Дефицит Archives - Република https://republika.mk/tema/deficit/ За подобро да се разбереме Tue, 09 Jul 2024 11:10:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дефицит Archives - Република https://republika.mk/tema/deficit/ 32 32 ЕК препорача постапка против седум членки на ЕУ поради „прекумерен дефицит“ https://republika.mk/vesti/svet/ek-preporacha-postapka-protiv-sedum-chlenki-na-eu-poradi-prekumeren-defitsit/ Tue, 09 Jul 2024 11:10:25 +0000 https://republika.mk/?p=794921

Европската комисија реши да му препорача на Советот на ЕУ да покрене постапки против седум земји членки на Унијата поради „прекумерно ниво“ на нивниот буџетски дефицит.

Станува збор за Белгија, Италија, Малта, Полска, Словачка, Унгарија и Франција, за кои според Еврокомисијата постои оправдана основа за започнување постапка за „прекумерен дефицит“.

Согласно ваквиот предлог на ЕК, Советот на ЕУ треба да ја оцени неговата оправданост и доколку го прифати ќе треба да усвои препораки за прилагодување и краен рок до кој посочените земји треба да ја надминат состојбата со прекумерниот дефицит.

Услов за иницирање ваква постапка е доколку буџетскиот дефицит на една земја членка за претходната година и планираниот за тековната надминува три отсто од националниот БДП.

Според податоците на ЕК, Белгија лани имала буџетски дефицит од 4,4 отсто, колку што е предвидената стапка и за оваа година, во Италија ланскиот дефицит бил 7,4 проценти, а годинешниот е прогнозиран на 4,3 отсто, додека на Малта лани бил 4,9, а за оваа година е предвиден на 4,5 проценти. Во Полска минатата година дефицитот бил 5,1 отсто и се очекува да остане на исто ниво и во 2024-та, во Словачка се предвидува зголемување на дефицитот од ланските 4,9 на 6 проценти оваа година, во Унгарија лани стапката изнесувала 6,7 отсто, а годинава се прогнозира да достигне 4,5 проценти, додека во Франција за годинава се предвидува благо намалување на нивото на буџетскиот дефицит од ланските 5,5 на 5,3 отсто.

The post ЕК препорача постапка против седум членки на ЕУ поради „прекумерен дефицит“ appeared first on Република.

]]>

Европската комисија реши да му препорача на Советот на ЕУ да покрене постапки против седум земји членки на Унијата поради „прекумерно ниво“ на нивниот буџетски дефицит. Станува збор за Белгија, Италија, Малта, Полска, Словачка, Унгарија и Франција, за кои според Еврокомисијата постои оправдана основа за започнување постапка за „прекумерен дефицит“. Согласно ваквиот предлог на ЕК, Советот на ЕУ треба да ја оцени неговата оправданост и доколку го прифати ќе треба да усвои препораки за прилагодување и краен рок до кој посочените земји треба да ја надминат состојбата со прекумерниот дефицит. Услов за иницирање ваква постапка е доколку буџетскиот дефицит на една земја членка за претходната година и планираниот за тековната надминува три отсто од националниот БДП. Според податоците на ЕК, Белгија лани имала буџетски дефицит од 4,4 отсто, колку што е предвидената стапка и за оваа година, во Италија ланскиот дефицит бил 7,4 проценти, а годинешниот е прогнозиран на 4,3 отсто, додека на Малта лани бил 4,9, а за оваа година е предвиден на 4,5 проценти. Во Полска минатата година дефицитот бил 5,1 отсто и се очекува да остане на исто ниво и во 2024-та, во Словачка се предвидува зголемување на дефицитот од ланските 4,9 на 6 проценти оваа година, во Унгарија лани стапката изнесувала 6,7 отсто, а годинава се прогнозира да достигне 4,5 проценти, додека во Франција за годинава се предвидува благо намалување на нивото на буџетскиот дефицит од ланските 5,5 на 5,3 отсто.

The post ЕК препорача постапка против седум членки на ЕУ поради „прекумерен дефицит“ appeared first on Република.

]]>
Петрова: Буџетски дефицит од 357,2 милиони евра во првиот квартал од 2024 година https://republika.mk/vesti/ekonomija/petrova-budhetski-defitsit-od-357-2-milioni-evra-vo-prviot-kvartal-od-2024-godina/ Mon, 08 Apr 2024 08:29:24 +0000 https://republika.mk/?p=763684

ПАД секој месец во однос на претходниот има кај приходот од ДДВ за прометот во земјата, oбјави на социјалната мрежа на Фејсбук, Елена Петрова, дополнителен заменик министер за финансии.

НАПЛАТА НА БУЏЕТСКИТЕ ПРИХОДИ ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ ОД 2024 год.

Реализација заклучно со 03/04/2024 год.:

• буџетски приходи = 1.197,6 милиони евра

• буџетски расходи = 1.554,8 милиони евра

• буџетскиот дефицит = 357,2 милиони евра.

За го “разглобиме” рекордниот буџетскиот дефицит, ќе почнеме од остварената наплата на буџетските приходи во првиот квартал од 2024 год.

Кај даноците на потрошувачката – ДДВ, кој е “најиздашниот” буџетски извор, како и акцизите, состојбите изгледаат вака:

– НЕ Е ОСТВАРЕН месечниот план за наплата на ДДВ во ниту еден месец од кварталот.

– ЗА 15% ЗАОСТАНУВА кумулативното остварување на планот за ДДВ за кварталот.

– ПОМАЛ ПРИХОД од ДДВ во однос на 2023 год. има во јануари и март 2024 год.

– ПАД секој месец во однос на претходниот има кај приходот од ДДВ за прометот во земјата.

– ПОМАЛ ПРИХОД во март 2024 год. во однос на март 2023 год. има и за ДДВ што се плаќа при увоз и за акцизите.

Дали МФ, УЈП и Царината направија анализа на што се должи ова потфрлање кај ДДВ и акцизите во кварталот кога цените се “одмрзнаа”, а и искуствено зголемена потрошувачка е карактеристика на секој предизборен период?

Кај данокот на личен доход и придонесите состојбите изгледаат вака:

– ЗА 7% ЗАОСТАНУВА остварувањето на месечниот план за наплата на данокот на личен доход во март 2024 год.

– ПОМАЛ ПРИХОД во март 2024 год. во однос на март 2023 год. има за данокот на другите видови примања (авторски договори, игри на среќа и др.)

– ЗА 14% ЗАОСТАНУВА остварувањето на месечниот план за наплата на придонесот за пензиско осигурување за март.

Дали МФ и УЈП направија анализа на што се должи ова потфрлање кај данокот на личен доход и придонесот за ПИО во март, после зголемувањето на минималната плата која природно треба да ги зголеми овие приходи?

Дали можеби УЈП ги стави во “мораториум” мерките за наплата на даноци во овој предизборен период?

Ќе продолжиме со осврт на повратот на ДДВ кој исто така е компонента на ДДВ приходот, пишува на Фејсбук, Петрова.

The post Петрова: Буџетски дефицит од 357,2 милиони евра во првиот квартал од 2024 година appeared first on Република.

]]>

ПАД секој месец во однос на претходниот има кај приходот од ДДВ за прометот во земјата, oбјави на социјалната мрежа на Фејсбук, Елена Петрова, дополнителен заменик министер за финансии. НАПЛАТА НА БУЏЕТСКИТЕ ПРИХОДИ ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ ОД 2024 год. Реализација заклучно со 03/04/2024 год.: • буџетски приходи = 1.197,6 милиони евра • буџетски расходи = 1.554,8 милиони евра • буџетскиот дефицит = 357,2 милиони евра. За го “разглобиме” рекордниот буџетскиот дефицит, ќе почнеме од остварената наплата на буџетските приходи во првиот квартал од 2024 год. Кај даноците на потрошувачката – ДДВ, кој е “најиздашниот” буџетски извор, како и акцизите, состојбите изгледаат вака: – НЕ Е ОСТВАРЕН месечниот план за наплата на ДДВ во ниту еден месец од кварталот. – ЗА 15% ЗАОСТАНУВА кумулативното остварување на планот за ДДВ за кварталот. – ПОМАЛ ПРИХОД од ДДВ во однос на 2023 год. има во јануари и март 2024 год. – ПАД секој месец во однос на претходниот има кај приходот од ДДВ за прометот во земјата. – ПОМАЛ ПРИХОД во март 2024 год. во однос на март 2023 год. има и за ДДВ што се плаќа при увоз и за акцизите. Дали МФ, УЈП и Царината направија анализа на што се должи ова потфрлање кај ДДВ и акцизите во кварталот кога цените се “одмрзнаа”, а и искуствено зголемена потрошувачка е карактеристика на секој предизборен период? Кај данокот на личен доход и придонесите состојбите изгледаат вака: – ЗА 7% ЗАОСТАНУВА остварувањето на месечниот план за наплата на данокот на личен доход во март 2024 год. – ПОМАЛ ПРИХОД во март 2024 год. во однос на март 2023 год. има за данокот на другите видови примања (авторски договори, игри на среќа и др.) – ЗА 14% ЗАОСТАНУВА остварувањето на месечниот план за наплата на придонесот за пензиско осигурување за март. Дали МФ и УЈП направија анализа на што се должи ова потфрлање кај данокот на личен доход и придонесот за ПИО во март, после зголемувањето на минималната плата која природно треба да ги зголеми овие приходи? Дали можеби УЈП ги стави во “мораториум” мерките за наплата на даноци во овој предизборен период? Ќе продолжиме со осврт на повратот на ДДВ кој исто така е компонента на ДДВ приходот, пишува на Фејсбук, Петрова.

The post Петрова: Буџетски дефицит од 357,2 милиони евра во првиот квартал од 2024 година appeared first on Република.

]]>
Петрова: Македонија со рекорден буџетски дефицит во 2024 година! https://republika.mk/vesti/ekonomija/petrova-makedonija-so-rekorden-budhetski-defitsit-vo-2024-godina/ Fri, 05 Apr 2024 13:42:26 +0000 https://republika.mk/?p=762675

Дополнителниот заменик-министер за финансии во преодната Влада Елена Петрова преку статус на Фејсбук пишува дека Македонија има рекорден буџетски дефицит во 2024 година.

„РЕКОРДЕН БУЏЕТСКИ ДЕФИЦИТ ВО 2024 ГОДИНА ‼️

Владата на СДСМ и ДУИ ПРОДОЛЖУВА со прекумерното трошење и задолжување во периодот пред одржување на двојните избори‼️

📌 БУЏЕТСКИОТ ДЕФИЦИТ заклучно со 3 Април 2024 година изнесува 21,967 милиони денари, што претставува:

• ДВЕ ТРЕТИНИ од планираниот буџетски дефицит ЗА ЦЕЛА 2024 година

• ПОВЕЌЕ ОД ШЕСТ ПАТИ ПОГОЛЕМ буџетски дефицит во однос на истиот период од 2023 година‼️

📌 ПОРАСТОТ НА ВКУПНИТЕ РАСХОДИ Е СКОРО ПЕТ ПАТИ ПОГОЛЕМ од порастот на вкупните приходи, односно во однос на истиот период лани имаме:

• пораст на вкупните расходи за 23,132 милиони ден. (31,9%)

• пораст на вкупните приходи за 4,774 милиони ден. (6,9%).

📌 ЗАДОЛЖУВАЊЕТО кај банките и други институции на домашниот пазар со цел за покривање на буџетскиот дефицит во овој период Е ПОГОЛЕМО ЗА 90% во однос на истиот период лани.

Ќе продолжиме да ја информираме јавноста: за што трошеше Владата во овој период, но и како надлежните органи ги собираат приходите во овој период“, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

The post Петрова: Македонија со рекорден буџетски дефицит во 2024 година! appeared first on Република.

]]>

Дополнителниот заменик-министер за финансии во преодната Влада Елена Петрова преку статус на Фејсбук пишува дека Македонија има рекорден буџетски дефицит во 2024 година. „РЕКОРДЕН БУЏЕТСКИ ДЕФИЦИТ ВО 2024 ГОДИНА ‼️ Владата на СДСМ и ДУИ ПРОДОЛЖУВА со прекумерното трошење и задолжување во периодот пред одржување на двојните избори‼️ 📌 БУЏЕТСКИОТ ДЕФИЦИТ заклучно со 3 Април 2024 година изнесува 21,967 милиони денари, што претставува: • ДВЕ ТРЕТИНИ од планираниот буџетски дефицит ЗА ЦЕЛА 2024 година • ПОВЕЌЕ ОД ШЕСТ ПАТИ ПОГОЛЕМ буџетски дефицит во однос на истиот период од 2023 година‼️ 📌 ПОРАСТОТ НА ВКУПНИТЕ РАСХОДИ Е СКОРО ПЕТ ПАТИ ПОГОЛЕМ од порастот на вкупните приходи, односно во однос на истиот период лани имаме: • пораст на вкупните расходи за 23,132 милиони ден. (31,9%) • пораст на вкупните приходи за 4,774 милиони ден. (6,9%). 📌 ЗАДОЛЖУВАЊЕТО кај банките и други институции на домашниот пазар со цел за покривање на буџетскиот дефицит во овој период Е ПОГОЛЕМО ЗА 90% во однос на истиот период лани. Ќе продолжиме да ја информираме јавноста: за што трошеше Владата во овој период, но и како надлежните органи ги собираат приходите во овој период“, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

The post Петрова: Македонија со рекорден буџетски дефицит во 2024 година! appeared first on Република.

]]>
Раст на извозот, пад на увозот во првите четири месеци од годинава https://republika.mk/vesti/ekonomija/rast-na-izvozot-pad-na-uvozot-vo-prvite-chetiri-mesetsi-od-godinava/ Wed, 07 Jun 2023 12:31:43 +0000 https://republika.mk/?p=648860

Вкупната вредност на извозот на стоки од државава во периодот јануари – април 2023 година изнесува 3 005 376 000 долари и бележи пораст од 3,1 процент во однос на истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3 899 163 000 долари, што е за 10,7 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари − април 2023 година, изнесува 893 786 000 долари.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, електричната енергија и плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени.

Во увозот, пак, најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.

Во периодот јануари − април годинава, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу сме тргувале со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

The post Раст на извозот, пад на увозот во првите четири месеци од годинава appeared first on Република.

]]>

Вкупната вредност на извозот на стоки од државава во периодот јануари – април 2023 година изнесува 3 005 376 000 долари и бележи пораст од 3,1 процент во однос на истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3 899 163 000 долари, што е за 10,7 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари − април 2023 година, изнесува 893 786 000 долари. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, електричната енергија и плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени. Во увозот, пак, најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали. Во периодот јануари − април годинава, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу сме тргувале со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

The post Раст на извозот, пад на увозот во првите четири месеци од годинава appeared first on Република.

]]>
Дефицитот во Белгија е многу поголем од предвиденото https://republika.mk/vesti/svet/deficitot-vo-belgija-e-mnogu-pogolem-od-predvidenoto/ Mon, 04 Apr 2022 17:35:29 +0000 https://republika.mk/?p=483249

Поради кризите, прво Ковид-19, а сега војната во Украина, Белгија излегува од буџетските правила, дефицитот изнесува 20 милијарди евра според последните податоци, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ситуацијата ќе продолжи да се влошува со оглед на тоа дека кризата во Украина и последиците врз цените допрва ќе се чувствуваат.

Федералната влада на Белгија соопшти дека дефицитот достигнува 20,7 милијарди евра, што е 4,3 милијарди повеќе од предвиденото во буџетските рамки.

Причината е двојна – од една страна здравствена криза со Ковид-19 веќе значајно го оштети националниот буџет, а посебно потребата од бустер вакцина за населението на почетокот од петтиот бран од вирусот, како и финансиските отштети што им се доделија на погодените компании и лица поради кризата.

Од друга страна е војната во Украина за која итно се одвоени значајни суми за испраќање оружје и друга воена опрена, како и зголемувањето на инвестициите и средствата во одбраната на Белгија, согласно барањата на НАТО. Само за овие две кризи Белгија мораше да одвои две милијарди евра.

Се чини дека најтешкото допрва доаѓа, не само затоа што ќе треба да се продолжи со поддршка за борбата против вирусот и за војната во Украина, но и поради последиците врз цените. Властите најавија разни видови поддршка за граѓаните и компаниите, а се подготвуваат и нови мерки кои допрва ќе треба да се пресметаат во рамки на буџетот. 

The post Дефицитот во Белгија е многу поголем од предвиденото appeared first on Република.

]]>

Поради кризите, прво Ковид-19, а сега војната во Украина, Белгија излегува од буџетските правила, дефицитот изнесува 20 милијарди евра според последните податоци, јави дописничката на МИА од Брисел. Ситуацијата ќе продолжи да се влошува со оглед на тоа дека кризата во Украина и последиците врз цените допрва ќе се чувствуваат. Федералната влада на Белгија соопшти дека дефицитот достигнува 20,7 милијарди евра, што е 4,3 милијарди повеќе од предвиденото во буџетските рамки. Причината е двојна – од една страна здравствена криза со Ковид-19 веќе значајно го оштети националниот буџет, а посебно потребата од бустер вакцина за населението на почетокот од петтиот бран од вирусот, како и финансиските отштети што им се доделија на погодените компании и лица поради кризата. Од друга страна е војната во Украина за која итно се одвоени значајни суми за испраќање оружје и друга воена опрена, како и зголемувањето на инвестициите и средствата во одбраната на Белгија, согласно барањата на НАТО. Само за овие две кризи Белгија мораше да одвои две милијарди евра. Се чини дека најтешкото допрва доаѓа, не само затоа што ќе треба да се продолжи со поддршка за борбата против вирусот и за војната во Украина, но и поради последиците врз цените. Властите најавија разни видови поддршка за граѓаните и компаниите, а се подготвуваат и нови мерки кои допрва ќе треба да се пресметаат во рамки на буџетот. 

The post Дефицитот во Белгија е многу поголем од предвиденото appeared first on Република.

]]>