но и писател(к)и во подем, како и многу познати издавачи од странство. Дејан Трајкоски е идеен творец и директор на „Про-за Балкан“, член на Друштвото на писателите на Македонија и на Интернационалната федерација на филмски критичари Фипресци. Тој е дипломиран професор по филозофија и поранешен новинар во дневниот весник „Вечер“, а на културната јавност ѝ е познат како писател и автор на романите „Вистина, љубов (Рашомонијада)“ и „Неверство“ за кој ја доби наградата Македонска книжевна авангарда. Запрашан како е да се организира литературен Фестивал каде што гостите се актуелни и пред сè атрактивни, а воедно да биде задржано и високото ниво на професионалност, Трајкоски во интервју за „Република“ вели дека е многу е тешко, и во исто време, многу е лесно.
Некаде на средина, веројатно, лежи одговорот, вели Трајкоски.
Годинашна добитничка на наградата „Прозарт“ за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот е македонската писателка Оливера Николова, мајката на сите писателки. Гости на годинашното издание на „ПРО-За Балкан“ се писателите Дамир Каракаш, Броња Жакељ, Владислав Бајац, Елена Алексиева и Томислав Османли. Во рамки на фестивалот ќе се одржи и разговор со хрватскиот режисер и сценарист, Рајко Грлиќ. Нивното творештво ќе биде промовирано на отворањето на манифестацијата, в недела на 18 септември, во 20 часот, што ќе се одржи во Даут-пашиниот амам, во Националната галерија. Во рамки на фестивалот ќе се одржи и разговор со хрватскиот режисер и сценарист, Рајко Грлиќ, чиј филм „Караула“ ќе биде прикажан на 21 септември во Кинотека. Разговорот со него е планирано да биде понеделнички, на 19 септември, на вториот фестивалски ден од 20 часот во кафе-книжарницата„Буква“ каде, пак, од 21 часот Бранислав Николов ќе одржи уметнички перфоманс како дел од промоцијата на неговата трета поетска книга, „Полиграф“. Во рамки на 10-то издание на „Про-За Балкан“ ќе се одржи и тркалезна маса на тема „Литература/општество/критика (литературата и критичкото препрочитување на општествените процеси). Интернационалниот литературен фестивал „Про-за Балкан“ оваа година слави јубилеј 10 години. Вие сте идеен творец на Фестивалот. Кои се Вашите оценки? Ги задоволивте личните критериуми? ТРАЈКОСКИ: Да. И не. Да: Затоа што започнавме фестивал со Прокопиев, Лафазановски и Мадешовски, во време кога во Скопје речиси немаше прозни настани со писатели од надвор. Од тој аспект, Скопје како да беше во некаква прозна тишина, само повремено раздрмано од некој случаен сон. Да, и затоа што на фестивалот доаѓаат големи но и писател(к)и во подем, како и видни издавачи од странство. Сакавме да направиме сè, само не некаков вид на паланечко-книжевен туризам. Еве, оваа година дури и Саемот на книга во Лајпциг, вториот по големина во Германија, најави програма посветена на издавачи, со речиси ист формат како нашата „Скопје fellowship“ програма. Во Скопје беше уредничка од Зуркамп, а сега доаѓа уредничка од Галимар. Две професионалки кои што доаѓаат од топ пет најпосакувани фирми во своето поле во Европа. Редок е ваквиот случајот на манифестации од другите уметности во Скопје. Не: Затоа што... Знаете, сега е време за славење. Ќе ги оставиме буквите од куршуми и пукањата во празно, и ќе славиме. Ако можевме вака 10 години, ќе можеме најмалку уште толку. Што е потребно за да се одржи Фестивал од ваков формат каков што е Про-За Балкан? Колку логистика, лични контакти, организациски способности се потребни? ТРАЈКОСКИ: Прво, за тие наши десетгодишни (не)услови, потребен е професионален тим кој што сака да работи и во речиси волонтерски услови. И на тоа сум најмногу горд – фестивалот го работиме 10 години со речиси истиот тим. А личните контакти, тие се можеби најважните. Особено во првите години, кога Македонија речиси ја немаше на мапата. Втората фестивалска година во Скопје дојде една од најпрочуените литературни скаути во светот, Ен Луис Фишер. Луѓе како неа, кои работат за најголемите светски издавачи и имаат моќ на одлучување, не доаѓаат на неистражена мапа туку така. Прокопиев и Лафазановски веќе имаа создадено нивна мрежа на познанства, кои беа клучни. [caption id="attachment_551266" align="alignnone" width="717"] Тимот на „ПРО-ЗА Балкан“[/caption] Веќе десетта година по ред, дури и во услови на епидемија на ковид-19 успеавте да го задржите високото ниво на професионалност, актуелност и атрактивност во гостите кои доаѓаат на Фестивалот. Како ви успева? ТРАЈКОСКИ: Многу е тешко. И во исто време, многу е лесно да се направи фестивалот. Некаде на средина, веројатно, лежи одговорот. Турскиот поет Орхан Вели (во препев на Васко Марковски), вака пее: „Та, оваа брада не ја обелевме на воденичар“. [caption id="attachment_551265" align="alignnone" width="2048"] Сакавме да направиме сè, само не некаков вид на паланечко-книжевен туризам, вели Трајкоски[/caption] Што значи за македонската литература одржувањето на Фестивалот Про-За Балкан? ТРАЈКОСКИ: Фестивалот Про-За Балкан е вмрежување на нашите писатели и издавачи со писателите од регионот и книжевните професионалци од светот. Макар и една соработка да произлегла од сето ова, макар и едно гостување (а се случило многу повеќе), би биле слободни да го парафразираме Милтон Манаки, и да речеме: „ Ако ова чини, сме завршиле голема работа“ Импозантна е листата на гости на Про-За Балкан, од Миљенко Јерговиќ, Анте Томиќ, Мирча Картареску, Басара, Попов, оваа година Рајко Грлиќ, Дамир Каракаш, Броња Жакељ, Владислав Бајац, Елена Алексиева. Какви се нивните впечатоци? Какви анегдоти или случки имате со нив, а кои може да ги откриете на јавноста? Кој што сака да прави кога е во Скопје? ТРАЈКОСКИ: Ги има многу. Речиси непознато е дека на фестивалот се сретнаа издавач од Германија и Македонка, и после тоа приказната се преточи во брак. Исто, драго ни беше што пред неколку години неколку од писателите не сакаа да си одат од Скопје. Драго ни беше и кога Јерговиќ кажа дека првата смрт со која се сретнал, била смртта на Немечек. Оти, на многумина од овие простори, првата смрт со која се сретнаа, им беше таа на Немечек. Само што многумина заборавиле. Па тука е писателот, да нè потсети. Една од тажните анегдоти е кога еден од амбасадорите, пред повеќе години, за време на големите протести од позицијата и од опозицијата, одеше половина час пеш, низ таа гужва од знамиња, за да стигне на отворањето. И не виде нас стотина, како некаков контрапункт на 50.000 или 100.000 луѓе на улица (зависно дали информацијата беше лиферувана од позицијата или опозицијата), како зборуваме за литература, како во некое стаклено ѕвоно. Мислам дека и Дон Кихот да нè видеше, ќе се посомневаше во нашата разумност. Или, пак, можеби немаше да се посомнева... [caption id="attachment_551267" align="alignnone" width="800"] Трајкоски во друштво со бугарскиот писател Алек Попов и Светослав Басара од Србија[/caption] Дали Про-За Балкан успеа да се наметне како Фестивал кој ќе ги отвори патиштата за нормална комуникација со регионот? ТРАЈКОСКИ: За да се отворат патиштата потребно е да се пука од повеќе места, со различни арсенали. Нашиот фестивал е само еден дел од алката. Знаете, колку што се сее, толку се жнее. Кои се идните планови за следната десетолетка на Про-За Балкан? ТРАЈКОСКИ: Во вакви општествени околности, како во изминатите 10 години, да се разговара за идни планови е како да кроите приказна од шилци, место од пердуви. Најдраго ми е што неколку од писателите, како Миљенко Јерговиќ, Андреј Блатник..., беа наши гости неколку пати. Обично, луѓето се враќаат само каде што им е топло. Сакам така да продолжиме. Разговараше: Александра М. Бундалевска фото: Приватна архива

The post Јерговиќ и Блатник ни беа гости неколку пати, луѓето се враќаат само каде што им е топло appeared first on Република.

]]>
Реномираната издавачка куќа „Фан Ноли“ ги издаде на албански јазик книгите на Прокопиев, Лафазановски и Трајкоски https://republika.mk/vesti/kultura/renomiranata-izdavachka-kukja-fan-noli-gi-izdade-na-albanski-jazik-knigite-na-prokopiev-lafazanovski-i-trajkoski/ Fri, 14 Jan 2022 09:01:54 +0000 https://republika.mk/?p=444451

Во издание на реномираната албанска издавачка куќа „Фан Ноли“ од Тирана, деновиве излегоа од печат преводите на книгите „Човечулец“ на Александар Прокопиев и „Храпешко“ на Ермис Лафазановски. Ова е уште една потврда за успешниот преведувачки поход на овие дела низ светот, со досега десетина преводи на балкански и светски јазици.

Книгата „Човечулец: Бајки од левиот џеб“ оригинално е издадена од „Магор“ во 2011 година, а во 2012 година ја доби книжевната награда „Балканика“. Преводот на албански го направи Џими Лазри.

Бајките за возрасни се тест на зрелоста, прифаќање на вечните вредности надвор од светот на егоизмот, заблуденоста и заглупеноста. Го отсликуваат животот во неговата бескрајна непредвидливост, во реалноста и фантазиите, сонот и јавето. Секој треба да го открие својот пат кон сопственото значење, откривајќи го повторно, на зрел начин, значењето на љубовта, моќта на доброто, како и уживањето во вечната игра на креативноста. „Човечулец“ е веќе објавена на: англиски, српски, полски, турски, хрватски, арапски јазик и др.

„Храпешко“ на Ермис Лафазановски беше претставник на Македонија за наградата „Балканика“ во 2006 година, а веќе е преведен на хрватски, словенечки, српски и на француски јазик. Преводот на албански го направи Џемиле Зукај.

Хуморескно, меѓутоа воедно и сериозно авторот раскажува за згодите и незгодите на главниот лик Храпешко, за умешноста на создавањето и преживувањето, за копнежите и соништата, за животната енергија и љубовта, за животот во татковината и во странство.

Минатата година во издание на „Фан Ноли“ излезе и романот „Неверство“ на Дејан Трајкоски. Вториот роман на Трајкоски е објавен во 2014 година, а досега е преведен на англиски, ерменски, арапски јазик, српски и на бугарски јазик.

The post Реномираната издавачка куќа „Фан Ноли“ ги издаде на албански јазик книгите на Прокопиев, Лафазановски и Трајкоски appeared first on Република.

]]>

Во издание на реномираната албанска издавачка куќа „Фан Ноли“ од Тирана, деновиве излегоа од печат преводите на книгите „Човечулец“ на Александар Прокопиев и „Храпешко“ на Ермис Лафазановски. Ова е уште една потврда за успешниот преведувачки поход на овие дела низ светот, со досега десетина преводи на балкански и светски јазици. Книгата „Човечулец: Бајки од левиот џеб“ оригинално е издадена од „Магор“ во 2011 година, а во 2012 година ја доби книжевната награда „Балканика“. Преводот на албански го направи Џими Лазри. Бајките за возрасни се тест на зрелоста, прифаќање на вечните вредности надвор од светот на егоизмот, заблуденоста и заглупеноста. Го отсликуваат животот во неговата бескрајна непредвидливост, во реалноста и фантазиите, сонот и јавето. Секој треба да го открие својот пат кон сопственото значење, откривајќи го повторно, на зрел начин, значењето на љубовта, моќта на доброто, како и уживањето во вечната игра на креативноста. „Човечулец“ е веќе објавена на: англиски, српски, полски, турски, хрватски, арапски јазик и др. „Храпешко“ на Ермис Лафазановски беше претставник на Македонија за наградата „Балканика“ во 2006 година, а веќе е преведен на хрватски, словенечки, српски и на француски јазик. Преводот на албански го направи Џемиле Зукај. Хуморескно, меѓутоа воедно и сериозно авторот раскажува за згодите и незгодите на главниот лик Храпешко, за умешноста на создавањето и преживувањето, за копнежите и соништата, за животната енергија и љубовта, за животот во татковината и во странство. Минатата година во издание на „Фан Ноли“ излезе и романот „Неверство“ на Дејан Трајкоски. Вториот роман на Трајкоски е објавен во 2014 година, а досега е преведен на англиски, ерменски, арапски јазик, српски и на бугарски јазик.

The post Реномираната издавачка куќа „Фан Ноли“ ги издаде на албански јазик книгите на Прокопиев, Лафазановски и Трајкоски appeared first on Република.

]]>