Дефендер Европа 2023 Archives - Република https://republika.mk/tema/defender-evropa-2023/ За подобро да се разбереме Tue, 30 May 2023 17:00:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дефендер Европа 2023 Archives - Република https://republika.mk/tema/defender-evropa-2023/ 32 32 Стигнаа и првите санкции за Косово од Америка: Косово нема да учествува на вежбата „Дефендер Европа 2023“ https://republika.mk/vesti/balkan/stignaa-i-prvite-sanktsii-za-kosovo-od-amerika-kosovo-nema-da-uchestvuva-na-vezhbata-defender-evropa-2023/ Tue, 30 May 2023 17:17:04 +0000 https://republika.mk/?p=646226

Косово нема да учествува на вежбата „Дефендер Европа 2023“.

Американскиот амбасадор во Приштина, Џефри Ховениер, изјави дека откажувањето на учеството на Косово на вежбата „Дефендер Европа 2023“ е првата последица за Владата на Косово, која ги отфрли повиците на Вашингтон за ескалација на ситуацијата на северот.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен на 26 мај предупреди дека постапките на Владата на Косово во северните општини ќе имаат последици врз билатералните односи.

– Првиот показател за тоа беше одлуката што ја донесе синоќа американскиот командант за Европа да го откаже учеството на Косово на „Дефендер Европа 2023“, што се случи преку ноќ – рече Ховениер на средбата со повеќе новинари во Приштина.

- За Косово овие вежби се завршени, додаде Ховенје.

- Морам да кажам дека во овој момент САД немаат голем ентузијазам да реагираат на некои интереси на Косово, како што се ангажман со непризнаени земји, или активна работа на подобрување на Косово на евроатлантскиот пат. Многу ни е жал што ситуацијата дојде до ова, но морам да бидам искрен, таква е ситуацијата. Се надеваме дека премиерот Курти ќе ги послуша нашите совети и веднаш ќе преземе чекори за намалување на тензиите на северот – вели тој.

САД ја критикуваа Владата на Косово, велејќи дека на 26 мај новите албански градоначалници во северните општини насилно влегле во општинските згради на север.

Ховениер рече дека САД размислуваат и за други одлуки што ќе ги донесат во таа насока.

- Побаравме од косовскиот премиер Аљбин Курти веднаш да преземе чекори за смирување на ситуацијата на северот. Тој не одговори на овие барања. Затоа размислуваме кои ќе бидат нашите следни акции - рече американскиот амбасадор.

Американскиот амбасадор во Косово Џефри Ховениер изјави дека Владата на Косово не се координирала со Вашингтон за активностите преземени во петокот.

На тој ден новите албански градоначалници на општините на северот на Косово со помош на косовската полиција влегоа во општинските згради.

- Кога дознавме, остро реагиравме против тоа. Одлуката имаше негативно влијание врз угледот на Косово и ги врати напорите за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија - нагласи американскиот амбасадор.

Ховениер го цитираше американскиот државен секретар Блинкен кога рече дека неодамнешните одлуки на косовската влада влијаат на односите меѓу двете земји.

- Денеска немаше и нема да има активност за Дефендер Европа '23. За Косово тие вежби се завршени - изјави тој.

The post Стигнаа и првите санкции за Косово од Америка: Косово нема да учествува на вежбата „Дефендер Европа 2023“ appeared first on Република.

]]>

Косово нема да учествува на вежбата „Дефендер Европа 2023“.

Американскиот амбасадор во Приштина, Џефри Ховениер, изјави дека откажувањето на учеството на Косово на вежбата „Дефендер Европа 2023“ е првата последица за Владата на Косово, која ги отфрли повиците на Вашингтон за ескалација на ситуацијата на северот. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен на 26 мај предупреди дека постапките на Владата на Косово во северните општини ќе имаат последици врз билатералните односи. – Првиот показател за тоа беше одлуката што ја донесе синоќа американскиот командант за Европа да го откаже учеството на Косово на „Дефендер Европа 2023“, што се случи преку ноќ – рече Ховениер на средбата со повеќе новинари во Приштина. - За Косово овие вежби се завршени, додаде Ховенје. - Морам да кажам дека во овој момент САД немаат голем ентузијазам да реагираат на некои интереси на Косово, како што се ангажман со непризнаени земји, или активна работа на подобрување на Косово на евроатлантскиот пат. Многу ни е жал што ситуацијата дојде до ова, но морам да бидам искрен, таква е ситуацијата. Се надеваме дека премиерот Курти ќе ги послуша нашите совети и веднаш ќе преземе чекори за намалување на тензиите на северот – вели тој. САД ја критикуваа Владата на Косово, велејќи дека на 26 мај новите албански градоначалници во северните општини насилно влегле во општинските згради на север. Ховениер рече дека САД размислуваат и за други одлуки што ќе ги донесат во таа насока. - Побаравме од косовскиот премиер Аљбин Курти веднаш да преземе чекори за смирување на ситуацијата на северот. Тој не одговори на овие барања. Затоа размислуваме кои ќе бидат нашите следни акции - рече американскиот амбасадор. Американскиот амбасадор во Косово Џефри Ховениер изјави дека Владата на Косово не се координирала со Вашингтон за активностите преземени во петокот. На тој ден новите албански градоначалници на општините на северот на Косово со помош на косовската полиција влегоа во општинските згради. - Кога дознавме, остро реагиравме против тоа. Одлуката имаше негативно влијание врз угледот на Косово и ги врати напорите за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија - нагласи американскиот амбасадор. Ховениер го цитираше американскиот државен секретар Блинкен кога рече дека неодамнешните одлуки на косовската влада влијаат на односите меѓу двете земји. - Денеска немаше и нема да има активност за Дефендер Европа '23. За Косово тие вежби се завршени - изјави тој.

The post Стигнаа и првите санкции за Косово од Америка: Косово нема да учествува на вежбата „Дефендер Европа 2023“ appeared first on Република.

]]>