деца со атипичен развој Archives - Република https://republika.mk/tema/deca-so-atipichen-razvoj/ За подобро да се разбереме Mon, 23 Jan 2023 17:10:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png деца со атипичен развој Archives - Република https://republika.mk/tema/deca-so-atipichen-razvoj/ 32 32 Здружението „Во мојот свет“ ќе координира центар кој згрижува и третира лица со атипичен развој https://republika.mk/zivot/zdravje/zdruzhenieto-vo-mojot-svet-ke-koordinira-tsentar-koj-zgrizhuva-i-tretira-litsa-so-atipichen-razvoj/ Mon, 23 Jan 2023 17:10:06 +0000 https://republika.mk/?p=600104

Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет“ е избрано на јавниот повик на Општина Охрид за финансиска поддршка на граѓанска организација која координира Центар на територија на општината, кој згрижува и третира деца со атипичен развој.

Општина Охрид соопшти дека со избраната граѓанска организација ќе биде склучен договор во кој детално ќе бидат наведени обврските на двете страни во однос на спроведување на активностите.

Согласно јавниот повик, кој беше распишан на почетокот на месецот, средствата треба да бидат наменети за поддршка на семејства од социјален ризик и треба да овозможуваат намалување на нивните трошоци кон Центарот. Вкупната финансиска поддршка, како што стоеше во повикот, изнесува 432.000 денари.

The post Здружението „Во мојот свет“ ќе координира центар кој згрижува и третира лица со атипичен развој appeared first on Република.

]]>

Звукот од петарди предизвикува трауми кај децата со аутизам и потешкотии во развојот https://republika.mk/zivot/zdravje/zvukot-od-petardi-predizvikuva-traumi-kaj-detsata-so-autizam-i-poteshkotii-vo-razvojot/ Fri, 30 Dec 2022 07:25:56 +0000 https://republika.mk/?p=591677

Звукот од петарди и пиротехника предизвикуваат разни трауми кај децата со аутизам и потешкотии во развојот, предупредуваат стручните лица и родителите на овие деца. Поради силниот звук, децата се вознемируваат и плашат и се јавуваат разни видови последици како страв, вознемиреност, агресија, напади, испади, автоагресивни испади и друго.

Лицата со аутизам и лицата со потешкотии во развојот имаат потешкотии при процесуирање на јаки сензорни дразби, како што се аудитивни (изненадна бука) или визуелни (силна светлина). Заради тоа, многу често и најмала таква стресна состојба може да предизвика бурна реакција. Најчести реакции на вакви дразби се претерана нервоза, вознемиреност, страв. Силните сензорни дразби, доколку лицето има сензорни проблеми, ги доживуваат болно. Силните дразби многу често го менуваат нивното однесување, објаснува дефектологот Милица Серафимовска.

Таа посочува дека некои лица реагираат со панични стравови, општа вознемиреност, плачење, агресивни и автоагресивни испади.

Лицата ги затвораат ушите, се јавуваат и стереотипни движења, повторувачки фрази, нарушен сон, нарушена дневна рутина, која е многу значајна за функционирање на лицата со аутизам и сензорни пореметувања. Новогодишните празници за многу семејства се „ноќна мора“ и наместо празниците да носат радост во сечиј дом, во овие семејства носат солзи, повреди и користење на многу лекови за смирување, потенцира Серафимовска.

За време на празниците, најчесто лицата со аутизам се затворени дома, за да се заштитат од овие силни и непредвидливи дразби.

И полицијата упатува чести апели до граѓаните да не се користат пиротехнички материјали поради прекршување на законските одредби, но и поради опасност од повреди.

Продавањето, односно купувањето и активирањето на петарди и пиротехнички средства на јавни места (улица, дворови, влезови на станбени згради и слично) претставува законски прекршок, за кој е предвидена глоба од 100 до 250 евра во денарска противвредност. Дистрибуцијата на пазарот во поголеми количини е спротивно на Кривичниот законик и за ова дело, казниво по член 396, е предвидена казна затвор од 3 до 10 години.

The post Звукот од петарди предизвикува трауми кај децата со аутизам и потешкотии во развојот appeared first on Република.

]]>

Звукот од петарди и пиротехника предизвикуваат разни трауми кај децата со аутизам и потешкотии во развојот, предупредуваат стручните лица и родителите на овие деца. Поради силниот звук, децата се вознемируваат и плашат и се јавуваат разни видови последици како страв, вознемиреност, агресија, напади, испади, автоагресивни испади и друго.
Лицата со аутизам и лицата со потешкотии во развојот имаат потешкотии при процесуирање на јаки сензорни дразби, како што се аудитивни (изненадна бука) или визуелни (силна светлина). Заради тоа, многу често и најмала таква стресна состојба може да предизвика бурна реакција. Најчести реакции на вакви дразби се претерана нервоза, вознемиреност, страв. Силните сензорни дразби, доколку лицето има сензорни проблеми, ги доживуваат болно. Силните дразби многу често го менуваат нивното однесување, објаснува дефектологот Милица Серафимовска.
Таа посочува дека некои лица реагираат со панични стравови, општа вознемиреност, плачење, агресивни и автоагресивни испади.
Лицата ги затвораат ушите, се јавуваат и стереотипни движења, повторувачки фрази, нарушен сон, нарушена дневна рутина, која е многу значајна за функционирање на лицата со аутизам и сензорни пореметувања. Новогодишните празници за многу семејства се „ноќна мора“ и наместо празниците да носат радост во сечиј дом, во овие семејства носат солзи, повреди и користење на многу лекови за смирување, потенцира Серафимовска.
За време на празниците, најчесто лицата со аутизам се затворени дома, за да се заштитат од овие силни и непредвидливи дразби. И полицијата упатува чести апели до граѓаните да не се користат пиротехнички материјали поради прекршување на законските одредби, но и поради опасност од повреди. Продавањето, односно купувањето и активирањето на петарди и пиротехнички средства на јавни места (улица, дворови, влезови на станбени згради и слично) претставува законски прекршок, за кој е предвидена глоба од 100 до 250 евра во денарска противвредност. Дистрибуцијата на пазарот во поголеми количини е спротивно на Кривичниот законик и за ова дело, казниво по член 396, е предвидена казна затвор од 3 до 10 години.

The post Звукот од петарди предизвикува трауми кај децата со аутизам и потешкотии во развојот appeared first on Република.

]]>
Дружба на „Школка“ за зголемување на свеста за лицата со атипичен развој и нивно прифаќање https://republika.mk/vesti/skopje/druzba-na-shkolka-za-zgolemuvanje-na-svesta-za-licata-so-atipichen-razvoj-i-nivno-prifakjanje/ Sun, 25 Sep 2022 08:15:39 +0000 https://republika.mk/?p=553951

Под мотото „Сите сме заедно, сите сме исти на различен начин“ денеска на „Школка“ во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи настан за зголемување на свесноста за лицата со атипичен развој и за нивно прифаќање, почитување и инклузија во општеството, во организација на „Играме заедно“ – Аутизам ААМК и Колектив Ветерница.

Со почеток во 11 часот, ова дружење ќе биде една голема игротека со многу разновидни активности, забавни, тактилни игри, со музичка и ликовна работилница, а ќе трае до 14 часот.

Она што сакаме да докажеме и покажеме, како и секогаш на нашите дружби, е тоа дека и децата со атипичен развој сакаат да играат, да се смеат, да пеат, да другаруваат. И тие сакаат да бидат поканети на родендени, но и другите деца да доаѓаат на нивните. Но најважното од се` – сакаат да бидат заедно со другите деца. Сакаат да растат заедно. Преку игра да им покажеме на семејствата со типичен развој дека треба да ги надминат своите стравови коишто се резултат само на страв од непознатото и да се обидат да се запознаат со атипичните лица и со нивните семејства, да дознаат за самата болест или состојба, да најдат начин на којшто би им помогнале. Но за да е возможно сето тоа, пред се’ овие лица треба да бидат прифатени токму онакви какви што се, појаснуваат организаторите.

Според нив, по овој прв, но голем чекор, на сите семејства ќе им биде многу полесно, затоа што заедно ќе се движиме низ секојдневието и ќе градиме здраво инклузивно општество

The post Дружба на „Школка“ за зголемување на свеста за лицата со атипичен развој и нивно прифаќање appeared first on Република.

]]>

Под мотото „Сите сме заедно, сите сме исти на различен начин“ денеска на „Школка“ во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи настан за зголемување на свесноста за лицата со атипичен развој и за нивно прифаќање, почитување и инклузија во општеството, во организација на „Играме заедно“ – Аутизам ААМК и Колектив Ветерница. Со почеток во 11 часот, ова дружење ќе биде една голема игротека со многу разновидни активности, забавни, тактилни игри, со музичка и ликовна работилница, а ќе трае до 14 часот.