дебелина Archives - Република https://republika.mk/tema/debelina/ За подобро да се разбереме Tue, 02 Jul 2024 09:46:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дебелина Archives - Република https://republika.mk/tema/debelina/ 32 32 Четири видови овошје кои помагаат во борбата против вишокот килограми https://republika.mk/zivot/zdravje/chetiri-vidovi-ovoshje-koi-pomagaat-vo-borbata-protiv-vishokot-kilogrami/ Tue, 02 Jul 2024 09:46:14 +0000 https://republika.mk/?p=792693

Некои овошја се богати со хранливи материи кои промовираат слабеење и можат да помогнат да се ослободите од насобраните килограми.

Сите знаеме дека овошјето и зеленчукот се богати со важни хранливи материи и треба да бидат дел од нашата секојдневна исхрана, а со тоа се согласуваат и нутриционистите. Луѓето кои се на диета често го избегнуваат овошјето затоа што содржи шеќер, но добрата вест е дека постојат некои видови на овошје кои всушност можат да помогнат при губење на тежината.

Од боровинки до јагоди, во продолжение ви откриваме четири типа овошје што треба што почесто да ги има во нашата чинија бидејќи се извор на одлични хранливи материи и истовремено спречуваат дебелеење.

Боровинки

Научниците открија дека боровинките се одличен извор на антиоксиданси наречени флавоноиди кои можат да спречат зголемување на телесната тежина. Не е целосно разбрано како точно флавоноидите спречуваат зголемување на телесната тежина, но консумирањето храна богата со флавоноиди ни помага да се чувствуваме посити и да избегнуваме друга помалку здрава храна која може да доведе до зголемување на телесната тежина, истакнаа експертите. Како што откри д-р Кери Петерсон, боровинките се богати со растителни влакна, па затоа се многу заситувачки и се меѓу најздравите овошја за јадење, па дефинитивно треба да ги вклучиме во исхраната.

Јаболка

Добро позната поговорка вели: „Со едно јаболко на ден си подалеку од посета на лекар“. Покрај доброто здравје, дополнителен бонус е тоа што јаболкото може да ни помогне и да останеме фит. Јаболката се богати со флавоноидни полимери, а исто така се преполни со влакна, што ги прави едно од најздравите плодови за слабеење. Најдобро е да ги јадете нелупени бидејќи лушпата содржи најмногу влакна и антиоксиданси. Тие помагаат и во контрола на шеќерот во крвта, што ја намалува желбата за храна и прејадување и ризикот од развој на дијабетес.

Круши

Крушите исто така можат да спречат зголемување на телесната тежина бидејќи се богати со флавоноидни полимери и влакна. Овошјето кое содржи влакна е одличен избор за луѓето кои имаат проблеми со вишокот килограми, бидејќи влакната не заситуваат и создаваат чувство на ситост.

Јагоди

Јагодите помагаат во одржување на тежината од истата причина како и боровинките: тие се богати со антиоксиданси. Експертите препорачуваат една шолја јагоди дневно, а најдобро е да ги консумирате за појадок или како ужина, со јогурт со малку маснотии или овесна каша.

 

The post Четири видови овошје кои помагаат во борбата против вишокот килограми appeared first on Република.

]]>

Некои овошја се богати со хранливи материи кои промовираат слабеење и можат да помогнат да се ослободите од насобраните килограми. Сите знаеме дека овошјето и зеленчукот се богати со важни хранливи материи и треба да бидат дел од нашата секојдневна исхрана, а со тоа се согласуваат и нутриционистите. Луѓето кои се на диета често го избегнуваат овошјето затоа што содржи шеќер, но добрата вест е дека постојат некои видови на овошје кои всушност можат да помогнат при губење на тежината. Од боровинки до јагоди, во продолжение ви откриваме четири типа овошје што треба што почесто да ги има во нашата чинија бидејќи се извор на одлични хранливи материи и истовремено спречуваат дебелеење. Боровинки Научниците открија дека боровинките се одличен извор на антиоксиданси наречени флавоноиди кои можат да спречат зголемување на телесната тежина. Не е целосно разбрано како точно флавоноидите спречуваат зголемување на телесната тежина, но консумирањето храна богата со флавоноиди ни помага да се чувствуваме посити и да избегнуваме друга помалку здрава храна која може да доведе до зголемување на телесната тежина, истакнаа експертите. Како што откри д-р Кери Петерсон, боровинките се богати со растителни влакна, па затоа се многу заситувачки и се меѓу најздравите овошја за јадење, па дефинитивно треба да ги вклучиме во исхраната. Јаболка Добро позната поговорка вели: „Со едно јаболко на ден си подалеку од посета на лекар“. Покрај доброто здравје, дополнителен бонус е тоа што јаболкото може да ни помогне и да останеме фит. Јаболката се богати со флавоноидни полимери, а исто така се преполни со влакна, што ги прави едно од најздравите плодови за слабеење. Најдобро е да ги јадете нелупени бидејќи лушпата содржи најмногу влакна и антиоксиданси. Тие помагаат и во контрола на шеќерот во крвта, што ја намалува желбата за храна и прејадување и ризикот од развој на дијабетес. Круши Крушите исто така можат да спречат зголемување на телесната тежина бидејќи се богати со флавоноидни полимери и влакна. Овошјето кое содржи влакна е одличен избор за луѓето кои имаат проблеми со вишокот килограми, бидејќи влакната не заситуваат и создаваат чувство на ситост. Јагоди Јагодите помагаат во одржување на тежината од истата причина како и боровинките: тие се богати со антиоксиданси. Експертите препорачуваат една шолја јагоди дневно, а најдобро е да ги консумирате за појадок или како ужина, со јогурт со малку маснотии или овесна каша.  

The post Четири видови овошје кои помагаат во борбата против вишокот килограми appeared first on Република.

]]>
Над половина од возрасните во Македонија имаат прекумерна тежина https://republika.mk/zivot/zdravje/nad-polovina-od-vozrasnite-vo-makedonija-imaat-prekumerna-tezhina/ Mon, 25 Mar 2024 13:37:18 +0000 https://republika.mk/?p=758559

Над половина од возрасните граѓани во земјава имаат прекумерна тежина, а подебели во регионот се само Хрватите, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на Евростат.

Над половина од жителите на Европа имаат прекумерна тежина односно Индекс на телесна маса (БМИ) еднаков или поголем од 25. Најголем процент на возрасни луѓе со прекумерна тежина имаат Малта (62,5%), Исланд (62,0%) и Латвија (60,4%), додека најмал Италија (41,9%), Швајцарија (45,6%) и Франција (46,4%). Кај нас 55,7 проценти од возрасното население има прекумерна тежина.

Земјите со висока стапка на дебелина, пишува Ландгеист, исто така, имаат и високи стапки на луѓе со прекумерна тежина. Малта е втора земја со најголема дебелина во Европа и исто така земја со најмногу килограми во Европа. Швајцарија е земја со најмалку дебелина во Европа, но и втора земја со најмалку прекумерна тежина во Европа. Но, и неколку земји како Естонија, Финска, Исланд, Македонија, Романија, Словачка и Словенија кои имаат релативно ниски стапки на дебелина, но имаат некои од највисоките проценти на луѓе со прекумерна тежина во Европа.

Од земјите во регионот само Црна Гора (48,1%) има помалку од половина од населението со прекумерна тежина, додека најголема стапка на возрасни со прекумерна тежина има Хрватска – (58,1%). Потоа следат Словенија (55,7%), Грција (54,9%), Бугарија (53,7%) и Србија (52,5%).

Најшокантен факт е веројатно дека во речиси секоја земја во Европа, повеќе од половина од сите возрасни луѓе се со прекумерна тежина. Во Малта (62,5%), Исланд (62,0%) и Латвија (60,4%) е дури над 60%. Единствените европски земји каде помалку од 50% од населението е со прекумерна тежина се Италија (41,9%), Швајцарија (45,6%), Франција (46,4%), Кипар (47,9%), Црна Гора (48,1%), Холандија (48,3%) ), Белгија (48,9%) и Луксембург (49,7%). Но, да бидеме искрени, дури и резултатот на Италија од 41,9% е шокантно висок.

Индексот на телесна маса (БМИ), според Евростат, од каде се земени и податоците, се дефинира како тежина во килограми поделена со квадратот на висината во метри. Луѓето на возраст од 18 години или повеќе се сметаат дека имаат недоволна тежина со (БМИ помал од 18,5), нормална тежина (БМИ помеѓу 18,5 и помалку од 25) и пред-дебела (БМИ помеѓу 25 и помалку од 30). Категоријата прекумерна тежина (БМИ еднаков или поголем од 25) ги комбинира двете категории пред-дебели и дебели.

https://republika.mk/zivot/zdravje/na-klinikata-za-detski-bolesti-ke-se-otvori-tsentar-za-debelina-za-detsa-i-adolestsenti-najavi-d-r-taner-hasan/

https://republika.mk/zivot/zdravje/30-5-otsto-od-detsata-od-shest-do-devet-godini-vo-makedonija-zhiveat-so-zgolemena-telesna-tezhina-debelinata-e-pochesta-kaj-momchinata-pokazhuva-izveshtajot-na-ijz/

The post Над половина од возрасните во Македонија имаат прекумерна тежина appeared first on Република.

]]>

Над половина од возрасните граѓани во земјава имаат прекумерна тежина, а подебели во регионот се само Хрватите, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на Евростат. Над половина од жителите на Европа имаат прекумерна тежина односно Индекс на телесна маса (БМИ) еднаков или поголем од 25. Најголем процент на возрасни луѓе со прекумерна тежина имаат Малта (62,5%), Исланд (62,0%) и Латвија (60,4%), додека најмал Италија (41,9%), Швајцарија (45,6%) и Франција (46,4%). Кај нас 55,7 проценти од возрасното население има прекумерна тежина. Земјите со висока стапка на дебелина, пишува Ландгеист, исто така, имаат и високи стапки на луѓе со прекумерна тежина. Малта е втора земја со најголема дебелина во Европа и исто така земја со најмногу килограми во Европа. Швајцарија е земја со најмалку дебелина во Европа, но и втора земја со најмалку прекумерна тежина во Европа. Но, и неколку земји како Естонија, Финска, Исланд, Македонија, Романија, Словачка и Словенија кои имаат релативно ниски стапки на дебелина, но имаат некои од највисоките проценти на луѓе со прекумерна тежина во Европа. Од земјите во регионот само Црна Гора (48,1%) има помалку од половина од населението со прекумерна тежина, додека најголема стапка на возрасни со прекумерна тежина има Хрватска – (58,1%). Потоа следат Словенија (55,7%), Грција (54,9%), Бугарија (53,7%) и Србија (52,5%). Најшокантен факт е веројатно дека во речиси секоја земја во Европа, повеќе од половина од сите возрасни луѓе се со прекумерна тежина. Во Малта (62,5%), Исланд (62,0%) и Латвија (60,4%) е дури над 60%. Единствените европски земји каде помалку од 50% од населението е со прекумерна тежина се Италија (41,9%), Швајцарија (45,6%), Франција (46,4%), Кипар (47,9%), Црна Гора (48,1%), Холандија (48,3%) ), Белгија (48,9%) и Луксембург (49,7%). Но, да бидеме искрени, дури и резултатот на Италија од 41,9% е шокантно висок. Индексот на телесна маса (БМИ), според Евростат, од каде се земени и податоците, се дефинира како тежина во килограми поделена со квадратот на висината во метри. Луѓето на возраст од 18 години или повеќе се сметаат дека имаат недоволна тежина со (БМИ помал од 18,5), нормална тежина (БМИ помеѓу 18,5 и помалку од 25) и пред-дебела (БМИ помеѓу 25 и помалку од 30). Категоријата прекумерна тежина (БМИ еднаков или поголем од 25) ги комбинира двете категории пред-дебели и дебели. https://republika.mk/zivot/zdravje/na-klinikata-za-detski-bolesti-ke-se-otvori-tsentar-za-debelina-za-detsa-i-adolestsenti-najavi-d-r-taner-hasan/ https://republika.mk/zivot/zdravje/30-5-otsto-od-detsata-od-shest-do-devet-godini-vo-makedonija-zhiveat-so-zgolemena-telesna-tezhina-debelinata-e-pochesta-kaj-momchinata-pokazhuva-izveshtajot-na-ijz/

The post Над половина од возрасните во Македонија имаат прекумерна тежина appeared first on Република.

]]>
На Клиниката за детски болести ќе се отвори центар за дебелина за деца и адолесценти, најави д-р Танер Хасан https://republika.mk/zivot/zdravje/na-klinikata-za-detski-bolesti-ke-se-otvori-tsentar-za-debelina-za-detsa-i-adolestsenti-najavi-d-r-taner-hasan/ Mon, 04 Mar 2024 14:29:15 +0000 https://republika.mk/?p=751067

На Клиниката за детски болести ќе се отвори Центар за дебелина за деца и адолесценти, кој ќе биде трет ваков Центар за менаџирање со обезноста во Македонија, откако претходно се отворија во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ и на Клиниката за ендокринологија во Скопје.

Освен на Детската клиника, се планира вакви центри да се отворат и во болницте во Тетово и Штип, а понатаму и во Битола, кажаа денеска д-р Ирфан Ахмети и д-р Танер Хасан, на одбележувањето на Светскиот ден на обезноста.

Најновите податоци покажуваат дека 30,5 отсто од децата од шест до деветгодишна возраст во Македонија живеат со зголемена телесна тежина или дебелина, 13,8 проценти од нив живеат со дебелина или екстремна дебелина. Дебелината е почеста кај момчињата, за разлика од девојчињата, пишува во извештајот кој Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Според извештајот, во земјава, 28,4 отсто од возрасните живеат со дебелина.

Сè повеќе забележуваме дека имаме голем број пациенти во адолесцентна возраст, а исто така и младата популација до 40-годишна возраст кои се обезни. Исто така скоро половина од овие пациенти којшто се упатени во нашиот центар се на оваа возраст. Тоа укажува дека почнува полека да се подигнува свеста во нашата држава. Порано не било така. Досега сè што сме направиле било во насока да се намалат компликациите од оваа болест, меѓутоа многу беше тешко да се пробие таа стигма на болеста, да се прифати како хронична, прогресивна болест бидејќи треба цел живот да се внимава и да се лечи. Затоа и со отворањето на овој Центар, прв во Македонија, а потоа и на Клиниката за ендокринологија се отвори и вториот центар, наскоро очекуваме дека и во Детска клиника се подготовува за отворање на третиот центар за деца и за адолесценти бидејќи имаме голем број на вакви пациенти кои за жал одат на други места, во приватни установи и губат време кое е драгоцено за лекување на овие пациенти, кажа денеска д-р Хасан, кој раководи со Центарот за обезност во ГОБ „8 Септември“.

На светско ниво има околу 200 болести коишто се директно или индиректно поврзани со обезноста.

Меѓу нив најчесто застапени се кардиоваскуларните болести, ортопедските проблеми, исто така имаме психолошки проблеми било тоа да е поврзано со изолираност од јавноста или стигматизацијата. Таквите пациенти имаат пролем со депресијата, има и со анксиозност, така што овие пациенти имаат потреба од психолошка или психијатриска поддршка за да бидат мотивирани во лекувањето и успешноста на третманост со обезноста. Други компликации се дијабетесот, хипертензијата и доста малигнитети кои се поврзани од типот на колоректални карциноми, карцином на дојка, на панкреас, коишто се многу застапени кај пациентите кои имаат обезност, рече д-р Хасан.

Д-р Ахмети кажа дека заеднички треба да се работи за подигнување на свеста за дебелината, која треба да ја сфатиме како комплексна и хронична болест која доколку не се препознава може да доведе до сериозни компликации и да доведува до намалување на животниот век.

[caption id="attachment_751108" align="alignnone" width="721"] д-р Ирфан Ахемти, Клиника за ендокринологија фото: Принтскрин од видео[/caption]

Оваа година мотото на одбележувањето е „Ајде да зборуваме за обезноста и...“ што значи сите заеднички, не само професионалци, лекари , туку и здруженија на лица со обезност иако за жал ние немаме официјално регистрирано здружение , исто така и поширока популација, не само за подигнување на свесноста за дебелината како хронична болест, кажа д-р Ахемти.

Дебелината за жал е во подем, како во светски рамки така и кај нас. Последните 30 години дебелината во светски рамки е тројно зголемена и предвидувањата за прогресивниот раст се песимистички, односно се очекува пандемиски раст.

Дебелината може да се превенира навремено преку интервенција на стилот на живоот, од физичка активност, промовирање на здрав живот.

Според д-р Ахемти, не треба да бидат вклучени само секундарното и терциерното здавстсво, туку заедно со Министерството за здравство, со здруженијата да се направи национална кампања во превенцијата на обезноста, во смисла на вклучување на примарното здравство.

Ова го кажувам бидејќи податоците од Мој термин кажуваат дека само 14 илјади имаме регистрирани пациенти со обезност, што е приближно 10 проценти од бројките кои се реални. Треба да зборуваме отворено со цел да се избегне стигмата, повеќе да се дискутира и да се упати лицето без никакви комплекси за барање на помош, кажа д-р Ахемти.

https://republika.mk/zivot/zdravje/30-5-otsto-od-detsata-od-shest-do-devet-godini-vo-makedonija-zhiveat-so-zgolemena-telesna-tezhina-debelinata-e-pochesta-kaj-momchinata-pokazhuva-izveshtajot-na-ijz/

The post На Клиниката за детски болести ќе се отвори центар за дебелина за деца и адолесценти, најави д-р Танер Хасан appeared first on Република.

]]>

На Клиниката за детски болести ќе се отвори Центар за дебелина за деца и адолесценти, кој ќе биде трет ваков Центар за менаџирање со обезноста во Македонија, откако претходно се отворија во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ и на Клиниката за ендокринологија во Скопје. Освен на Детската клиника, се планира вакви центри да се отворат и во болницте во Тетово и Штип, а понатаму и во Битола, кажаа денеска д-р Ирфан Ахмети и д-р Танер Хасан, на одбележувањето на Светскиот ден на обезноста. Најновите податоци покажуваат дека 30,5 отсто од децата од шест до деветгодишна возраст во Македонија живеат со зголемена телесна тежина или дебелина, 13,8 проценти од нив живеат со дебелина или екстремна дебелина. Дебелината е почеста кај момчињата, за разлика од девојчињата, пишува во извештајот кој Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Според извештајот, во земјава, 28,4 отсто од возрасните живеат со дебелина.
Сè повеќе забележуваме дека имаме голем број пациенти во адолесцентна возраст, а исто така и младата популација до 40-годишна возраст кои се обезни. Исто така скоро половина од овие пациенти којшто се упатени во нашиот центар се на оваа возраст. Тоа укажува дека почнува полека да се подигнува свеста во нашата држава. Порано не било така. Досега сè што сме направиле било во насока да се намалат компликациите од оваа болест, меѓутоа многу беше тешко да се пробие таа стигма на болеста, да се прифати како хронична, прогресивна болест бидејќи треба цел живот да се внимава и да се лечи. Затоа и со отворањето на овој Центар, прв во Македонија, а потоа и на Клиниката за ендокринологија се отвори и вториот центар, наскоро очекуваме дека и во Детска клиника се подготовува за отворање на третиот центар за деца и за адолесценти бидејќи имаме голем број на вакви пациенти кои за жал одат на други места, во приватни установи и губат време кое е драгоцено за лекување на овие пациенти, кажа денеска д-р Хасан, кој раководи со Центарот за обезност во ГОБ „8 Септември“.
На светско ниво има околу 200 болести коишто се директно или индиректно поврзани со обезноста.
Меѓу нив најчесто застапени се кардиоваскуларните болести, ортопедските проблеми, исто така имаме психолошки проблеми било тоа да е поврзано со изолираност од јавноста или стигматизацијата. Таквите пациенти имаат пролем со депресијата, има и со анксиозност, така што овие пациенти имаат потреба од психолошка или психијатриска поддршка за да бидат мотивирани во лекувањето и успешноста на третманост со обезноста. Други компликации се дијабетесот, хипертензијата и доста малигнитети кои се поврзани од типот на колоректални карциноми, карцином на дојка, на панкреас, коишто се многу застапени кај пациентите кои имаат обезност, рече д-р Хасан.
Д-р Ахмети кажа дека заеднички треба да се работи за подигнување на свеста за дебелината, која треба да ја сфатиме како комплексна и хронична болест која доколку не се препознава може да доведе до сериозни компликации и да доведува до намалување на животниот век. [caption id="attachment_751108" align="alignnone" width="721"] д-р Ирфан Ахемти, Клиника за ендокринологија фото: Принтскрин од видео[/caption]
Оваа година мотото на одбележувањето е „Ајде да зборуваме за обезноста и...“ што значи сите заеднички, не само професионалци, лекари , туку и здруженија на лица со обезност иако за жал ние немаме официјално регистрирано здружение , исто така и поширока популација, не само за подигнување на свесноста за дебелината како хронична болест, кажа д-р Ахемти.
Дебелината за жал е во подем, како во светски рамки така и кај нас. Последните 30 години дебелината во светски рамки е тројно зголемена и предвидувањата за прогресивниот раст се песимистички, односно се очекува пандемиски раст. Дебелината може да се превенира навремено преку интервенција на стилот на живоот, од физичка активност, промовирање на здрав живот. Според д-р Ахемти, не треба да бидат вклучени само секундарното и терциерното здавстсво, туку заедно со Министерството за здравство, со здруженијата да се направи национална кампања во превенцијата на обезноста, во смисла на вклучување на примарното здравство.
Ова го кажувам бидејќи податоците од Мој термин кажуваат дека само 14 илјади имаме регистрирани пациенти со обезност, што е приближно 10 проценти од бројките кои се реални. Треба да зборуваме отворено со цел да се избегне стигмата, повеќе да се дискутира и да се упати лицето без никакви комплекси за барање на помош, кажа д-р Ахемти.
https://republika.mk/zivot/zdravje/30-5-otsto-od-detsata-od-shest-do-devet-godini-vo-makedonija-zhiveat-so-zgolemena-telesna-tezhina-debelinata-e-pochesta-kaj-momchinata-pokazhuva-izveshtajot-na-ijz/

The post На Клиниката за детски болести ќе се отвори центар за дебелина за деца и адолесценти, најави д-р Танер Хасан appeared first on Република.

]]>
Хрватите најдебели во ЕУ https://republika.mk/zivot/zdravje/hrvatite-najdebeli-vo-eu/ Fri, 17 Mar 2023 20:36:10 +0000 https://republika.mk/?p=620854

Хрватските граѓани се најдебели во Европската унија, а лекувањето на болестите поврзани со дебелината ја чини државата 1,7 милијарди евра годишно, беше истакнато  на седмата конференција за дебелина во Институтот за јавно здравје „Д-р Андрија Штампар“. ,

Околу 35 отсто од децата и 65 отсто од возрасните во Хрватска се со прекумерна тежина и дебели. Децата се на високо петто место, додека нашите возрасни се шампиони на Европа, и мажи и жени - изјави пред конференцијата Сања Мусиќ Милановиќ, раководител на Службата за унапредување на здравјето на Хрватскиот завод за јавно здравје.

The post Хрватите најдебели во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Хрватските граѓани се најдебели во Европската унија, а лекувањето на болестите поврзани со дебелината ја чини државата 1,7 милијарди евра годишно, беше истакнато  на седмата конференција за дебелина во Институтот за јавно здравје „Д-р Андрија Штампар“. , Околу 35 отсто од децата и 65 отсто од возрасните во Хрватска се со прекумерна тежина и дебели. Децата се на високо петто место, додека нашите возрасни се шампиони на Европа, и мажи и жени - изјави пред конференцијата Сања Мусиќ Милановиќ, раководител на Службата за унапредување на здравјето на Хрватскиот завод за јавно здравје.

The post Хрватите најдебели во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Eдна третина од македонските деца со зголемена телесна тежина, втори во Европа по пиење на вештачки сокови https://republika.mk/zivot/zdravje/edna-tretina-od-makedonskite-deca-so-zgolemena-telesna-tezina-vtori-vo-evropa-po-pienje-na-veshtachki-sokovi/ Tue, 08 Nov 2022 11:08:06 +0000 https://republika.mk/?p=571352

Вкупно 32 отсто од децата на седумгодишна возраст во Македонија се со зголемена телесна тежина, а 15 проценти се дебели, покажуваат најновиот Извештај на СЗО/Европа за следење на дебелината кај децата (COSI).

Според Извештајот, зголемената телесна тежина заедно со дебелината е еднакво дистрибуирана и кај машките и кај женските деца, но има разлика од пет отсто меѓу машките и женските кога е во прашање само дебелината (17,5 спрема 12,2 процента).

Во споредба со претходниот круг на собирање податоци во 2016 година, има зголемување на зголемената телесна тежина и дебелина Ð �ај девојчињата за скоро два отсто, додека кај машките стагнира.

Кога станува збор за исхраната и физичката активност, податоците од извештајот покажуваат дека 77 отсто од децата на 7-годишна возраст во Македонија појадуваат секој ден. Речиси сите (87 отсто) деца се физички активни најмалку еден час надвор од училиште, а 66 проценти активно одат во училиште (не се пренесени со моторно возило до училиштето). Од друга страна пак, извештајот покажува дека 57 отсто од децата воопшто не посетуваат спорт или танцување, а 38 проценти консумираат безалкохолни пијалаци со додаден шеќер (второ највисоко ниво во Европа), се наведува во Извештајот.

Дебелината кај децата од европскиот регион на СЗО и понатаму е на високо ниво. Вкупно 29 отсто од децата се соочуваат со зголемена телесна тежина или дебелина. Намалување на зголемената телесна тежина и на дебелината има само во три земји: Малта, Сан Марино и Италија.

Проблемот со зголемена телесна тежина и дебелина кај децата претставува закана по здравјето во европскиот регион на СЗО и се поврзува со голем број незаразни болести (НЗБ), од кардиоваскуларни заболувања, па сè до дијабетес и канцер. Денес, едно од три деца на училишна возраст во регионот се соочува со проблемот на зголемена телесна тежина или дебелина, а стапките се во пораст во голем број земји. За да се најдат подобри решенија за овој проблем, потребни се квалитетни податоци, се посочува во Извештајот.

Податоци од 33 земји од европскиот регион на СЗО

Севкупно, 29 отсто од децата на возраст од 7 до 9 години во земјите учеснички во истражувањето се соочуваат со проблемот на зголемена телесна тежина (вклучително и дебелина). Преваленцијата е поголема кај момчињата (31 отсто) отколку кај девојчињата (28 проценти).

Наодите покажуваат дека и понатаму едно од три деца се соочува со проблемот на зголемена телесна тежина или дебелина. Мора побрзо да делуваме во насока на намалување на овие бројки. Итно ни се потребни подобри политики кои може да ни помогнат да ги промениме актуелните трендови на дебелина кај децата – особено по пандемијата на КОВИД-19 која се смета за опасен двигател на нивоата на зголемена телесна тежина и дебелина, вели д-р Кремлин Викрамасинге, вршител на должност, шеф на европската канцеларија на СЗО за превенција и контрола на НЗБ, којашто го изработи Извештајот.

Во споредба со претходниот извештај (2015-2017), новиот бележи статистички значително намалување на преваленцијата на зголемената телесна тежина меѓу момчињата и девојчињата на Малта, меѓу момчињата во Сан Марино и меѓу девојчињата во Италија, како и намалување во нивоата на дебелината кај момчињата во Сан Марино и кај девојчињата на Малта.

Од првото издание во 2007-2008 година па наваму, податоците на COSI покажуваат надолен тренд во однос на преваленцијата на прекумената телесна тежина во Грција, Италија, Португалија, Шпанија и Словенија. И покрај надолниот тренд, преваленцијата на зголемена телесна тежина и дебелина во овие земји, особено во Јужна Европа, и натаму е меѓу највисоките во регионот.

СЗО/Европа го претстави новиот петти по ред извештај на Иницијативата за следење на дебелината кај децата (COSI). Наодите во него се засноваат на најновите податоци собрани во периодот помеѓу 2018 и 2020 година во 33 земји од европскиот регион на Европа. Измерени беа речиси 411 000 деца на возраст од 6 до 9 години. 

The post Eдна третина од македонските деца со зголемена телесна тежина, втори во Европа по пиење на вештачки сокови appeared first on Република.

]]>

Вкупно 32 отсто од децата на седумгодишна возраст во Македонија се со зголемена телесна тежина, а 15 проценти се дебели, покажуваат најновиот Извештај на СЗО/Европа за следење на дебелината кај децата (COSI). Според Извештајот, зголемената телесна тежина заедно со дебелината е еднакво дистрибуирана и кај машките и кај женските деца, но има разлика од пет отсто меѓу машките и женските кога е во прашање само дебелината (17,5 спрема 12,2 процента). Во споредба со претходниот круг на собирање податоци во 2016 година, има зголемување на зголемената телесна тежина и дебелина Ð �ај девојчињата за скоро два отсто, додека кај машките стагнира.
Кога станува збор за исхраната и физичката активност, податоците од извештајот покажуваат дека 77 отсто од децата на 7-годишна возраст во Македонија појадуваат секој ден. Речиси сите (87 отсто) деца се физички активни најмалку еден час надвор од училиште, а 66 проценти активно одат во училиште (не се пренесени со моторно возило до училиштето). Од друга страна пак, извештајот покажува дека 57 отсто од децата воопшто не посетуваат спорт или танцување, а 38 проценти консумираат безалкохолни пијалаци со додаден шеќер (второ највисоко ниво во Европа), се наведува во Извештајот.
Дебелината кај децата од европскиот регион на СЗО и понатаму е на високо ниво. Вкупно 29 отсто од децата се соочуваат со зголемена телесна тежина или дебелина. Намалување на зголемената телесна тежина и на дебелината има само во три земји: Малта, Сан Марино и Италија.
Проблемот со зголемена телесна тежина и дебелина кај децата претставува закана по здравјето во европскиот регион на СЗО и се поврзува со голем број незаразни болести (НЗБ), од кардиоваскуларни заболувања, па сè до дијабетес и канцер. Денес, едно од три деца на училишна возраст во регионот се соочува со проблемот на зголемена телесна тежина или дебелина, а стапките се во пораст во голем број земји. За да се најдат подобри решенија за овој проблем, потребни се квалитетни податоци, се посочува во Извештајот.

Податоци од 33 земји од европскиот регион на СЗО

Севкупно, 29 отсто од децата на возраст од 7 до 9 години во земјите учеснички во истражувањето се соочуваат со проблемот на зголемена телесна тежина (вклучително и дебелина). Преваленцијата е поголема кај момчињата (31 отсто) отколку кај девојчињата (28 проценти).
Наодите покажуваат дека и понатаму едно од три деца се соочува со проблемот на зголемена телесна тежина или дебелина. Мора побрзо да делуваме во насока на намалување на овие бројки. Итно ни се потребни подобри политики кои може да ни помогнат да ги промениме актуелните трендови на дебелина кај децата – особено по пандемијата на КОВИД-19 која се смета за опасен двигател на нивоата на зголемена телесна тежина и дебелина, вели д-р Кремлин Викрамасинге, вршител на должност, шеф на европската канцеларија на СЗО за превенција и контрола на НЗБ, којашто го изработи Извештајот.
Во споредба со претходниот извештај (2015-2017), новиот бележи статистички значително намалување на преваленцијата на зголемената телесна тежина меѓу момчињата и девојчињата на Малта, меѓу момчињата во Сан Марино и меѓу девојчињата во Италија, како и намалување во нивоата на дебелината кај момчињата во Сан Марино и кај девојчињата на Малта. Од првото издание во 2007-2008 година па наваму, податоците на COSI покажуваат надолен тренд во однос на преваленцијата на прекумената телесна тежина во Грција, Италија, Португалија, Шпанија и Словенија. И покрај надолниот тренд, преваленцијата на зголемена телесна тежина и дебелина во овие земји, особено во Јужна Европа, и натаму е меѓу највисоките во регионот. СЗО/Европа го претстави новиот петти по ред извештај на Иницијативата за следење на дебелината кај децата (COSI). Наодите во него се засноваат на најновите податоци собрани во периодот помеѓу 2018 и 2020 година во 33 земји од европскиот регион на Европа. Измерени беа речиси 411 000 деца на возраст од 6 до 9 години. 

The post Eдна третина од македонските деца со зголемена телесна тежина, втори во Европа по пиење на вештачки сокови appeared first on Република.

]]>
И загадувањето влијае врз дебелината https://republika.mk/zivot/zdravje/i-zagaduvanjeto-vlijae-vrz-debelinata/ Fri, 28 Oct 2022 09:30:56 +0000 https://republika.mk/?p=566736

Покрај лошата исхрана, недоволна физичка активност и „седечки“ начин на живот, постои уште еден фактор што предизвикува масовно зголемување на телесната тежина, а кој е потценет. Имено, забележан е уште еден фактор околу вишокот килограми, особено кај жените, а тоа е – загадувањето на воздухот.

Дебелината кај човекот е состојба што се одликува со вишок маснотии во телото, а се пресметува врз основа на возраста, полот и висината на едно лице. Се верува дека секоја година сѐ повеќе луѓе, па дури и деца, имаат проблеми со прекумерната тежина и спаѓаат во групата на дебели луѓе. Така, последниве десетлетија дебелината стана светски здравствен проблем во пораст, бидејќи сѐ повеќе луѓе јадат неправилно, живеат стресно и водат живот без многу движење, пишува „Стади фајндс“ (Study Finds).

Универзитетот во Мичиген ги спроведе испитувањата врз повеќе од 1.650 жени на возраст меѓу 48 и 50 години, од различна расна и етничка припадност. Во период од 2000 до 2008 година е забележан просечен раст на телесната тежина од околу 4,5 отсто. Според стручното мислење, виновникот е токму загадувањето на воздухот, кое секоја година е сѐ посилно.

– Жените во доцните 40-ти и раните 50-ти кои долгорочно биле изложени на загаден воздух, особено повисоки нивоа фини честички, азот-диоксид и озон, пројавиле зголемување на телесната тежина, објаснува професорот и еден од предводниците на истражувањето, Ксин Ванг.

Светската здравствена организација (СЗО) на својата официјална страница наведува дека дури 90 отсто од светот живее во област со загаден воздух. Истражувањата посочуваат дека загадувањето на воздухот влијае на сите органи во телото, што го прави уште поопасно. Единствениот фактор што се чини релевантен за ефективно ублажување е редовната физичка активност, вели науката.

The post И загадувањето влијае врз дебелината appeared first on Република.

]]>

Покрај лошата исхрана, недоволна физичка активност и „седечки“ начин на живот, постои уште еден фактор што предизвикува масовно зголемување на телесната тежина, а кој е потценет. Имено, забележан е уште еден фактор околу вишокот килограми, особено кај жените, а тоа е – загадувањето на воздухот. Дебелината кај човекот е состојба што се одликува со вишок маснотии во телото, а се пресметува врз основа на возраста, полот и висината на едно лице. Се верува дека секоја година сѐ повеќе луѓе, па дури и деца, имаат проблеми со прекумерната тежина и спаѓаат во групата на дебели луѓе. Така, последниве десетлетија дебелината стана светски здравствен проблем во пораст, бидејќи сѐ повеќе луѓе јадат неправилно, живеат стресно и водат живот без многу движење, пишува „Стади фајндс“ (Study Finds). Универзитетот во Мичиген ги спроведе испитувањата врз повеќе од 1.650 жени на возраст меѓу 48 и 50 години, од различна расна и етничка припадност. Во период од 2000 до 2008 година е забележан просечен раст на телесната тежина од околу 4,5 отсто. Според стручното мислење, виновникот е токму загадувањето на воздухот, кое секоја година е сѐ посилно. – Жените во доцните 40-ти и раните 50-ти кои долгорочно биле изложени на загаден воздух, особено повисоки нивоа фини честички, азот-диоксид и озон, пројавиле зголемување на телесната тежина, објаснува професорот и еден од предводниците на истражувањето, Ксин Ванг. Светската здравствена организација (СЗО) на својата официјална страница наведува дека дури 90 отсто од светот живее во област со загаден воздух. Истражувањата посочуваат дека загадувањето на воздухот влијае на сите органи во телото, што го прави уште поопасно. Единствениот фактор што се чини релевантен за ефективно ублажување е редовната физичка активност, вели науката.

The post И загадувањето влијае врз дебелината appeared first on Република.

]]>
Новиот лек за дијабетес од типот 2 успешен и во лекувањето прекумерна дебелина https://republika.mk/zivot/zdravje/noviot-lek-za-dijabetes-od-tipot-2-uspeshen-i-vo-lekuvanjeto-prekumerna-debelina/ Tue, 07 Jun 2022 13:22:58 +0000 https://republika.mk/?p=512243

Лекот за дијабетес од типот 2 „Тирзепатид“ што неодамна беше одобрен во САД, може да помогне во слабењеето на возрасните лица со прекумерна телесна тежина, а немаат дијабетес, покажуваат резултатите на истражување спроведено од меѓународна група научници.

Ефектите на медикаментот биле испитувани во период од 72 седмици кај повеќе од 2500 дебели лица кои немале дијабетес. Испитаниците биле поделени во четири групи, од кои едната примала плацебо, а другите три по пет, десет и 15 милиграми „Тирзепатид“. Учесниците во студијата кои земале доза од пет милиграми изгубиле во просек околу 16 килограми во текот на односниот период, оние во доза од десет милиграми изгубиле во просек 22 килограми, а учесниците на кои им била дадена доза од 15 милиграми изгубиле во просек околу 23,6 килограми. Испитаниците од групата која примале плацебо-инјекција изгубиле во просек 2,4 килограми.

„Тирзепатид“ делува на начин што имитира хормони кои им помагаат на луѓето да се чувствуваат сити после оброк или во содејство на два природни хормони кои му помагаат на мозокот да испрати сигнал за ситост на организмот.

„Околу деведесет проценти од луѓето во студијата изгубиле тежина, а просечното губење на тежината при највисока доза беше 22,5 проценти, што досега не сме го виделе во ниту една слична студија“, вели коавторот на студијата, д-р Анија Јастребоф, пррофесор на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Јеил“.

„Резултатите од студијата претставуваат значителен напредок во потенцијално проширување на ефективни терапевтски опции за луѓето кои се борат против дебелината“, рече таа.

Студијата бележи подобрувања забележани кај речиси сите учесници во експериментот кога станува збор за крвниот притисок како и нивоата на шеќер и на холестерол во крвта.

Најчестите несакани ефекти биле гадење, дијареа и запек, но генерално сите во блага до умерена форма, посочува рече Јастребоф додавајќи дека учесниците во студијата можеле да ја задржат истата телесна тежина во текот на 72-неделниот период опфатен со испитувањето.

„Дебелината е хронична болест што може да се лекува. Би можеле да ја третираме како што третираме било која друга хронична болест – со ефективни и безбедни пристапи што ги таргетираат механизмите на основната болест, а овие резултати се доказ дека Тирзепатид делува на тој начин“, рече Јастребоф објаснувајќи и дека пациентите можеби ќе треба да останат на односната терапија неодредено долго време.

„Но, ако сметаме дека прекумерната дебелина е хронична болест, тогаш зошто хроничната болест да се лекува само 72 недели“, изјави таа.

Д-р. Сајмон Корк од Универзитетот во Кембриџ, рече дека оваа класа лекови делува само доколку учесниците се придржуваат до пропишаната диета, што се заснова врз намален внес на калории.

„Значи, ова не е некој вид на магичен лек“, истакна Корк.

„Тирзепатид“ е медикамент произведен во фармацевтската компанија „Ели Лили“, а во САД беше одобрен за третман на дијабетес тип 2 во средината на мај. Федералната управа за храна и лекарства (ФДА) утврди дека лекот со правилна исхрана и физичка активност успева да го држи под контрола нивото на шеќер во крвта кај возрасните со таков тип дијабетес.

Резултатите од студијата се објавени во специјализираното списание „New England Journal of Medicine“.

 

The post Новиот лек за дијабетес од типот 2 успешен и во лекувањето прекумерна дебелина appeared first on Република.

]]>

Лекот за дијабетес од типот 2 „Тирзепатид“ што неодамна беше одобрен во САД, може да помогне во слабењеето на возрасните лица со прекумерна телесна тежина, а немаат дијабетес, покажуваат резултатите на истражување спроведено од меѓународна група научници. Ефектите на медикаментот биле испитувани во период од 72 седмици кај повеќе од 2500 дебели лица кои немале дијабетес. Испитаниците биле поделени во четири групи, од кои едната примала плацебо, а другите три по пет, десет и 15 милиграми „Тирзепатид“. Учесниците во студијата кои земале доза од пет милиграми изгубиле во просек околу 16 килограми во текот на односниот период, оние во доза од десет милиграми изгубиле во просек 22 килограми, а учесниците на кои им била дадена доза од 15 милиграми изгубиле во просек околу 23,6 килограми. Испитаниците од групата која примале плацебо-инјекција изгубиле во просек 2,4 килограми. „Тирзепатид“ делува на начин што имитира хормони кои им помагаат на луѓето да се чувствуваат сити после оброк или во содејство на два природни хормони кои му помагаат на мозокот да испрати сигнал за ситост на организмот. „Околу деведесет проценти од луѓето во студијата изгубиле тежина, а просечното губење на тежината при највисока доза беше 22,5 проценти, што досега не сме го виделе во ниту една слична студија“, вели коавторот на студијата, д-р Анија Јастребоф, пррофесор на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Јеил“. „Резултатите од студијата претставуваат значителен напредок во потенцијално проширување на ефективни терапевтски опции за луѓето кои се борат против дебелината“, рече таа. Студијата бележи подобрувања забележани кај речиси сите учесници во експериментот кога станува збор за крвниот притисок како и нивоата на шеќер и на холестерол во крвта. Најчестите несакани ефекти биле гадење, дијареа и запек, но генерално сите во блага до умерена форма, посочува рече Јастребоф додавајќи дека учесниците во студијата можеле да ја задржат истата телесна тежина во текот на 72-неделниот период опфатен со испитувањето. „Дебелината е хронична болест што може да се лекува. Би можеле да ја третираме како што третираме било која друга хронична болест – со ефективни и безбедни пристапи што ги таргетираат механизмите на основната болест, а овие резултати се доказ дека Тирзепатид делува на тој начин“, рече Јастребоф објаснувајќи и дека пациентите можеби ќе треба да останат на односната терапија неодредено долго време. „Но, ако сметаме дека прекумерната дебелина е хронична болест, тогаш зошто хроничната болест да се лекува само 72 недели“, изјави таа. Д-р. Сајмон Корк од Универзитетот во Кембриџ, рече дека оваа класа лекови делува само доколку учесниците се придржуваат до пропишаната диета, што се заснова врз намален внес на калории. „Значи, ова не е некој вид на магичен лек“, истакна Корк. „Тирзепатид“ е медикамент произведен во фармацевтската компанија „Ели Лили“, а во САД беше одобрен за третман на дијабетес тип 2 во средината на мај. Федералната управа за храна и лекарства (ФДА) утврди дека лекот со правилна исхрана и физичка активност успева да го држи под контрола нивото на шеќер во крвта кај возрасните со таков тип дијабетес. Резултатите од студијата се објавени во специјализираното списание „New England Journal of Medicine“.  

The post Новиот лек за дијабетес од типот 2 успешен и во лекувањето прекумерна дебелина appeared first on Република.

]]>