деца со попреченост Archives - Република https://republika.mk/tema/deca-so-poprechenost/ За подобро да се разбереме Sat, 31 Aug 2024 09:12:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png деца со попреченост Archives - Република https://republika.mk/tema/deca-so-poprechenost/ 32 32 МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост https://republika.mk/vesti/makedonija/mon-nad-1-000-asistenti-vo-novata-uchebna-godina-ke-bidat-poddrshka-na-uchenitsite-so-poprechenost/ Sat, 31 Aug 2024 09:16:21 +0000 https://republika.mk/?p=811745

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека во новата учебна 2024/2025 година во редовните основни училишта ќе бидат ангажирани над 1 000 образовни асистенти кои ќе помогнат во унапредување на воспитно - образовниот процес на учениците со попреченост и ќе им помагаат во секојдневното извршување на училишните обврски.

Образовните асистенти се ангажираат преку основните училишта со ресурсни центри, а согласно барањата на родителите и старателите на учениците со попреченост.

Според МОН, досега се целосно спроведени огласите за 815 образовни асистенти, а обезбедени се средства и согласности за дополнителни 200, кои по изборот преку јавни огласи, пред да бидат ангажирани, ќе поминат дополнителна обука за квалитетно извршување на предвидените работни обврски.

-Согласно Правилникот за норматив, опис на компетенции и работни задачи на образовен асистент, еден образовен асистент може да обезбедува поддршка на еден до три ученици со попреченост во иста паралелка. Доколку се случи ученик со попреченост да нема образовен асистент од првиот училишен ден, училиштата се должни преку училишниот инклузивен тим, а во соработка со ресурсните центри да ја обезбедат потребната поддршка на ученикот за успешно почнување на образовниот процес. Училишниот инклузивен тим развива инклузивна стратегија за прием и адаптација на учениците со попреченост во наставата од самиот почеток на учебната година, наведува МОН.

The post МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека во новата учебна 2024/2025 година во редовните основни училишта ќе бидат ангажирани над 1 000 образовни асистенти кои ќе помогнат во унапредување на воспитно - образовниот процес на учениците со попреченост и ќе им помагаат во секојдневното извршување на училишните обврски. Образовните асистенти се ангажираат преку основните училишта со ресурсни центри, а согласно барањата на родителите и старателите на учениците со попреченост. Според МОН, досега се целосно спроведени огласите за 815 образовни асистенти, а обезбедени се средства и согласности за дополнителни 200, кои по изборот преку јавни огласи, пред да бидат ангажирани, ќе поминат дополнителна обука за квалитетно извршување на предвидените работни обврски.
-Согласно Правилникот за норматив, опис на компетенции и работни задачи на образовен асистент, еден образовен асистент може да обезбедува поддршка на еден до три ученици со попреченост во иста паралелка. Доколку се случи ученик со попреченост да нема образовен асистент од првиот училишен ден, училиштата се должни преку училишниот инклузивен тим, а во соработка со ресурсните центри да ја обезбедат потребната поддршка на ученикот за успешно почнување на образовниот процес. Училишниот инклузивен тим развива инклузивна стратегија за прием и адаптација на учениците со попреченост во наставата од самиот почеток на учебната година, наведува МОН.

The post МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост appeared first on Република.

]]>
Родителите на децата со попреченост ќе одлучуваат каде ќе учи нивното дете, вели министерката Весна Јаневска https://republika.mk/vesti/makedonija/roditelite-na-detsata-so-poprechenost-ke-odluchuvaat-kade-ke-uchi-nivnoto-dete-veli-ministerkata-vesna-janevska/ Thu, 11 Jul 2024 09:44:13 +0000 https://republika.mk/?p=795732

На родителите на децата со попреченост во согласност со проценката од МКФ ќе им овозможиме да одберат во какво училиште сакаат децата да им учат. Станува збор за деца кои се инклудирани во редовните паралелки, а нивните родители реагираат до нас дека не чувствуваат корист од тоа дека нивното дете е вклучено во редовна паралелка.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска во интервју за Радио МОФ, напоменувајќи дека дел од родителите се жалат дискриминацијата во редовните паралелки е поголема, отколку тие деца да се наоѓаат во средина каде што ќе имаат слични на себе деца.

Започнуваме со консултации, најнапред со стручната фела, со психолози, педагози и специјални едукатори и рехабилитатори за да изнајдеме најдобро решение за овие деца. Она што досега сме го заклучиле е дека за децата со тешка интелектуална попреченост, а може да имаат и други видови на попречености е дека треба да постојат така наречените посебни училишта во кои децата ќе имаат поприродна средина за себе, односно со кого да комуницираат, со кого да се дружат, што де факто во редовните училишта го немаат, изјави Јаневска.

Можеби е за изненадување, рече министерката, но одреден број на здруженија на родители, бараат децата да им учат во посебни училишта, додавајќи дека тоа релативно брзо ќе се дефинира и ќе биде предмет на јавна расправа, по што сите измени ќе бидат вклопени во законите за основно, средно и средно-стручно образование.

The post Родителите на децата со попреченост ќе одлучуваат каде ќе учи нивното дете, вели министерката Весна Јаневска appeared first on Република.

]]>

На родителите на децата со попреченост во согласност со проценката од МКФ ќе им овозможиме да одберат во какво училиште сакаат децата да им учат. Станува збор за деца кои се инклудирани во редовните паралелки, а нивните родители реагираат до нас дека не чувствуваат корист од тоа дека нивното дете е вклучено во редовна паралелка. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска во интервју за Радио МОФ, напоменувајќи дека дел од родителите се жалат дискриминацијата во редовните паралелки е поголема, отколку тие деца да се наоѓаат во средина каде што ќе имаат слични на себе деца.
Започнуваме со консултации, најнапред со стручната фела, со психолози, педагози и специјални едукатори и рехабилитатори за да изнајдеме најдобро решение за овие деца. Она што досега сме го заклучиле е дека за децата со тешка интелектуална попреченост, а може да имаат и други видови на попречености е дека треба да постојат така наречените посебни училишта во кои децата ќе имаат поприродна средина за себе, односно со кого да комуницираат, со кого да се дружат, што де факто во редовните училишта го немаат, изјави Јаневска.
Можеби е за изненадување, рече министерката, но одреден број на здруженија на родители, бараат децата да им учат во посебни училишта, додавајќи дека тоа релативно брзо ќе се дефинира и ќе биде предмет на јавна расправа, по што сите измени ќе бидат вклопени во законите за основно, средно и средно-стручно образование.  

The post Родителите на децата со попреченост ќе одлучуваат каде ќе учи нивното дете, вели министерката Весна Јаневска appeared first on Република.

]]>
Бекам, Сталоне, Траволта: Светски ѕвезди кои имаат деца со попреченост и отворено зборуваат за тоа https://republika.mk/zivot/semejstvo/bekam-stalone-travolta-svetski-zvezdi-koi-imaat-detsa-so-poprechenost-i-otvoreno-zboruvaat-za-toa/ Sat, 22 Apr 2023 20:29:50 +0000 https://republika.mk/?p=633107

Во ерата на социјалните мрежи, на коишто светските ѕвезди зборуваат на секоја можна тема со своите фанови, дел од нив одлучија да прозборат за своите деца со попреченост.

Како што порачуваат, се одлучиле на ваков чекор со цел да ја подигнат јавната свест за лицата со попреченост, а тоа може да го направат само ако ги споделат своите лични приказни со фановите.

Силвестер Сталоне беше еден од првите славни холивудски актери кои јавно зборуваше на оваа тема. Тој уште во далечната 1990 година откри дека неговиот син Серџо Сталоне има аутизам, а пред 33 години, тоа беше голема храброст.

Во поново време и други холивудски ѕвезди отворено прозбореа за своите деца со попреченост

Брендон Фрејзер

Оскаровецот Брендон Фрејзер во разговор за списанието „Интервју“ изјави дека неговиот најстар син Грифин има аутизам.

Тој е аутистичен. Само што наполни 20. Тој е големо дете, висок е, има големи раце и нозе, големо тело. И има духовна убавина.

Наречете го тоа нарушување ако сакате, но нема да се согласам со вас - тој не знае ништо за иронија. Тој не знае што е цинизам. Не можете да го навредите. Тој не може да ве навреди вас. Тој е најсреќниот човек што го познавам“.

Дениз Ричардс

Актерката Дениз Ричардс, на чија ќерка Елоиз ѝ беше дијагностицирано хромозомско нарушување во 2017 година, го прифати предизвикот да воспитува дете со посебни потреби.

Таа е отворена за фактот дека лекарите немаат решение за нејзиниот конкретен случај, но ја охрабрува фактот што нејзината ќерка по малку зборува, а што прв збор ѝ бил тато.

Не знам дали Елоиз некогаш ќе зборува како типично дете. Но, како родител, вие го сакате она што е најдобро за вашите деца и само живеете со тоа“, сподели таа со „Пипл“.

Џон Траволта

Џет, најстариот син на Џон Траволта и Кели Престон, почина на 16 години во нивната резиденција на Бахамите.

Брзо по неговата смрт, актерите во полиција пријавија двајца мажи кои ги уценуваа дека ќе ја кажат на јавноста вистината за состојбата на Џет.

На судењето беше откриено она што долго се шпекулираше, дека Џет имал аутизам.

Тој беше аутистичен. Тој страдаше од нарушување поради нападите“, рече Траволта на судењето во 2009 година.

Претходно двојката јавно кажа дека нивниот син боледува од Кавасаки, нарушување на крвните садови што предизвикува воспаление низ целото тело.

Дејвид и Викторија Бекам

Викторија Бекам во 2006 година им се развика на папараците на аеродром, да престанат да ги сликаат неа и нејзиниот, тогаш 4-годишен, син Ромео Бекам.

Иако јавноста го опиша нејзиното однесување како грубо, таа подоцна ја откри причината.

Тој има епилепсија. Сето тоа трепкање може да предизвика епилептичен напад. Не можете да ни го правите тоа“, им се обрати таа на фотографите преку интервју за „Пипл“.

Откритието ги шокираше медиумите, па „Сплеш њуз“ стави забрана да се фотографира детето или семејството Бекам кога се сите заедно.

Ниту една фотографија не вреди за да се загрози животот на детето“, изјави сопственикот на фото-агенцијата, Кевин Смит.

Колин Фарел

Синот на Колин Фарел и Ким Борденаве, Џејмс, има ретко генетско нарушување наречено Ангелманов синдром, поради што не може да комуницира, ниту да се грижи за себе.

И покрај попреченоста, Фарел вели дека синот е еден од најголемите подароци во неговиот живот.

Поради неговата чесност, борба, упорност и неговата личност, Џејмс го извлекува најдоброто од луѓето. Тој буквално ми го спаси животот.

Бев на деструктивен пат. Кога не можев да ги направам промените во мојот живот за себе, ги направив за Џејмс. Тој ми даде причина да бидам подобар човек и татко,“ изјави актерот во 2017 година.

Силвестер Сталоне

Во 1990 година, ретко кој зборуваше отворено за децата со посебни потреби или попреченост. Но тоа го смени Сталоне кога се појави на насловната страница на „Пипл“ и зборуваше за неговиот „тивок син“, Серџо Сталоне.

Актерот и неговата тогашна сопруга Саша Сталоне потоа основаа истражувачки фонд за да соберат пари за Националното друштво за деца и возрасни со аутизам.

The post Бекам, Сталоне, Траволта: Светски ѕвезди кои имаат деца со попреченост и отворено зборуваат за тоа appeared first on Република.

]]>

Во ерата на социјалните мрежи, на коишто светските ѕвезди зборуваат на секоја можна тема со своите фанови, дел од нив одлучија да прозборат за своите деца со попреченост. Како што порачуваат, се одлучиле на ваков чекор со цел да ја подигнат јавната свест за лицата со попреченост, а тоа може да го направат само ако ги споделат своите лични приказни со фановите. Силвестер Сталоне беше еден од првите славни холивудски актери кои јавно зборуваше на оваа тема. Тој уште во далечната 1990 година откри дека неговиот син Серџо Сталоне има аутизам, а пред 33 години, тоа беше голема храброст. Во поново време и други холивудски ѕвезди отворено прозбореа за своите деца со попреченост

Брендон Фрејзер

Оскаровецот Брендон Фрејзер во разговор за списанието „Интервју“ изјави дека неговиот најстар син Грифин има аутизам.

Тој е аутистичен. Само што наполни 20. Тој е големо дете, висок е, има големи раце и нозе, големо тело. И има духовна убавина.

Наречете го тоа нарушување ако сакате, но нема да се согласам со вас - тој не знае ништо за иронија. Тој не знае што е цинизам. Не можете да го навредите. Тој не може да ве навреди вас. Тој е најсреќниот човек што го познавам“.

Дениз Ричардс

Актерката Дениз Ричардс, на чија ќерка Елоиз ѝ беше дијагностицирано хромозомско нарушување во 2017 година, го прифати предизвикот да воспитува дете со посебни потреби. Таа е отворена за фактот дека лекарите немаат решение за нејзиниот конкретен случај, но ја охрабрува фактот што нејзината ќерка по малку зборува, а што прв збор ѝ бил тато.
Не знам дали Елоиз некогаш ќе зборува како типично дете. Но, како родител, вие го сакате она што е најдобро за вашите деца и само живеете со тоа“, сподели таа со „Пипл“.

Џон Траволта

Џет, најстариот син на Џон Траволта и Кели Престон, почина на 16 години во нивната резиденција на Бахамите. Брзо по неговата смрт, актерите во полиција пријавија двајца мажи кои ги уценуваа дека ќе ја кажат на јавноста вистината за состојбата на Џет. На судењето беше откриено она што долго се шпекулираше, дека Џет имал аутизам.
Тој беше аутистичен. Тој страдаше од нарушување поради нападите“, рече Траволта на судењето во 2009 година.
Претходно двојката јавно кажа дека нивниот син боледува од Кавасаки, нарушување на крвните садови што предизвикува воспаление низ целото тело.

Дејвид и Викторија Бекам

Викторија Бекам во 2006 година им се развика на папараците на аеродром, да престанат да ги сликаат неа и нејзиниот, тогаш 4-годишен, син Ромео Бекам. Иако јавноста го опиша нејзиното однесување како грубо, таа подоцна ја откри причината.
Тој има епилепсија. Сето тоа трепкање може да предизвика епилептичен напад. Не можете да ни го правите тоа“, им се обрати таа на фотографите преку интервју за „Пипл“.
Откритието ги шокираше медиумите, па „Сплеш њуз“ стави забрана да се фотографира детето или семејството Бекам кога се сите заедно.
Ниту една фотографија не вреди за да се загрози животот на детето“, изјави сопственикот на фото-агенцијата, Кевин Смит.

Колин Фарел

Синот на Колин Фарел и Ким Борденаве, Џејмс, има ретко генетско нарушување наречено Ангелманов синдром, поради што не може да комуницира, ниту да се грижи за себе. И покрај попреченоста, Фарел вели дека синот е еден од најголемите подароци во неговиот живот.
Поради неговата чесност, борба, упорност и неговата личност, Џејмс го извлекува најдоброто од луѓето. Тој буквално ми го спаси животот.   Бев на деструктивен пат. Кога не можев да ги направам промените во мојот живот за себе, ги направив за Џејмс. Тој ми даде причина да бидам подобар човек и татко,“ изјави актерот во 2017 година.

Силвестер Сталоне

Во 1990 година, ретко кој зборуваше отворено за децата со посебни потреби или попреченост. Но тоа го смени Сталоне кога се појави на насловната страница на „Пипл“ и зборуваше за неговиот „тивок син“, Серџо Сталоне. Актерот и неговата тогашна сопруга Саша Сталоне потоа основаа истражувачки фонд за да соберат пари за Националното друштво за деца и возрасни со аутизам.  

The post Бекам, Сталоне, Траволта: Светски ѕвезди кои имаат деца со попреченост и отворено зборуваат за тоа appeared first on Република.

]]>
Огласи за вработување над 520 образовни асистенти за работа со ученици со попречености https://republika.mk/vesti/makedonija/oglasi-za-vrabotuvanje-nad-520-obrazovni-asistenti-za-rabota-so-uchenici-so-poprechenosti/ Wed, 10 Aug 2022 11:25:27 +0000 https://republika.mk/?p=538714

Министерството за образование и наука објави огласи за вработување образовни асистенти на определено време за три основни училишта со ресурсни центри, кои во учебната 2022/2023 година ќе работат со ученици со попречености во редовна настава во повеќе општини.

Двесте асистенти во огласот за ОУРЦ „Златан Сремец“-Скопје ќе бидат ангажирани во основни училишта во општините: Јегуновце, Тетово, Теарце, Желино, Боговиње, Брвеница, Врапчиште, Гостивар, Маврово и Ростуше, Карпош, Кисела Вода, Аеродром, Ѓорче Петров, Сарај, Сопиште и Студеничани.

Од нив, за македонски јазик се предвидени 110 за одделенска и 30 за предметна настава. На албански наставен јазик отворени се работни места за 45 образовни асистенти во одделенска настава и 15 во предметна.

Во огласот за ОУРЦ „Иднина“-Скопје е предвидено вработување на 226 образовни асистенти кои ќе им помагаат на ученици со попречености во основните училишта во општините: Кратово, Крива Паланка, Ранковце, Старо Нагоричане, Куманово, Липково, Центар, Гази Баба, Бутел, Чаир, Шуто Оризари, Зелениково, Петровец, Илинден, Арачиново и Чучер Сандево.

На македонски наставен јазик може да се вработат 95 во одделенска, 16 во предметна настава и пет образовни асистенти во комбинирана паралелка, а на албански наставен јазик – 85 во одделенска, 20 во предметна и пет во комбинирана паралелка.

Огласот на основното училиште со ресурсен центар „Маца Ѓоргиева-Овчарова“-Велес овозможува вработување на 95 образовни асистенти кои ќе работат со ученици со атипичен развој во основните училишта во Велес, Чашка, Кавадарци, Росоман, Демир Капија, Неготино, Градско, Лозово, Свети Николе, Штип, Пробиштип и Карбинци.

Во огласите што денеска ги објави МОН се наведени условите за вработување со потребните работни компетенции на кандидатите, распоредот на работното време на образовните асистенти и  документите и рокот за аплицирање.

Минатата учебна година првпат од буџетот на Министерството за образование и наука беа ангажирани 500 образовни асистенти за работа со ученици со атипичен развој вклучени во редовната настава.

The post Огласи за вработување над 520 образовни асистенти за работа со ученици со попречености appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука објави огласи за вработување образовни асистенти на определено време за три основни училишта со ресурсни центри, кои во учебната 2022/2023 година ќе работат со ученици со попречености во редовна настава во повеќе општини. Двесте асистенти во огласот за ОУРЦ „Златан Сремец“-Скопје ќе бидат ангажирани во основни училишта во општините: Јегуновце, Тетово, Теарце, Желино, Боговиње, Брвеница, Врапчиште, Гостивар, Маврово и Ростуше, Карпош, Кисела Вода, Аеродром, Ѓорче Петров, Сарај, Сопиште и Студеничани. Од нив, за македонски јазик се предвидени 110 за одделенска и 30 за предметна настава. На албански наставен јазик отворени се работни места за 45 образовни асистенти во одделенска настава и 15 во предметна. Во огласот за ОУРЦ „Иднина“-Скопје е предвидено вработување на 226 образовни асистенти кои ќе им помагаат на ученици со попречености во основните училишта во општините: Кратово, Крива Паланка, Ранковце, Старо Нагоричане, Куманово, Липково, Центар, Гази Баба, Бутел, Чаир, Шуто Оризари, Зелениково, Петровец, Илинден, Арачиново и Чучер Сандево. На македонски наставен јазик може да се вработат 95 во одделенска, 16 во предметна настава и пет образовни асистенти во комбинирана паралелка, а на албански наставен јазик – 85 во одделенска, 20 во предметна и пет во комбинирана паралелка. Огласот на основното училиште со ресурсен центар „Маца Ѓоргиева-Овчарова“-Велес овозможува вработување на 95 образовни асистенти кои ќе работат со ученици со атипичен развој во основните училишта во Велес, Чашка, Кавадарци, Росоман, Демир Капија, Неготино, Градско, Лозово, Свети Николе, Штип, Пробиштип и Карбинци. Во огласите што денеска ги објави МОН се наведени условите за вработување со потребните работни компетенции на кандидатите, распоредот на работното време на образовните асистенти и  документите и рокот за аплицирање. Минатата учебна година првпат од буџетот на Министерството за образование и наука беа ангажирани 500 образовни асистенти за работа со ученици со атипичен развој вклучени во редовната настава.

The post Огласи за вработување над 520 образовни асистенти за работа со ученици со попречености appeared first on Република.

]]>
Со 47 гласа против СДС и ДУИ одбија посебниот додаток за децата со попреченост од смешни 5.021 денари да се зголеми дупло https://republika.mk/vesti/makedonija/so-47-glasa-protiv-sds-i-dui-odbija-posebniot-dodatok-za-decata-so-poprechenost-od-smeshni-5-021-denari-da-se-zgolemi-duplo/ Tue, 19 Apr 2022 12:18:01 +0000 https://republika.mk/?p=490524

Со 47 гласа против СДС и ДУИ го одбија Предлог-законот за изменување на Законот за заштита на децата, поднесен од Левица на барање на родителите на децата со попреченост, со кој требаше посебниот додаток од смешни 5.021 денари да се зголеми дупло повеќе, соопшти пратеникот Борислав Крмов.

Со предложените законски измени се предлагаше зголемување на посебниот додаток за децата со попреченост од 100 отсто, кој според тековниот закон изнесува 5.021 денари, како едно од барањата на родителите. Овие граѓани со години бараат остварување на своите права низ институциите на системот, кои за нив остануваат недостапни и индиферентни, како резултат на општата дегенерација на социјалната држава, која наменски низ годините се ништи.

The post Со 47 гласа против СДС и ДУИ одбија посебниот додаток за децата со попреченост од смешни 5.021 денари да се зголеми дупло appeared first on Република.

]]>

Со 47 гласа против СДС и ДУИ го одбија Предлог-законот за изменување на Законот за заштита на децата, поднесен од Левица на барање на родителите на децата со попреченост, со кој требаше посебниот додаток од смешни 5.021 денари да се зголеми дупло повеќе, соопшти пратеникот Борислав Крмов. Со предложените законски измени се предлагаше зголемување на посебниот додаток за децата со попреченост од 100 отсто, кој според тековниот закон изнесува 5.021 денари, како едно од барањата на родителите. Овие граѓани со години бараат остварување на своите права низ институциите на системот, кои за нив остануваат недостапни и индиферентни, како резултат на општата дегенерација на социјалната држава, која наменски низ годините се ништи.  

The post Со 47 гласа против СДС и ДУИ одбија посебниот додаток за децата со попреченост од смешни 5.021 денари да се зголеми дупло appeared first on Република.

]]>
Тренчевска: Да се вклучат децата со аутизам во општествените текови https://republika.mk/vesti/makedonija/trenchevska-da-se-vkluchat-decata-so-autizam-vo-opshtestvenite-tekovi/ Fri, 01 Apr 2022 19:56:05 +0000 https://republika.mk/?p=482117

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, вечерва ја поддржа иницијативата на Општина Струмица во одбележувањето на 2 април, Меѓународниот ден на децата со аутизам, со осветлување на општинската зграда во сино и притоа истакна дека политиките и социјалните услуги кои ги реализира Министерството се со цел да се вклучат децата со аутизам во општествените текови.

Тренчевска се сретна со родителите на деца со аутизам и рече дека МТСП ја има надлежноста и во детската заштита, односно инклузија на децата од предучилишно образование на кое се работи интензивно.

Зборувавме и за правата од социјална заштита коишто ги има во рамки на системот за социјална заштита за децата со попреченост. Тоа е правото за попреченост и посебниот додаток, како и сите оние социјални услуги коишто ги развиваме заедно со нашите партнери, тоа се единиците од Локалната самоуправа, Црвениот крст, како и граѓанските организации како провајдери на овие услуги коишто им се нудат на лицата со попреченост, подвлече министерката Тренчевска.

Додаде дека Владата и Министерството го развиваат и создаваат концептот на едно општество за сите во кое сите граѓани ќе ги уживаат човековите права и ќе имаат еднакви шанси и можности, како и еднаков пристап до сите ресурси во општеството.

Навистина направивме многу со реформата до 2019 година којашто интензивно продолжува да се реализира и како Министерство и како Влада продолжуваме понатаму да се грижиме за сите ранливи категории на граѓани со посебен аспект и фокус на лицата со попреченост, истакна министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

Kоординаторот за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, Спасе Додевски, рече дека било кој ден кога се одбележува ден на било која категорија од лицата со попреченост треба да биде ден кога ќе се работи со инклузивен пристап, кој го промовира и Владата и Министерството. За таа цел тој најави дека ќе посетат повеќе институции во Струмица, кои се дел и од социјалната заштита и од образованието од аспект дека како Влада се создаваат и промовираат реформите кои ги реализираат повеќе министерства и опфаќаат повеќе области.

The post Тренчевска: Да се вклучат децата со аутизам во општествените текови appeared first on Република.

]]>

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, вечерва ја поддржа иницијативата на Општина Струмица во одбележувањето на 2 април, Меѓународниот ден на децата со аутизам, со осветлување на општинската зграда во сино и притоа истакна дека политиките и социјалните услуги кои ги реализира Министерството се со цел да се вклучат децата со аутизам во општествените текови. Тренчевска се сретна со родителите на деца со аутизам и рече дека МТСП ја има надлежноста и во детската заштита, односно инклузија на децата од предучилишно образование на кое се работи интензивно.